pumpkin јас никогаш не сум била во ваква ситуација,но ке се обидам да помогнам...сепак најдобро ТИ можиш да видиш дали нештата ке одат понатаму и дали има нешто мегу вас....јас мислам дека не можи туку така да почне да ти се причинува нешто шо не е така сигурна сум дека дечкото испрака сигнали,но се плаши да направи чекор напред за да не го расипи вашето другарство,кое сигурно многу му значи...е сега тоа шо ти треба да го направиш е да не бидиш толку ладна и почни и ти да му возвракаш со сигнали...а ми текна и нешто друго...можиш да му изглумиш на пр одредена ситуација...како некој дечко ти го бендисваш,а тој не ти возврака ...и да го прашаш како тој мисли за ситуацијата...и можиш да пуштиш некоја солза велејки дека не си доволно добра за него и физички и карактерно (за измислениот дечко)...и ке видиш како ке изреагира...ако те бендисува сигурно ке ја искористи ситуацијата за да ти кажи дека заслужуваш подобри и дека постојат луге кои навистина искрено те сакаат ...барем мислам дека така ке изреагира се надевам дека од помош ке ти биди моето мислење со срека и пиши ако има нешто ново
^Да, ама во тоа е проблемот, јас кога и да покажам нешто повеќе, тој се трга на страна Баш напишав вчера за тоа: Многу ме буни неговиот однос А твојот предлог го имам применето, и можеби функционираше...Последниот пат му испратив разговор од еден што сакаше да се муваме, и јас му раскажував што све се дешаваше, а он петпати ме праша дали планирам нешто со него....Му реков - не...И другиот ден ми збореше дека ќе се мува со некое девојче од мое школо (не ја познавам, ама цело време настојува да ја аднам на фб... ) И постојано така ми контрира со се...Не можам да го сфатам...
Јас би ти рекла да не пробуваш ништо со него. Јас така се зезнав со најдобриот другарк, кај идевме 3 месеци, па и другарство си уништивме. Сега не разговараме воопшто и многу ми екриво што не см едругари имаше посебно место во мојот живот. Ама ти си знаеш има некои врски успеваат.
хммм,стварно комплицирано...да си кутиш те копка желба да дознајш ,а пак да му кажиш ризик е ...незнам шо би било подобро во ваква ситуација...сепак јас секогаш одам на искреност...можеби ке боли ако го изгубиш,ама вака секогаш ке се прашуваш дали би можело да биди нешто измегу вас...јас така би постапила...а и не мораш директно да му кажиш,можи да му речи некоја твоја блиска другарка како демек не знајш ти...и ке видиш како ке изреагира...ако случајно не те смета за повеке од другарка ,можно е да го промени односот кон тебе,ама ти ке си се правиш како да не знаеш дека му кажале и можеби до негде нема да бидиш во толку лоша ситуација,барем така мислам сепак зависи до детето...баш пред некое време и брат ми ми кажуваше вака за некое девојче кое го бенисувала(таа него),ама тие пак си се другари...така да,сепак зависи до тоа каков човек е а и ако не му кажиш директно,подруго е малце мислам...шо се вели има можности и да се оправдаш дека не е така,ако видиш дека не оди работата,ке му кажиш дека другарка ти на мајтап рекла за да види како ке реагира
Не знам ни јас што ќе правам, но најверојатно ќе си ќутам и ќе очекувам да заборавам на моите чувства, иако тоа звучи патетично и неевозможно...
хехе јас не би можела така да кријам чувства,па макар и да изгубам личност,сакам да знам на шо сум...ама сепак твое право е да си одлучиш...те подржвам како и да постапиш и се надевам ке го одбериш вистинскиот пат
еве ме мене..хаха епа да.. точно е.. хахаха .. **иначе иам уште нешто што сакам да прашам.. од машка страна неможам да сватам зашто сакаат машкиве да им вратат на некој начин на бифшите.. иили да ги понижат.. или слично.. некои работи што би ги извадило од кожа... ?! што сакаат да укажат со тоа...? :/ има некакво значење тоа.. или..??
Има значење дека ПАК ГЕНЕРАЛИЗИРАШ !!!! Тие што сакаат да им вратат на бившите, обично уште не ја имаат преболено таа врска, заради х причини, и некаде на потсвесно ниво веруваат дека ако и вратат на биваша одеднаш се ќе се среди.....Е тоа се тие не созреани, тинејџерски сваќања... Тоа сакаше да знаеш нели? какво значење има? Еве ти две дефиниции...Едната е дека се НЕСОЗРЕАНИ!!!! а другата дека се лажат самите себе бидекќи веруваат дека ќе ги заболи бившите ако им вратат нешто, а уствари бившите извини на израз Спојлер ич не ги боли
Сакам да ги прашам машкиве Како се чувствувате кога ќе дознаете дека и се допаѓате на некоја девојка??Дали иако ви се допаѓа ќе се правите -КОЈ СУМ ЈАС? ,или пак ќе посакате да ја освоите...И дали би оделе со некоја девојка само колку да имате девојка,а не да ја сакате?? (знам дека сите машки се различни,но еве од ваша гледна точка,и од ваше искуство со другарите) поздрав
Многу убаво се чувствуваме кога ке дознаеме дека се свиѓаме на некоја девојка, си ја дигаме цената... За мојата сегасна девојка дознав дека и се свиѓам и веднас на фб и се пуштив,после неколку дена излеговме јас ја бакнав и така ни започна врската... И предфодно исто така дознав за една девојка дека и се свиѓам,но кога се запознавме се разочарав и нисто не бидна,беше убава но нејзиниот карактер ми беше многу одбивен...... Зависи од многу фактори кој како ке реагира.
Мој мал совет,ако некој дечко ви се свиѓа,слободно преко другарка или другар нека дознае,ако во краток период се впусти во акција има хемија ако не се впусти во акција нема хемија,а ако нема преку кого да му пренесете тогаш впуштете се во флерт освој те го да започнете врска,и после нека се труди дечкото да ви га освои срцето...
а што ако имаат девојка..?! што се случува тогаш.. и се сакаат многу?! идат долго.. ии слични ствари...немора да значи дека сеуште ја немаат преболено врската? проблемов ја мачи една моја другарка.. и ме замоли за совет.... незнам што да и кажам.. па ајде совет од машка страна
искуството се стекнува од грешки,јас имам искуство(грешки) и со долги и со кратки врски,сум бил неколку пати заљубен преку глава, најтешкиот дел во врските е преболување,некоја завршена врска се преболува подолго време некоја пократко,не верував дека не било едноставно,напротив мислев раскинување и толку но потоа следат кризи(наркомански),најголема фактор на заборавање на предходна врска е партнерот/ката сто следи во новата врска,пример предходната врска ми беше долга но сегашнава партнерка ме прави посреќен,мал период одиме но се ни е ок...
што направив ме праша?.....па срам ми е да кажам..ама ај...стоев на мојот став за крај едно 10 дена,тој во мејѓувреме постојано ме бараше ден и ноќ...значи и во 2 и во 5 наутро ..буквално не се знаеше ни ден ни ноќ....и јас глупата попуштив и ај пак...циле -миле...ама сега за сега добар е ...но не верувам дека долго ке трае..ке ви кажам
навистина незнам од каде да почнам ама како што велат постарите од почеток до сега во животот сум имала работа со се некави чудни типови со незрело однесување, едноставно сосема погрешни. од пред 2 недели случајно запозанав тип што е 6 години постар од мене, но е поинаков од другите инаку заедно учиме албански јазик, и пред да почнат часовите имавме состанок-сите заедно, и заврши состанокот, јас си тргнав накај дома, и кога одеднаш приметив дека некој има зад мене, и фино културно ми се доближи, ми се претстави, и така почна се. Следниот ден имаше оној нежен допир по рамо, па да пукне и сето тоа, за минатиот Понеделник дојде до " ке те испратам до дома" и навистина ме испрати. Додека ме испракаше до дома, имаше и другарски бакнеж во образ, разменување на броеви, 2 покани за на кафе-беа одложени за во средата, и секако во Средата измината кафето се реализира. Моето претчуство ретко кога ме излажало, па и овој пат застана на моја страна и од самиот почеток јас приметив дека нешто се слушува па отворено го прашав типот како ме гледаш ти мене, а за одговор добив"како моја идна девојка", знаев дека нешто дека ке се случи, претчуствував, но ова дефинитивно не. До сега многу пати сум била повредена, и кажав дека не сум подготвена да бидам во врска. типов не изреагира ниту бурно напротив, изгледаше нормално и повторно ме испрати до дома и за прв пат ми дозволи да го фатам под рака . Кога стигнавме кај мене пред зграда нешто зборувавме и тој почна да ми се доближува, и на крај ме гушна како да не сакаше да ме пушти, и ми предложи да се видиме петок-сабота ама јас го одбив . Во мегју време јас му давав совети како да започне свој бизнис-јас тоа го имам учено, па во Петокот вецерта ми текна да го прашам како напредува бизнисот, а за одговор добив дека уште не ни почнал се разочарав. Во Неделата за Процка му пишав порака дека ако сум го повредила да ми прости, а за одговор добив дека не сум го повредила(како да не бе, јас будала сум). Како што минуваа деновите, мене ми стануваше се потешко, и за време на викендот секако. Дојде и Понеделник(вчера) јас веке одамна дојдов, дојдоа и неговите другари кои што заедно со нас доагаат, но него го немаше, мислев дека нема да дојде, но дојде, и за време на паузата ми реше" kaj si be imeto ne sum te videl 100 godini" нешто прозборевме, и толку, а пред да заврши часот на едниот од другарите му рече "kazi i ako saka pak ke ja castam kafe" и така додека чуеков им кажуваше слатки зборчиња на жените за 8ми Март од курсот јас си отидов, но приметив дека ме следат неговите другари, а подоцна се појави типов со уште еден тип, а мене ме фати паника, и си отидов по свој пат, инаку кога го видов срцето ми чукаше ко за малку инфаркт ке добиев жими еден живот. Знам дека изгледаше сосема погрешно од моја страна, ама типов е поразличен од сите други до сега, и тоа ме привкеше, и убав и згоден е , а згора на се, нежен на допир е , и има убави раце, ми се допагаат многу работи кај него Посоветувајте ме што да правам, утре имаме заедно час примам совети и од посилниот и од понежниот пол благодарам однапред
Читав, читав, мислејќи што да ти одговорам, за на крај да видам дека индиректно сама си си одговорила на прашањето до нас . Типот има многу работи што ги посакуваш од еден маж, и твој иден дечко, а сепак нешто те кочи? Ајде, те молам, ризикувај малку, отстапи од твоите принципи и минати искуства, и дај си шанса и себеси, и нему. Од кај знаеш, можеби е на повидок нешто навистина прекрасно!? А и да не е, барем ќе дознаеш бргу, и што поскоро, тоа подобро за ти да не страдаш. Што и да одлучиш, среќно.