Мене ме интересира кога се шемите со некоја девојка во клуб зошто после одите со друга па се враќате кај првата???
Епа другите опции се другите девојки, кога едната би го извисила има и друга во игра. Ова се основни машки финти, нема кој не ги прави
ај да ве прашам... дали тоа шо уше не сме имале секс у овие 2-3 мувања, е причина или изговор за наводно ладење од типов?
Не верувам пошо никој нормален после 2-3, па макар и 6 мувања не би требало да очекува секс. Е сеа ако тој другиот е малку влезен во филм, можно е. Ипак не ми се верува. аииии пак се стајв во машкава глутница. Извинете, па ми искача и не приметив коа одговарам кај се самоповикувам. Како и да е, си кажав што ми лежи. Па ај да не бришам
Тој така рекол? Ау јак фраер, алал да му е ако сите други му дале така лесно и толку брзо... многу филмови глеање, многу Јас па незнам што воопшто се замарате со вакви карактери?
mozebi ne e povrzano so temava no se nadevma ke mi pomognete se blizi novagodina i mnogu sum zbuneta sto mislite koe bi bilo najubavo iznenaduvanje za deckoto ili poklon ako ima maski tuka ke moze da mi kazete spored vas so vi bilo najubavo ?
Додека ги чекаш феминциве да одговорат, можеш ова да го зирнеш vrski/podarok-za-partnerot-za-nova-godina-t457/
никој нормален ...да на години 15....на години 25 и повеќе -ДА !..... а во врска со случајот...може си го привлекла само физички....и неуспеал да те запознае подобро...па веќе не го интересираш....никаков баук...најголем дел од машките шараат од девојка на девојка ( и в.верса) ....водени од своите хормони....но од време на време некоја ќе ги подтикне на размислување и задржување со истата.... ...така да едноставно не му се јавувај веќе...како никогаш да не ни постоел..... има многу јаболки во овоштарникот
Бившиот (три-четири месеци се плеткавме во отворена врска, значи не беше нешто сериозно) веќе со месеци ми пишува по нешто во стилот "ми недостасуваат моментите со тебе" иако знае дека имам дечко. Прво мислев дека ми пишува само заради една работа (секс), ама гледам по фејзбук дека има женска. Значи сепак не е само до тоа. Од неа може да го добие тоа ако сака (има шарм, може лесно да потпадне секоја) Од 10 пораки, јас дали на една ќе му вратам. Искрено и грубо му кажав дека ништо нема да биде помеѓу нас ама не се откажува бре! Некој ако може да ми помогне да му ја сфатам психата за да направам да се откаже.
Елена станува збор за типична сељачка психа Стави го на игнор, не му одговарај на ниедна порака, не му обрнувај внимание и ќе се откаже.
А зошто воопшто се трудиш да му ја сфатиш психата? Кога ќе му дадеш до знаење дека си тотално незаинтересирана, нема повеќе да се врти околу тебе. Ти пишува затоа што мисли дека има сеуште некаква шанса. Па, или сака да ти ја уништи веќе постоечката врска или сака некаква "возбуда". Не сте ни биле некое долго време заедно, па за да има некакви силни емоции кон тебе. А ти чим прашуваш, сеуште нешто чувствуваш или пак се надеваш на нешто со него. Мој совет задржи си го достоинството. И не се занимавај повеќе со дечкото. Очигледно е дека не му е дојдено до тебе, туку до поголем број на женски и зголемување на егото. Во смисла имам јас женска, но, можам да ја вртам секоја којашто ќе посакам.
Нема што да се надевам со него. Ако се надевав, одамна ќе бев со него. Инаку се согласувам со ова Ти пишува затоа што мисли дека има сеуште некаква шанса. Дефинитивно престанувам да му враќам на секаква порака, каква и да е. Може и ќе си сменам број само заради него.
да ми кажете.. зошто некои машки веднаш свршѕваат во што е проблемот значи немора да значи дека имате и секс со него довлно е само триенје и такви работи а за секс да не зборуваме нема ни 5 мин човеков веке си завршил работа??
Иако не сум машко ќе пробам да ти одговарам. Имам читано дека тоа е заради тоа што се неискусни. И има логика.
Ваљда во оваа категорија спаѓа и мојот "проблем". Може и веќе го знам решението али да прочитам уште некое мислење. Се гледав со еден дечко, 6 месеци поголем од мене. Првата вечер кога излеговме, почетокот ми остави добар впечаток но потоа све отиде во вода. Да не објаснувам детали пошто ќе ми требаат три дена. Типот се начука, се лупна со колата, се расправаше во клуб.... Поминав преку тоа иако знаев дека не требаше али искрено многу ме привлече (физички). По два дена се видовме пак. Се беше супер, ми се извини, ми објаснуваше, ми вети дека веќе нема да пие бла бла небитно. После тоа излеговме пак заедно во клуб и се беше под контрола. Не пиеше, цело време беше со мене, ми посвети внимание и повеќе од доволно, НО (што вика една професорка на факс "во српскиот јазик постои едно али што девојци сречу квари)" дечкото една, две, три и пак на стари. Во главно не сум тип да се лапам и да се лигавам на такви јавни места и сите да ме гледаат а тој цело време навалува и као ти се срамиш од мене, несакаш да те гледаат со мене... Поминав и ПРЕКУ ТОА. Последниот пат кога излеговме пиевме кафе, зборевме цело време као за понатаму а у (мада не ми беше доверливо се имавме видено се на се 4 пати) зборевме и за нова да сме заедно со негово друшто. Кога излеговме од кафичот мене ми заѕвона телефонот, другар, да ме чуел. Али цело време одбивав (и тој па упорен не сфаќа -.-) и дечково што бев као кој те бара, дигни и викам небитно е сеа сакам да сум со тебе. И изгледа се наљути, беше љубоморен. Цело време ми ќутеше по пат. Му објаснував дека ми е другар, дека нема потреба да се лути, дека не е ништо посебно, тој на рецка ме стави. Али све се среди на крај Другиот ден као да се договориме за нова и му викам искрено мене не ми се доаѓа со тебе, пошто сеуште не те знам доволно, сигурно за нова ќе пиеш, јас од твоето друшто не знам никој, ќе бидам сама и тој повторно со изговорот НЕМА ДА ПИЈАМ. И океј ајде му викам ќе идам. Требаше да идеме во кафич. Следнит ден ми се јавува и ми вика дека планот се променил и ќе идеме кај него во викендица со уште неколку негови другари со девојките. Мене ми пукна филмот. Од негово друштво не знам никој, ќе бидам како од марс падната. И му напишав огромен реферат со објаснувања зошто не можам да отидам. Од каде да знам дека тие негови другари не ги нашле тие ДЕВОЈКИ на улица за една вечер?? И од каде воопшто да знам дека навистина ќе сме со нив? И дали ќе сме во викендица? Од кога му ја напишав пораката дека нема да отидам, ми врати само еднаш и толку беше. Јас мислам дека го блокирав од пораки и на ниту една не ми вратил... САДА ШТА?!!?!?! Спојлер Искрено не се ку*пецам и да кажам дека не се замарам, кога се замарам и несакам да го изгубам..... Ова правете се дека не сте го прочитале
Дај ми искрен одговор дали тука или преку пм сеедно. Дали си со него затоа што физички те привлекува или има нешто друго тука? Тоа што те привлекол физички, а е тешка пијаница можам да кажам делеку незрел го има тоа во памет.. што бараш уште со него?
Oleeenka, ова- Типот се начука, се лупна со колата, се расправаше во клуб... ти кажува се што ти е потребно да знаеш за типов, мене лично би ми било срам да застанам покрај таков човек во јавност. Најискрен совет? Бегај подалеку