Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Совети од МАШКА страна за сите девојки

Дискусија во 'Сингл' започната од TheBunny, 17 септември 2010.

  1. omg92

    omg92 Популарен член

    Се зачлени на:
    22 март 2014
    Пораки:
    325
    Допаѓања:
    584
    Пол:
    Машки

    :bow: :bow:

    Ете ви девојки наједноставно што можеше човек да ви кажи... Вашето детско "ќе го одбијам да видам дали е упорен" или комплекси од типот "оти јас прва да се пуштам ко можи тој" е голем дел од причината зошто добар дел од машките не се толку "храбри" иако овие храбрите што ги викате најчесто излегуваат ѓубриња на крај (ова од вас исто иди, а не од нас)

    И како што кажа омни... Вашите т.н знаци не се толку очигледни како што си мислите вие... кој ќе примети дали ти си трепнала на некој посебен начин или пак си незнам што таму... Ако ви се допаѓа некој слободно пријдете...не јадиме ние машките луѓе.
     
  2. ADOKI

    ADOKI Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 април 2014
    Пораки:
    1.696
    Допаѓања:
    2.712
    Пол:
    Машки
    Има случаеви кога женските први приоѓаат али воглавно тие се мн.малку мислам дека Мажите се тие кои се похрабри и работите ги земаат во свои раце освен ако не се работи за машко кое е срамежливо или здрвено хаха ...
     
  3. Barbie07

    Barbie07 Популарен член

    Се зачлени на:
    5 април 2013
    Пораки:
    353
    Допаѓања:
    590
    Пол:
    Женски

    Toa "ќе го одбијам да видам дали е упорен " никогаш не сум го практикувала па и нема( мислам ако ми се свиѓа која е воопште поентата ? )..моментот е во очигледните знаци дека му ги давам на типот дека ми се свиѓа,а не приоѓа..да кажеме цела вечер останува на флертување помеѓу нас..А тоа 'пријди прва' не е толкав проблем,работата е пак во таа машка психологија демек 'Ако мене сега ми пришла прва,нема да и биде проблем тоа да го направи и нареден пат на некој друг ' Captain-Omni - зошто некоја девојка која дава очигледни знаци на некој тип дека и се свиѓа би била окарактеризирана како "арогантна кучка" ? (или доаѓаме до моментот на некое претходно "одбивање"..па работава е дека сите останати би се понашале како арогантни кучки ако пријде ?? )
     
  4. omg92

    omg92 Популарен член

    Се зачлени на:
    22 март 2014
    Пораки:
    325
    Допаѓања:
    584
    Пол:
    Машки
    Абе ти не си го практикувала тоа ама има голем број женски кои го прават тоа. И не размислуваат сите машки како што опиша...демек ако ми пријде мене прва тогаш нема да има проблем да му пријде и на некој друг понатаму. Не се сите машки такви исто како што не прават ни сите женски како што е погоре наведено. И знаците кои мислите дека се очигледни некогаш стварно не се од машка гледна точка и подобро е во таква ситуација да пријдете први одошто и понатаму да "испраќате знаци".
     
  5. Captain-Omni

    Captain-Omni Популарен член

    Се зачлени на:
    2 септември 2013
    Пораки:
    662
    Допаѓања:
    5.231
    Не се обидувај со мене да играш игра на зборови и спинување реченици, ќе изгубиш. :*

    Мене ме одбиле мал милион девојки, ама заклучоците и советите кои ти ги давам не ги влечам само на тие искуства, тука на сите, и позитивни и негативни. Затоа и се осудувам да пишувам. :emo:

    Е сега, те молам потруди се повеќе да ме разбереш што ти пишувам. Ти реков дека тоа што за тебе се очигледни знаци, тој може да не ги забележи воопшто, тоа ти го напиша и омг92. На крајот на вечерта, тој си отишол дома и по пат на другарот му раскажува како си арогантна кучка, зашто тој цела вечер ти се смешкал, а ти не си поминала покрај него. Пример давам само со последната реченица, немој одма буквално да сфатиш. :?:

    Второ, тоа „машката психологија“ ти е ептен муабет за изгубени тинејџерки. По твојата логика, нели исто така значи дека ако он ти пријде прв, после тоа може исто така да и пријде прв и на некоја друга девојка? Која е разликата? Или океј е он да приоѓа на девојки, ама ти како девојка не смееш да го правиш тоа на други момци.

    Разбери дека бркаш дечко, не тргуваш со ѓаволот за својата душа. Ќе го фатиш, ќе го измуваш, ќе го откачиш, ќе фатиш друг... Тоа е животот, динамиката. Сигурно не е правење планови и стратегии 3 недели пред да излезеш и десет тона шминка на лицето за да изгледаш како да си фотошопирана. Живот, оноа со смеење, уживање и ризикување. Тоа е живот. :rock:
     
  6. Bokchee

    Bokchee Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 октомври 2013
    Пораки:
    658
    Допаѓања:
    810
    Пол:
    Машки
    Има и женски што се приоѓаат први? Тоа не сум го знаел. Нема ни 1% од женските што се пуштаат.
    И да на нас ни е преку глава од добивање корпи. Али ни вие не сте цвеќе за мирисање со тоа што давате корпа само да видите дали е упорен. Мислам нема логика. Ако некој е заинтересиран за вас, нема туку така да ви се пушти (има и такви). И башка вашите знаци, не секако имаат иста намера како што мислите вие.

    Колку пати така ми се има десено , сум ги протолкувал по грешка знаците од женски. Со погледи, шмекања, што уште не, со поглед да те соблече или да те изеде. И ајде кога машко ќе реши да се пушти, дотчната или дотичните ќе мислат дека е лудак, по некоја си ваша логика.
     
  7. Barbie07

    Barbie07 Популарен член

    Се зачлени на:
    5 април 2013
    Пораки:
    353
    Допаѓања:
    590
    Пол:
    Женски
    Ма какви планови стратегии,сигурно јас 2 недели пред да излезам некаде не си праам стратегии и припреми за "фаќање" дечко и не излегувам само за тоа фала богу па кај е тука журкање со друштво бре ахахаха што ме напраи :| ..Само со конкретнава ситуација си имав проблем и не ми беше јасно само ми беше потребно да ми се објасни како функционира машкиот мозок у тие моменти ..хаха :D Ама тоа е..значи сакате да ми кажете нема некои правила м ? Да пријдам прва,тоа ли му е мајката ? Е јас стварно више незнам,дури целава ситуација и смешна ми стана.. :rofl: Ама ако,јас совети и кртитики прифаќам,да не испадне да ме мислите како "арогантна кучка" :!: :D
     
    На omg92 и Captain-Omni им се допаѓа ова.
  8. psychic

    psychic Популарен член

    Се зачлени на:
    23 септември 2012
    Пораки:
    2.360
    Допаѓања:
    1.252
    Пол:
    Женски
    еден другар ме запозна со детето што го бендисав....и излеговме еднаш со нив, со детето направивме муабет, се смеевме....другар ми му кажа да ми пише на фб, но овој не знаеше муабет да почне, ама со совет од другар ми како и ми пиша...но, тој се срами, а и јас.друго, не сум човек кој умее да води разговор баш...совети за што да разговараме на фб со него?
    и дали ако не ми пише пак, јас да му пишам?
     
  9. vinozito1

    vinozito1 Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 февруари 2013
    Пораки:
    582
    Допаѓања:
    3.417
    Има толку многу теми да се почне разговор на пример каква музика слуша, филмови...па за градови, држави.Ако сте на иста бранова должина штом се скрши мразот, муабетот сам ќе си тргне спонатано , зборовите сами ќе ви надоаѓаат.Ако ти се бендиса пиши му , зошто да не, но под услов да го познаваш доволно ?
     
  10. Captain-Omni

    Captain-Omni Популарен член

    Се зачлени на:
    2 септември 2013
    Пораки:
    662
    Допаѓања:
    5.231
    Епа ако ни ти он не умеете муабет да правите, единствена логична реченица да му ја напишеш е „не умеам многу муабет да праам, дојди кај мостот во 9 да ти покажам нешто“. :P

    Се надевам умееш муабет со усни и јазик да правиш, ако и тоа не знаеш, ќе го викнеме Супермен на помош. ;)
     
    На psychic му/ѝ се допаѓа ова.
  11. B-O-N-I

    B-O-N-I Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 јуни 2013
    Пораки:
    65
    Допаѓања:
    15
    Што на пример кога дечкото се фали на другарите за неговите сексуални односи со девојката и кажува се до детали? Освен причината да излезе он фраер пред другарите друго објаснување немам.И ме чуди зошто машките се такви..не дека ние девојките не издаваме некои интересни детали околу тоа ама не навлегуваме толку во детали...Што би ми дале машките совет на ова и одговор зошто тоа го прават а и како да се справам...зошто не е баш убаво чуство да се сретнеш со другарите на дечкоти и тие да знаат се за вашата интима и да ги гледаш во очи...смешки
     
  12. omg92

    omg92 Популарен член

    Се зачлени на:
    22 март 2014
    Пораки:
    325
    Допаѓања:
    584
    Пол:
    Машки
    Кажи му да порасни
     
    На sexybaby и Adina им се допаѓа ова.
  13. Captain-Omni

    Captain-Omni Популарен член

    Се зачлени на:
    2 септември 2013
    Пораки:
    662
    Допаѓања:
    5.231
    Ја би ти дал совет да не ги лажеш тука машките дека девојките извадаат „некои интересни детали“. :lol: Девојките на другарките им објаснуваат дури и на што им личела бенката на новиот дечко со кој легнале покрај сите сексуални моменти до крајни граници.

    Како и да е, сама знаеш што ти на твоите другарки им имаш раскажано за сексот со него. Знаеш и сама дека сите твои другарки знаат колкав му е и колку брзо свршил. Знаеш и сама дека сите твои другарки кога ќе го видат, знаат каков е во кревет како и сами да спиеле со него. Ако ти е тебе дозволено, зошто него да не му биде? :!:

    Мој совет е да го прифатиш тоа како факт и да се шегуваш и сама на своја сметка. Не ти отсекол некој прст, ниту си украла нешто, немаш за што да се срамиш. Ако зборува тој, зборувај и ти. Ако зборува работи што мислиш дека не треба да ги споделува, зборувај пред неговите другари и ти... зборувај работи кои можеби знаеш дека нема да му се допаѓа што ги изнесуваш во јавност. Ама не заборавај да се смееш и да се правиш дека сè е шега, за да не може после да ти пререче дека си злобна. :x

    Ако и ова не ти одговара, два шамара, покажи му со прст кај тебе доле меѓу нозе и речи му „Го глеаш ова? Ако разберам дека си му кажал на некој што и како влага таму, задњи пут ќе ти биде ти да си дел од приказната што и како влага таму“. ;)
     
    На Name и natemila им се допаѓа ова.
  14. Daydream

    Daydream Популарен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2013
    Пораки:
    1.682
    Допаѓања:
    6.472
    Пол:
    Женски
    Немој да ми кажеш дека навистина имаш 27 години и дека и дечкото е тука некаде со годините? Те молам кажи ми дека сте по 15, 16 години.

    Вакви муабети или од тинејџер можеш да ги слушнеш, зашто уште се деца и тоа им е како, кога прв пат пробале сладолед, и мислат којзнае што направиле па мора да се пофалат, ИЛИ муабетиве можеш да ги слушнеш од празноглави деца кои женска во живот не виделе и се се' уште зелени во мозокот, а тоа што изгледаат постари и имаат по 27 години нема никаква врска со нивната зрелост. По одвратно нешто од ова нема. И за женски и за машки. Не оправдувам и кога женските кажуваат се' за сексот од минатата вечер, ниту пак оправдувам коментирање од машка страна.

    Јас дури сега гледам дека дечково ти е всушност дечко и вие сте во врска. :o Колку време сте заедно? Од кога е ова? Како и да е, јас преку вакво нешто не би преминала. Мој совет е да разговараш со него. Седни го и кажи му дека не е во ред тоа што го прави. А и ти не треба да збориш по другарки, ако тој дознал дека ти си коментирала, може па и намерно вака да ти прави. Не знам, единствено разговор може нешто да помогне. Инат тука не помага. Сега имате по 27 години, утре ќе стапите во брак, зарем и тогаш ќе збори со другарите каков секс има со жена му... :tmi: Јас ова го сфаќам на два начина, или не те гледа за сериозно па му е гајле што ќе помислат другите за тебе, или е толку глупав па не сфаќа дека сите му се смеат позади грб и знаат какви пози сака девојка му. Разговор, само разговор.

    Captain-Omni девојките што јас ги знам, другарки, познанички, блиски другарки, помалку блиски, колешки итн, значи цел женски свет што јас го знам, никогаш ништо не изнесле од нивниот сексуален живот. Како помала сум се дружела и со многу машки, сум била блиска со нив, па ни од нив не сум слушнала никогаш ништо. Ајде ќе речеш не сакале да зборат со мене дека сум женско, ама ако некој нешто кажел, ќе сме разбереле и ако не директно барем ќе сме слушнале индиректен муабет за некоја девојка, што излегол од наш другар. Не дека нема воопшто такви работи, ама можеш да ги слушнеш само од незрели личности (без навредна на никој), кои фала Богу не сум ги имала во близина па сум била поштедена од глупи муабети. Јас не знам вие со какви луѓе се дружите, излегувате, се гледате, имате секс, ама очигледно е дека оваа лекција за приватност и интимност не ја научиле. Не разбирам зошто мислиш дека сите мора тоа да го кажуваме. Еве јас лично никогаш со никој не сум разговарала на таа тема. Само на една најблиска другарка и' кажав за првиот пат, со една реченица, без никакви детали, само ми рече ако ти треба совет тука сум и толку. Нит сум ја прашала за нешто од тогаш, нит сум кажала, нит па она прва нешто ме потпрашувала, нит па за себе нешто ми кажала. Ништо.

    Тоа е интимност бре луѓе, не ги гледајте филмовите како "Сексот и градот" каде што се' се изнесува на маса додека сте заедно со другарките/другарите на ручек и сето тоа се кажува пропратено со сите сочни детали од вечерта...
     
    На glosipgirl, De-lovely, DELFIN-15 и 2 други им се допаѓа ова.
  15. K-pozitiv

    K-pozitiv Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 август 2013
    Пораки:
    462
    Допаѓања:
    143

    Бог да чува, навистина јас не разбирам. Тоа ми е само за фалење, како да се направи јако момче еб*ва нешто! Kaтастрофа :^) Направете муабет, кажи му се што мислиш. Од каде знаеш дека другарите знаат? Ти дофрли некој нешто од страна, или?
    Јас разбирам, ама тоа што си е интимно, си останува помеѓу вас двајца.. Што знам.. Ми нема смисла мене. :^)

    Инаку, Омни, не претпочитувам да зборувам посебно не со другарка другар за интимните моменти со мојот дечко. Не дека сум некоја страмежлива, но сакам да остане меѓу нас. Да уживаме до бескрај, да се опуштиш и да кажеш све на него. Но сепак, моментите со дечкото, остануваат со него. :P :*
     
  16. psychic

    psychic Популарен член

    Се зачлени на:
    23 септември 2012
    Пораки:
    2.360
    Допаѓања:
    1.252
    Пол:
    Женски
    излеговме јас со другарка ми и неговото друштво со него. друштвото го оставија (под глупав изговор дека одат да јадат) и тој тргна со нас двете. муабетот ни беше неповрзан, двата од срам не знаевме што да зборуваме. кога дојдоа другарите, тој го тргна настрана најдобриот другар за совет (од другарот дознав) и ме праша дали сакам да прошетаме низ паркот сами. прифатив, заминавме каде што сме сами и седнавме на клупа. се обиде да биди романтичен (демек таму потивко било, помирно и сл...) и јас ќутев цело време...и ми се приближи и ме гушна и ми ја поттргна косата и сакаше да ме смува, ама пред било што му реков само ,,првпат излегуваме сами, не можам така брзо“...заминавме, тој наведна главата...му реков да не разбира ова како корпа и одбивање туку одлагање и имам причини зошто сум направила така. го прашав дали му било се само за мување или има нешто повеќе и ми одговори дека не е сигурен, премногу е рано за дефинирани емоции...
    беше вклучен на фб и не пиша. се сретнавме на разминување (со другари беше) и се поздравив со раката а тој ќе тргнеше да ме гушне, па се вцрвени....сега што да правам? да скршам мразот и да му зборнам на фб да омекнам ситуација?
     
  17. Lovely93

    Lovely93 Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 септември 2013
    Пораки:
    2.637
    Допаѓања:
    2.018
    Пол:
    Женски
    Глупава ситуација си створила, поготово за него. Ако сеуште не си сакала да направиш нешто, не требало ни да отидеш на само, си можела да смислиш било каков изговор. Сега веројатно би му било глупаво да преземе било што.... рано ти е на прво излегување, од кај би знаел тој дали на второ, трето или десетто ти е време? Сега си ти на потег.
     
  18. Elence93

    Elence93 Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 декември 2009
    Пораки:
    5.869
    Допаѓања:
    5.207
    Пол:
    Женски
    Машки, што сакате девојките да ви подаруваат? Без разлика каков е поводот и дали го има.
    (мислам дека и ова спаѓа во совет)
     
  19. Bokchee

    Bokchee Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 октомври 2013
    Пораки:
    658
    Допаѓања:
    810
    Пол:
    Машки

    Најискрен совет. Си ја зезнала работата уште од старт. Кога некое машко че се обиде да направи нешто со женско, дали да ја смува, или да и се пушти, Има две опции, она да прифати или не. Секое одбивање за нас е корпа, било каква и да е болна или неболна, директна или индиректна итн.
    И зашто не го гушна кога се поздравивте?
     
  20. Gosling

    Gosling Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 мај 2012
    Пораки:
    147
    Допаѓања:
    258
    Пол:
    Машки
    Било што корисно, само немој мечиња, украси, рамки за слика или везе немам... :D