Врска од година и два месеца. Е сега секс последен период нема, затоа што он живее во странство. И знам дека ме сака, иако не знае да го искаже тоа, осекам. Тоа што ми го кажа да правам што сакам, дополнително ме изнервира. И се поради тоа што додал на фб, бивши и сите што ги свигал. А каде врска на далечина, згора и фб со други, и ајде некој нека има доверба. А знаеше дека ми смета. И му реков дека и јас исто ке направам, и да оди со тие ку*рви и да и лепи пари. И толку. Имам избувнувано и друг пат така, ама он не сваќа дека ми смета. Секогаш мисли дека е во право. Последно што му пишав е да се изјасни дека е крај, и пак ништо. И се тргнав, почнав да оладувам. Ми дадоа фаминки совет ама сакам некој од машки аспект да ми каже како ќе реагира во ваква ситуација.
Istiot problem go imav i jas na fb dodavase koja kr stigne posebno ku*vi i abr na se like, a poketo od strana mi velea demek nemoj da se zamaras so fb i slicno e kako da ne se zamaram da si gledam kaj so mu se pusta na drugi i da si uzivam. Kako i da e prekinav ao nego zaradi taa pricina, toj kolku i da me povredi so toa mislam deka nikogas ne sfati oti koga i da sum imala kontakt i damu go spomnam toa deka namesto da si gleda so mene rabotata toj trcase po drugi, toj negira na toa i mi se pravi svetec. Taka da, ako ostanev so nego znaci nikogas nemase ni da se smeni samo jas nervi bespotrebni ke si nabivav. NE vredi da zalis za nego
Не ми е јасно зошто го нарекувате курви девојките и бившите што ги додава на фб. Утре и вие ќе бидете нечија бивша и сакате така да ве нарекуваат други девојки. Кој менталитет жити сее, разберете го значењето на зборот курва. Тие вашите дечковци ако ве сакаат со вас ќе бидат без оглед дали ќе додадат некоја девојка на фб. И онака ја гледа само на слика. Ко прво не можете да им браните да прават што сакаат. Од друга страна запрашајте се можеби вас ви фали нешто што вие го немате а други го поседуваат. ЕДИТ: Заборавив да допишам дека може не е до вас за додавањето на фб други девојки, можеби е до самото машко, а не е крива ни другата девојка која комуницира/излегла со вашиот дечко. Размислувајте од сите аспекти а не само ова ми смета она ми смета, после кукате и плачете. А па нормално кога не им давате слобода и ги притискате.
Девојки што одат со кој стасаат, девојки кои се научени се да им плаќаат и што се мешаат во секоја врска, како ќе ги наречеш ти? И да сум била бивша, ама никоја не ме нарекла со тоа име, затоа што нема ни што да се каже. И не дека сум светица ама ретко да ми се испушти некој таков збор, не сакам да се спушам на тоа ниво да вреѓам некоја, затоа што секој си живее свој живот како што му одговара. Ама кога некоја ми се меша во врската, неможам да толерирам. Иако тука најголем виновник ми е дечкото. А и кучката да не ја крене опашката ни едно куче нема да тргне по неа. Не сакам да се контрам со никој , барав само мислење од машки аспект. Ништо повеќе.
Кучка сигурно нема да ја наречам, само ќе и покажам смирено и како ми доликува ( без вулгарности) каде и е местото.И самата кажа дека дечкото ти е во странство. Па што ако те сака, тоа не значи дека не те вара!? Луѓе идат по 8 години се сакаат па се вараат, не биди ти толку сигурна. Караниците се дел од секоја врска и без тоа не може се да биде совршено, тоа само на филм. Колку се дигаш ти боже боже, колку си сигурна дека никој не те нарекла курва, кучка? Ти не си чула или можеби не сакаш да слушнеш. Си му кажала отворено дека ти смета, дечкото смета дека нема ништо лошо во тоа. Запомни не можеш да го контролираш само затоа што ти сакаш страстите да ти се смирени и да ти тебе добро. Секој ќе си прави како што сака и ќе си има потполна слобода, не е ова демократска љубов па да си го играш. Веќе му е јасно дека сакаш да го контролираш, па богами не е глуп, паметен дечко си ги аднал сите бивши тоа си е негово право. Како што кажав, ако те сака толку како што тврдиш сам ќе си ги тргни сите камења од патот што му сметаат. И што ако ти кажал дека те сака на фб на скајп тоа се само празни зборови нека ти докаже во живо како што му доликува. Или можеби ти така си го сфаќаш дека стварно те сака. Размисли си убаво за моите зборови. Ти сакаш да го слушнеш тоа што сакаш да ти кажеме дека си во право, а не тоа што треба.
Кристално јасно пишува : Совети од МАШКА страна за сите девојки. И јасно девојчето кажа дека бара мислење од машко. Зошто? Заради тоа што ние женските не знаеме со убаво да дадеме совет, мора се со расправање е затоа! Иначе, Симаптичната , не мора да се замараш со Фб. По глупава работа од фб нема, не постои, нема ни да има. Така е, има секакви кои се мешаат во врски, таквите само игнор заслужуваат. А ако на дечко ти му мрда опашката, клоците.
Види сега барав машко мислење ок? А мислам дека ти не си компететна за да ми одговориш тука. Тоа јас како ќе ги речам некои е мое право. И не коментирај, кога не знаеш многу работи за нечиј живот. Не сум тука да се контрам ок, побарав мислење. А ти да можеше очите ке ми ги извадеше, ми рипна ко тебе да те навредив. Нема потреба веќе да коментирам. Позз
Може едно прашање? пред да видам што да ти одговорам на твојот проблем Како одржавате врска на далечина? Не ли тоа тоа мачно на тебе?
Сакам да ве прашам, што значи кога машкото и кажува на девојката како он не бил за врска бла бла...а веќе се имаат смувано? Значи не било тоа одма смувување, имало пред тоа подолго време флерт, запознавање, свиѓање, се супер, за од кога ќе се смуваат да се "смени". Дали се работи за сељак од машко чија цел била само да ја смува девојката и да ја откачи, или има нешто во однесувањето на девојката што може да предизвика ваква реакција од страна на машкото. Мислења и од машка и од женска страна се добредојдени. п.с. ми се нема десено ова на мене, чисто хипотетички прашувам, пошто знам е честа ситуацијава едит: да се дополнам, за првиот тип, како да знаеме и да откриеме дека се работи за таков? Во принцип таквите што се за забава пробуваат одма да смуваат и сл. а ако не успеат и видат отпор од девојката, чао пријатно, нема што да се мачат, ќе си пробаат со друга, некоја сигурно ќе сака. А обично таквите што се трудат подолго време со девојката, пример месеци, обично тие, од мое искуство, сакаат нешто поозбилно со девојката, врска ете... НО, има и прв и втор тип заедно, долго време се труди, со намера само да те добие, смува и истата прикаска, да те откачи. Фала Богу не сум нашла на ваков.... но знае ли некој како се откриваат ваквите??
Во досегашното мое љубовно искуство,имам налетувано само на првиот карактер на машко-сељак со цел,да ме смува и потоа чао пријатно,со плитки изговори од типот 'не сум спремен за нешто повеќе'..и потоа на трага ни глас од истиот.
Сакам да прашам, што кога дечкото со кој имаш излезено 4-5 пати, ти вика дека му се свиѓаш многу, дека имаш карактер, ти се јавува барем 1-2 пати на ден, секогаш прв ви пишува на фб, добро се понаша секогаш, и ти вика дека отсега сака само со тебе да излева, но не те прашува за врска, ништо, во исто време пишува со други девојчиња, си коментираат лајкува, и ви вика дека му се само другарки?
Можда ке звучи глупаво ама сепак ке прашам. до вчера постојано се слушав со еден дечко. Значи он ми се јавуваше нон стоп. Се видовме два пати во рок од три дена, се смувавме значи. И денес воопшто го нема. Ни да ми пише ни да ми се јави. Малку ми падна чудно ова. Сам ми рече дека убаво си поминува со мене, ама уште вчера одкако се вративме ми се нема јавено
ОД ВЧЕРА НЕ ТИ СЕ ЈАВИЛ ??? ПАНИКА ОДМА !!! Може има нешто работа типот, а ? Може немал време ? свашта...
~~~~Еј значи вака..може за нас или за секој друг не е проблем,но за девојчето е проблем,се испаничила,навикната била да и звони стално,немора одма со карање и напаѓање бе луѓе.Форумов нешо за помош е напраен,човека да му биде страв да се пожали за нешо,веднаш востание! Ај take it easy малце,срамота и греота е..Форумов е за секакви проблеми,и колку некои нешта и да ни се чинат нам банални и смешни,нема потреба од цинизам и постмевање! Ако можеш да помогнеш и советуваш,повели ако не,подобро да не се коментира..Зашо на форумов се све едни исти? Шо многу од феминистките,зажалиле што воопшто се обратиле за помош.Поздрав и се надевам никој нема да се навреди
Зборевме на фб секој ден со сабајле, понекогаш се слушавме на телефон, пораки ова она. Кога се гледавме цело време праевме муабет, наши теми, баш ни идеше. Плус сите околу нас викаат дека е многу очигледно дека се свиѓаме, што и јас потврдувам. Приметувам одма кога некој ме свиѓа. Ништо повеќе од флерт не сме направиле. Е сега, веќе недела дена е оладен, а не знам зошто. Као стварно нема причина, ништо не сум згрешила...Во текот на оваа недела се видовме случајно еднаш и едвај два реда муабет ми направи... а знам еднаш ми кажуваше дека некоја претходна девојка што ја сакал му здосадила и не и се јавувал некое време. Се прашувам дали и со мене тоа го прави Машко мислење?
неќам да те разочарам ама можеби е така, но не мора да значи, па пробај и ти да бидеш оладена и јавно да те гледа дека си среќна без разлика дали си во добри односи со него или не, ќе го здоболи... од искуство ова го кажувам ) среќно!
Де некој нека ми каже дали ја нешто не сум у ред. Значи у долга врска сум. Едноставно само јасс зборувам само јас... не дека ја сакам толку да зборам ама нејќам да биде тишина никогаш. А мојот дечко едноставно ногуу ретко започнува разговори. А јас сакам да си правам муабет. Не го малтретирам со небитни нешта(или можеби за мене не се битни)... сакам да си разговарам за разни теми да размислам.