Па ние се појавувавме и во јавност, и на кафе сме биле заедно во центар, и на јадење и за на факултет ми помага. Али не се држиме за рака, не ме бакнува пред други. У суштина и после секс, коа ќе се разотидеме он ме бакнува во образ, со тоа сака да ми даде на дознање дека доттука било. Еве веќе два месеца како се гледа само со мене и знам дека не ме лаже, затоа што нема потреба да ме лаже, сигурна сум дека не ме лаже. И многу ми е чудно тоа што кога ќе имаме секс тој го прави тоа со мене како со длабоки чувства, знае да ме бакне во коса, во чело, да ме бакне на рамо кога си лежиме во кревет после тоа... Охх, навистина незнам како да го дешифрирам. Еднашка му реков дека ќе ми биде многу криво кога ќе го видам со некоја како се држи за рака, ќе се запрашам што нашол во неа, а не нашол во мене. Тој слатко се насмевна и ми рече дека тоа нема да се случи. Ми рече дека сега не е подготвен за врска, потаму можеби, но сега не. Го цитирам "Уште од самиот старт ти кажав што јас можам да ти дадам, ако ти е тешко немој да се повредуваш, не сакам да те повредам". Јас му реков, океј е, мене ми е баш океј вака и одтогаш не му спомнав ништо.
^Мора пак да ти кажам,оттргни се барем малку од него,ќе плачеш после.Нејкам да бидам негативец и песимист,ама штом дечкото така ти рекол и ти ја нагласува ситуацијата во повеќе наврати,значи дека не планира врска.Не викам дека не му значиш,ама запрашај се дали толку колку што сакаш ти.Поздрав и баш пиши што ќе бидне
Напротив marossa, ти си реалист! Јас потполно се согласувам со тебе, истото јас би го советувала доколку се работи за трета личност. Но ајдее? Свесна сум за се се се, за баш се, но проклето многу сакам да го имам!
epa vaka dechki... kje mozi da mi kazi nekoj sho mu znachi na mashkite NEZNAM poke to odi nakaj da ili nakaj ne? :/
Ти па одма на најлошото мислиш Почекај малце барем,сум видела такви ситуации и сепак дошло до врската.
Најубаво би било ти него отворено си да го прашаш што тој точно мисли со тоа - за врска, подоцна? Дали тоа значи недела, две, три да се гледате онака лабаво за да видите дали сте компатибилни, како функционирате заедно па после да дефинирате на што сте или пак сака да ужива во убавите работи што ги носи една врска а притоа да ги избегне одговорностите и `гнавењата` (да цитирам еден вол!)
Што значи молчењето? Или пак мењавање на темата и избегнување да даде едноставен одговор на конкретно поставено прашање? Тој знае дека го сакам веќе дооооооолго време и никогаш ништо не ми зборува за тоа, ама еден ден кога ми пукна филмот го прашам ти мене на кој начин ме сакаш(дека сме пријатели, ама не многу блиски) и тој одма почна ама што ќе кажат твоите, па комшиите (и комшии сме згора на се), па што со големата разлика во годините и т.н. ? Помош?
Едно прашање до машкиот пол. Дали вие воопшто имате емоции и поточно каде ви се наоѓаат? Само во гаќите или???
Не , ние сме сите бескорисни и бесчуствителни суштества кој и да ни гори фамилијата во куќата ќе се смееме и уживаме , жените не се жени туку ги гледаме како секс играчки и само мислиме на секс ,секс и што можно повеќе срца да искршиме , колку повеќе толку подобри шанси да идеме во рајот. Сите машки се исти , највероватно е подобро да станеш лезбејка .
ајде некое машко да фрли совет проблемот е во тоа што партнерот ми не свршува Не сме почнале со секс скоро туку има веќе пола година ама никако да дојде тој то крај Има некоја рецапта да можам и јас да допринесам за тоа?
Кога веќе сте се решиле да бидете интимни, зошто е тешко да сте искрени? Разговарате за овој проблем?Според мене, или има некој проблем од физичка природа, или психички не го доживува како што сака, па не достигнал кулминација. Разговарајте, дали кога е сам успева да постигне оргазам со некаква стимулација а, се срами или се плаши да го побара тоа од тебе, или па проблемов е физички (пример од лекови или не знам што) па време е за лекар.
Сме разговарале, блиски сме. Тој ова не го смета за некој си проблем, ми вика: ќе биде бе, не се замарај. Е како јас да не се замарам кога мене ми е најтоп сакам и човекот да си кулминира Со претходни девојќи има свршувано,а ми кажал дека и сам ако се занимава свршувал ама сега слабо практикувал сам што уствари е доста веројатно пошо иаме редовен секс. Не е проблем за дигање и траење, само тоа.