Зошто едно машко, со кое што сте завршиле пред 4 години, и тоа на најлош можен начин, кое што сте го молеле за втора шанса, ама не ви ја дал, сте ја погазиле и гордоста и се во име на љубовта (shame on me, ама дете ), кој ве понижил пред сите и повредил толку многу и си заминал со друга (а не ни беше моја вина) и накрај да го молите да останете барем пријатели а тој одбива.. ви доаѓа на маса, да се поздрави со вас и вашето друштво, после цели четири години .. Запрепастена сум Долга и широка е приказната за да ви раскажувам, ама седев со дечко ми, типот буквално го немам видено откако раскинавме, најпрвин кога го видов помислив дека дојде за да направи сцена, ама не. Се поздрави, направивме муабет, ми посака среќа во животот и си отиде.
Понекогаш е тешко да се сватат машките. Можеби дури после 4 год сватил што изгубил и сака да те врати назад.
Дечки, ако може да ми ја објасните нешто.. Учам заедно со дечко што е така малце, пофаворизиран од женските и сега, финтата е тоа што тој е 24/7 со мене во школо и дури и одбива да седи со машките за да седи со мене. Седиме заедно на мали, големи одмори, по можност на часови, понекогаш си одиме заедно дома итн, итн, итн, но јас воопшто не сум тип на девојка за која тој би бил заинтересиран. А не сме ни типични другари, да знаеме се еден за друг и да сме слободни се да си кажеме, и иако тој ми кажува добар дел интересни содржини за него, јас не ја чувствувам таа блискост и слобода. Сите овие работи им се чудни на моите другарки и сомневаат дека сме во тајна врска, што според мене е апсурд. Малку ми фали да сум стопроценти сигурна дека меѓу нас никогаш нема да има ништо, но сепак имам сомнеж.. Зошто сака да поминува време со мене, ако не сум тип на девојка во која би се вљубил и ако не сум му другарка? Знам дека прашањево ми е нелогично и глупаво до бесознание, ама дилема си е дилема, а вие сте од ист пол, па можеби ке ми разјасните нешто.. S'il vous plaît?
Well how about дошол да ти посака среќа во животот?! Зошто мора после 4 години да има задна намера ако те видел на рандом место? Ако со некого си раскинала, на било каков начин, после извесно време кога емоциите ќе исчезнат, не би требало да се поздравиш, па дури и гушнеш со тој некој? Си делела кревет, емоции и флуиди, сте биле едно некогаш во животот. Сите бивши треба да се почитуваат кога емоциите ќе исчезнат.
Јасно и гласно ми кажа дека не сака да бидеме пријатели и дека не постојам за него повеќе. Ме испонижи и направи лом пред сите негови другари. И сега ми доаѓа на маса кога седам со дечко ми ? Ајде разбирам да се разминеме некаде и да си кажеме здраво, ама мене ми беше малку awkward. Нејсе, најверојатно заборавил на тоа, а само онака ме интересираше машко мислење.
Имам едно прашање што ме мачи долго време, значи со дечко ми одам скоро цела година, и сме многу блиски, си кажуваме се и се слушаме нон стоп на телефон , и јас мислам дека тоа е супер, кога имаме бесплатни минути постојано си звониме ама еве и неговите и моите пријатели мислат дека јас него многу го замарам кога му звонам повише пати, значи тој никогаш не се пожалил и ништо ми нема кажано за тоа, и кога зборуваме јас кје му кажам ајде сега иди со другарите да не кажат дека пак ти звонам цело време и он мене ми вика нене седи душо убаво ми е кога си зборувам со тебе, сега незнам дали тој тоа го кажува колку да не се грижам за тоа што они го мислат или пак ме лаже затоа што не сака да ме повреди ако ми каже дека многу го замарам со моето звонење?
...ќе ти се јавам. Уствари ти треба да ми се јавиш. -Да,јас ќе ти се јавам. Дали потсвесно сака да ми се јави?
Знам дека му сум единствен контакт на Whatsapp, а зошто тогаш не ми враќа на порака напишана пред недела дена, а секој ден гледа кога сум проверила последно. Ме фати инает со денови не проверував, но еднаш попуштив мислејќи дека пораката не стигнала или бил зафатен со факсот па неможел да врати и кога гледам last seen today at.. и сеуште не враќа.. Сакав да знам дали е ова некој начин да те откачи човек со непишување?
Не сум машко, ама мислам можам да ти одговорам. Типично женско мислење. И јас вака порано правев. Немој вака да мислиш, не значи тоа дека сака да те откачи. Можно е и тоа, не велам не, али може е само зафатен, па ќе ти пише кога ќе може. Не паничи одма. Ти кажувам од искуство, мене еден дечко така ми правеше, правеше seen и не враќаше и јас се нервирав, сакав дури да му спукам ко што знам да бидам смотана некад и да избрзам, али другарка ме смири, и не реагирав на тоа, и испадна токму тоа, зафатен дека бил, и вечерта ми пиша, сам си кажа се, и јас си бев као ок и си продолжи муабет најнормално.. Иако ужасно ме нервира кога ќе направи некој seen а не враќа, па ако си зафатен воопшто не читај а не.. ама тоа е..
Вреди ли да му се каже дека го сакам ? Веќе две години како функционираме со поголеми паузи. Каде и да одиме,ете сме,повторно ни се судираат патиштата. Никогаш не бевме официјализирани како во врска да напоменам. И никогаш не можи да ни тргни како што треба,никој се нема отворено,никој си ги нема отворено картите ни јас ни тој. Да речеме дека е гордост во прашање. Што ако се отворам,ако си ги изнесам емоциите на површина. Ќе ми олесни ? ќе смени нешто ? Или ќе го направи уште посуров ?
Дечкото може у меѓувреме созреал и сфатил дека згрешил па ова ќе му дојде како извинување меѓу редови. Многу веројатно е свесен дека лошо постапил . Баш еден мој другар еднаш ми раскажуваше дека по неколку години сфатил колку повредил една девојка и дека ако некогаш има прилика ќе и се извини(не се виделе со години од различни градови се )Тоа е првата опција , а втората е дека сеуште е истиот кретен што сакал малку да испровоцира и да види како ќе реагираш на него . Ама мене ми личи ова како 1 случај да е .
^карактер секако. дечко ми од почеток не ми беше некој од соништата но како го запознавав стануваше. џабе убавина без карактер, но секако мора малку и тоа
Значи не барам совет, не ни давам совет. Си одев низ мислењата поранешни на пример пред 3 години и сум .... вчудоневидена. Значи колку се менват луѓето од 15-16 до 19-20 години... Дури конфузно ми е. Се надевам никој не ги чита минатите мислења хаха оти се ЛОМ. И сакав едно да кажам... Сите тие работи без разлика колку да биле тогаш значајни сега се тотално смешни. Ми се јави не ми се јави, вака ми рече така ми рече. Прво треба да си тргниме од себе. Најчесто сме себини во врските... Ко ќе прашаш некој каков сакаш дечко да имаш или женска ете, ќе ти речи да биди убав, паметен, да ме сака, да ме почитува, да ме ова, да ме она... Значи МЕНЕ да ме... А ти него/неа? Мислам дека е се взаемно и дека ако имаме проблеми првично треба од самите себе да тргниме. И се разбира онаквите детски работи како колку пати ми се јави, или на фејсбук лајк му мана на некоја, или излезе со другарите... Се тотално неприфатливи за секое софистицирано, модерно девојче. Јас не би сакала дечкото мој да ме ограничва така, и не го прај то. А ни јас него. А за возврат кај и да сум, со кој и да сум.. Пак кај него се враќам Имам и едно мото Don't lose yourself just because you found somebody. Битно е да си сме она шо си бевме пред да сме пар. Незнам дали сум јасна. Јас го бендисав дечкото мој е таков, див, луд, интересен.... Ако се смени, ако стани сериозен, ако ми напнува... Нема да биди истиот чоек шо сум го засакала.. Истото се однесва и за мене. Јас си бев јас уште пред да сум НИЕ. Значи имам epiphany (незз на македонски како се вика ) и сакав да си ја искажам мислата. Сепак не сум многу забегана од темата, овие беа општи совети. Не дека јас знам нешто поќе, ама ова е моето лично мислење.
Вака со едно машко почнав да се мувам пред 3 месеци, нон стоп контактираме, се, се поблиски стануваме, мислам не на физички начин туку душевно, во исто време го гледам и како најдобар другар со кој можам се да споделам, а од друга страна маж од кој имам потреба од него. Но не знам на што сум, мислам тој нема ништо конкретно спомнато, мислам кога одиме ме држи за половина, ме гушка и често пати се случува да ме држи за рака и така да одиме...само не знам на што сме, а да почнам јас тема да го прашам не можам.
Еве ме мене пак на темава Имам еден проблем и незнам како да постапам . Се работи за мојот бивши дечко со кого сме разделени подолго време тој има нова девојка и нон стоп заедно со неа ме провоцираат ,јас се обидувам да ги игнорирам но има моменти кога ситуацијата станува неподнослива кога тие нон стоп ми дофрлаат низ град . Искрено не ја знам причинава зошто така постапуваат ,се чувствувам етикетирана по него (никој друг сум немала после него ) затоа што и неговите другари го прават истото дури и ми е глупо да излезам низ град. Друга работа е тоа што тој нон-стоп се ѕвери во мене и се смешка и преку мои некои познанички и пријателки дознава се што се случува со мене .Мислам дека целта му е сеуште да си поигрува со мене и да ме повредува со тоа што час ми дава како лажна надеж (затоа што мене сеуште ми значи тој)час се прави за да ми наштети .Ќе ви бидам благодарна ако ме советувате како да постапам и што треба да значи ова нивно однесување затоа што не ми се јасни нивниве постапки .
Господе боже па ти ако имаш 24 години значи и тие се тука некаде со годините... И на тие години со вакви работи се занимаваат??? Ваквото нивно однесување личи на 15 годишни тинејџери, всушност не знам ни дали и тинејџерите се однесуваат веќе вака со оглед на тоа колку се напредни. Уште еден доказ дека годините не се мерило за зрелост. Ццц... страшно. Очигледно дека штом вака се однесуваат на 24, 25 години сите тие до еден заедно со таа неговата се мрсулковци кои уште мама им кажува што треба да прават. И да, не вреди да си го трошиш времето ни со размислување на оваа "проблематика", а не пак да си го трошиш времето со постапки со цел да добиеш одговор или па да пренесеш некаква порака до нив. Ич да не им се замараш, пицни се, среди се да му падне вилицата на тоа детето кога ќе те види, главата горе и само и само ИГНОР. Може е потешко да се спроведе тој игнор отколку да се каже ама и самата потсвесно знаеш дека тоа е единствен начин. Не вреди со такви личности да се докажуваш, сигурна сум дека вредиш повеќе од нив и можеш повеќе.
Daydream ти благодарам на одговорот дечките се дури три години постари од мене , знам дека игнорирањето е најпаметна работа но оваа голгота трае со месеци наназад не е ден два па да не им обрнувам внимание и да можам да истрпам ми пречи оваа ситуација и баш поради тоа што не разбирам што сакаат да постигнат со тоа и како да го спречам понатамошно вакво нападно однесување од нивна страна побарав мислење како да се справам затоа што искрено немам кого друг да прашам за помош.
Пред сѐ, биди среќна што такво недозреано детиште не ти е во живот повеќе. Срамота му е однесувањето на годините што ги има, како на него така и на неговата нова девојка. Игнорот е најпаметното што можеш да го направиш, со вечни деца работа немој да си имаш.