Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Совети од МАШКА страна за сите девојки

Дискусија во 'Сингл' започната од TheBunny, 17 септември 2010.

  1. diamonds.in.the.sky

    diamonds.in.the.sky Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 октомври 2012
    Пораки:
    217
    Допаѓања:
    196
    Мој бивши, со кого бев пред 4 години, сега е во сериозна врска повеќе од година, а и јас исто така. Јас сум во подолга врска од неговата. Но сеуште ме бара и сака да ме види. Тоа досега не биднало, нема ни да се случи, но ме интересира како машките гледаат на ситуацијава. Што сака од мене? Тој живее во друг град и знае дека е невозможно да ме види, зошто настојува да сме во контакт и упорно бара да ме види?!
     
  2. s.w-e.e-t.y

    s.w-e.e-t.y Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2012
    Пораки:
    303
    Допаѓања:
    432
    Здраво. Ми треба совет за мојата другарка..и се свиѓа еден дечко што и пишувал минатото лето, но таа никогаш не му пишувала прва и тој престанал да и пишува...кога ќе ја видел се однесувал сосема нормално не покажувал никакви знаци дека му се допаѓа, само што понекогаш ќе ја прегрнел. Пред еден месец таа му пишала и кога повторно се сретнале тој како демек ја испружил раката за да ја прегрне..па сака да знае што може да значи тоа, дали можеби му се допаѓа или тоа е некоја машка игра за таа да биде уште една на списокот?
     
  3. Bokchee

    Bokchee Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 октомври 2013
    Пораки:
    658
    Допаѓања:
    810
    Пол:
    Машки
    Зашто не го прашаш зашто упорно те бара и што сака да има со тебе? Изгледа има други планови чим сака да те види. Не сериозно прашај го онака отворено.

    Чисто информативно, не значи ако машкото сака да прегрне женска тоа значи дека ќе му биде уште една на списокот. Зависи он што сака од неа. Да би можело да биде уште една на списокот, но може веќе неможе да се воздржи и сака да ја гушне. Нека го гушне и она нека не биде стипса. Или ако несака да ја прегрнува , едноставно нека му каже.
     
  4. s.w-e.e-t.y

    s.w-e.e-t.y Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2012
    Пораки:
    303
    Допаѓања:
    432
    Таа возвратила на прегратката со тоа што ја навалила главата на него.. :?: Како и да е после тоа тој ниту ја побарал ниту и пишал..дали тоа значи дека не му се допаѓа? И било срам повторно да превземе нешто таа..незнам како да и помогнам јас. :( Дали имате некој совет?
     
  5. crazylady

    crazylady Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 јули 2010
    Пораки:
    5.204
    Допаѓања:
    8.431
    По колку време од врската сметате дека е нормлано да имате односи ?
     
  6. IvanovskaM

    IvanovskaM Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2014
    Пораки:
    245
    Допаѓања:
    245
    А зошто е битно другите што мислат? Секоја врска е различна, кога ќе осетиш дека е моментот тогаш. Глупаво е да се постави граница, ако си невина - после година и 4 месеци, ако веќе си имала секс - после 4то гледање е ок. Нели е стварнооо глупаво?? :)
     
    На Hipica му/ѝ се допаѓа ова.
  7. omg92

    omg92 Популарен член

    Се зачлени на:
    22 март 2014
    Пораки:
    325
    Допаѓања:
    584
    Пол:
    Машки
    Уште истиот ден. Ич не треба да ти е гајле шо мислат другите, уште помалку ако си веќе созреана личност. Кој ги ебе бе... Еби си се ти кога сакаш и ич гајле да не ти е... И верувам дека дечко ти ќе биде повеќе од задоволен а и нема да му е гајле шо рекле
     
  8. mimiiiii

    mimiiiii Популарен член

    Се зачлени на:
    30 јули 2012
    Пораки:
    2.892
    Допаѓања:
    11.288
    Пол:
    Женски

    Релативна работа. Кога ќе се познавате доволно, имаш доверба и знаеш дека е повеќе од само обично затрескување.
    Е сега по колку време можеш да го увидиш тоа , е инвидуална работа . Има луѓе што и за 2-3 месеца одбираат партнер за живот .:D
     
    На crazylady му/ѝ се допаѓа ова.
  9. sakamkolaubava

    sakamkolaubava Нов член

    Се зачлени на:
    30 јуни 2014
    Пораки:
    2
    Допаѓања:
    0
    Zdravo i jas kako i mnogu na forumov go napraviv profilov za da pobaram sovet .. Znaci vaka detevo go svigam onaka mnogu i veke 5 meseci .. Rabotata e vakva sto e se sovrseno no ne me vika za izleguvanje da objasnam . Na fb se dopisuvame sekogas i mi pisuva kako da sme vo vrska haha mislam ubavi raboti ovo ono ... Me ima viknato na kafe 2-3 pati preku drugar .. i nekolku pati se imame pogodeno vo isto drustvo koga sme taka iskoceni vo isto drustvo zbori samo so mene me gusiii mi se smeska mi se puliii onaka se e naj naj .. I koga ke go sretnam niz carsija muabeti muabeti pa ke me prasa ako sakas idaj so nas ova onaaa ... se e super no da mi se javi ili da mi pisi da iskocime NEE se e prepusteno na slucajnost se nadevam me razbirate .. A ednus jas go viknav za na kafe i toj kao neznam ke vidam ke ti prekazam i toa me buni .. Drugarkive mi zborea demek on moze nemozel togas ili bil dogovoren pa nesakal da ti rece nemme vreme i takvi raboti ama grdo mi padna i sega neznam.kako da postapam a epten sakam da bidne nesto so detevo POMOS
     
  10. Nausicaa

    Nausicaa Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 декември 2013
    Пораки:
    3.439
    Допаѓања:
    20.028
    ^^Можеби дечкото нема доволно самодоверба или е премногу срамежлив па се крие зад тие изговори `ајде со нас на кафе` за да те повика на дружба. Најдобро би ти било повторно да го викнеш на кафе но тој нека го каже времето и денот. Ако пак измрда, или не е толку заинтересиран за тебе како ти се чини или си има некој подлабоки фрки сам со себе и не е фер ти да седиш и да го чекаш да се накани да направи нешто.
     
  11. maravillosa

    maravillosa Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 март 2013
    Пораки:
    120
    Допаѓања:
    146
    Пол:
    Женски
    Здраво.... Ми треба машки совет бидејќи се најдов во досега најчудната ситуација и немам поим како да се справам.
    Работата е во ова.....Ми се допаѓа веќе подолго време едно машко и не можев да соберам храброст да му кажам. Чуствував дека и тој ме бендисуваа а и сите мои другарки го тврдеа тоа по начинот на кој се однесуваше. Но со мојата несигурност целосно се оддалечив од него и веќе скоро и да не комунициравме. Работите останаа такви се додека една моја блиска другарка која се дружеше и со него не ме убеди да му пиши и да му каже. Се согласив но под услов пред да му каже да истакне дека јас не знам ништо за тоа и дека претходно сум ја молела да не кажува ништо. Така и направивме. Откако му кажала и рекол дека и нему му се допаѓам но дека во моментот не е слободен т.е. започнал врска пред само два дена и дека не му било згодно да ја остави толку брзо па ќе гледал ќе правел за по 2-3 месеци доколку врската дотраела дотогаш ако не и порано. Секако тој мисли дека за тоа време јас нема да имам поим дека таа му пишала и дека со тоа не ме обврзува да го чекам. Но не е така бидејќи змам и незнам што да правам. Се плашам дека може да се премисли и јас да останам скршена.
    Инаку не е женкар дефинитивно ако некој помисли на тоа. Напротив никогаш не сум запознала подобра и повнимателна личност од него. Ама стварно не знам како да постапам и дали да имам надеж затоа ми е потребен совет и тоа итно.
     
  12. Bokchee

    Bokchee Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 октомври 2013
    Пораки:
    658
    Допаѓања:
    810
    Пол:
    Машки
    Јас и не гледам нешто чудно во оваа ситуција, прилично се дешава секогаш ако не почесто.
    Според мене, колку и да ти се свиѓа, мислам е малце тапа женско прво да изрази дека нешто осеќа спрема машко. Искочивте ли некогаш, те викнал ли на кафе? Сте збореле ли нешто на фб, скајп, и да му кажеш индиректно дека ти се свиѓа или он тебе.

    Ако толку он те свиѓал, зашто не те побарал да искочите?

    Што сега да правиш, и да го баталиш, и да си најдеш друг, Типацов ми личи како да му се свиѓале повеке женски, како и тебе, па која ќе падне со таа ќе биде.

    Барај си ја среќата со друг, мој искрен одговор на твојава ситуација.
     
    На Bojana.20 му/ѝ се допаѓа ова.
  13. maravillosa

    maravillosa Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 март 2013
    Пораки:
    120
    Допаѓања:
    146
    Пол:
    Женски
    Според мене многу пати ми покажал дека му се допаѓам. Инаку се запознавме преку професорката по музичко кога и двајцата бевме на проба за пеење по повод училишна прослава. Потоа се гледавме на пробите и имавме пријатни разговори како и за прославата која беше по повод патрониот празник на училиштето. За време на генералната проба видов многу пати како гледа во мене. За време на неговата проба цело време гледаше во мене и се насмевнуваше. Потоа дојде и се поздрави, ми посака среќа за мојот настап и уште неколку други пати разговаравме.По нашите настапи си честитавме и се прегрнавме. Се на се беше супер само што од како помина патрониот празник не се видовме подолго време бидејќи сме различна смена па кога го видов пак несвесно не му зборнав и знам сама сум крива. Потоа јас немав храброст да се извинам а тој уште помалку да ми зборни. Две недели пред да дознае дека ми се допаѓа се сретнавме на концерт и мислам дека можам да сетам кога некој не ги трга очите од мене.
    Можеби и ти си во право, како и да е..... Ти благодарам за советот.
     
  14. omg92

    omg92 Популарен член

    Се зачлени на:
    22 март 2014
    Пораки:
    325
    Допаѓања:
    584
    Пол:
    Машки
    Ако има врска тогаш не се мешај, има доволно слободни машки. Можеби и рекол така на другарка ти само за да не се осеќаш многу мизерно. А тоа ќе видиме за 2-3 месеци, не држи вода, има многу такви што викаат така но не било, од лично искуство ова го кажувам.
     
    На Daydream му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Bokchee

    Bokchee Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 октомври 2013
    Пораки:
    658
    Допаѓања:
    810
    Пол:
    Машки
    И досега ниту еднаш не те повикал после пробите или пред пробите онака да се видите? Божем да забравите на тремата? Без разлика колку да те гледал, те посматрал, се смеел, требало да те викне. Или му било срам, или едноставно не сакал или што знам, изгледа очекувал ти да му пријдеш. Тоа што несвесно не си му зборнала се дешава.
     
    На maravillosa му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Chocolate-me

    Chocolate-me Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 јануари 2014
    Пораки:
    149
    Допаѓања:
    157
    Пол:
    Женски
    Ве молам за некој совет.
    Пред околу 3 месеца на фб ми пиша едно момче и си пишувавме околу 2 недели по 5/6 пати во ден.На секое уклучување на фб ми пишуваше.Во живо немавме некоја посебна комуникација на едно здраво само.Потоа престанавме да пишуваме веќе месец и повеќе и еве пред некој ден ми пиша и овие три дена пишувавме пак по 1/2 во ден и до 3ч.по полноќ и постојано ме прашува дали сум си фатила дечко.Проблемот е што тој во меѓувреме додека ние не пишувавме се гледал со уште неколку девојки(ова ми го кажаа другарки што виделе).Се мислам зошто сега се сетил да ми пиша пак? Не знам дали да продолжам да му пишувам или да го откачам.Некој совет?
     
  17. Gosling

    Gosling Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 мај 2012
    Пораки:
    147
    Допаѓања:
    258
    Пол:
    Машки
    Си бара нови резерви :wasntme:
     
    На Chocolate-me му/ѝ се допаѓа ова.
  18. femtinka

    femtinka Активен член

    Се зачлени на:
    18 мај 2012
    Пораки:
    29
    Допаѓања:
    9
    hm ima nekoi maski im treba povekje vreme i se posramezlivi da vikaat direktno na sredba pa nekoe vreme pominuvaat vo online komunikacija, ama bidejki se gledal so drugi devojki dodeka se dopisuval so tebe ne mi zvuci kako da e sramezliv, povekje kako licnost sto saka da si gi isproba site opcii na raspolaganje i ne te sfakja nesto seriozno. izvini ama taka zvuci. sega mozebi mu posnemalo resoursi i te prasal dali imas decko zasto toj imal devojki pa si pomislil da ne si nasla mozebi i ti nekoj. ako ti se gubi vreme so nekoj takov i ponatamu prasuvaj se zasto pisal a ako ne ignore i ne se zamaraj so takvi lugje i ne gi stavaj na prvo mesto koga na niv ti ne si im.
     
    На Chocolate-me му/ѝ се допаѓа ова.
  19. mila7

    mila7 Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 јуни 2013
    Пораки:
    542
    Допаѓања:
    486
    Имам еден проблем, ве молам за некој совет. Малку ќе биде долг постот, но за да ме сфатите поубаво.
    Пред една недела, си пишував со едно дете, ми се засвиѓа многу, ми кажуваше дека многу долго време ме барал, мн сум му се свиѓала,по цели денови пишувавме, и ајде излеговме после 4 дена, и проблемот е во тоа што после неколку излагања тој ми рече дека има девојка, јас сум 17, тој е 21. Ми рече дека не се гледат веќе 2 недели, ама официјално не раскинале, дека тој веќе не ја сака, дека и вели да раскинат, таа не сакала, а исто ја имал изневерено и порано а таа му опростувала секогаш. Кога слушнав, се разочарав, и му реков тогаш да ставиме крај на нашето гледање, имавме излезено само 6 пати, а тој рече не и не, мене ми е преубаво со тебе, јас нема да те пуштам така лесно. Му реков ако толку ти е убаво, раскини со нејзе,направи било што, не сакам утре да ме збораат,што ако дознае, зашто во случајов јас ќе бидам лошата, а женска му повредена.Ама и така е, но не сваќам како е толку глупа, ја има изневерно и порано а таа му опростува? Му реков дека ако сака да продолжиме нека расчисти со нејзе, па потоа ќе видеме. А тој ми рече барем да почекам некој месец, кога ќе оди на факултет женска му , тогаш ќе било полесно, не можел 3 годишна врска така лесно да заврши ... му требало време, сакал со добро да завршат, ми вика, чекам да згреши во нешто барем така ќе биде полесно, ми вика иако е кратко времево, ама сфаќам дека ми е многу убаво со тебе и ова нашево нема да дозволам да заврши преку ноќ. Јас си стоев на зборот, и тој рече јас ти кажев се, сега е твое, ама барем уште неколку пати да се видиме, па после како сакаш. Е ова ме повреди, значи уште неколку пати и готово, и му кажав дека тоа и му е целта, уште неколку пати и готово. И тој рече не е така, ама гледам дека несакаш, а јас нема да молам, јас не те гледам тебе како авантура како што ти мислиш, сакам да бидам со тебе, но дај ми време, се ќе се среди. И мене почнува да ми значи, што да правам? По мое ако сака да биде со мене, едноставно ќе и каже на девојка му дека не ја сака, нема да и дава повод да се надева, и ќе направи се друго, но вака несакам да се гледам, иако почнува да ми значи премногу, не можам да продолжам, сепак ми е жал за девојка му, и мислам дека се заебава и со двете. Уште кога слушнав таа ми опростува све, сфатив дека е глупа, и дека него му одговара. Ама зошто ми се јавува, ми пшува, толку е добар, мил, забавен, кај и да испаднам во град, го гледам, никој не знае за нас, по цел ден комуницираме и тој постојано напнува, дека уште некое време нивното ќе заврши, а се немале видено 2 недели, ја избегнува.. и не знам што да направам. Ве молам советувајте ме некако...Извинете за долгиот пост.
     
  20. MalaMedena

    MalaMedena Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 март 2013
    Пораки:
    445
    Допаѓања:
    178
    Не сум машко ама ке ти дадам совет, такво машко не ти треба..ако сака да е со тебе ке раскине со девојка му,А не како што ти кажал кога ке отиде таа на факултет,тогаш да сте заедно. Што ке му бидеш ти,замена додека девојка му не е тука?? Плус ја изневерил,ако можел таа да ја изневери ке може и тебе. не ти го треба тој,најди си друг :)