Баш ме интересира дали иако ја сакате својата девојка ви се менува начинот на кој ја третирате? На приемер, дечо ми порано се одесуваше поразлично, а се уште тврди дека ме сака и сл. Дали е тоа нормално или?
A мене ме интересира дали ако порано сте имале 4-5 пати неделно односи,а сега 1-2 пати неделно нешто не е во ред? Пример кај мене секогаш сум јас иницијатор на тоа, и секогаш е изморен,не му е денот.. Нз не ми е јасно? Машко да ме одбегни,а исто вели дека ме сака,за друга уверена сум дека нема. Тогаш што е проблемов? Оти јас од други машки имам слушнато дека машко за секс никогаш не одбива демек,а еве овај мојов ме одби.
Биди малку поконкретна. Што е тука ненормално? И до кога со тие стереотипи дека машко за секс никогаш не одбива? Епа и јас имам слушнато дека откако женското ќе се опушти, за секс не одбива. Што ве прави тоа, „дрољи“? (без намера да навредам никого) Кај мене па најчесто било баш така, 1-2 пати неделно секс, но се осеќам еднакво „машки“ како и сите други. И нормално, не заборавај дека љубовта НЕ Е само секс.
Момците сакаат многу практични работи. Ко со мојот еднаш разговаравме за ова и ми вели: подароци сакам нешто што ќе го користам , а не детски глупости. Не знам за што ми рече ако ми подаруваш сакам шампон и дезодоранс. Ете така
Да го знам тоа ама уште што ли му немам поклонето е сега сакам онака без причина да му подарам нешто може 300 грамско чоколадо (заедно ќе си го изедиме ) ама сакам уште нешто
Jaс да сум на негово место, ќе ти речам фала за чоколадото, и бргу ќе те испратам за сам да си го јадам во најблиската грмушка. А за уште нешто, наочари, како што доаѓа сега пролет/лето, а со тоа и посончеви денови, ќе има секакви наочарчиња и моделчиња за мали пари.
Па ситници се, пример порано почесто тој бил оној што иницира средби, сега поретко, порано ми давал многу комплименти, сега поретко...
Ма максимум една коцка, колку да види колку е убаво, и после да е свесна колку убаво чоколадо си јадам. xD A за очилата, па бидете малку инвентивни, креативни... Доаѓате на тезга со дечкови за наочари, пробувате вие, демек заинтересирани сте, и тој видел - не видел додека чека, ќе проба некои модели, за некој ќе рече „Па да ти кажам овие и не се лоши.“ и вие на тоа „Епа со здравје да си ги носиш, чао, пријатно.“ Порано може не го мачел некој проблем, сега можеби го мачи. Порано можеби не сте разговарале за ваквите промени, сега РАЗГОВАРАЈТЕ! Прашај го дали е се’ во ред кај него, не само во поглед на врската, општо, дали има нешто што му создава проблеми и го деконцентрира...
Сум прашала и вели дека се е во ред, дека нема ништо, па ме интересираше дали е нормално за една врска или ...
Па може му се здосадило почесто тој да иницира средби, а па и зошто ти се постојано комплименти? Е ние жените сме многу чудни. Тоа дали те сака можеш да го откриеш во многу работи, во погледот. Има и поголем комплимент од насмевката кога ќе се сретнете? Па и не мора многу често да се гледате т.е зависи што подразбираш под почесто.
Епа тогаш едино уште останува да е во ПМС, друго нешто не ми текнува... )) Но да не се смеам на твојата мака, ќе кажам само дека ете, можеби е период, има некој притисок од дома... остави уште некое време, но ако нема промени, пак прашај го, и инсистирај да дојдеш до одговор. Или како што пиша дотичната ценета над мене , преземи сега малку ти иницијатива. Кај мене така беше со една девојка. Откако првата цела година јас иницирав секакви средби и заеднички моменти, дојде време кога мислев дека таа не ги цени, и оставив таа да презема прв чекор. Немаш појма како ми годеше тоа.
Е да, можеби и тој мисли така за средбите, не велам дека не. Фала ви во секој случај ако има пак нешто ќе ви се обратам.
и повторно јас... секако со нова ситуација... Има еден тип со кој се знам со години (еве да речеме12-13год) и со кој се среќаваме онака на излегување. Никогаш немало ништо повеќе од дружба муабет што правиш како си се до претходниов викенд кога се најдовме во диско и кога ни тргна муабетот и останавме јас и тој до крај и пред да излеземе од диско ме пољуби и тргнавме накај дома... Ме испрати, ама не разменивме броеви иако ми кажа кај ќе биде наредниот ден да поминам. Пак се видовме и пак истата ситуација, јас и тој до крај ме попраќа накај дома, ме држи за рака... овој пат разменивме и броеви. Наредниот ден се слушнавме и се договоривме да се видиме иако беше онака на кратко, зашто јас морав да се пакувам и да се приберам накај дома (живеам и работам во друг град) и еве деновиве има онака слушање еднаш во денот, шо праиш со има ново... спонтано... нареднава недела планирам пак за викенд да одам во мојто родно место (од каде е и тој-живее и работи), ама не знам како да се поставам. Не сакам да форсирам, а сакам да се видиме, да иницирам средба итн итн. Иначе знам дека ќе се сретнеме на излегување и без да се договориме, ама сакам некако работава да тргне... ептен е срце типот иако никогаш до сега не сум гледала така на него... И сега?? како да се поставам?? Да не бидам нападна и напорна, ама и да не испратам погрешен сигнал (што често ми се случува)? Ајде давајте совети и фала Ви секако ))
Кратко и јасно...кога ќе си одиш дома...ќе му се јавиш и ќе го прашаш дали сака да се видите , да излезете на кафе муабет.Онака тоа ќе го кажеш спонтано и пријателски...Подобро што вака се слушате повремено...не мора да си нападна ти прва да му пишуваш или да се јавиш...ама понекогаш изненади го.Машките го сакаат тоа.Пробај биди директна за средбата па за понатаму ќе видиш...Ама спонтаноста е најдобра за почнување на нешто.
Биди си опуштена, спонтана, ќе си отидеш дома и ќе му се јавиш чисто онака "кај си бе, шо праиш" и ќе си разврзете муабет....Ништо страшно....На крај како што ти кажа јулие77 речи му да се видите...или прашај го..."А ќе се видиме?"....не верувам дека ќе рече не.... немаш потреба од паничење...у добра ситуација си
Значи не го разбирам машкиот свет, ај момци ве молам појаснете малку. Прв и приоѓаш, се мувате ( ние само се бакнавме, јас не сакав да „брзаме“ ) и велиш дека ќе правите муабет, по некој ден и пишуваш да се видите, таа прифаќа и и го бараш бројот, велиш ќе ја побараш, таа ти го дава бројот ... и оп, по ден, два го менуваш однесувањето. Го креваш носот, таа те прашува дали си ја видел пораката и ти и викаш - да, ќе се слушнеме важи? И пак не се јавуваш... Што машко ќе беше ова и што ви се врти во тие машки глави кога правите вакви работи?