Биди трпелива и ќе видиш што понатаму.Поминете ги тестовите или незнам што какви имате. И имате цело лето пред вас.
Чисто да знам. колку години сте ти и он? Ако сте средно или па основно,може да кажам дека ова го прави од забава и се ќе направи за да те добие, хормоните му играат. За него си како трофеј. А ако сте поголеми, типов е недозреан,и си тера по свое. И може сака да има што повеќе женски. Совет...фати си друг, или почни да се забавуваш со друг, запознавај други машки.
Немора да значи дека не те сака,eдноставно опушти се напрај отворен муабет,прашај го што е проблемот за какво напнување станува збор.. Човек со разговор се ќе реши.Не се ставај у дилема за џабе
Ме интересира одговор од машки Имам другарка се маткаше со еден дечко, се муваа некој период па прекинаа па пак не знам ни ја точно што како, на крајот она го засвиѓа, девојчето е супер од оние постабилните и на крајот сакаше врска. Дечково и вртеше муабет демек не сум ја за врска.. по некое време, не долго, бам се стсва во врска со друго девојче. Ме интересира што е работата или бар причини зошто машко не би сакало врска со некоја. Инаку не е дека бил на почеток со новата па да нејќе со другарка ми..таа е ептен од скоро...што би можело да е причина? Не ја свиѓал доволно?
Ако е во тинејџерски години, тогаш јасно зошто не е за врска, и со таа што се ставил ќе заврши по некој месец, најчесто така одат тие работи. Инаку можеби како што кажа, не му се свиѓала доволно другарка ти или пак таа другата ја засвиѓал повеќе. Moжеби сака да си експериментира со неколку истовремено...
љуѓе излегувам со еден веќе 2-3 недели и почна веќе да ми се свиѓа. Е сега како да го придобијам ,а без да му се умилкувам незнам да излезе како да го молам. сакам да бидам со него иначе постар е од мене 2 години . помогнете ми , аа и еднаш кога се видовме , потоа бев на една забава и кога си дојдов дома нешто ме натера да му пишам порака , а во пораката имаше само <3 и тој ми врати исто , вчера кога се видовме му спомнав нешто за пораката и тој рече дека многу се израдувал. незнам што да направам , како да ме засака и тој ?
Па ни тинејџерски ни зрели години..21-22.. Да, сакал да експериментира со повеќе, дури и и го имаше кажано ова.. Али малце чудно дека јавно ставил на фб во врска...не дека има везе нешто многу тоа али сепак... Го познавам и јас, би рекла дека е незрел уште, особено што другаркава е од тие поозбилните, и премногу се занесува али тоа е... Убаво ми кажа, нема друго.
Здраво! Имам еден за мене навистина голем проблем и навистина се надевам дека ќе може да ми помогнете Вака:Значи пред еден период имав навистина тешка ситуација со една личност која навистина не ме заслужуваше.. и заради него станав толку несигурна и сега не можам да си продолжам со животот а да не мислам на се што ми направи .Е сега има едно дете што се запознавме и колку само очигледно покажува дека му се свиѓам а и другарите цело време го зафркаваат. .Ми треба некоj да ми помогне да сфатам дали навистина чувствува нешто кон мене или само се зафркава.Значи кога се запознавме цело време на мене ми обрнуваше внимание, се што јас ќе кажам него го интересира, се смееше цело време и ме праша дури и на кафе да одиме.Сите ми викаат дека се затрескал во мене, а он сам викал леле се заљубив! , ама пуста несигурност не ми дава да почнам ништо, несигурност од тоа дали ќе биде, дали ќе бидам пак повредена .Многу ми е глупаво и тешко а мене он почнува да ми се свиѓа .Знам дека ќе ми кажете дека имам 18 години и дека заради тоа треба да си знам сама, ама пак се консултирав со вас, од тоа што работев на свој памет ене до кај стигнав. поздрав
Маре, не дозволувај некоја личност во минатот да те сопре да си го живееш животот. Типацов е очигледно напален за тебе. Напрај вака, излези со него на кафе, види како ќе биде па кажи ни. Пошто вака многу малце скоро ич не се има десено меѓу тебе и него.
1. Те сака. 2. Ќе бидеш пак повредена. 3. И покрај тоа, сакај го и ти, зашто животот од тоа се состои, сакање и болка.
Се согласувам со Bokchee, остави го минатото зад себе и продолжи напред, а за да дознаеш дали типчето од сега е стварно заљубено во тебе, треба да излезеш, да помиеш малце време со него, па и сама ке видиш дали е така. Излези и пиши ни како си поминалаа