Добро , разбирам ги пукаат хормони сеа, ама секое девојче да го гледаат како сексуален објект е тоа е веќе премногу, па не сме животни само на репродукција да мислиме бре...а некои пак изгледаат толку очајно што и баба ми да помине , ќе и свиркаат
Не сфативме која е суштината на анкетава или чисто онака да се чуе машкото мислење...но како и да е, првата изгледа премногу 'пластично' па по афтоматизам, без размислување отпаѓа и во една таква конкуренција гласот иде кај втората
Што мислат машките за девојките со покрупна градба, дали им судите или уживате гледајќи во нивните облини? Дали си велите што се облекла вака кога не и стои и сл. или дека треба да почне да вежба и да се храни здраво. Иако не знаете ништо за нивниот живот, како дали превземаат нешто за тоа или не. Или што мислите за слабите девојки, од кои некои од нив се и со атлетска градба? (се мисли на тие што имаат брз метаболизам а не на оние што држат ригорозни диети) Дали им судите кога ќе ги видите и си велите како и се познаваат ребрата и треба да земе нешто да јаде иако може да се деси таа девојка обично да јаде колку сака и што сака, но ете. Што мислите за нив на прв поглед и дали го менувате мислењето кога подобро ќе ги запознаете?
Прво да расчистам една работа... "девојки со крупна градба" "девојки со облини" "девојки со вишок килограми" сите овие се три сосема различни категории, такашто не мора да значи дека крупната девојка е дебела, или пак дека таа со облини има крупна градба или вишок килограми Мислам дека уште пред година дена имам за истово пишувано во темава, секој си има посебни сваќања што е што и границите се тотално погрешно толкувани (за жал) Е сега да ти одговорам на прашањето... Да, многу често им судам на девојки со вишок килограми... поготово на тие што знам како изгледале пред да се здебелат и знам дека немаат генетски или други проблеми со здравјето. Се друго е од мрза, слаб крактер и недоволна грижа за себе, а тоа уште од око може многу да ми каже за некоја личност (истово важи и за машките) Да, коментирам за облека која не им стои и зборам за тоа како треба да вежбаат и да се хранат здраво. Е сега, за непознати девојки неможам да знам дали нешто превземаат околу тоа, туку можам да прокоментирам само за тоа што го гледам во моментот... ако ги запознаам и дознаам дека работат на тоа тогаш браво за нив, секогаш им давам потполна поддршка и многу ми е мило Мене лично не ме привлекуваат девојки со вишок килограми, а исто и тие што им се познаваат ребрата но, ме привлекуваат девојки со облини. девојки со "атлетска градба"
Па добро не внимавав баш на секое зборче кога пишував ама мислам дека ме сфати. Не те сфатив во кој контекст го стави тоа последното во наводници ама знаеш дека има многу ситни девојки кои се сепак со атлетска градба? Килажата не им е доволна за нивната висина но се на нив е мускулна маса. Имаат потешкотии да се здебелат, иако вежбаат, јадат...Но најчест проблем кај тие девојки е што понекогаш “пливаат“ во нивната облека и дури и ако имаат стомачни сепак во дадени моменти им се познаваат ребрата, поради малиот процент на масно ткиво на телото. Но сепак тоа се должи на гените.
Секоја чест, Гозлинг! Потполно се согласувам со тебе! Доколку секој се грижи за своето тело и вложува напор, има резултати, сe' останато се само празни изговори и мрза ( и за мажите и за жените). Не се раѓаат сите со исти предиспозиции и не на сите им е потребен ист труд за жал, но со упорнст и желба се' се може. Е, сега кога веќе имаме неколку машки тука, да ги искористам пак за да ги прашам нешто. Што е со шминката? Знам дека е индивидуално, ама пак, што ви се допаѓа? Може и со слики ако ви е полесно
Да, да, потполно те сватив gangstergirl, само ми звучеше многу смешно Мило ми е што се сложуваш Еленче. Во врска со шминката, мислам дека речиси секое машко би се сложило дека колку е по малку толку е подобро. Минимална, речиси неприметлива, за да делува што по природно. Незнам кај да барам сега слики од шминка ама мислам дека ја нарекувате "дневна шминка"
Нормално е (за сите) да кажат за некој/а дека е провокативна и секси ако ги поседува физичките пропорции (за идеалност ),НО и тоа не е правило бидејќи самите ние имаме свој идеален парнер (осмислено-замислено ) што не кореспондира со идеалноста општа . Девојки (или машки ) со крупна градба како некое непишано правило се мн харизмаични,симпатични и весели .Сетоа тоа придонесува да се истакнат во поинакво светло доколку изнајдат гардероба според нивниот карактер,начин на живот и се разбира (боите ) .Мене лично не ми се допаѓа кога носат темни бои на гардероба (постојано ) да прикријат (килограми) .Ми делуваат тмурно (освен во поелегантни комбинации ) . Слабите девојки или оние со природна атлетска градба единствено се во предност што нивниот избор на храна може да биде поголем и да не се мачат со НЕпотребни диети .Убавината сите (ја) поседуваме но ете кој како знае да ја истакне .Шармот е она што неможеме да го конролираме ,без разлика какви сме физички .Некогаш се случува драстична промена каде оди во екстремности на добро ( или лошо ) но причините САМО (ние) си ги знаеме ( и јас како машко ) па знаеме и како да се корегираме... Во моментов на симпатична жена со убав стил (без комплекси на килограми или градба ) е Биба Додева Спојлер
Токму поради тоа што се такви машките им ги дигаат акциите (чија реално процената вредност е далеку помала од нивната замислена, да не речам наметната) па и логично е да пребираат
Машки да ве прашам нешто,кога ви се свиѓа некоја дали го засакувате тоа што и таа го сака и дали почнувате да је имитирате во некои ситуациии,пример1 (го деактивирав профилот на подолг период,по извесно време слушам муабети дека и тој го деактивирал исто на подолг период) пример2 (има збор што постојано го употребувам како фраза и слушам во муабетот негов истата фраза ја употребува) пример3 (одиме некаде каде јас многу сакам а тој после некое време ми вели јас идам ваму само ради тебе.... ..) од љубов ли е ,од што ли е ?
Интересна тема да прашам и јас нешто, се наоѓам во една ситуација која неможам да ја сфатам, се надевам поглед од машка страна ќе даде некој резултат има еден тип што многу ми се допаѓа ,има накај 30 год. ама не би сакала врска со него од Х причини. една вечер враќајќи ме дома ми предложи да имаме односи и јас останав ваква се исплашив и се зачудев што така нападно ми го кажа тоа, како да е крај на светот и работава е дај шта даш тогаш го одбив, со образложение дека несакам да го изневерам дечко ми ( а немам стабилна врска, не се трудиме баш и ни се гледа крајот а и тој е во таква врска-безврска ) Е сега проблемот е што јас размислив и одлучив да го направам тоа со него, барем и на една вечер, сакав да си поминеме убаво, и отворено му го кажав тоа, т. е. немав храброст да му го кажам дирекно туку во порака на фб додека се допишувавме и не ми врати ништо после тоа тоа беше пред 2 недели типов пропадна во земја, никаде го немаше ми врати пред 2 дена на пораката дека подобро да не сме го направеле тоа, дека јас не сум била девојка за една вечер несакал да ме расипе леле боже не ми се верува дека јас си дозволив да му го пишам тоа и згора на се да ме одбие се нервирав ама сега ми е смешно. ќе може некој од машкиот свет да ми објасни што е ова? значи буквално да му се понудиш на некој на кој што му се допаѓаш и да несака да те земе? што има тој да се чувствува виновен кога јас самата сакам?
Најверојатно понудата од негова страна била, како јас што го нарекувам 'момент'...кој да се случи се потребни повеќе предуслови (кои таа вечер биле исполнети). Со самото твое одбивање (а особено причината), барем според моја гледна точка ти веќе си го уништила тој момент и после тоа преовладува разумот, самото тоа што не си слободна може да е доволна причина за некој да се почуствува виновен односно да не си ја оправда таа интимна вечер...Сигурно тие ден-два додека размислувал и одлучил, како што викаш ти, да те одбие - низ глава му поминувала токму причината поради која ти си го одбила. Остави на спонтаноста, да тој 'момент' дојде сам по себе а не со нагласување односно однапред договарање
Дечки што мислите кога девојка ке си дозволи да го фаќа долу преку фармерки? Се работи за другарка ми која не може да си прости на себе си поради тоа, иако и е дечко, сепак смета дека со тоа покажала дека е лесна девојка и на тој начин му дала повод за секс иако воопшто не ни помислила да има нешто такво со него.