ве молам за мислење! ме интересира колку машките обрнуваат внимание на носот кај девојките? пример ако има девојчете убај црти на лицето,заби ова она ама ете носот и е крив или голем, дали тоа е голем минус за машкото да не го бендиса девојчето?
Носот нема голем удел на машкото ако е крив. Освен ако машкото си има поставено некаков си критериум па да поморчи за носот. Имав таков случај, со братучед, му местев женска, топ си беше девојчето. Арно ама, имаше крив нос. И овој дегенов замрчи дека му смета носот, и ја откачи.
Ми треба совет од машките на форумов, за Нова Година сакам да му купам на либето нешто за колата,зошто е буквално опседнат со неа и знам дека најмногу би се израдувал на тоа,е сега работата е што јас стварно врска немам што би му купила ,а истовремено да не е прескапо. Идеи?
Waka-Waka За тебе е најбитно да работи менувачот на дечко ти ,а одржувањето на автомобилот препушти му го него
Нешто уникатно, нешто што мене ми значи и кое би ме израдувало, нешто заедничко што ќе не потсеќа на некој убав момент, или на нас...Едно големо НЕ за клише поклоните од типот - кошула, кожен каиш, зипо, парфем и слично...Мислам дека секој може да биде малце покреативен ако малце прочепка во себе
Ај некое советче: за нова година ќе бидам заедно со симпатијава,ама ќе има уште многу други деца.Со типов се знаеме околу 2 години,он ме има бајаги свиѓано а за сега незнам ама мислам дека има шанси.Требаше да се муваме ама јас зезнав работа Прашањето ми е како сега да му се приближам на нова година? Цело друштво ќе му биде таму а он е ептееееееен срамежлив.Како некако да го тргнам на страна,помош малце?
Машки ме интересира нешо......како реагирате кога ке видите девојче облечено во дуксер два пати поголем од нејзе...мислам секогас е онака убаво облечена женствено али по некогас во дуксер и хеланки и дуксерот ..м? како реагирате?ви се свиѓа такво девојче кое некогаш не и е гајле како е облезена и е своја???
Самата девојка да ми се предаде како подарок. Ем бесплатен ем бесценет подарок, за се останато тука е MasterCard. Би реагирал смешно затоа што секоја облека која е x2 поголема од тој/таа што ја носи, просто мами насмевка. И тоа мислам на позитивна насмевка, не на злобна. Под услов дуксерот да не го носи секојдневно, туку да се случило еднаш-двапати заради тоа што другата облека е на перење и сл. фактори. Не е страшно како и да е, ако облеката ти е убава и ти држи топло, и да е x3 носи си ја. И те како имаме емоции, немој со вакви деструктивни тези. Признавам дека некогаш емоциите ни се во гаќите, но... дури и кога се таму сепак мозокот е тој кој ги издава тие емоции, срцето ги вибрира и ги пренесува доле, значи сепак поминуваат и доаѓаат од срцето. Во глобала не сме толку страшни, емоции има секој човек, е сега зависи ти какви емоции бараш и сакаш. Тоа значи следново: у октобру биче у новембру, у новембру биче у децембру. Поентата и поуката треба да е јасна.
Ако редовно се средува, и сака некогаш да биде опуштено облечена (нормално, да не биде утната облека за утнат настан), зашто да не ...Јас не би имал проблем со тоа, поготово ако добро стојат хеланките
Па како,ќе му пријдеш,ќе му праиш муабет некој општ,он ако е срамежлив,ти преземи иницијатива.ЗАвиси од атмосферата каков муабет ќе напраите,прашај го на пример која ти е новогодишна желба,некои апстрактни работи и така
А зошо не пробаш да го бациш у уста коа ќе си честитате. Без јазици и такви ствари, само онака невино да го пољубиш па после ќе видиш како ќе се движат работите. Тоа ќе му е зелено светло на него да си продолжи . Башка, ти си зезнала првот пат, сеа ти си на ред да повлечеш конци! п.с. извини вака малку се бутам во тема кај што сакаш машки одговор, ама ми дое да ти пишам да те охрабрам малку
Може ли некој да ми каже дали е можно после сите долги разговори, долгометражни слушања на телефон, искачања и после сите кажани зборови да се повлече и да не бара за возврат ништо како даа го нема сето тоа што сме го рекле сме си ветиле... единствено во случај ако јас не го побарам на телефон (ретко кога како) и тогаш се однесува нормално. Дали е некаков знак во контекст несакам да те повредам ама ова "нашево" е готово?
Биди нон стоп до него, прави нешто не поврзан муабет. Кажи му да дојде со тебе, до надвор, или незнам каде, дека е многу гласно демек. И пушти се во акција.
па мислам да идам вака у школо-средно ..сеа оцабајле сме па ладно да не ми биде.Иначе дуксерот е на брат ми и е љиљаков и црни хеланки и дуксерот ми доаѓа као туника ве прашав зошо една другарка ми рече дека машките ептен добро реагирале на вакво нешо..у сваки случај утре ќе видиме
Сакам да му пратам изненадување на еден мој другар ( може да се каже и повеќе од другар) затоа што тој само што излезе од болница а не е од мојот град и неможам да отидам да го посетам. Сакам да му испратам едно меченце и некоја порака да му напишам внатре во пакетчето. Вие што би сакале на пример да пишува ? За тоа немам идеја а сакам навистина да биде изненадување и некако да ја дознаам неговата адреса без тој да примети што планирам, сепак изненадување е.