Имаш 22 години. Мислам дека редно време е да направиш прв чекор. Заборави на комплексот дека ќе те гледаат како курва во градот. Ако толку сакаш да го имаш, слободно пиши му.
Па вака има едно машко кое ми се свиѓа од клас али малку е дигнат и порано нешо се спречкавме али нема везе тоа сеа имаме муабет. И мислам дека ја му се свиѓам барем така чувствувам нема никакви знаци ниту ми пишува на фб ниту лајкнува нишо али коа сме нашколо додека збори нешо ако го гледам зборува зборува го гледа тој/таа на која му / и зборува и брзински ќе ме погледне и во секунда така 10 пати ќе ме погледне во зборењето и тоа набрзина и одма го трга погледот.. Мислите дека нешо има? А и нонстоп пред мене се прави нешто шо не е али зависи.. Некад не ми збори мнг, некад кажува глупости, некад знае и да ме почукне што ми станува непријатно али.. нз шо мислите машки?
Ај појасни што ти е точно прашањево? Дали му се свиѓаш? Ако му се свиѓаш не би се однесувал така со тебе... Ако не те интересира машково само игнорирај го и крај на приказната... зошто ти е некој каков што го опиша...
Увава констатација али не се сите машки исти а јас мислам дека кога сум во право неможе никој да ме убеди дека не сум али кога грешам знам да признаам
Свиѓам едно дете скоро една година он знае дека го свиѓам и секој пат кога ќе се разминеме и погледнеме сака да се направи фраер пред мене,сака да привлече внимание што сака да докаже со тоа?!?
Здраво . ми треба помош се надевам дека некој има идеа како да постапам .. Епа вака да ви раскажам како стои работава .. Го свиѓав од порано .. но во контакт стапивме пред 2 месеци и нешо ..на фејзбук е се супер преубаво се однесувааа .. но мојот проблем е што ние во тие два месеци имаме излезено само еднаш онака да се договориме и тоа преку негов другар, му рекол на другарму да и речи на моја најдобра другарка и така излеговме и кога излеговмеее ми намигна се беше супер освен тоа што јас и другарками мораше да си одиме за мн кратко време .. ама од тогаш немаме излезено на кафе така со договор .. еднуш само се сретнавме на забава и цела забава ја поминавме заедно но тогаш беше сосема случајно и тогаш се договоривм онака како на зафрканција следниот ден да одиме на кафе но не можеа .. а и плус кога бевме излезени со другарками им се јавивме за да дојдат на кафе но другарму не беше моментално во град .. сега сакам помош од вас како да направам да иизлагаме почесто и дали е глупаво да го викнам повторно затоа што испаѓа дека веќе го имам викнато 2 пати но нешто секогаш попречувало и ваше мислење зошо тој не ме вика ... ве молам мислењaa
Тој ако сакал до сега ќе си била во врска со него. Ти па зацапана во него ли си? Гледаш не те ни вика, што го викаш ти. Јас мислам да си гледаш напред да не се замараш со него. И нема "ама вака така онака". Го викаш и не доаѓа, доволно е си кажува самиот дека не сака.
Па по ова што го пиша очигледно е дека типот не сака врска со тебе. Неможиш да направиш да излегувате почесто ако тој не сака...и би изгледала нападно и тогаш сигурно нема да сака ништо со тебе. Терај си го животот по свое и остави го човекот, ако сака ќе те побара..ако не..има други
Зависи кој како ако врската сите ја знаат нема потреба да се крие или ако е онака ни скриена ни откриена е може за тоа А иначе машко ко машко може да биде љубоморно дури и на братучед од девојката па и може затоа што знам има секакви една причина плус..кој знае...
Ме интересира нешто - дали навистина се плашите од супериорни жени, вработени, моќни со своја пара плата и бла бла... типов ми вели, супер си блазе на тој што ќе биде со тебе, од друга страна го гледам ме погеднува, од трета страна на фб со сати разговараме, кажал негде дека сум супер, дека ме бендисува, излегуваме во исто друшѕтво на кафе (ама уз муабет кажува јас сум со средно, никаква работа ...)
Секако, тие не-амбициозните што се научени жена да ги чува се такви нека земе нека работи нешо да не ти врти филмови
Вообичаено мажи на форум ќе ти напишат дека они не се плашат. Мажи на форум не се плашат од ништо, ни од пајаци, ни од војници, ни од жени. Во реалноста... е поинаку. Мажи „се плашат“ од моќни жени, зашто според нив, тие се семоќни, супериорни во секој поглед, а жената им е понизна и не може без нив. Затоа, кога ќе наидат на жена со свој приход, со интелигенција повисока од нивната и способност за снаоѓање подобра од нивната се осеќаат безвредни и тоа им го повредува егото. Вообичаено тогаш тие жени се прогласуваат за курви, за фригидни, за ненормални, зависи што е по прикладно за конкретниот случај.
Конкретно прашање- зошто не приоѓате први (чест на исклучоци ) ? еве не ми е јасно..се чека нешто на нас девојките или ?..Зашто ако некој те гледа цела вечер и флертува со тебе ти дава знаци дека му се свиѓаш на крај не ти приоѓа ?..Ај да сум здрвена,не сум,ни ладна не сум..напротив..Мислам во што е проблемот...? Страв од одбивање( како коа му даваш знаци дека ти се свиѓа ?) или што е ?
Прво, тоа како ти себеси се гледаш, не значи дека машките те доживуваат на истиот начин. Ти може мислиш дека си слободна и кокетна, ама во нивни очи личиш на арогантна кучка која изгледа добро. Второ, вообичаено македонските момци не приоѓаат први зашто им е преку глава од одбивање. Додека македонските девојки не сфатат дека принципот „јас не се пуштам прва“ и „прво ќе го одбијам да видам дали е упорен“ не ги води никаде и не го сменат својот однос, ќе се соочуваат со вакви проблеми.
Мене пак не ми е јасно зошто поставувате правила, едноставно тоа се спонтани работи ... сигурноста не доаѓа по претпоставки, не сте придонеле доволно некој да ја стекне. Патем, мило ми е што машките се повеќе имаат достоинство зошто тие што вие ги ставате во исклучоци не се повеќе храбри од другите, едноставно функционираат на АПП систем, ако помине помине, ако не здравје...