Со бившиот се скаравме пред една година, а тој пред извесно време почна да и пишува на другарка ми и да ја вика на кафе. Знам дека не треба да се замарам, ама глупаво ми е. Како би му било него јас со некој другар негов да флертувам. Најмногу ме здрви кога прочитав дека јас не сум морала да знам ( во случај да излезат). Зошто го прави тоа, сака јас да се скарам со неа, да се нервирам. Што му е целта, кога има толку многу други девојки со кои може да оди на кафе
^Убаво кажал, не мора да знеш со кого пие кафе. Вие веќе не сте во врска и тој си има приватен живот, ти исто така си имаш приватен живот. Истото важи и обратно: Дали и со кого ти ќе решиш да пиеш кафе, па макар бил тоа негов другар, е твоја лична работа - а како тој ќе реагира, тоа си е негов проблем. Може да има милион причини зошто тој тоа го прави, на пр. му се допаѓа другарка ти, или едноставно им оди муабетот но чисто како пријатели. Ако е тоа случај тоагаш нема зошто да пие кафр со толкумногу ддруги девојки кога баш со нејзе му оди... Сосема небитно е сето тоа... Ти требаш да се прашаш себе си дали навистина на емотивно ниво си раскинала со него или можеби сеуште потајно мислиш, посакуваш дека ќе се врати или дури дека можеби треба да сте заедно. Ако тоа го надминеш, нема да ти биде битно со кого пие кафе, туку ќе имаш пријателско разбирање и за него и за другарка ти.
Сама си одговори на прашањето, токму тоа и му е целта, да те нервира! Тоа што го прави е недозреано и сосем безобразно, ама сега само треба да ти биде помило што повеќе не си го тебе. Во краен случај, сега ќе си ја видиш и другарка ти во вистинско светло- ај тој е бивши, од него реално може се да очекуваш но ако другарка ти му ја прифати поканата на кафе, тогаш ќе си знаеш и она што човек е. daylight, бивш дечко и актуелна другарка не одат на кафе и не почнуваат врска, но ако дојде до тоа, тогаш станува збор за бивш дечко и автоматски бивша другарка зошто човек кој ти боде нож во грб не ти треба.
Како тоа не одат на кафе? Од кај ви е ова бесмислено правило??? Па нели дечкото е бивш?! Како тоа боде нож во грб не ми е јасно?! Другарка си е другарка, бивши дечко си е бивши дечко, незнам зошто ги мешате тие поими... да беа во врска, би ми било разбирливо, но тие веќе не се.
Другарка не е другарка ако излегува со бивши дечковци на другарка Тогаш станува збор за ладнокрвен опортунист кој во себе нема ни лојалност ни емоции. Единствената добра работа која ќе произлезе од тоа е што барем ќе ја видиш каква е со време, пред нешто полошо да ти направи.
Па не е пишано правило ама за мене лично е НЕпишано правило и принцип од кој никогаш не сум отстапила. Никогаш не би отишла на кафе со бивши дечко на другарка. Зашто? Затоа што немам што муабети јас да правам со него. Со другарка ми сме го оговарале, сум ја тешела, плачела пред мене, ја повредил, сме го нарекувале кретен, сељак и сега јас со него на кафе? Плус ако навистина излегол идиот спрема другарка ми која си ја сакам, јас дупло повеќе од неа би го мразела зашто ми ја повредил другарката. И што муабети имам јас со него? Што муабет би правела? Освен ако и претходно додека биле во врска јас не сум била блиска со него, што никогаш нема да го направам и да си го дозволам. Си имам јас мој дечко за блискост, не ми треба дечко на другарка. Знаеш како боде нож со ова? Со тоа што таа оди на кафе со човек кој бил во сериозна врска со нејзина другарка, а притоа таа го сакала, штом била сериозна врска значи дека секогаш ќе го гледа со други очи, имале интимност, биле едно некогаш, биле емотивно поврзани, можеби и се' уште се. Е затоа го гледам како забоден нож. Јас сум знаела што им се случува во врската, знам дека другарка ми го сакала најмногу на цел свет, знам дека правела се' за него, знам дека пред мене зборела дека секогаш ќе и' значи и дека секогаш ќе се чувствува неубаво кога ќе го гледа со друга... Ехее има еден куп примери да набројувам... И после се' тоа јас како ништо да не било да отидам со нејзиниот бивши на кафе, кој потајно можеби се' уште и' значи. Е добро де, што има врска... Ту, чудо големо... НЕ! Да се работи за некој мувач, што била една вечер со него, ништо не и' значел, било зафрканција, па сега мене ми се спојува патот со него, можеби би размислила. Ама сериозна врска не е баш ништо. Може и секогаш да има некоја поврзаност меѓу нив.
Јас никогаш не би излегла со бивши на другарка. Каква личност ќе бидам во нејзините очи тогаш ?! Сметам дека тоа е како непишано правило, а таа мислам дека нема да оди со него. Да се надоврзам на муабетот, тој не ја вика пријателски на кафе, туку на мување или нешто друго ако има среќа. гледам дека и на фб и лајкнал некои попровокативни слики и таа него, кога ми се налути за еден совет што и го дадов.
Која сака од моите другаркинека оди на кафе со бившите мои и нека има секс со нив. Он мене ништо не ми е. АКо имам чувства за некој бивш, тогаш не е во ред,ама ако не ме боли тииит за него, јас не можам на никој да му забранам да излезе. СИ се свиѓаат, нека си излегуваат. Бившите не треба да ја определуваат нечија туѓа иднина, па ни мојата.
Па може и ова е прилика за да сфатиш колку другарка ти всушност ти е другарка. Добро веќе дечкото не ти е дечко, не би требало да те интересира за него ама мене лично би ми било непочитување да отидам на кафе со бившиот на другарката безразлика дали таа ќе знае или не. Точно дека не е твоја работа тој што прави ама ова баш со другарка ти изгледа намерно го прави за ти да се нервираш. А според ова ти што го кажуваш од една страна тоа а од друга страна на дечкото изгледа работата му е дај шта даш со која ќе стигне, само да врти некоја.
Аманте бе па бивши е, ако сака и со сестра ми нека биде, ич не ми е гајле. До кога бре девојќи со предрасуди. Абре секој си ја бара среќата, ако таа е среќна со него која другарка! Не ја интересира воопшто и дајте престанете со малограѓанштина.
Зошто малограѓанштина? Ако ти немаш проблем да ја гледаш другарка ти како се гушка со човекот кој можеби сеуште го сакаш, тоа си е твое ама немој да не правиш нас другите малограѓанки и полни со предрасуди Инаку, да, нормално е секој пред се да си гледа за себе ама па затоа постојат и лимити - денес ќе оди со твојот бивш а утре ќе проба да ти го улови мажот или да ти го превземе работното место зошто нели, секој си ја бара среќата па што и е на нејзе галје ако те повреди.
Абе луѓе бивши како бивши лаже тој што вика дека му е сеедно. И јас за мојот бивши со кој бев година и кусур може сум го навредила некогаш ама реално не би ми било сеедно да го видам дека пие кафе со другарка ми. Мислам има право тој да си продоложи со животот ама да излезе на кафе до другарка ми? Мислам на некои тоа може се исто им се фаќа ама на мене не.
Да те направи љубоморна и да ве скара, а тој да си го исполни егото и да ја нахрани поноста. Значи ако ти е права другарка нема да искочи со него, или ќе му договори и ќе го за*бе. Значи тоа е негов срам, а не твој срам.
Se izvinuvam za bukvite, nemam mak poddrshka na ovaj komp. Dali e vozmozno naednas "golema ljubov" da zgasne kaj maskoto? Go stavam vo navodnici bidejki taka ja narekuvavme ljubovta megju nas, a pri naglo zgasnuvanje na custvata od negova strana pocnuvam da se somnevam deka bilo ljubov..
Пред речиси две години излегов со еден дечко што го запознав преку една другарка. Арно ама јас сум го знаела од многу порано. Кога бев во средно една другарка имаше дечко, го запознав она на поминување и толку беше. Фин он, добар, мил. Мислев дека нивната врска била онака, со бакнежи, гушкање, галење ама кога разбрав дека била уште поинтимна не можев никако да се замислам со него. Ниту него, ниту на другарка ми и пречеше тоа наше дружење, пиење кафе 3,4 пати ама јас не можев ни да се бакнам со него. Е сега, секогаш сум викала дека моите другарки можат да бидат со кој сакаат мој бивши освен со некои за кои бев сигурна дека би пречело. Имам еден бивши со кој бев околу 4 години, беше убава врска, мислев дека засекогаш ќе имам некакви чувства спрема него и на сите другарки им имав кажано дека не би поднела некоја да биде со него. Ми се јави тој пред некое време и уз муабет ме праша за една другарка со која доста се дружевме додека бевме заедно. Многу им одеше муабетот, имаа слични погледи размислувања и мислев дека така одлично се пронаоѓаат. Му искоментирав дека по тоа сум мислела уште тогаш дека има нешто, на што тој врати дека само физички го привлекува. Секако воопшто не ми падна тежок тој момент, ниту неговата заинтересираност за неа, па му предложив доколку сака слободно да си ја исконтактира. Јас не можам да бидам со некој кој е бивш на моја блиска, но очигледно за моите немам проблем
Значи,вака. Ние сме во една прекрасна врска,и навистина многу се сакаме,меѓутоа некои нешта се побркаа заради сексот. Први сме си еден на друг во тоа. Почнавме да имаме редовен секс и се беше супер. Проблемот е што имам некои периоди кога не можам да се напалам,и го одбивам. Меѓутоа,тој тоа го сфаќа пресериозно,ми се лути,па после кажува дека било афект,дека тоа било машкото его,дека имал силни нагони и заради тоа го болело кога ќе сум го одбиела. И затоа,многу пати сме имале секс,само кога тој сакал и знам дека не сум требала да го правам тоа,но едноставно не можев да ги поднесам тие негови афекти. Некогаш беше прегруб со мене,ми викаше дека ќе гледал други ако јас не сум го задоволувала,ќе беше ладен итн.. и потоа ќе ми кажеше дека било афект,дека не ги мислел тие зборови сериозно,ќе се извинеше. Еднашка го одбив и секогаш кога ќе го одбивав се осеќав многу лошо,и бев тажничка и се повлеков,не зборував ништо,и ми рече дека било очигледно дека е готово меѓу нас,но потоа се извини,кажа афект било,не мислел така. А јас бев тажна бидејќи неговите афекти допринесоа јас кога го одбивам да имам чувство дека не сум доволно добра за него и дека не го задоволувам доволно. Сега почнав и јас повеќе да уживам во сексот,меѓутоа деновиве не можам да се напалам и збунета сум скроз.. Тој ги намали афектите,се е супер но не знам зошто тоа се случуваше и тоа ме мачи.. Инаку освен тоа,тој е многу грижлив и добар со мене и се е како што треба.. Освен тоа што е голем инает,и ретко се извинува прв,и кога ме повредува некогаш не е свесен дека го прави тоа,треба да му објаснам,а кога ќе му објаснам вика дека бил ваков таков,се навредува а мене не ми треба тоа туку сакам само едно извини и едно те сакам и милион пати сум му го кажала тоа,и се промени малку. И сум била сексуално злоупотребувана во минатото,затоа некогаш едноставно не можам,и тој тоа го сфаќа,но секогаш ми вика дека не сум требала да се чувствувам така веќе,дека сега сум била сакана... Не знам како да реагирам и што да правам. Сакам да слушнам и машко и женско мислење на ова. Ви благодарам однапред.
За некои тоа непишано правило важи, за некои неважи. На кого како му одговара. Да бидам поточна, правилото дека никогаш не треба да бидеш со бивши дечко на твоја другарка особено не на најблиска другарка. На мене лично не ми било сеедно, некоја моја другарка да се пушта на мој бивши дечко. Па дури и да и се пушта он на нејзе она треба да ми каже и да го игнорира или пак одбие. Да се разбереме, јас и тој сме поминале низ многу работи и таа другарка да знае се за тоа, ме гледала како сум плачела за него и знаејки ги сите проблеми што сме ги имале и се што имало меѓу нас таа да си дозволи да биде со него? Па за мене тоа е чисто забивање нож во грб. Па дури и да го крие тоа од мене? Автоматски за мене би станала бивша другарка и никогаш не би и се смирила, па дури и да сме биле најблиски другарки. Тоа не е другарка. Тоа е некоја искомплексирана и љубоморна личност која од сите машки што постојат на овој свет, одбрала да биде баш со мојот бивши дечко. Не би го оправдала ни него, но сепак затоа и ми станал бивши. Некои ке се согласат со мене, некои не, ова е мое мислење .
He wasnt calling for her. Се јавил за тебе. Ако било за другарка ти, ќе бил примерот со Пупи, само ќе си ја соберел. И... девојки, ја опседнавте темава, единственото катче кај што владеат машки, го преполнивте со естроген.
Јас тоа сакав да прокоментирам ама преќутев да не се навредат, на неколку феминки уште малце ке им израснат и ..... Немам ни потреба да пишувам, се им е одговорено