Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Совети од МАШКА страна за сите девојки

Дискусија во 'Сингл' започната од TheBunny, 17 септември 2010.

  1. Marossa

    Marossa Популарен член

    Се зачлени на:
    8 септември 2012
    Пораки:
    2.398
    Допаѓања:
    6.870
    Пол:
    Женски
    ^Не сум машко,ама ќе ти одговарам.ПО мене,типот не е заинтересиран за тебе ама баш ич.Ова сурово ќе ти го кажам,ама он ти е само доктор и си се испонашал во секоја ситуација културно и професионално.Ти милион пати си го напнала за излегување и кафиња,што веќе не знаел како да те одбие.
    Ако било за тоа,мене професор ме прашува како сум,што сум,што значи тоа дека е заинтересиран за мене? :^) Тоа е само културен муабет.Он со никоја постапка не изразил дека му се свиѓаш,јас не знам ти од каде си заклучила освен ако има уште некој дел од приказната што не сум го разбрала...
     
    На glosipgirl, Hipica, SparkyAngel и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  2. Princess.S

    Princess.S Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 јули 2011
    Пораки:
    763
    Допаѓања:
    653
    Ако може некој и ако му е до муабет и совет, било кој без разлика машко или женско, нека ми пише ЛП..
     
  3. MyMar

    MyMar Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 декември 2009
    Пораки:
    53
    Допаѓања:
    4
    Па добро зарем е професионално да ме праша како сум си поминала на викенд во друг град и шо сум правела и со кого сум била? Го испуштив делот, првиот пат отидов со другар и кога излеговме на кафе ме праша кој бил тој, мислел дека ми е дечко :/
     
  4. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    27.166
    Допаѓања:
    177.093
    Пол:
    Женски
    anyone? :?:
     
  5. viki-dete

    viki-dete Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 јули 2013
    Пораки:
    686
    Допаѓања:
    765
    Пол:
    Женски
    Па ништо чудно што те прашал дали ти е дечко. Мене ми се чини дека тој те гледа само како пациент и професионално,а ти го напнуваш. Едно е јасно, ти се допаѓа, па не ги согледуваш правилно работите. Искрено без љутиш, мислам дека на почетокот сакал да биде љубезен но зарем не мислеш дека можеби си му здодеала со тие јавувања, покани за кафе, па сега одлучил да те игнорира?
     
  6. MyMar

    MyMar Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 декември 2009
    Пораки:
    53
    Допаѓања:
    4
    Па добро ете сепак моја грешка како и да е фала :)
     
  7. sadgirl21

    sadgirl21 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 јануари 2013
    Пораки:
    7.357
    Допаѓања:
    8.481

    Да сум на местото на докторот, веднаш би се пожалила во Фондот за здравство и би те отпишала како мој пациент..
    Мислам.. |(
     
    На glosipgirl, Hipica, SparkyAngel и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  8. PussyHunter

    PussyHunter Нов член

    Се зачлени на:
    15 август 2011
    Пораки:
    636
    Допаѓања:
    723
    Интересен случај... баш онака за на психијатар... само не знам за кој од вас двајцата. :D

    Сметам дека ти премногу му даваш на значење на неговата култура и љубезност. Он е доктор, ти си негова пациентка, нормално дека ќе го интересира како си од здравствен аспект, а и учтиво е кога веќе си му пациентка да има и некој приватен муабет, зашто толку сериозно го сфаќаш тоа? Викаш дека е постар од тебе неколку години, значи 23-24 год. има он, така ли? Не ми е јасно неговото однесување, ама ни твоето. Се чини дека ти сакаш нешто со него, така ли? Отворено прашај го и скрати си ги маките, можно е да има девојка, па да не може да излегува многу со тебе. Можно е и он да има симпатии према тебе, ама пошто ти е доктор да му е незгодно да ти каже. Затоа изведи го на кафе и директно оди кон целта, пробај да го залапаш и види како ќе изреагира. :D
     
    На SparkyAngel му/ѝ се допаѓа ова.
  9. mimiiiii

    mimiiiii Популарен член

    Се зачлени на:
    30 јули 2012
    Пораки:
    2.892
    Допаѓања:
    11.288
    Пол:
    Женски
    Мај Мар а нели ти се чини дека си многу напорна со јавувања :^)
    Мислам и да има интерес за тебе ќе го снема .
    Јас типувам дека докторчето има девојка па затоа не ти си јавува навечер , а ти си му симпатична но не сака ништо повеќе со тебе .
     
    На Elena69221 и Glasna им се допаѓа ова.
  10. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    27.166
    Допаѓања:
    177.093
    Пол:
    Женски
    Од целиот случај со Мај Мар заклучив дека докторот не е загреан за неа. Очигледно таа му фрлила окце и погрешно го протолкувала.
    Јас гледам дека тој сака пријателство на база доктор-пациент и толку.
    Ти си го напнала, тоа "јави ми се за што сакаш" јас би го сфатила јави ми се ама по потреба а не за кафиња и искачање. Толку.
    Да е некој постар од ведро небо би сфатил.
     
    На glosipgirl, Glasna и PussyHunter им се допаѓа ова.
  11. Bokchee

    Bokchee Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 октомври 2013
    Пораки:
    658
    Допаѓања:
    810
    Пол:
    Машки
    Остај го малце на раат човекот да дише. Он ти е доктор, и сигурно ќе пристапува кон тебе љубезно. И типов е далеку заинтересиран за тебе.
     
    На Glasna му/ѝ се допаѓа ова.
  12. MyMar

    MyMar Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 декември 2009
    Пораки:
    53
    Допаѓања:
    4
    А од кога во три месеци три пати да се јавиш е напнување? И ок е сфатив шо и како стојат работите, побарав мислење, а не предрасуди...
     
  13. Marossa

    Marossa Популарен член

    Се зачлени на:
    8 септември 2012
    Пораки:
    2.398
    Допаѓања:
    6.870
    Пол:
    Женски
    Никој не ти рече ништо лошо,само ти ги отворивме очите по брза постапка.
    По прашањето твое изгледа многу повеќе од само три пати јавување..

     
    На Hipica и SparkyAngel им се допаѓа ова.
  14. MyMar

    MyMar Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 декември 2009
    Пораки:
    53
    Допаѓања:
    4
    А се рачуна и тоа шо му се јавував за да закажам за преглед така?
     
  15. Marossa

    Marossa Популарен член

    Се зачлени на:
    8 септември 2012
    Пораки:
    2.398
    Допаѓања:
    6.870
    Пол:
    Женски
    Абе и без тоа,другите пати се премногу.
    Како и да е,он те гледа само како доктор.Ако толку ти се свиѓа,прашај го отворено и тоа е тоа :)
     
  16. SV1911

    SV1911 Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2013
    Пораки:
    2.978
    Допаѓања:
    67.709
    ^^ Неможеш на сила да го натераш да биде со тебе. Даj му сам нека одлучи. Ако сака, знае каде да те побара. Не викам дека девоjките не треба да го прават првиот чекор, ама ти си направила не еден, туку десет чекори, а тоj пак те избегнува.
     
    На glosipgirl и mimiiiii им се допаѓа ова.
  17. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    27.166
    Допаѓања:
    177.093
    Пол:
    Женски
    Ама девојче ти се напнуваш, си запнала да го имаш па да го имаш.
    Без оглед за што си го барала битно СИ ГО БАРАЛА без оглед која е причината.
    Паѓаш многу ниско и трчаш по него, а тој не те рецка 2% сепак тој е ДОКТОР.
    На профилот ти пише дека имаш 21 година, што воопшто се сомневам дека се толку бидејќи со оглед на тоа како размислуваш би ти дала 17,18 години.
    Дефинитивно не сакаш да прифатиш дека НЕ САКА ништо со тебе, и дека односот ви е строго деловен.
    Никој не те осуди сите ти го кажуваат истото.
    Се однесуваш детско и недозреано и него тоа го кочи.
     
  18. Glasna

    Glasna Популарен член

    Се зачлени на:
    24 мај 2012
    Пораки:
    1.047
    Допаѓања:
    2.180
    и до поклон ли стигна :P Eптен си го ставила во шах-мат позиција :$ па ајде на некој начин сакал да ти се одолжи некако за поклонот,па поканата за едно кафе и ја прифатил од чиста култура и благодарност.
    Hемој бре..ептен очајнички го гониш до степен каде рационално работите не ги гледаш,во реална слика.
    после ваквите испади,мислам(предпоставувам) и ќе те откачи како пациент..оти многу си напорна.
     
  19. Insatiable13

    Insatiable13 Популарен член

    Се зачлени на:
    18 јануари 2014
    Пораки:
    258
    Допаѓања:
    367
    И јас кога сум загреана за некој некад знам вака да реагирам ама е многу погрешно. Не го барај повеќе. Ако навистина имаш шанси кај него самиот тој ќе те побара.

    Навистина е ласкање нечие внимание да ти е постојано наклонето ама па... никој не сака некој да ти се лепи постојано. Остави простор малку.

    Можеби и навистина сакал нешто со тебе на почетокот ама со твоето „ нападно и постојано „ ѕвонење на некој начин си го одбила.
    Сигурно си мисли ако волку го напињаш уште на сам почеток, што би било кога би имале нешто повеќе.
     
    На Name му/ѝ се допаѓа ова.
  20. eloves

    eloves Популарен член

    Се зачлени на:
    6 февруари 2013
    Пораки:
    2.669
    Допаѓања:
    7.606
    Пол:
    Женски

    Најискрено мислам дека и не е баш заинтересиран. Понудата за кафе ја прифатил можеби од чиста култура ко видел дека настојуваш и може не му било пријатно да те одбие по 2/3 пат. А тоа шо те прашува како си ова тоа е од чиста култура и човечност, а пред се тој е твој доктор. Едноставно некое време не прави ништо нему пишувај не го барај. Освен ако треба да одеш на контрола. Не му се нафрлај. Ако му значиш како нешто повеќе од пацинет тој ќе те побара. А според ова што си го пишала тој изгледа сака вашиот однос да остане строго доктор и пациент. Извини ама најискрено ти кажувам мислење, не сакам да ти дава, лажна надеж декаможе му се допаѓаш.
     
    На glosipgirl и missfortuna им се допаѓа ова.