1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Совети од МАШКА страна за сите девојки

Дискусија во 'Сингл' започната од TheBunny, 17 септември 2010.

  1. Elena69221

    Elena69221 Популарен член

    Се зачлени на:
    8 август 2011
    Пораки:
    2.352
    Допаѓања:
    3.519
    Пол:
    Женски
    Чим е јарец да си го чуваш! :D
     
  2. Little-Mk

    Little-Mk Популарен член

    Се зачлени на:
    1 ноември 2012
    Пораки:
    226
    Допаѓања:
    328
    Епа вака..летото се запознав со едно дете.Почнавме да се дружиме и пишувавме секој ден на фб, но не можевме да се видиме затоа што јас не живеам повеќе таму.За се правевме муабет.За неговите љубовни проблеми(иако не му беше нешто сериозно) и за фамилија и за спорт значи баш за се. И еден ден ми рече дека ме сакал.Иако претпоставував бев изненадена.Го одбив поради повеќе причини.. Една од нив беше далечината.Повеќе не сме во контакт, но не сакам да го изгубам затоа што ми значи и тој тоа го знае..Му пишав после некое време и се беше како да сме пишеле секој ден.Нормално 1-2 пати се јавив прва но не сакам да нервирам и сметам затоа што само јас пишувам прва.Дали да го оставам на мир или да пишувам понатаму прва како да не се случило ништо? :?:
     
  3. Madam-A

    Madam-A Популарен член

    Се зачлени на:
    10 мај 2013
    Пораки:
    1.603
    Допаѓања:
    8.006
    1во прашање: Дали ти сакаш да се заебаваш со него и да го имаш како резерва за црни денови и за дигање его?
    2ро: Сакаш да ти е другар?!
    3то: Сакаш да сте заедно?!

    Ако сакаш да сте заедно, да, пиши му. Ако сакаш да сте другари, јасно е дека не може. Тој кажал дека те сака, после тоа другарство не се развива. Така да најубаво е во тој случај даго оставиш на раат. Башка гледаш дека тој не е расположен многу за муабети кога ни сам не почнува. А ако го сакаш ова првово, мислам дека не ни морам да пишувам која постапка би била исправна.
     
  4. Little-Mk

    Little-Mk Популарен член

    Се зачлени на:
    1 ноември 2012
    Пораки:
    226
    Допаѓања:
    328
    1:
    3 пати го прочитав моето мислење и не можев да најдам зборови или реченици со кои си дошла до прва мисла.Не споменав некој друг за да заклучиш дека го имам за дигање на его или резерва, а можеби и гледаш работи што не се тука.
    2:
    Иако сум ти благодарна за мислењето и советот јас побарав совет од машка страна баш како што е и насловот на темата.Мислам дека сепак има разлика од женско до машко.
    3:
    Споменав дека повеќе не живееме во близина па ако ме прашаш мене би ти рекла дека е тешко да одржуваш врска на далечина.Особено кога се во прашање повеќе од 1000 км.
     
  5. Madam-A

    Madam-A Популарен член

    Се зачлени на:
    10 мај 2013
    Пораки:
    1.603
    Допаѓања:
    8.006
    Little-Mk, се извинувам, ама не ни приметив дека е во оваа тема поставено мислењето. Ми се има повеќе пати случено ама пошо отварам на теми кај што сум коментирала и така ми искачаат новите мислења од сите теми и не видов дека тука ти е поставено, и друг пат исто ми се деси да искоментирам на девојка во оваа тема и и нејзе соодветно и се извинив, зашо стварно си барате машки мислење а од невнимание се убацувам.
    Кога веќе го почнавме муабетот...јас како можни опции ги наведов тие три, никаде не заклучив дека ти некако си се изјаснала и уствари баш затоа ги разграничив така.

    Ајде еве маживе нека настапат сега :)
     
  6. Bokchee

    Bokchee Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 октомври 2013
    Пораки:
    658
    Допаѓања:
    810
    Пол:
    Машки
    Има два излеза,
    Да го оставиш, и двајцата да одите по свој пат-
    Тука сакам да ти кажам, далечината е една од најтешките причини за двајца. Посебно затоа што и двајцата покажуваат симпатии и има искри. Тешко ќе биде гледањето, довербата, тешко ќе биде, ако ти треба совет, он го нема, а ти го чекаш на фб. Најубаво е го оставиш, да не му збориш воопшто. Пробај да најдеш некој од кај тебе што е.

    Да продолжиш да збориш со него.
    Доколку си ги имате муабетот, можеш да си продожиш да збориш со него. Биди само другарка со него, зборете тему каде што нема секс или ертоски теми. Може кога ќе дојде назад, или ти ќе одиш за лето таму каде што е он, да се видите. Али тешко ќе биде да се одржува врска вака.
     
  7. maravillosa

    maravillosa Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 март 2013
    Пораки:
    120
    Допаѓања:
    146
    Пол:
    Женски
    Пред некое време се запознав со едно момче. Всушност се запознавме преку професорката по музичко кога и двајцата бевме на проба за пеење по повод училишна прослава. Потоа се видовме на уште две проби и имавме пријатни разговори како и за прославата која беше по повод патрониот празник на училиштето. За време на генералната проба видов многу пати како гледа во мене. За време на неговата проба цело време гледаше во мене и се насмевнуваше. Потоа дојде и се поздрави, ми посака среќа за мојот настап и уште неколку други пати разговаравме.По нашите настапи си честитавме и се прегрнавме. Се на се беше супер само што од како помина патрониот празник не се видовме подолго време бидејќи сме различна смена па кога го видов пак не му зборнав (и со тоа направив ужасна грешка) па сега и тој кога ќе ме види не ми зборува. Е сега ми е криво и сакам пак да му се доближам. Совет? :worried:
     
  8. Nausicaa

    Nausicaa Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 декември 2013
    Пораки:
    3.439
    Допаѓања:
    20.028
    Следен пат кога ќе се видите насмевни му се и кажи му `Здраво, како си?` :)
     
  9. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    27.166
    Допаѓања:
    177.090
    Пол:
    Женски
    Да ве прашам вас од посилниот пол две прашања:
    1. Зошто се менувате нагло кон некоја особа ( девојка,fuck friend,другарка)?
    2. И што е фората да излажете некое девојче дека ви направило нешто а во себе знаете дека не е таа виновна,зошто си го кревате толку високо егото?
     
  10. Bokchee

    Bokchee Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 октомври 2013
    Пораки:
    658
    Допаѓања:
    810
    Пол:
    Машки
    Верувам дека прашањево не ти за сите машки нели?

    1. Прошири го прашањето малце, како мислиш нагло да се смениме? Како? Во која насока?
    2.Не верувам дека егото е во прашање, отколку барање малце внимание од неа. Посебно ако ни се свиѓа, и мораме на било каков начин да ја натераме да го сврте внимание кон нас. Дури и малце да си исфураме пред неа.
     
  11. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    27.166
    Допаѓања:
    177.090
    Пол:
    Женски
    1. Од подобра кон полоша, понижување, навредување но не ставате до знаење но давате таков впечаток.
    2. А што ако девојката е ладна кон вас, а вие се гледате со неа и понатака, каков крај би излегло од сето тоа?
     
  12. Bokchee

    Bokchee Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 октомври 2013
    Пораки:
    658
    Допаѓања:
    810
    Пол:
    Машки
    Прашањава ти се ептен поврзани меѓу себе.
    Доколку ни се свиѓа типката, ќе направиме се, за да ја освоиме. Но доколку таа се однесува како да сме ѓубре, без разлика дали го покажува тоа или не, ладна е кон нас, едноставно да ти кажам ни пука и филм и желба да се обидеме да ја фатиме. Но тука игра улога, и карактерот кон машкото колку може он да оди и до каде. Али едноставно вие женските си го кревате егото со тоа штом ќе дознаете дека ве свиѓа некој.

    Каков крај?, тоа зависи од двете страни. Сепак, ние не сакаме да искочиме, кукавици и да се повлечеме. Можеме малце да оладиме, и да се однесуваме исто како вие што се однесувате кон нас. Ладно вие, ладно ние.

    Совет до тебе, ако е ова за тебе. Немој толку да си ладна од некој ако му се свиѓаш. Покажи нешто човечност, барем биди фер, и покажи му дали воопшто типчето има нешто со тебе. ако нема, поубаво тргни се на страна, иако нема да се откаже толку лесно. Имаш уста, и едноставно кажи му
     
  13. Supernice

    Supernice Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 јули 2012
    Пораки:
    63
    Допаѓања:
    71

    Би ти реплицирал на првото прашање, нормално ова е само индивидуално искуство. Мене премногу брзо ми здосадуваат девојчиња. На почеток сум увек загреан и тоа трае околу месец дена максимум, за после тој период да не ми се ни воопшто комуницира со девојката.
     
  14. misel23

    misel23 Активен член

    Се зачлени на:
    3 ноември 2013
    Пораки:
    55
    Допаѓања:
    10
    Што би ве повредило повеќе
    -глумење дека се е во ред и кога ке се видите се да ти плесне во фаца и да ти каже дека не пие нафта( а ти си мислел вечерва ке ја легнам после долго време пак)
    -или воопшто да не се појавиш на договореното да исклучиш моб да го блокираш на фб
    :rofl: сигурно ке се посмеете ама се надевам дека некој ке ми одговори :$
    ако сака и во ЛП би објаснила подетално и би разбрала :devil:
     
  15. PussyHunter

    PussyHunter Нов член

    Се зачлени на:
    15 август 2011
    Пораки:
    636
    Допаѓања:
    723
    Првото би ме повредило повеќе. :D За второто секогаш може да се најде изговор. ;) Ама некоја типка да глуми дека се е фино и да чека погоден момент да плесне во фаца дефинитивно мамчето ќе и го расплачам после вербално заради глумата цело време. Преферирам отворена игра без глумење лудило. Се зависи од тоа дали сте во врска, дали fuck buddies или само познаници, па оттука ќе одлучиш степен на душевна болка. :)
     
    На misel23 му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Forever18

    Forever18 Активен член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2014
    Пораки:
    85
    Допаѓања:
    14
    Јас стварно неможам да разберам иде некој со тебе пошо му се свиѓаш ,те поканува да излезете,се мувате се вака така фин е и после ти вика еј нема да се гледаме понатаму мислам дека сме многу различни,различно размислуваме ..
    ВТФ ?!? извини бе и од иста мајка да сме нема исто да размислуваме .. -.-
    Му се има десено на некој вакво нешто ?? јас ств неможам да разберам шо му беше финтата .. :(
     
  17. Schmetterling4

    Schmetterling4 Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 февруари 2013
    Пораки:
    108
    Допаѓања:
    51
    Пол:
    Женски
    Forever18 добро е што на време ти кажал пред да прерасне во нешто поголемо, теши се.
    Јас на мојава мака веќе ќе почнам да се смеам.Бидејќи стварно не го разбирам и мислам дека никогаш нема да го сфатам иако бевме заедно 5 години. :(
    Ако некое машко може да ми каже што му се случува во неговата глава слободно нека се обиде.
    За време на тие 5 години не сме се скарале воопшто дури ни на 5 минути не сме си биле лути, се беше совршено.Немаше никаква промена во неговото однесување.Барем нешто да приметев што ќе го навестеше тоа што следуваше.Се најнормално беше целиот ден си се слушавме се супер како и секогаш за вечерта да се видиме и да ми каже дека веќе неможел да продолжи, незнаел веќе што чувствува за мене, незнаел дали ме сака и неможел веќе да ме држи така да прекинеме.Ова му се случувало некои 3 недели пред да ми каже конечно дека е крај.Ми рече може еден ден ќе сфател дека прави голема грешка но сега за сега додека не бил сигурен во своите чувства не сака да бидеме заедно.
    Не е во прашање друга девојка,бидејќи од тогаш еве веќе месец ипол како е скоро се слушаме на неколку дена еднаш неделно но онака другарски ,бидејќи премногу бевме блиски.Простор за повторно да бидеме заедно нема иако се слушаме тоа знам.Но ме интересира како може вака преку ноќ да му изчеснат чувствата.Не е мал 22 години има.
    Мое мислење после толку многу размислување е дека се исплашил,бидејќи има 22 години а веќе сериозна врска од 5 години.Додека другарите му лудуваат и си тераат со многу девојчиња тој заглавен со мене.Сигурно тие имаат некој удел за тој да почне да размислува да ми раскине.
    Можно е да се исплашил од сериозноста на врската а толку млади?Но пак тоа не го објаснува тоа дека незнае дали ме сака.Можеби му е момент криза во врската и мислам дека избрза што прекина можеби со тек на време ќе му се вратеа чувствата, но тоа е.
    Сега знам треба да престанам да се прашувам каде згрешив ,што направив за он да незнае дали ме сака.Тоа ми е голем проблем и он самиот ми кажа премногу се замарам и премногу ги анализирам работите до најмала ситница, дека јас не сум направила ништо во него било проблемот, но ај нека земе некој инка и нека ми го стави тоа во глава дека не било до мене дека било до него. :fubar: Животот продолжува на крај краева имам само 20 години.
    Поука од оваа врска што моментално на сите другарки што имаат дечковци им ја кажувам е ....Уживајте додека трае, зошто очигледно ништо не трае вечно!!!Со ова немојте да ме сфатите погрешно на никој не му посакувам никогаш да се раздели од својата љубов бидејќи знам колку боли.
     
  18. Forever18

    Forever18 Активен член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2014
    Пораки:
    85
    Допаѓања:
    14
    Да и јас мислам дека машките се плашат од сериозна врска или ептен да се затрескаат во девојката па на крај они да не бидат повредени...
    Е и мене истото ми го имаше кажано како демек проблемот не бил во мене туку во него самиот :fubar:
    :|
     
  19. srcence1607

    srcence1607 Популарен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2012
    Пораки:
    2.366
    Допаѓања:
    2.475
    Пол:
    Женски
    типичен машки изговор кога не знае како да раскине.... :@ инаку во право си, секое машко се плаши да се заљуби откако некоја добро го треснала од земја, исто како и ние ако некој претходно не заебал и се плашат од сериозна врска бидејќи ја губат слободата на некој начин да пробаат со повеќе или да се покажат пред другарите дека не се "папучари" у смисла ако се само со една постојано :fubar:
     
  20. hello-kitty.90

    hello-kitty.90 Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 октомври 2013
    Пораки:
    2.970
    Допаѓања:
    21.159
    Зарем после врска од 5 години,сега ќе се мисли далиќе се заљуби или дека ќе го исмејува друштвото?Не верувам.Сигурно веќе бил вљубен штом биле во врска 5 год не оделе туку-така