Очигледно е дека дечкото или си има некоја друга, или си пишува со други, или сака истовремено повеќе да има па затоа толку се вознемирил. Инаку не гледам причина зошто да се криете и зошто никој да не знае за вас. И во денешно време мила моја искрени другарки немаш секој гледа да ти наштети и затоа внимавај што кажуваш и а на кого кажуваш. Оти тоа што ти си си го пишувала додека стигнало до него му биле сигурно додадени уште 15 верзии. Затоа не е убаво уште од почеотк да ви се мешаат некои си непотребни личности.
Да, и јас мислам така..каква друга причина би имало , освем тоа.. и ќе му го речам тоа отворено...зошто нејќеш да знае никој, или сакаш со повеќе истовремено да излегуваш ?!
Jas kako masko, ako maskoto se kri moze da znaci deka se srami da kaze so kogo odi, premnogu e ona fraerskon-seljackoto pred drugarite da kaze so koj e...sum imal i jas takvi verzii od drugari kako demek ne e na nivo devojkata pa za da ja pokazuva pred site, a ustvari on se zaljubuva do usi i posle se negira, ne go opravduvam toa nikako.
А ако не е на ниво девојката како што кажуваш, зошто тогаш излага со неа. Веке искрено не знам дали постојат вистински мажи.
Да се надоврзам. Чим несака никој да знае ко ќе размислиш можетака и е подобро барем сега за сега. Но ако вие започнете нешто и тој на почетокот несака многу да се знае за тоа може тоа е затоа што не сака да ви се мешаат другарки, другари или комшијата од 3 спрат. Небитно. Ама ако детето постојано инсистира да се гледате тајно и без никој да знае тогаш тоа не е добро. Ако сакаш излези еднаш со него па види што како. Инаку го знаеш тоа Колку потајно толку потрајно. Ама детето некако многу ми се вознемирило само затоа што дознале дека сте си пишувале. Ама ти кажав ако сакаш излези еднаш и после пиши да видиме како ќе се одвиваат работите.
Дечково ем се налутил зошто си кажала дека се допишуваш со него, ем сака да се гледате тајно, и ем несака врска. Спред мене, типчево си има и други женски, што и незнам баш дали е убаво да излезете. Каде би оделе ако сте на тајно искачање? Изгледа нема да сака да идете во некој кафич, или нз што, случајно некој да не го види со тебе? Тури му пепел, си има задни намери типов, и ти гарантирам дека се гледа/допишува и со други женски.
Se dopisuvam so eden decko, doduse skoro pocnavme. Epten ni odi muabetot, zasega onaka normalen muabet, na tema ljubov nemame nisto zboreno. Problemot e vo toa sto jas ne znam kako da pocnam koga mu pisuvam prva i dali da cekam on da ja otvori temata ljubov, ako mu tekne? Nema vrska kolku godini imam, pak mi e glupavo, bidejki ova ne go pravam voopsto cesto... Preku internet... Decki, pomagajte... Se izvinuvam za latinicata, ne mi poddrzuva kirilica telefonot.
Мој совет ти е да не избрзуваш. Сега скоро сте почнале. А може и ќе бидете само пријатели од каде знаеш. Сеедно не почнувај прва ако му се допаѓаш тој како машко сигурно ќе го направи првиот чекор.
Ако сте од ист град, викни го да излезете на кафе, да посетите некој настан, да отидете во кино. Нема зошто да ти е незгодно, сем тоа, од неговиот одговор најдобро ќе знаеш на што си.
Според мене не треба да се залетуваш прва во ништо, остави го он да го има секогаш првиот потег така ти ке ја имаш предноста на одлуката и да манипулираш со ситуацијата во твоја корист. Повеќе прашувај помалку кажувај. Сепак се допишуваш со некој, а немаш поима кој се наоѓа од другата страна.
naj golema glupost e sekogas da ostavas se na maskoto, nekogas e poubavo koga zenskoto kje prevzeme nesto vo svoi race, kako sto tebe ti e ubavo da te iznenadi nekoj so nesto isplanirano taka e i od drugata strana.
Не е глупост ако не го ни познаваш. Машките сакаат да освојуваат а ако им ја земеш таа улога веќе не си толку интересна. Апо готово како што пишав предходно,поима немаш кој се наоѓа од другата страна за да се однесуваш храбро.Секакви будали има. Но по ова што го пишуваш можам да видам дека ти веќе си решена што сакаш да направиш само бараш потврда од нас овде. Со среќа
Другар на другар те додал и сте почнале да комуницирате преку фб мене ми е исто како `го запознав на искачање, ми зема број и сега ќе идеме на кафе`. И во двата случаи не го знаеш типот, не знаеш што може да ти се случи ама ќе отидете на некое познато место, каде има многу луѓе и ќе се запознаете во живо. Ако дечкото почнува да напнува, ќе си ја платиш пијачката, ќе си одиш дома и ќе им кажуваш на другарките со каков тиквар си излегла Секако дека нема да влегуваш во кола со некој кој не го знаеш и секако дека нема да одите на прв состанок во некој зафрлен мотел во шума, одалечен 300 км од градот. Што се однесува до тоа кој прв треба да викне, мислам дека е сосем нормално девојка да повика дечко на пијачка и нема ништо шокантно или срамно во тоа, едноставно сакаш подобро да се запознаете. Сем тоа, додека ти седиш на фб и чекаш тој да те викне, големи се шансите некоја друга похрабра девојка да му предложи да се видат и буквално пред нос да ти го лапне. Кој е крив на крај? Ти
пошо машките сте така поише за овие работи значи на плазма телевизор инсталиравме све за да глеаме тв али без макс тв , бум и такви срања и небива значи се слуша звук али нема слика пишуе видео формат није подржан пробав се што е можно во датотеката „слика“ да прочепкам и наново инсталирав исто е помоШ?
Имаш соодветна тема за овие работи. Побарај технички проблеми или компјутерски прашања, проблеми и слично. Ќе ти одговорат таму зашто тука ќе те избришат
Вака во врска сум со машко кое не е од Мк, една година сме заедно. До сега тој идеше за да се гледаме, јас немам појдено. Но сега во последно време кога и да зборниме тема за да се видиме, тој сака јас да појдам, дека немам до сега воопшто појдено, тој работи некое време и не мози одма за земи одмор.. Не е далеку многу, во Белград е ама пак не знам што да правам, мене ми е за од дома што ќе му речам.
Zdr. jas se izvinuvam sto se vmesuvam vo temava no sakam da prasa nesto. Ako moze nekoj da mi objasni malku kako mozam da razgovaram so nekogo, kako da prashuvam javno kako tema ili slicno posto sum nova na femina pa neznam kako idat rabotite. Neznaev kaj da go pasam ova pa eve se pogodi vasava tema ako ne vi e tesko da mi napisete. fala
^ па можеш да дискутираш јавно, си имаш одредени теми на форумов, а доколку сакаш во порака имаш ЛП (лична порака) кој ја чита само тој член на кој му пишуваш.Ако те интересира повеќе прашај ме во порака да не ја полниме темава со оф топици