Епа ќе се потрудам да го заборавам само незнам како ќе успеам во тоа, иначе јас сум многу емотивна се ставам на срце навистина незнам што ќе правам можеби еден ден ќе се смеам за оваа но сега е многу тешко. Чувствувам како да имам нешто во градите и постојано плачам дури и на некоја песна што ќе ја слушнам
Еднаш многу одамна го прашав Отец Ивица зошто мажите ме повредуваат, неговит одговор беше : Ти им дозволуваш.
Фала на сите кои одвоија по некоја минутка да шкртнат неколку реченици за моето прашање. Не одговарав, само ве читав изминатиов ден. Далеронче, едно друго ќе морам да научам да се изразувам подобро за ти да не ми се нервираш. Спојлер И би го опнала и те како, да беа малку поинакви условите. Со Капетанчето се разбравме, фала И Бокче, зар не може некој/а што е зафатен да осети симпатии спрема некој друг? Ама добро, тоа е твој став, твое мислење. Го почитувам кажаното.
Она на мене тролче сум била. Пффф Па ми немаше смисла на секое мислење и јас да се избацувам да пишувам. Вака фино лепо ве читав и денеска одговорив.
Прво прашањето беше поставено општо. Значи ме интересираше од машка перспектива, а не за мојот приватен живот. А инаку, не е работата дали јас им дозволувам, него работата е со која цел го прават тоа? Мислам прашањето не го разбравте или го сфативте како ви одговара.
Може да осети симпатии, зошто не би можел?! Не секоја симпатија значи дека некој сака да си ја изневери девојката/дечкото. И уште нешто, читам и се чудам, јас не сфатив дека тука дечкото ја крие врската, ниту и се пуштал, ниту му се пуштала. Комшивка му е на работа, им тргнал муабетот, ок. И јас на прво запознавање не рипам - "Еј јас имам дечко" (реално, да ми настапи некој така би изреагирала со - "Добро, и?") Ако некој ме праша, ке си кажам. Ако приметам дека после два реда муабет ми се пушта, ке го вметнам дечко ми во муабетот. А ко се прави дека не сфаќа ке му кажам јасно и гласно дека имам дечко и не гледам потреба од понатамошна дружба... Така да, уствари мене муабетот ми беше дека дечкото не крие дека има врска. Спојлер А ке те исконтактира он тебе, сигурно, не се пропушта личност која ти се погодила за муабет, убаво ти кажаа погоре Е тогаш ке си видиш што-како.
Пази, пишав налетувате, а не налетуваш. Тоа се однесува за групата женски која ти ја кажа. Пошто прашањето ти беше "дали НИЕ женските сме родени да не повредуваат како сакаат?". Нема потреба толку лесно да се нервираш. Праша, ти дадовме одговор, не мора да значи дека се однесува на тебе приватно. А со која цел го прават тоа, епа немора да има цел, односно можеби има, сакаат да се направат фраери пред друштво или пак едноставно се такви по карактер. Се има на светов и пак ќе се согласам со Daleron дека тие што се повредени на било каков начин, сами си го бараат или пак дозволуваат да се повредени.
Е да бе, ти многу знаеш. Еве јас си носам тренерки и салонки кога се шетам дома низ салонот. Што ми направија ова турскиве серии.