Девојче не биди досадна!! И самата кажа ќе биде ваша прва средба и сигурно е дека ќе се бакнете да не сакаш во очи да те гледа? Прави го истото што и тој и готово. И немој да се лигавиш и да бидеш нападна како што си тука на форумот и толку. Ете ти одговор и на двете прашања.
ми треба голема помош...значи додека бев на одмор се смував со детето шшо го сакам веќе долго време, имаше и повеќе од мување но се беше само вечерта..следниот ден ме побара но не можевме да се најдиме сега поминаа веќе неколку дена и го нема ни да ми пиши ни да ми се јави..стварно многу ме боли се ова и сакам да зборнам барем со него, а не знам како тоа да го направам..нема да му пишам јас затоа што го побарав последно а тој не се јави..
Како бе вака? Имаш 18 години или повеќе, а пишуваш како да имаш 14. Си се смувала (иако не ви го разбирам зборот во целост), имало и повеќе од тоа мување, епа добил што сакал. Го бараш не се јавува и не знам што е тука нејасно. Јасно е како бел ден, си направил ќеиф, нацртал уште една рецка на зидот и сега оди понатаму.
Да не се повторувам по Далерон ти објаснила убава. Сега само неможев да сфатам што е тоа повеќе? Објасни ни подетално, иако ситуацијата е веќе јасна.
Е добро де, тој на сила ли ја натерал? Не. Епа тоа значи дека и таа го искористила. Си го направила меракот и крај. Сега само не треба да се замара. И толку.
Да и било само до правење меракот, нема сега да бара совет што понатаму. Не ми е јасно како прво дозволувате "повеќе од мување" а после се жалите? Зошто не му даде до знаење дека не ти е до една вечер само со него? Извини на израз ама како викаат после е*ење нема каење. Што мислеше незнам, прво легнете па сега барај го ко игла во сено за да го прашаш дали сака нешто повеке со тебе.
Ова го копирав од темата Љубовни проблеми и совет се надевам некое машко ќе ми даде мислење. Здраво јас пак со проблем. Кој ако не дечкоми на 5ти правевме 10 месеци, он како да заборави му реков нешто демек острана му спомнав он ми рече ја не да сум заборавил туку незнам што да ти пратам некој текст,викам несакам да е од нет јави ми се и кажи ми сакам од тебе да слушнам и ми вика сега го чувам братми(оти е помал) и јас викам тогаш попосле ми напиша добро. Вечерта излезе со другарите како и секоја вечер пак до 1,2 пак заборави да ми каже нешто затоа дека правиме 10 месеци,пак го потсетив и викам нели ти е срам ми вика ама бебенце јас незнам што да ти пратам ама ај сеа ќе ти напишам да напомена заборави дека правиме и 9 месеци јас го потсетив ама тогаш не го терав да ми каже нешто како сега сам му текна и ми пиша вака : бебенце јас те сакам многу сакам да идеме повеќе време ама да бидеш понежна со мене оти јас се изнервирав пред некој ден само за секс ми зборува и му залепив една и вика наместо да ме удараш да ме гушнеш или бакнеш да не бидеш толку твдроглава му викам добро ќе си знам од сеа и океј ајде бидна што бидна. Вчера пак со другари ми рече јави ми се сакам да те слушнам и после 1 саат 2 му ѕвонам телефонот исклучен ми се јавува од кај еден другар и ми вика јас се јавив само да видам што правиш и дали си добра му кажав и викам ајде кога ќе си дома ѕвони ми ќе зборуваме. А дури сега ми текна тој можеби во исклучил мобилниот да не го замарам демек он невидел дека нема батерија да го ставе да му се полни ццц. Ајде бидна и тоа само ладно-топло се понаша со мене ама он небеше таков порано се ме слушаше и почитуваше а сеа којзнае со која се лижел вчера ми здосади, му реков вака во петок ќе се видеме ќе ми кажеш дали ќе се поправеш или сакаш да раскинеме и он ми вика добро ќе размислам и кимка и викам ае чао. Пред некој ден го седнав му викам зошто се понасаш вака зборевме и ме гушна и ми обеќаше дека ќе се смени да се беше океј додека не се видовме наредниот пат и му залепив една после ми вика сакаш сеа и ја да те удрам и ја викам ајде несмееш и он мене изнервиран ми залепи една ама посилно и се налутив ама онака на шала го сватив затоа што друг пат не ме ударал онака како да кажам и друг пат сме се ударале така на шала после некое време почнав со орален за прв пат и ми се згади и престанав и он како да се налути и ми вика штом така сакаш ќе ти ги олеснам маките веќе со тебе ќе имам само лижање ја викам а љубов он вика и тоа нема веќе секс и такви работи дрпање да дополнам на иста возраст сме 15 ипол год а пред некој ден беше на диско нешто се скарал со таткому ќе го нападел од дома ми се јавува касно 4:30 и ми вика јас си дојдев уште во 4 ама се скарав со него сите ме мразат само ти ме сакаш онаков како што сум не ме оставај никогаш не ме изневерувај ја може не сум убав ама те сакам искрено додека го кажуваше ова плачеше. Со другарите вчера беше од 8 до 1 а со мене само полаа саат му се спиело ќе станувал во 5 со таткому ќе одел некаде дрн мрн како не феминки помош незнам веќе што да мислам толку убава врска пропадна и рече дека кога ќе сме на школо нема да излегувал со другари само со мене едвај чекам да дојде септември .
Еј еј животот е пред тебе, не ти треба воопшто тој сака само забава и ништо повеќе. Девојките на тие години се позрели, а тој е недораснато дете кое што сака се да проба одеднаш
На 15,6 едвај чекав да го видам, да ме гушне и за рака да ме држи... Е сега се почесто по постовите читам како вие сте напредни генерации и нема ништо лошо во тоа што порано сексуално созревате па да ве прашам што не созревате и ПСИХИЧКИ порано за да не си ја чукате главата после? Дечково твој повеќе си ги милува другарите и искрено и јас на 15-16 години не сакав да се затворам сама со дечкото и да не навлегувам во озбилни уште од сега врски. Ти го гушиш него, а тоа што тој заборава на вашата годишнина (читај месечнина) може значи дека за него си само девојка на лагер, кога му е тешко и кога ќе сака нешто што личи на секс. Не многу би му дале на 15 годишен па човекот едноставно те чува за таа работа, а и нормално за да се пофали на другарите. Спојлер Нареден пат ќе те замолам да пишуваш по читко, во смисла на нов пасус, интерпункција и временски ситуации за да не мора по 10 пати да го препрочитувам постот за да го разберам
Ми треба совет и од машки и од девојки. Ми се допаѓа еден дечко со кого комуницирам некое време. Тој е така малку воздржан, но дава некои знаци дека е можно да му се допаѓам. Имам забележано дека нема некоја голема самодоверба, а и самиот е свесен за тоа. Ми треба совет како да му покажам дека ми се допаѓа, а да не му го кажам тоа директно? Немам беш некое искуство со ова, обично поинаку ми се одвивале ваквите работи во минатото. Буквално секој совет е добредојден, како да постапам, што да кажам, што да направам... помагајте
Дружи се почесто со него, покани го онака неформално да шетнете некаде. Така ќе створиш поголема блискост, а и зошто да не го направиш првиот чекор, штом покажува дека му се допаѓаш. Некои момчиња едноставно не се спремни или се срамат да пријдат, ништо страшно ако ти прва му пријдеш па види како ќе течат работите. Со среќа.
Јас би направила вака: Прашај го дали ке шета негде викендов и кажи му дека ти со другарките си договорена да седнуваш во некој кафич (претходно договори кафе/пијачка со некоја другарка), и речи му: ако си за кафе/пијачка ај со нас.
Ми кажа дека му е незгодно, и дека сака да излезе со мене прво (се немаме запознаено лично сеуште), но мисли дека нема да ми се допадне, дека можеби имам добиено погрешен позитивен впечаток за него. Така што, се обидувам прво некако да му покажам дека ми се допаѓа и дека нема зашто да му е незгодно... па ќе видам што ќе направам. Ако имате уште некој совет, добредојден е и тоа како...
Па тогаш биди директна, кога ке си пишете следниот пат прашај го дали сака да седнете на кафе некаде? Вие веке сте започнале со комуникација, не би требало да биде до толку незгодна ситуацијата. И штом ке седнете веке еднаш ке си приметиш дали има заинтересираност од негова страна.
Дечко ми многу често ми кажува "те сакам" за време на секс. Ме интересира, ова ви е некоја тактика да ние женските мислиме дека не сте со нас само заради секс или има некоја друга позадина?
Aj da prasam zosto za vreme na seks ne prasuvate " Dali me sakas"? I koga ste vo vrska i koga ne ste?
Чекај... озбилно со вакви машки сакате да имате секс? Каде ли ги најдовте овие btw, ова е класичен пример на машка самодоверба на најниско ниво
Овој сака да освои некој поен плус најверојатно. Аххх шо е тој лисица Нормално дека ако сте во врска се сакате на каков таков начин, не мора да се кажува тоа за време или после секс. Ко по филмовине, клише е А ова според мене е не доволна самодоверба
Постот е огромен, затоа го ставив во спојлер, па кој ќе издржи да дочита нека помага Спојлер Не знам која тема е најсоодветна за овој мој несоодветен проблем, па ќе пишам тука. Имам дечко, заедно сме многу години, живееме заедно, се сакаме, прв ми е и единствен, цели денови ги поминуваме заедно. Едноставно се е супер. Секако некогаш постојат проблеми, но решливи. Да се вратам наназад, на мои 16,17 години имав врска со еден тип. Беше тоа врска од одприлика 1 месец, со тип од друг град. Де јас во неговиот,де тој во мојот град, сме се виделе колку што сме можеле. Јас средношколка, тој 23 години професионален војник, црн, крупен, мускулест, со најслатката насмевка на свет. Немавме којзнае каква врска, повеќе беше мување, ама немавме ни никаков проблем. Секогаш беше грижлив, и се однесуваше со почит према мене. Добро, пробуваше понекогаш да пушти рака ама откако убаво му објаснив дека неколку дена врска не ми се причина да ме допира на тој начин, го прифати тоа. Решена бев оваа врска да ја терам накај сериозно, ама пусто луди хормони, алкохол и се смував со друг. Утредента се освестив и решив кога ќе се вратам да му раскинам. Додека тој среќен ме чекаше додека одев накај неговиот град, јас му кажав дека ќе мора да разговараме кога ќе се видиме. Стана многу напнат, ме бараше сто пати по телефон и конечно се видовме. Не знаев што да му кажам, причина немав, беше прекрасен во секој поглед, па на крај ја искористив неговата напнатост. Му реков дека не е во ред така нервозно да се однесува со мене и дека не сакам да бидам со таков човек. Ме гледаше збунето, но толку беше. Не дека имаше некоја љубов, но секогаш во мене остана како најпочитуваниот бивши. Никогаш со ништо ниту ме навреди ниту ме повреди, а ми ја даваше најпрекрасната прегратка, така крупен, па уште за градите кога ќе го допрев... сон, и згора на тоа сладок поглед и насмевка............. Кратко време после тоа го запознав дечко ми. Во меѓувреме се случувало ете така кога ќе се присеќам на нешто да ми текне на бившиот и да ми изнуди една пријатна насмевка и едно убаво чувство. Ништо повеќе. Се до пред месец ипол. Налет на нервоза, монотонија, понекоја кавга низ дома и решив да го побарам бившиот на фб. Морам да напоменам дека сите овие години ниту сум погледнала друг, ниту сум помислила, а и него не решив да го барам со конкретна причина, чисто онака да видам како му оди во животот. Пошто и онака немам нешто другарки со кои можам да си разговарам, а ни дозвола за искачање сама. И така се изнамачив, ама го најдов и го аднав. Ја прифати понудата и после неколку дена ми пиша. Нормален муабет за после толку време, кај сме како сме, што сме постигнале во животот, а беше многу позитивно изненаден што сум помислила на него, сум се помачила и сум го нашла. Двајцата си кажавме дека сме во сериозни врски и мислев дека тоа е тоа. Но продолживме да си пишуваме. И воедно тоа почна да излегува од контрола. Ако беше ноќна смена останував будна и до 2,3 иако утредента на работа од сабајле, на работа исто цело време и се така додека не ми кажа дека ќе биде слободен десетина дена и ќе ги помине со девојка му од друг град и тој период нема да си пишуваме. Не ми беше драго, но го прифатив тоа. Поминаа 10 дена, а јас постојано зјапав во телефонот чекајќи го да ми пише. Ноќе се будев само за да проверам. И ете го се појави. Неколку реда муабет и покана за частење. Се верил . Добро нормално е да се земат, заедно се, се сакаат, он со неговата, јас со мојот, се е тоа нормално... 1 момент го викав ова, во наредниот ќе пукнев од бес, па пак првото, второто... цела вечер така. Никако не ми беше јасно што има тука што треба да ме нервира. И после тоа почна она што мене сега ме излудува. Накратко ми предложи да се видиме и да имаме секс. Не можел да ми одолее, многу сум му била привлечна и бла, бла, бла. Со денови му пишував дека тоа нема да се случи, ниту сум направила такво нешто, ниту ќе направам, како би го погледнала дечко ми после, како воопшто он ќе ја гледа неговата? За свадба се спремаат бре. А и која е потребата? Ама постоеа моменти кога почнав да се впуштам во неговата игра и да враќам на неговите "што би ти правел" пораки. Моменти на занес, лудило. Се додека да се раздени и да ми текне дека сум голема глупача. Но тоа не ми трае долго. Пак се почнува одпочеток кога ќе ми пише. Одприлика пред 2 недели пак беше слободен десетина дена, и повторно тоа исчекување. Девојки на одмор бев со дечко ми, а цело време гледав во телефонот, ме излуде и конечно почнав да се ладам и да го мразам тоа чувство што го предизвикува кај мене. И ете пред 2 дена ми пиша пак. И пак истите грди пеперутки (ги мразам) и пак истото задоволно чувство, за кога ќе се освестам да си се гадам сама на себе. Бев со дечко ми, а го замислував него. Не можев да заспијам цела вечер од вина, а тој ете го добро утро . Не сакам да биде вака, не сакам да го правам ова, но штом ми пише се топам. Глупава сум знам, лесно се заљубувам и лесно се приврзувам за луѓето. И не знам што понатаму. Ете за неколку саати ќе ми пише, 3та смена е, јас ќе се лигавам колку ми фалел, а он што би ми правел. Мислам дека ја играм неговата игра за да му бидам интересна и да не престане да ми пишува затоа што станав зависна. Не сакам да престане да ми пишува . Ама некогаш се внесувам, замислувам како би било, и кога и каде би се виделе. Некогаш се осеќам спремна да се видиме, ама ме кочи срамот. Не сум била со друг, освен со дечко ми... После тоа пак се враќам во реалноста и си се гадам, за после некое време пак да ми недостига. Не сакам на никого да сум му играчка,а не знам кој чива би бил, кога двајцата свесно влегуваме во ова.... Се извинувам за огромниов пост ама навистина ве молам за совети. Не сум била во ваква ситуација и не знам ни сама како се најдов.