Јас сакам да побарам совет ако може. Отсекогаш сум била повлечена и тивка. Иако кога подобро ке ме запознаете се опуштам,весела сум и добра смисла за хумор(така ми велат,не е да се фалам сама себеси)Со родителите не сум блиска,никогаш не ме поддржувале и цело време добивам навреди со или без причина. Досега сум сакала многумина,но на никој не му било гајле. Едноставно сум била играчка. Имам физички проблем,ми беше попаѓана косата. Сега е подобро,но не е најдобро. Тоа во главно беше и причината,на машките едноставно им беше срам бидејки сум поинаква(зборовите кои ги добивав од нив беа многу погрди). Потоа запознав еден кој беше поинаков. Ме прифати каква што сум. Врската беше супер. Ме прифати онаква каква што сум. Тој беше прв со кого се смував и доста се образував на тоа поле заедно со него. Постар беше од мене неколку години. Потоа ми раскина без никаква причина. Само ми пиша порака да си барам друг дечко. Сега и се пушта на една моја другарка,онака блиска сум со нејзе и она знае што се случило меѓу нас и цело време го одбива. Би сакала да слушнам мислење од машка страна,која по нивно мислење е причината за ваков крај(затоа што јас ја барам вината во мене) и мислење од женска страна што да правам? Знам дека некои ке ми речат мала си уште и слично,ке дојде твоето,но што ако не верувам во тоа?Досега цело време сум била одбивана,стварно незнам каде води ова.
Значи навистина неможам да го сватам... Се гледавме, се случи нешто за кое бевме и двата виновни, потоа ме стави offline на Facebook (иако не му досадував, никогаш јас не му пишев па за де ме стави off, ама ајде си реков после тоа што се случи сака да ми каже дека несака повеќе ништо со мене) и сега ми лајкнува. Си игра топло-ладно или што е работата?
Изгледа сака пак да се случи тоа што и да се случило. Или му е досадно па сака малце да се забавува. Или ти лајкнува без никаква причина.
Луѓе значи вака се запознавме и после тоа ја го адд на фб и тој почна прв да ми пишуе...и дека не сме од исто место и почна да ми збори ај сеа кажи кој сакаш да ти местиме од овдека вакво ткаво и јас му вика никој бе т.е. кој сакаш ти кој мислиш дека би бил добар за мене и сл. и јас му викам а ти од овдека која сакаш да ти местам и тој ми вика јас не познавам ниедна од таму и после тоа ми вика местимисе сама јас му викам ај не се глупирај... и толку беше муабетот ама мене некако почна да ми се свиѓа па се прашуам сеа дали јас да му пишам прва... а ова муабетов на фб го праевме пред 4-5 месеци... посе тоа се и пошо немаше мн време набрзина се поздравивме и одам замина... па сеа кажете ми што да правам дали јас да му пишам прва ... :/ ???
Колку од вас машките се фалите после секс со некоја девојка? И што постигнувате со тоа? Ме интересира мислење од машка страна.
Само копуци и зелени се фалат. У принцип машки и не зборуваат меѓу себе за таа работа. Може со другарка да прокоментира ако му треба совет или мислење. Тие што се фалат, тие и лажат и никој со повеќе интелигенција од штекер, не им верува. Најчеста причина за оговарање од овој тип е да и наштети на девојката. Само женомрзци се фалат.
Јас општо за ништо не се фалам, а каму ли за секс. А познавам такви фалбаџии околу мене, што само ќе ја смува ќе се пофали на цел град ко којзнае што направил.
мхм 7-8 месеци таман.....не се зафркавам ,лошо си била што тоа си му го кажала али нема назад така да ако ти се свиѓа обавезно пиши му нема ништо да изгубиш...само можеш да добиеш...
Како да му се приближам? Не сме во некоја врска само онака, во отворена врска но чувствувам дека лани беше поблизок со мене....
Мојата состојба е оваа..Дечкото е другар на братучед ми всушност и братучед ми е тој што сакаше да се запознаеме,дечкото ме адд на фб,пред две години уште и почна да ми лајкнува и јас му враќав, ама сакам да го запознаам подобро,да не биде цело време игра за мали деца со лајкчинја туку да видам што карактер е,вака не можам да го проценам бидејќи премногу затворено ми делува,а и не сакам тоа да биде формално преку братучед ми некое договарање за кафе,мислам и на двајцата би ни било непријатно,искрено може затоа јас што мразам местенки,прашањето е како да воспоставам контакт со дечково дека очигледно он нема намера да ми пише,некои ми викаат дека лошо ќе биде јас да му пишам,искрено ни јас не сум некоја многу што сака да прави прв чекор ама ме интересира што човек е ..па така во дилема сум...а и нова сум на форумот..
Пиши му прва, ама само еднашка прајте муабет ако не ти пише после тоа не е заинтересиран. Значи пиши му ти прва нема да умреш ако пишеш, само немој да ти се случува секој ден да му пишуваш ти прва зашто ке си игра курташак и ке знае увек дека те има на лагер и може да искочи со тебе кога сака.
леле истата ситуација ја имав јас му пишав некој бош муабет (колку сум смотана) сум имала колешка на факултет од неговиот град со исто презиме, да не му била нешто роднина... И се распишувавме, по 15 саати на ден пишувавме, сега сме заедно Се исплати залагањето на братучед ми, но и ден денес ме зафракаваат за тоа што сум му пишала за колешката