Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Совети од МАШКА страна за сите девојки

Дискусија во 'Сингл' започната од TheBunny, 17 септември 2010.

  1. Jinx

    Jinx Активен член

    Се зачлени на:
    25 мај 2014
    Пораки:
    36
    Допаѓања:
    74
    Здраво :)
    Дечко ми ме изневери,се излапа со друга неколку пати,и му простив бидејќи го разбирам,понекогаш се случуваат такви нешта на кои не можеме да им одолееме,луѓе сме,грешки правиме. И тој тогаш падна во депресија,плачеше,викаше дека се разочарал самиот себеси,дека тоа што го направил било спроти неговите ставови,дека се мрази себеси и беше многу депресивен неколку дена. Јас бев тука за него,иако и јас бев скршена собрав сила за да го поддржам,да му кажам дека се е во ред,сите грешат... Му помина малку,се стабилизира,и јас почнав да ја покажувам својата тага,едноставно ќе ми треба време,но никако не се оладив од него. Само бев потиштена. И почна да ме обвинува дека сум се тргала од него,дека ќе сум го изгубела... А навистина не сакам да го изгубам. Тој е прекрасна личност. И почнав да се трудам,но повторно нештата не се како што беа.. И стварно не знам што треба да сторам.
     
  2. Daleron

    Daleron Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 јули 2014
    Пораки:
    2.996
    Допаѓања:
    16.413
    Пол:
    Женски
    Кој си ја има мувата на капата ќе си ја ишка. Глума од негова страна и стравот дека ќе те изгуби.
    Во прва прилика ќе го направи истото, штом еднаш си опростила секогаш ќе очекува да опростиш.
     
    На Hipica му/ѝ се допаѓа ова.
  3. WarriorAngel

    WarriorAngel Популарен член

    Се зачлени на:
    16 март 2012
    Пораки:
    1.789
    Допаѓања:
    4.836
    Пол:
    Женски
    Па и да се тргнеш од него во право си бе. Се излапал со друга, те предал тебе и е прекрасна личност? Не толку прекрасна според мене.
    Кога друг пат ќе ти рече дека ќе си го изгубела речи му дека тој и само тој е крив за тоа.
     
  4. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    27.166
    Допаѓања:
    177.094
    Пол:
    Женски
    Како си можела да му простиш, не ми е јасно. Си ја газите гордоста, честа..а тој сега ја врти приказната и те криви тебе дека си се тргала од него.
    Девојче, веќе ништо не губиш ти, ама го губиш разумот тоа знам да кажам.
     
  5. Gosling

    Gosling Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 мај 2012
    Пораки:
    147
    Допаѓања:
    258
    Пол:
    Машки
    Се е тоа само глума... за на крај го сврти на тебе, ти си била кривата |(

    Совет, боксови :punch:

    :lol:
     
    На fallenangel му/ѝ се допаѓа ова.
  6. eloves

    eloves Популарен член

    Се зачлени на:
    6 февруари 2013
    Пораки:
    2.669
    Допаѓања:
    7.606
    Пол:
    Женски
    Се гледа дека си личност полна со разбирање ама за некои работи колку и да имаш разбирање не треба да се простува. И ти имаш разбирање за дечкото кој те изневерил не еднаш туку повеќе пати сеедно што било со иста личност. АФЕРИМ :clap: Да бе злато луѓе сме правиме грешки ама тој ако те сакал тебе немало да си дозволи да направи грешка. И тој еднаш те изневери утре ќе те изневери пак ама ти сеедно имај разбирање за него. И кога ќе бидете во брак пред твои очи нека се ... со која стигне ти секако имај разбирање па и тој е човек на крај краишта сите грешиме. Тој пуштил две три солзи, кажал два-три лепши збора и ти секако му даде утеха небаре тој беше изневерениот на кој му требаше утеха ама ајде нека оде од тебе. И на крај заклучуваме дека дечко ти е ПРЕКРАСНА личност која несакаш да ја изгубиш. Каква прича, брачо моја мила .. немам коментар повеќе.
     
  7. omg92

    omg92 Популарен член

    Се зачлени на:
    22 март 2014
    Пораки:
    325
    Допаѓања:
    584
    Пол:
    Машки
    Ама освен што е прекрасен дечко, мора да е и феноменален актер. Свака му част :clap:

    Верувај, знам од лично искуство, ако направил така еднаш, ќе направи не уште еднаш туку уште 10 пати и ќе очекува ти пак да простиш. Сум бил во иста ситуација, сум простил неверство и ми се удри пак од глава.
    И мислам дека што и да кажиме овде ти пак ќе си бидиш со него, и во таков случај наредниот пат кога ќе ти плачи, речи му сам си крив и остави го, а не пак да простуваш.

    Од ова после иди сите машки дека се исти...
     
    На Hipica му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Jinx

    Jinx Активен член

    Се зачлени на:
    25 мај 2014
    Пораки:
    36
    Допаѓања:
    74
    Не морате до толку да ме напаѓате,океј е. Го сакав и му дадов шанса,што има толку лошо во тоа? Па сите сме луѓе од крв и месо. Не можете да кажете дали тој е прекрасна личност или не,бидејќи не знаете каков е и не можете да донесете заклучок врз основа на една случка.
    Да,го оставив. Немаше потреба толку да ме напаѓате.
    Извинете што воопшто прашав.
     
  9. eloves

    eloves Популарен член

    Се зачлени на:
    6 февруари 2013
    Пораки:
    2.669
    Допаѓања:
    7.606
    Пол:
    Женски
    Ти кажа дека бил прекрасна личност, не ние.
    И ако си го оставала тоа ти е доста паметна одлука оти кој изневерил еднаш ќе изневери пак а ти на крај ќе бидеш повредената.
     
  10. Daleron

    Daleron Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 јули 2014
    Пораки:
    2.996
    Допаѓања:
    16.413
    Пол:
    Женски
    Душо не се нервирај, сите или барем повеќето сме доживеале неверство и сме простиле.Ако ти мислиш дека може да се промени, дека било само момент на слабост или од било коа друга причина нели за се бараме причина тогаш не раскинувај. Во овој виртуелен свет на анонимуси сите знаеме да дадеме совет, ама за себе не знаеме(од лично искуство).Така да ако тој за тебе е прекрасна личност остани во врска види како ќе се одвиваат работите. Мислам дека во овој момент те моли да се смирите. :)
     
  11. omg92

    omg92 Популарен член

    Се зачлени на:
    22 март 2014
    Пораки:
    325
    Допаѓања:
    584
    Пол:
    Машки
    Па никој не те нападна. Ти праша за совет, ти кажаа сите како би било најдобро. Треба да очекуваш и критики, а не само некој да се согласи со тебе или па да те сожалува.
    И тоа што ти го кажавме повеќето не е со цел да те навредиме туку е наменето како помош за да не мораш да го трпиш истото понатаму (за неверството правам муабет).
    Ти си знаеш најдобро како понатаму
     
    На Hipica, eloves и Daleron им се допаѓа ова.
  12. WomanInRed

    WomanInRed Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 мај 2011
    Пораки:
    1.605
    Допаѓања:
    1.607
    Не можам да речам дека е некаков проблем па затоа само сакам некакво мислење..
    Понекогаш толку многу мислам на бившата негова, не е опседнатост, ниту му префрлам, еднаш само сме разговарале околу нивното и никогаш повеќе, дури ни на зафрканција не го спомнувам.
    Тоа што ме мачи е тоа што он ја сакал многу нејзе, дури и и простил неверство. А со мене е нестпрлив, одма се нервира и слично. Понекогаш размислувам дали би можел да ме сака барем малку од тоа што ја сакал нејзе.
    Да се разбереме, ме сака и секогаш ми вика да не те сакав не би бил со тебе. Инаку он чуствува бес према нејзе бидејќи го правел невозможното за нејзе и она му вратила на најидиотски начин. Го осеќам тоа од негова страна, бидејќи често е љубоморен, замислува сешто, не му е сеедно што правам и слично. Но (иако не знам како се однесувал со нејзе) секогаш кога ќе се испонаша лошо према мене си мислам дека само со мене се однесува така. Иако знам дека не е така, но за момент така се чуствувам.
    И немам недостиг на самодоверба (случајно ако помислите) и знам дека нема потреба да се замарам, бидејќи тие веќе не се гледаат долго време но не знам дали е ова сепак некоја несигурност или нешто друго?
     
  13. Bokchee

    Bokchee Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 октомври 2013
    Пораки:
    658
    Допаѓања:
    810
    Пол:
    Машки
    Колку време идете заедно? Секоја врска е различна, тоа што го правел невозможното за неа и таа му вратила така, може му е криво, сеуште има нешто кон неа, или се плаши ти да не му направиш истото. Затоа е љубоморен и така. Зошто не поразговарајте малце?
     
  14. Nausicaa

    Nausicaa Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 декември 2013
    Пораки:
    3.439
    Допаѓања:
    20.028
    Секоја врска е различна, како што пиша Бокче, бидејќи во самата врска растеме и доживеаните искуства, било позитивни било негативни, не менуваат во однос на тоа какви сме биле пред да ја запознаеме таа личност. Сведоци сме како некој луѓе буквално процветуваат кога ќе започнат врска додека пак некој пропаѓаат и преку ноќ како да овенуваат.

    Мила WomanInRed, каков бил тој со девојката пред тебе, тоа е нешто што останало во минатото. Сега ете е љубоморен поради целиот тој емотивен багаж кој го донел од старата врска во новата, на особено болен научил да нема доверба и да нема толеранција. Знам дека не ти е лесно но твојот дечко не е истиот тој кој бил претходно, лошото искуство си го има направено своето, не џабе се вика кој еднаш се изгорел, ќе дува на матеница. Тоа што е сега битно е како тој се однесува спрема тебе, минатата врска нека остане во минатото, каде и припаѓа. Ако сметаш дека неговото однесување надминува некој граници, ако сметаш дека тој преку тебе си лечи некој комплекси од претходната девојка, вие морате да разговарате и тоа отворено зошто ти не си крива за тоа што нему му се има случено и не си должна да ги толерираш неговите несигурности.
     
  15. omg92

    omg92 Популарен член

    Се зачлени на:
    22 март 2014
    Пораки:
    325
    Допаѓања:
    584
    Пол:
    Машки
    Не ми се верува дека некогаш воопшто би бил ист како што бил со нејзе. Кога еднаш ќе те уништат емотивно, тешко е после пак да си истиот. Таков е затоа што не сака пак исто да доживее.
    Настрана тоа, најдобро решение е секогаш разговор, и кога веќе знаеш дека нема никаква потреба да се замараш, немој. Пробај да му објасниш како стојат работите и ако треба и биди малку по "строга" ако тој претерува. Во секој случај нема право да се однесува така поради нешто што некоја му го направила порано
     
  16. Captain-Omni

    Captain-Omni Популарен член

    Се зачлени на:
    2 септември 2013
    Пораки:
    662
    Допаѓања:
    5.231
    Никогаш нема да те сака како што ја сакал нејзе, ама тоа треба да го гледаш како добра работа, зашто вистинската љубов е нешто кое не е чиста заносна емоција, туку совршен склоп на емоции, пријателство и искуство.

    Исто така, преиспитај дали си на вистинското место, бидејќи ако чувствува бес кон неа, тоа значи дека сè уште има чувства за неа и плус, ако се однесува лошо со тебе, тоа значи дека не му значиш. Ако е избувлив по природа, но знае да се извини, тоа е друго, но комбинација од „ја мразам бившата“ и лош однос кон тебе е убиствен.

    Мој совет за да бидеш сигурна како стојат работите е да ја „френднеш“. Доближи ја до себе и до врската по системот „држи ги пријателите блиску, непријателите уште поблиску“. Излези со двајцата, опиј ги и следи им ги погледите и однесувањата. По некоја чаша ќе се скараат, гарантирано... не ги прекинувај, само следи што имаат да си кажат, дечко ти све ќе си каже сам. Ќе процениш дали кон тебе и кон неа е различен, ќе знаеш на што си.

    Ако ситуацијата ја оставиш така, без решавање, може да си избледне со времето, ама може и да направи да сфатиш прекасно дека си била во погрешна врска.
     
  17. WomanInRed

    WomanInRed Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 мај 2011
    Пораки:
    1.605
    Допаѓања:
    1.607
    Еднаш имаме разговарано на оваа тема, он не кажал ниту еден лош збор за ниту една од нив. Мене ми излета да кажам нешто лошо за една од неговите бивши и тогаш ме прекина ми рече дека нема потреба да зборам лошо. Јас тогаш се налутив си викам ау што толку те здоболе, и ми рече дека и мене утре ке ме брани и ќе ги замолчува тие што ќе кажат лош збор за мене бидејки он ме знае каква сум и нема да дозволи некој да рече лош збор..
    Инаку избувлив е по природа, и сам си признава дека нема више трпение и живци како порано. Инаку не можам да ја френдишам зошто она не живее во Мк и мислам дека веќе е верена или мажена со друг (нот шур) А и да беше никогаш не би сакал и тој не би го прифатил тоа јас да разговарам со нејзе или да имам било каков контакт..
    Можеби сето ова доаѓа од тоа што он е малку ладен тип, не се отвара (со никого), сакам да покаже малце љубов но ете таков си е. И јас го знам тоа, не ме повредува, го сакам баш таков каков што е но понекогаш ете се појавуваат тие прашања, стравови
     
  18. Bridget

    Bridget Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 декември 2013
    Пораки:
    9.692
    Допаѓања:
    134.923
    Ретко кој немал бивш во животот во кој бил многу заљубен, ти си немала? Да се сомневаш или знаеш дека контактираат, се движат во исти кругови и сл. да те мачи помислата дека нешто може да се случи. Но штом и двајцата си продолжиле со животот далеку еден од друг, немаш фајде од многу мислење. Нема никогаш да знаеш дали повремено помислува на неа, и на каков начин помислува, ниту ти ниту некој од нас ќе знае. Толку длабоко во фантазии да му навлегуваш не можеш, а верувај ми не ни сакаш :D Ако ти се чувствуваш задоволно во врската, имаш љубов и внимание од него, друго не ти треба да знаеш. Дали можеби едноставно не ви е толку добро во врска, па си бараш објаснување зошто е тоа така? Ти треба да го добиваш тоа што ти треба од една врска, од него како човек, а не да психоанализираш зошто тоа не е така.
     
  19. rebekar

    rebekar Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 април 2011
    Пораки:
    53
    Допаѓања:
    26
    Познавам еден дечко со кого во последниве 2-3 месеца често сме заедно (во исто друштво) а претходно се знаевме онака само на здраво. Значи ептен се зближивме, но сега за сега сме само другари. Искрено, не е некој убавец ама чувствувам дека ме освои и дека има некоја хемија помеѓу нас.

    Последниве неколку недели до пред некој ден покажуваше знаци дека можеби му се допаѓам (а јас на ниеден начин не се однесував за да го одалечам од мене). Но, последниве неколку дена (особено вчера кога се видовме) некако беше поладен и делуваше доста незаинтересирано. Јас мислам дека игра топло-ладно а ,тоа мене многу ме нервира. Едноставно не му прилега на 20 годишен човек да прави такво нешто.

    Е сега ме интересира зошто вие машките сакате од време на време да играте на таа карта топло-ладно? И што треба да правам јас, да чекам или да преземам нешто? Обично не сум тип на човек што прв ги изразува своите чувства, но овој пат мислам да ја преземам контролата врз ситуацијата во мои раце.

    Од друга стана пак ако не е повеќе заинтересиран (а јас му се отворам) или ако нешто се случи помеѓу нас а заврши на неславен начин (за потоа да не може да останеме пријатели) би било многу лоша ситуација бидејќи секојдневно сме во иста средина и контактот ќе биде неизбежен. Што би ме советувале, како да постапам во целата оваа ситуација?
     
  20. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    27.166
    Допаѓања:
    177.094
    Пол:
    Женски
    Нека не те лаже болдираново, на било која возраст на маж му одговара и прилега да игра топло-ладно. Психички како што сака он така си свири.
     
    На Hipica му/ѝ се допаѓа ова.