Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Совети од МАШКА страна за сите девојки

Дискусија во 'Сингл' започната од TheBunny, 17 септември 2010.

  1. Marossa

    Marossa Популарен член

    Се зачлени на:
    8 септември 2012
    Пораки:
    2.398
    Допаѓања:
    6.870
    Пол:
    Женски
    Маре,Омни убаво,кратко и јасно ти објаснил.
    Често во првите денови мислиме дека сме заљубени,се ни е розово и сме ненормално слепи,па после кога ќе не чукне реалноста,плачеме и се трескаме од земја.
    Знаеш,кога еднаш ќе се изгориш,стално ќе се пазиш од следните прилики.Ама ако не си дозволиш љубов и убави моменти,ќе останеш само со сеќавањата од таа претходната болка.
    Затоа,дај му шанса на дечкото,биди си своја,уживај,ама истовремено не се опуштај премногу и стој цврсто на земја.
     
    На mare.123 му/ѝ се допаѓа ова.
  2. IvanovskaM

    IvanovskaM Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2014
    Пораки:
    245
    Допаѓања:
    245
    Како да направи една девојка разлика помеѓу незаинтересираност и страв од страна на момчето? Што кога другите ви ја карактеризираат девојката како „премија за вас“, екстремно созијализирана, успешна, вредна? Дали тоа може да направи спротивен ефект дечкото едноставно да се исплаши да биде со неа уште пред убаво да ја запознае иако и тој е прилично успешен во тоа што го прави?
    Што би значело ако некој порано инсистирал да започне разговор, но повеќе не, а кога ќе започнете вие не може да прекине да зборува за се и сешто, ви врти муабети за иднината, па после пак го нема...?
    Инаку се работи за возрасни луѓе со средношколски проблеми :D
     
  3. Captain-Omni

    Captain-Omni Популарен член

    Се зачлени на:
    2 септември 2013
    Пораки:
    662
    Допаѓања:
    5.231
    Многу бре прашања, не се мажите толку комплицирани колку ти прашања што имаш. :)
    Многу голема генерализација е тоа, зашто како и девојките, така и момците, сите различно манифестираат страв и имаат различни одбранбени механими. Незаинтересираноста е лесна, кратки и брзи одговори и не те бара сам, не ти пишува, не ти се јавува.

    Еднаш имам напишано, вообичаено мажите не сакаат жени кои се поуспешни во работата од нив. Прашањето во вториот дел ти е многу конфузно, ама мислам дека те разбирам и да, може да се случи иако и самиот е успешен, да има одбивност. Веројатно кај него во глава успешноста на девојката ќе одѕвони како дигната и самобендисана кучка која сака да се прави паметна.
    И оноа екстремно социјализирана по малце ме плаши дека збориме за девојка со лоша репутација, ако ме разбираш. Многу е тенка границата меѓу „сите ја сакаат“ и „се ебе со кој стигне“. Воопшто не е важно која е вистината, така тоа ќе изгледа во нивните очи.

    Тоа најверојатно значи дека девојката на почетокот претерала со hard to get тактиката или типот има кратка толеранција на таа тактика. Сепак, кога ќе почне таа со муабет, тогаш тој веројатно ја гледа својата шанса да се обиде повторно да ја придобие, ама нема да се обидува сам да прави чекори, поучен од првото искуство.

    Ако па се работи за некој кој е лепотан и врти девојки, тогаш, едноставно нема време за таа девојка да ја брка, зашто мажите се едноставни, ти реков, ако имаат на лагер девојки и лесно доаѓаат за нив, можеш да бидеш колку сакаш убава, паметна, успешна, нема да те бркаат по секоја цена. Сексот е примарен, ако го добиваат на друго место побрзо и поедноставно, нема да се замараат премногу со тебе.

    Секако, ова е тееееешка генерализација, зашто многу ти се општи прашањата. Ништо од ова не мора да значи дека е вистина. :hai:
     
    На IvanovskaM му/ѝ се допаѓа ова.
  4. IvanovskaM

    IvanovskaM Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2014
    Пораки:
    245
    Допаѓања:
    245
    Капетане фала на одвоено време и пажња, тебе и по ЛП те замарав и тогаш беше kind enough :D Само со него некако проблемите не стивнуваат, а јас мислам дека сум при крај со живци за овие работи...
    Социјализирана мислам на девојка која излегува, има контакти и се знае со многу луѓе, апсолутно не девојка која ја ебе кој стигне. На пример кога ќе излезете ако тој сретне 2ца познаници, таа ќе сретне 10...
    На почетокот се одеше супер, после една глупава кавга работите идат прилично надоле. Јас не сум комплицирана девојка, за мене или е или не е, барем до сега сум била во такви врски, можеби затоа ова ми е чудно.
    Воопшто не сум играла хард ту гет, баш напротив овој пат бев екстремно отворена за познанство и мислам може и тука е грешката :D Значи не почитувам такви игри, аха мажот мора да е ловецот, ама искрено изгледа многу поголема шанса за нешто посериозно има така. Типот знае дека ми се свиѓа, знам и јас дека му се свиѓаВ/М, ама се повеќе ми се чини дека се трга на страна, што е апсолутно океј ако отворено каже, а не ден е тука, ден не е... Го нема па ќе се избаци со некој сериозен муабет. Тој преземаше поголема иницијатива на почеток, подоцна делумно можеби јас ама гледам дека има контраефект.
    Не се сите мажи комлицирани, далеку од тоа, ама ете има и такви!
    Не сакам да ги брзам работите, ама не сакам ни да играм игрици. Ако кажам искрено ми се чини дека ќе испаднам ептен нападна во стил или идеме или не, а стварно не ми е тоа целта нити ми треба мене официјално нешто со него. Ама па од друга страна и не сакам да трошам време на глупости што не сум ги правела ни во средно :@
     
    На Bubbi му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Bubbi

    Bubbi Популарен член

    Се зачлени на:
    1 септември 2010
    Пораки:
    359
    Допаѓања:
    563
    ИвановскаМ, истава твоја ситуација ја доживувам и јас.
    Не знам што им е...
    Не знам ни како да се понашам....
    Де го има, го има и премногу, и за излегување и за зборување по 100 саати на мобилен, и де го нема, го нема жив...никаде... Обично кога го нема никаде некоја чудна (лоша) несакана ситуација му се случува па не сака ‘‘да ме замара‘‘ .... незнаејки дека јас сум тука за него и кога ќе му биде лошо и кога ќе му биде добро....Џабе да го барам кога на него 1. не му е добро, 2. не е у форма, 3. нема пари, 4. било-што друго....па ќе помине така некој период, и ете го се појавува со прашањата -Ај да одиме ваму? - Ај да одиме онаму? -Ај ако не спиеш да збориме, да ти се јавам....

    :swear:
    F*ck...
    ме доведува до момент да сериозно (можеби и со лош тон) да го прашам -Што сакаш ти со/од мене?!

    Иако знам дека после тоа ќе преврти очи |( и ќе си рече ‘‘што и е на лудава бе?‘‘ :^)

    А како да не би полудела од такво однесување на 28годишен човек!
    Да, и јас сум возрасна, социјализирана, образована, млада и делумно самостојна (сакам да кажам дека сум во работен однос и делумно финансиски самостојна) девојка која нема ни малце намера да игра вакви тактички-смешни-средношколско-тинејџерски игри.

    Неможам ни да опишам колку ИвановскаМ одлично ја има опишано мојава ситуација-состојба-што-и-да-е... :clap:

    :whew:
     
    На IvanovskaM му/ѝ се допаѓа ова.
  6. mare.123

    mare.123 Активен член

    Се зачлени на:
    17 јуни 2014
    Пораки:
    20
    Допаѓања:
    4
    Ви благодарам на сите што одвоивте време за мене и да така ќе постапам и ќе ви пишам :rofl:
     
  7. SiMpAtIcNaTa

    SiMpAtIcNaTa Популарен член

    Се зачлени на:
    30 мај 2010
    Пораки:
    350
    Допаѓања:
    1.720
    Веќе 1 месец се гледам со еден дечко. Типов има се што некогаш би посакала кај машко. Едноставно совршен е. Излегувавме заедно како пар, ама уште од почеток падна договор дека ќе видиме како ќе ни оди, како ке си одговараме на карактер па после ќе видиме дали ке бидеме во врска или не. И двајцата сме прилично отворени и го имам прашано зошто е со мене, како ме гледа со негови очи. Ми рече дека му е убаво кога сме заедно, и дека сум имала се што едно машко може да посака кај женско. Се тоа ок, толку фалење ми удри ама во последен период почна некако да ме избегнува. Ми пишува стално на фб, порано се слушавме барем по еднаш на телефон, сега кога како. А за да се видиме не ни станува збор. Вчера му спомнав дека ме избегнува, рече дека немало врска немал време. Хах. Инаку типот е зафатен баги, и може да одвои еден саат за мене. Ама очигледно не сака или некоја друга е во игра. Може му смета тоа што моментално немам работа, или тоа што сум од помало место..
    Ако може некое мислење од машки аспект. Што може да биде проблемов тука? Што гледате друго освен карактер и физички изглед? Фала дечки
     
  8. DeepBlue

    DeepBlue Популарен член

    Се зачлени на:
    21 мај 2011
    Пораки:
    758
    Допаѓања:
    1.097
    ако си му дала тоа е тоа :toivo:
     
  9. differentmkd

    differentmkd Активен член

    Се зачлени на:
    27 април 2014
    Пораки:
    68
    Допаѓања:
    35
    Па се се сведува на отворениот разговор дека си имала се што едно машко може да посака кај женско (но изгледа некој ви го прекинал разговорот па не успеал да додаде...) за во кревет :x
     
  10. Mb34

    Mb34 Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 октомври 2011
    Пораки:
    44
    Допаѓања:
    3
    Ве молам за совет!
    бендисвам другарче што пред некое време го запознав, преку моите другарки..како да му пристапам?
     
  11. Bokchee

    Bokchee Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 октомври 2013
    Пораки:
    658
    Допаѓања:
    810
    Пол:
    Машки
    Епа излегувај со другарките и тој нека дојде, и така ќе се запознаете подобро. Биди до него, почни некаков извртен муабет, колку да го скршиш мразот.
     
  12. fallenangel

    fallenangel Популарен член

    Се зачлени на:
    23 јуни 2010
    Пораки:
    2.150
    Допаѓања:
    16.148
    Јас ке ве замолам за совет на кој начин да откачам момчиња кои ми се додворуваат а не сум заинтересирана за нив едноствно не ми се допаѓаат ниту сакам да имам нешто со нив колку ги откачувам толку поупорни се и ми додеваат.Ви благодарам однапред .
     
  13. Dvolicen

    Dvolicen Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2012
    Пораки:
    1.431
    Допаѓања:
    3.485
    Зависно на каков начин (мислиш ) дека ти се додворуваат ? ( лице в влице или пак "виртуелен " |( )
    Многу често се случува машките да бидат сфатени како досадни додворувачки.Има и такви тоа е реалност,но треба да видиш дали даваш причина да бидат досадни додворувачки ;) .Започни да се анализираш самата како се однесуваш кога си со нив ,кои се нивните цели и сл .
     
  14. Consultant

    Consultant Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 април 2014
    Пораки:
    124
    Допаѓања:
    101
    Ако им даваш повод да ти дрдоруваат ќе ти дрдроруваат значи ти треба да се контролираш да не им даваш повод на таквите него на тие што тебе ти одговараат, ако не си заинтересирана ќе им кажеш директно ај те молам не ме замарај :) толку
     
    На monnii-4 му/ѝ се допаѓа ова.
  15. differentmkd

    differentmkd Активен член

    Се зачлени на:
    27 април 2014
    Пораки:
    68
    Допаѓања:
    35
    Ништо ново, веќе добропозната теорија на обратна пропорционалност применета во меѓуполовите односи :)
    Е сега, ако тебе не или пак престанало да ти прија сето тоа... само промениго начинот на 'откачување' од индиректен во директен и решен проблем ;)
     
  16. blosson

    blosson Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јули 2011
    Пораки:
    385
    Допаѓања:
    263
    Пол:
    Женски
    Еве вака сега ми требаат собети стварно :( ај помагајте плиссссс....вака накратко прво станува збор за другарка ми (ептен блиска) која го сака дечкото што ме сака мене...Значи тој прво мене ми беше пишал по фб ама јас не сум видела и сега тој со неа се лигави, ја заебава ја наеркува свашта и како да кажам она го сакаа. А тој по часовите нон стоп ми се приближува често ми дели комплименти е сега пошо и двајцата сме нафурани доаѓа и до кавга голема но сега кога и да погледнам случајно накај него и ме гледа и некако тој зјапа во мене и сега јас за инат гледам во него и тој се насмевнува..ова мора еднаш дневно да се случи. А тој кон сите девојчиња во клас е лош ги зафркава и се само со мене не е лош, мислам добар е. Па вака и убав е али се прави некако со сила глуп добар е со успехот а ме прашува за толку глупи прашања шо и дете од 6 год би ги знаеле. Е сега проблемот е тоа што другарка ми го забележува тоа и јас почнав да бидам отврена да и кажам не е за тебе нели гледаш што ти прави ааа не она за инат некако се смешка и вели таков е онаков е ама го сакам и по долга дискусија испаднав јас лошата во сето тоа. И ајде јас го одбегнавам него а тој упте толку ми се приближува. Ама ајде сега школото заврши не се замарам со него ама еве пак проблем излеваме со другарките и сега еден мој братучед вака не е од овде и тој излегна со нас и викам ај сега да видам реакции и сега со братучед ми заедно играме ама тој не го знае него. И гледам тој ептен љубоморен станува и надвор(нормално и тој по нас) сега јас и братучед ми вониме за да дојде таксито да си одиме и вака јас го плеснувам пратулед ми по рамото ама се зафркававме се смеевме и тој не ме удира ме типка по рамото и тој доаѓа кај нас и еве јас го поздравувам и он вака го викна братучед ми настрана и му вели ти веќе така да не и се приближуваш и братучед ми вели абе рода сме прва братучетка ми е. И овај ајде се засрами и без поздрав си оди. Имаше и слична случка вака пред 2-3 год. сите се пофаќаат машки по женските ама по мене никој ( и јас не им дозволувам не сум им ја играчка кај сакаат да ме фаќаат+ скоро сите ми се добри другари со исклчоци) и вака сега едно дете доаѓа накај мене и сака да ме пофане но јас секако не му дозволувам и еве господинот нафуран доаѓа и скоро на ѕидот не го дигна обај и му вели по кој се бе ти закачаш хаха сум се смеела на ова. А сега ств незнам незгодно ми е секое негово приближување до мене незнам стварно не сакам да му велам тргни ми се бидејќи е мнгоу добар често спрема мене а можеби малку ми се допаѓаше и другарка ми знаеше за тоа ама она како да не ме ни слуша што зборувам а од друга страна па ни на неа проблеми никако. Нешто се трудам да и најдам дечко кој ќе го свиѓа за да не се нервирам веќе за тројниот проблем..ај ве молам совети ако некој ме разбра, баш и не ме бива за објаснување :tmi: :?:
     
  17. tinan

    tinan Популарен член

    Се зачлени на:
    5 јануари 2012
    Пораки:
    480
    Допаѓања:
    1.276
    Пол:
    Машки
    Машко нема да з**бе другар за женска.
    Кај женските е друга работа, да не кажам .... правило.
    Не барај совет од машки за оваква ситуација. Ти веке си знаеш што ќе направиш.
    Една другарка помалку (привремено).
    Ај па ти,.. ;) не толку му се замарај. Пак ќе си се смирите кога ќе раскинеш со типот ;)
     
  18. blosson

    blosson Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јули 2011
    Пораки:
    385
    Допаѓања:
    263
    Пол:
    Женски
    Тинан ти благодарам за одговорот но кај мене е друга ситуацијата јас секако нема да идам со дечко шо и се свиѓал на другарка ми.е сега кај мене е тоа јас не го сакам а тој ми се пушта ли како да го наречам тоа мислам порано малкууууу а тоа одоамна и многу малку сега ич. Размислувам да се одалечам од двајцата да се смири ситацијата па ќе видам што ќе биде ;)
     
  19. Daydream

    Daydream Популарен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2013
    Пораки:
    1.682
    Допаѓања:
    6.472
    Пол:
    Женски
    Сигурна си дека немаш никакви чувства за него? Секоја ситуација си ја запамтила до детал. Велиш и дека е убав. Од првиот пост јас добив впечаток дека и ти не си нешто многу рамнодушна спрема него.

    А и гледам дека ти намерно или ненамерно си му дала малку повеќе слобода отколку што треба на типов и тој си земал малку поголема сила. Не ми е јасна случката каде што мислел дека братучед ти ти е дечко па го тргал настрана па демек нешто закани... Од каде таа храброст? Кој е тој па така да си дава за право? Како си го дозволила тоа? А да беше навистина со некој дечко што ти се допаѓа и тој така да се однесува, да го трга настрана и да збори глупости? Прво, кажи му да се тргне од тебе, дека не си заинтересирана, дека неговото однесување нема да го толерираш. Не си била јасна и конкретна со него затоа не се откажува.

    А на другарка ти ако си и вистинска другарка треба да и' кажеш искрено и јасно како стојат работите. Ако треба сите тројца седнете и отворете ги картите. Не вреди за дечко да свртиш грб на другарка, па поготово не во ваква ситуација каде другарка ти го свиѓа, а ти уживаш во неговото внимание.
     
    На blosson и eliesaab им се допаѓа ова.
  20. blosson

    blosson Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јули 2011
    Пораки:
    385
    Допаѓања:
    263
    Пол:
    Женски
    Не стварно ми беше незгодно океј можеми на почетокот пред да дознаам дека таа го сака па не ми беше кажала на врме инаку стварно не би си дозволила така,инаку планот ми беше никако да го отргнам ќе му кажам дека немам никаков интерес за него ова она а другарката ќе си а задржам оф корс сепак таа ми е блиска ми помагала и се не вреди за дечко да а откачам,
    Ти благодарам за одговорот да признаам ми ги отвори очите за ситацијата мислам колку што се знам себе си никогаш нема да уживам во тоа негово однесување кога другарка ми се нервира од тоа, ќе го мајнам него и така ме нервира :lol: еј фала уште еднаш :* :)
     
    На Daydream му/ѝ се допаѓа ова.