И за некои девојки не е ништо поразлично. Добрите си стануваат стари моми, а по актуелните, оние кои што даваат се на изволте, момците трчаат по нив и не ги гледаат тие кои што навистина вредат. Не зборувам за себе, јас сум само набљудувач у ова нашево општество. Испаѓа дека плукам по тие што првенствено наводно ги бранев, но беше недоразбирање јас зборев за други личности, ти за други. И машките и женските имаат високи критериуми но со годините тие спаѓаат и секој завршува со некој што ни најмалку не очекувал. И после некој ќе си пее: http://www.youtube.com/watch?v=MM3tkvEwM4c
Сфати го тоа у буквална смисла на зборот , ке дошол деновиве па број да се сретнете и секс ништо друго
искрено и јас се изгубив иако јас ја потикнав темава али незнам може не сме се разбрале ај уште еднаш Сакав да прашам еве како машко на кој девојка би и се пуштил(некое машко шо го чита ова) ПРВ тип-околина еве средно или пак диско седите вие на една страна девојкава и другарки на друга си праќатѕе погледи и наеднаш гледаш дека девојкава се заинтересирува за тебе,ти праќа муабети,праќа другарки да се распрашаат за тебе буквално праи све мислам тебе тие 100% јасно дека те свиѓа и ако мрднеш со малото прсте ќе ја фатиш ВТОР тип-на другата маса седи девојка која е со крената глава ,флертува со сите,има облини кои го покажува(не нападно) и исто прааќа погледи али има некој х фактор кој ти кажува дека нема баш лесно да ја фатиш односно ти дава погледи али може комотно без тебе и те тера да направиш нешо за да ја фатиш зашо знаеш дека секој од друштвото сака да ја има.... М? кој тип ќе го изберете? првава со еден прст и готово заедно сте или оваа вторава која ке биде предизвик? бтв мислев дека машките сакаат предизвици,,како би се докажале.....
ако се прашувам ја одмах ќе кажам втората опција а ако прашувате зошто затоа што секогаш она потешко фатеното е послатко
хах нормално е со ваков одговор ги сметав сите машки уствари ако размислам тие што се поише по учење,научници, како да ги кажам сигурно би ја одбрале првата али бед бојс,спортисти вторатааа
секое нормално машко најпрвин ке ги анализира и двете девојки ке разгледа во убавината во карактерот потоа ке се одлучи на каков чекор ке оди дали ке ја избере онаа девојка која му покажала дека и се допаѓа или ке проба да ја освои оваа втората девојка... јас незнам како така одлучно ако комшијата има гомно у двор а ти круша, и недостижното ти е послатко ке ти е? јас незнам како така на непроверени работи послатки ви се
абе да претпоставиме дека ни двете незнаеш какви се по карактер а убави се да .... ти сигурно не би рекол чекај сеа ке отидам со кај едната да се рапрашам па до кај другата.... те прашувам ги гледаш овие дев мораш една да избреше која би било тоа....нема да се жениш со ниедна зборием која би ја фатил прва
Многу лоша компарација...Никогаш не би знаел дали некој вреди ако не го запознаеш подобро. Можеби првата е подобра, а можеби и втората. На некој повеќе му одговара првата а на некој втората. Немаат сите машки ист вкус. Може да те прашам нешто лично? Како ја ќари ти твојата девојка? Се намачи воопшто?
Ее тоа беше многу одамна, се знаевме уште од детството ама не бевме блиски, едно време се зближивме контактиравме, и ја поканив да излеземе така другарски на прошетка ја погледнав еден поглед се ми кажа, на брзина и поставив прашање на кое таа требаше да размисли (некое прашање беше што немаше врска со нас), одма ја бакнав и ете така си бидна работата, неможеше да ме одбие, брзина прави чуда, и таа се чудеше како така на брзина ја прелажав се каеше неко време ама сега не се жали толку од мене. Да не се фалам ама убаво момче бев тоа време, до тоа ќе да е работата.
А ако не сте се зближиле и подобро не сте се запознаеле? Што ќе беше тогаш? Поентата ми е да не ги судиш луѓето ако не ти дозволуваат да им пристапиш, секој си има свои причини. Има многу неосвојливи девојки што ги скротил некој па сега си се среќни заедно. Има и друга страна на приказната, не викам не. Ете вие двајца сте си се допаднале и биднала работата. Не имаат сите исти карактери. Некои ти треба повеќе да ги освоиш некои не. Немојте да ми кажувате дека ако некој е недостижен дека не вреди да го имате. Запознајте го па после кажете ми дали вреди да таа личност или некоја сосема друга за која не мораш многу да се потрудиш, што веднаш е ваша (не мислам само физички). Па вие машките не ги користевте таквите па после ги фрлате ко стари крпи? Просветлете ме ако не сум у право. Девојките се веќе збунети. Не знаат што сакате. Едноставно нема секој исти критериуми. Некој си сака вакви некој си сака такви. На овој свет има некој за секого. Еве, вие сте си се нашле со девојката и ви посакувам уште долго, долго да си идете. Но тоа не значи дека некој друг не ја заслужува истата среќа... Да напоменам и дека ги почитувам и тие кои што го ценат тоа што сте свои и не играат игрици. Муабетов ми е, не значи дека некој вреди помалку од другите само заради начинот на кој што треба да им пристапиш.
gangstergirl што ја форсираш работава? значи праша шо те интересираше и nov.neotpakovan ти кажа. Не знам зошто се трудиш и објаснуваш?! Океј, глуми си недодирлива ако сакаш и не мора да навлагате во километражни дискусии и убедувања. Ти по коментариве како да сакаш да наметнеш дека као ти ако си тежок плен повеќе ќе си сакана или ценета и сега си зела се оправдуваш. Па девојко пробај си и така и така, па ќе видиш кој начин пали. Крај краева и сама викаш дека има различни типови мажи на кои ги привлекуваат различни типови жени (за што и се согласувам), што значи дека не можеш шаблонски да пристапуваш/игнорираш симпатии.
ке почекаме ке има уште некое машко мислење ама еднаш велите не сакате дечките да трчаат и се да прават за вас да не ви одат по газот еднаш се лутите зошто дечките не папучарат за да ве освојат, кај има љубав нема освојување си паѓате у тавче и ајт чао пријатно, си имате разбирање договори љубов и.т.н
Не глумам недодирлива, таква сум. Сепак морам да кажам дека пак ми пријдуваат. Уште го немам доживеано првиот бакнеж. Доволно кажав? А да, кукавица сум. Дали тоа значи дека не вредам? Зошто?
Gangaseter,sakas da kazes deka uste ne si se bacila zatoa sto si nedodirliva?Sovet od mene ili furaj taka i ic da ne te boli ke te skroti nekoj i tebe ili pa simni se malce...
Не сум дигната, напротив. Тие што ме знаат, знаат. Јас не сакам никој да ме има, бидејќи јас не барам ни мувач, ни врска, ни ништо. Едноставно не сакам. Ме разбираш? Не дека не ме свиѓал некој. Кукавица сум едноставно...признавам си имам некои психолошки проблеми, тоа е што е. Ама некој да ме гледа од страна ќе рече: “Види ја оваа ми глуми лудило, госпоѓа недодирлива“, не сакам за мене така да зборат. Мој живот, мое право. Кога ќе бидам јас спремна - тогаш. Има време за мене... А за склапање нови пријателства сум секад добредојдена. Никогаш не би понижила некое машко ако ме посакува, како што имаат некои мои познанички навика, ќе му кажам тоа што е и најчесто си останувам пријателка со нив. Спојлер Оф мори зошто секад мора офф топик да идам со темиве...
A da ne komplicirash?... Ako ne si spremna za decko(iako nezz sho treba da bides spremna ne odis u tajna misija) togas bidi si single.A toa sho te vikaatnedodirliva ili kazi mu u lice "da takva sum i nikogas nema da me imas ili pa krEni glava i produzi..(ako ti go svativ problemot...)
јас стварно не сфаќам која е поентата на прашањето. Прво викаш какви девојќи сакаат машките ( што преносно значи му фрлив око на еден и не знам како сега да продолжам да се поставувам со него) а сега викаш дека не си заинтересирана за никој. Епа млада дамо ако не си заинтересирана шо има да му ја мислиш. Коа ќе бидеш за некој што ти се пушта соодветно ке одговориш, ќе видиш како ќе те тера ситуацијата. Што си зела сега да мислиш кој како те перцепира, башка од кај знаеш какви муабети се вртат. Пример може некој да пушти муабет дека ти си најголема ороспија а еве ти не си ни пољубила некој. Така да calma, и сама викаш-коа ќе бидеш спремна, тогаш. Така и треба да биде. Празници се, олабави малку