Се случи на Нова Година , кога славевме. Дојде да ме види. Ептен ми е симпатичен дечково, ама ете таква сум си и не знам емоција да покажам. Ептен бев ладна. Не се знаеме долго време и јас пред луѓе што не ги познавам не можам доволно да се опуштам. Премногу се налути. Имаше неколку пати добиено корпица, баш поради мојава тромавост. Ми се врзе јазик, не се знаеме доволно. Не верувам дека некој некогаш волку го налутил. Пред моиве другарки имаше кажано дека веќе контакт со мене не сака. Гадни работи кажал. Признавам го навредив, претходно имав малце испиено, ептен малце, демек Нова Година е. Воопшто не сака да слушне за мене. Тешко ми е. Не знам што да правам. Му се извинив, рече јас така сум одбрала. У ќор сокак сум. Ајде машко мислење, па и женско не е на одмет.
Мене многу ме интересира како реагирате кога ќе видите девојче во маица со бенд/мартинки итн итн,а не сакате метал воопшто,и девојчето ви се свиѓа?
Сакам совет , а знам дека сум на вистинското место.Па вака: Јас со мојот прв дечко одев 1 година и се разделивме , си кажавме многу тешки зборови но никогаш не се озборувавме. помина веке една година откако сме разделени, сум била и со други машки и тој со други женски но не успеав да го заборавам. Пред 2 месеца почнавме да се гледаме тој ми се извини за се лошо што ми има направено и јас нему. Сега се гледаме речиси секој ден, на новогодишната ноќ цела вечер бевме заедно цела околина не виде иако не сме во врска, но втората вечер кога дославувавме тој дојде нерасположен и ми вети дека ќе отиде во некој друг кафич да се расположи но не се врати. Јас се опив и плачев никој не ме виде но можеби малку се познаваше. Неговиот брат примети дека сум тажна сигурно веке му има кажано.Потоа кога требше да си одиме отидовме откај тој кафич каде што беше тој и ми изгледаше малку порасположен ме бакна и ми рече дека не можел да дојде бидејќи требало да има некоја тепачка требало да го брани другар му. Кажете ми дали ме лажел , дајте совет некоја претпоставка. И уште едно што мислите дали сеуште ме сака и дали би ми предложил врска пак.
Rosie.Alice Памет за другпат како ке се однесуваш во таква ситуација SweetChild Сум налетал на такви девојки доста стилски определени кои ми се виделе симпатични... АМА тој стил уште од прв впечаток ми кажува дека со таква девојка најверојатно имаме и доста различен начин на живот, такада таква девојка излегува од игра burni.vreminja Да не претпоставуваме милион варијанти, многу е просто... - Прашај го дали те лажел. - Прашај го дали сеуште те сака. ... решен проблем
Mashki kakva devojka sakate..Da trca po vas ili da vi glumi pi*ka koja tesko ke ja dobiete.I ovaa vtorava odma ja bataluvate ili vi e predizvik da ja dobiete?
Сакаме да е таква каква што е, слободно суштество е како и секој човек така да нема што да трча по било кој (ако трча тоа кажува многу за нејзината самопочит) а глумење пи*ка која тешко ќе ја добиеме, зашто би било предизвик? Зашто би губел време со некоја што ми глуми лудило и ми глуми недостижна, тоа е веќе сосема спротивно од првиот тип, егоцентрик и светот се врти околу неа, така да нека си се врти колку сака. Мислам дека со првиот тип на девојка можеш да се разбереш и да и кажеш дека така не чини, дека не изгледа тоа убаво, дека вниманието и љубовта може и на друг начин да ги искаже, додека со втората не се прави муабет и не би губел ич време. Сепак има мноооогу девојки кои се меѓу овие две, во таа средина, што не глумат лудило, имаат свое јас а истовремено знаат и да го почитуваат партнерот, соодветно на почитта што ја добиваат.
А ако девојката е тоа што е? Недостижна? Едноставно така е воспитана, можеби разочарана од љубовта...Вие машките можете да приметите кога некоја девојка глуми лудило а кога некоја навистина е таква? Можеби и е подобро да биде сингл. Ако ви фрлила ту и тамо некој поглед е само да се осигура дека е уште атрактивна. Ништо повеќе...
оваа вторава не ја мислев на некоја која мисли дека цел свет се врти околу неа туку на некоја која (ту како да ја кажам) иде со крената глава и фрла заводнички погледа али некоја која никогаш не би го направила првиот чекор и никогаш нема да трча по некој,али не да глуми лудило (ако ме разбра..) п.с. сакав да казам не ви е интересна таа шо одма можете да ја добиете? на крај краишта забранетото овошје е секогаш најслатко....
додека втората се средува пред огледало да излезе да ја види некој, да и се пушти, па и уште си го поставува прашањето дали нешто ке биде, седи на форуми се запрашува што е тоа оргазам, онаа првата вришти од оргазми и си брка работа и и чуе пичето за надуената девојка... оваа првата мислам дека е вештерка у кревет додека втората мислам дека е како кукла од секси шоп не ја бива за ништо. забранета била може и дома да се заклучи, може и табла со себе да си носи дека е забранета баш не брига нас машките можеме и на пиво да си одиме може и фудбал да си играме баш неа ке ја гледаме
А што мислите, дали го сметате за срам и понижување ако девојката го направи првиот чекор? Дали тоа секогаш треба да се остава на машкото?
не е битен првиот чекор дали ке го направи момчето или девојката, побитно е понатаму да опстане врската да има љубов почитување нежност разбирање и.т.н
А во случај кога девојката има чувства кон момчето, кога не знае дали е обострано, бива ли таа да ги искаже прва чувствата, да му даде до знаење дека и се свиѓа?
мислам дека нема што да изгуби само може да добие, пример немора девојката да ги искажува своите чувства према момчето, може да се најде некоја тема за разговор да се разменат насмевки мислам дека ке почувствува дали може нешто да биде, може некоја прегратка размена на поглед и слично мислам дека ке почувствува...
Нејзе па колку и е гајле да ти кажам...си го чека нејзиниот принц и не се замара трчајќи по жаби. Да не навлегувам многу во ова пошто мислам дека ти ги генерализираш работите а и можеби зборуваме за различни типови на личности.
нејзиниот принц што туку помина покрај неа со девојка бес канта пудра на фаца без избацена сиска и си замина а таа нека чека, затоа потоа се жали тука излеговме и сакаше да ме легне, е не за дома ке те чува...
Аха...значи сепак не зборуваме за исти личности...Не зборував за оние егзибиционистки туку за оние слатки девојки од соседството што никој не може да ги има. Ми делуваш како некоја од тие зацементираните у фаца да те одбила...а да не си ми заљубен ти?
од лошата глетка, излегуваш гледаш како едно кутро момче се мачи да и биде интересен на некоја девојка која самата себе не се погледнала во огледало, потоа ти се жали дека неможе да фати дечко