Ама чекајте малце... сите сме различни. Зошто да не гледаме на тоа како слики со баби дедовци кои починале, дали би ги искинале/избришале затоа што веќе ги нема во вашиот живот? Да, знам дека не е исто ама некои луѓе сакаат да чуваат спомени, тоа што има слики од бившата го потсеќа на дел од неговиот живот кој не може да се избрише и можеби ги чува за да си ја памти по убаво. И тоа е до некаде ок. Јас искрено не функционирам така, мене ми е полесно да избришам се од компјутер и од секаде што ме потсеќа на некој бивши, а од друга страна скоро сите врски ми завршиле на не толку убав начин. Последната која траеше кратко и не беше сериозна, заврши сосема ок и искрено уште ги имам тие слики и не планирам да ги бришам бидејќи немам потреба.
Некое лебдечко правило, лабаво правило е дека момците се тие кои иницираат СЕ, нели... први пристапуваат, први бараат број, први бакнуваат, први иницираат секс, па така и први бараат втор состанок. Чисто заради непишаното правило, нема да му биде чудно ако ти не го бараш и ќе се реши сам да ти се јави, знаејќи дека он треба да биде иницијатор. Ако си продужите со муабет на чет, смс, што и да е, а не те вика на состанок, може му е срам и страв, може мисли дека ќе го одбиеш, може мисли дека не се покажал. Викни го ти и види колку е саат.
Потребно ми е мислење, може и од машки и од женски. Имам 22 години. Имав една случка викендов. Бев во друг град и во дискотека запознав едно момче. Ми се пушташе, а и мене не ми требаше многу бидејќи бев доста под дејство на алкохол (а и тој) и се смувавме. После тоа ме викна да одам кај него во станот. Јас му кажав дека немам намера да правам нешто повеќе со него, и тој ми рече дека не е проблем дека само ќе се гушкаме. И знаете како е, алкохолот работи, мозокот не, и отидов. Многу ми беше убаво, се гушкавме, бакнувавме, беше страсно, но секс немавме, сепак не можам така за една вечер. И од толку што бевме пијани сме заспале и двајцата. Кога се разбудив беше 10 часот наутро. Сакав да си одам, а тој ми викаше остани уште малку, ме гушкаше, ме бакнуваше, всушност цело време спиевме гушнати како да сме којзнае колку заљубени. Мене ми беше многу срам и станав веднаш и си отидов. Броеви не си разменивме, ми се беше исклучил телефонот и не ми ни текна од што пропаѓав во земја од срам. За околу 3-4 саати пак се видовме случајно во кафич, се поздрави и слатко ми се насмевна, поседе со нас 2-3 мин, но се брзаше да оди на состанок (не лажеше за тоа сигурна сум) и отиде. Е сега сакам да ве прашам дали да го направам првиот чекор и да му пишам нешто на Вибер? Му го најдов бројот. Дали ќе биде глупаво да му пишам, и ако не е, што мислите дека треба да му пишам? Првпат после долго време имам чувство како да се заљубувам, не знам дали е вистинско ама ете така се чуствувам многу возбудено, со пеперутки
Епа ондак, сакал нешто повеќе со тебе додека си била таму. Така да, мислам да се повлечеш. Ептен некако лесна ќе те гледа.
Тој ако сака ќе те најде и број и фб и се. Штом не го сторил до сега, јас мислам дека само те испочитувал што си нејќела ништо.
Зошто се држите до одредени стереотипни наводни правила?? Точно дека мажите се ловци, дека треба да го направат првиот чекор ... Ама не е страшно ако веќе ви е стартуван некаков однос, вие жени да бидете и малку по иницијативни. Ништо страшно ако пишете, се јавите за да го слушнете. Машките веќе се од поинаков профил, сакаат да бидат истинтрани, да имаат девојка иницијатор покрај себе. Сега не она досадно нападна, ама повремено да му покаже дека има интерес од нејзина страна. На крај краева ништо не губите, на тој начин само ќе увидите дали има и од негова страна позитивен фидбек за понатаму или не. ДЕлена слободно пиши му, ризикувај нели
Не сум јас крив, децава се родени еден за друг, кој што сака нека каже. Инаку ДЕлена, ќе бидеш лесна токму ако не го побараш, ќе излезе дека си била само за една вечер и дека си океј со тоа. Пиши му нешто во стил „Не ми барај број, јас ти најдов тебе. Пиши ми ако сакаш да довршиме некои муабети што ги почнавме“. Така ќе мисли дека го викаш на секс, а ти можеш да го чуваш тој ас во ракавот сè додека не го посакаш вистински, а до тогаш муабети си со него и запознај го убаво.
Мислам дека тој да сака ке го најде твојот број исто како и ти нели? Си сакала и си го нашла. Чекај, ќе помисли дека си се затрескала одма, барем ако му пишуваш немој уште одма
^ А како знаете дека веќе не го нашол и тој нејзиниот број, ама си седи дома и вика „ако сака, ќе ми го најде бројот“?! Како знаете дека на состанокот не запознал девојка која одма му го дала бројот? Како знаете дека кога ја видел Елена на кафе суптилно и меѓу редови ја прашал за телефон, ама таа сфатила дека ја прашува нешто друго. Може сум глуп, ама мене ми се десило сто пати нешто погрешно да сфатам што ме прашувале. Како знаете дека не си вика „не сакаше ни да имаме секс, а спиеше со мене, сигурно не и` се свиѓам“. Како знаете дека не си вика „бев дури и на кафе следниот ден и ме игнорираше, сигурно не и` се свиѓам“. Како знаете дека не му е срам да ја побара и никогаш нема да му помине срамот освен ако не се опие пак. Како знаете дека не му е страв да не го одбие и никогаш нема да му помине стравот. Вие мислите дека мажите на светот сите се Конан или Терминатор. Истиот збир од крв и месо се како и девојките, само со пар различни органи за репродукција и за нијанса поинакви емоции во одредени моменти.
Ако си го нашла на фб, напиши му некоја фина кратка хумористична порака во врска со претходната пијана вечер, и види како ќе ти одговори, дали ќе продолжи со фин разговор и ќе те покани на кафе или ќе добиеш некој безобразен предлог.
значи ако ти се свиѓа јави му се... Подобро да се јавиш отколку цел живот да го живееш што би било ако би било. Вака ќе знаеш на сигурно со кого си имаш работа. И да си се изблемирала вечерта ако се се одвива супер со вас што би било битно кој на кого му се јавил прв, на крај само ќе се смеете и зезате за тоа и пак ќе ви биде супер. А ако, не е за тебе, барем ќе знаеш дека не бил за тебе, и нема ни да ти текне на него веќе. И не познавам ниту еден кој се чувствувал лошо затоа што некој му пишал порака СИ ПРОЈДОВ НЕОЧЕКУВАНО СУПЕР ВЧЕРА, СИ ЗА КАФЕ -јас частам Многу филозофирате,...љубовта не се филозофира се применува.
Значи вака.. Имам дечко со кој сме веке 3 години во врска, живееме заедно веке цела година. На почетокот се беше од убаво по убаво да не речам совршено. Ми се јавуваше ме бараше гледаше секое слободно време да го помине со мене ми правеше изненадувања итн.. Откако почнавме да живееме заедно почна да се менува и во понашање и во све. На одреден период бараше да направиме кратка пауза со тешко срце прифатив некако, замина за странство и ставаше слики со девојка за која се скаравме пред да замине. По два месеца почна да ми прака песни пораки како не можел без мене како се кае шо напраил итн. за девојката ми рече дека немал ништо ставал слики за да ме испровоцира (не знам зошто само). Му простив и се смиривме. Почнавме пак да седиме заедно и се беше како првиот пат. Поминаа веке 5 или 6 месеци тој пак се враќа на старо. Него се го нервира што ќе речам, ако се скараме мирно реагира, дали затоа шо знае дека утредента се ке биде ок не знам. Има моменти кога се добар со мене, кога сме излезени кога сум кај него на работа (работи во кафич) кога сме во друштво. Еве денес брзаше што побргу да искочи од дома да иде на работа, а се трудам да е го напнувам. Се почесто е пред огледало со фризури со све (порано не водеше толку смета за својот изглед) не знам што да правам... помош????
Значи тој те оставил и отишол со друга и кога она го шутнала се вратил кај тебе бидејќи знаел дека го сакаш. И сега пак истото го прави и тебе ти е чудно. Што ти е чудно? Мислам не би сакала да те осудувам ама зошто си му простила и си се вратила на старите стапки? А за изгледот машките некогаш не водат а некогаш и водат грижа тоа не би требало да те зачудува. Разговарај со него за промените кои ги забележуваш кај него.
Можеби јас сум слепа, но зшто сака да живее со мене, според мене ако сака да фура и со друга нема да ме бара да живееме кај него заедно, ми се колнеше дека немал ништо со неа не знам веќе ќе препукнам. А да и ке заборевев.. разговаравме и ми рече да не си правам филмови во главата дека нешто не е во ред.
Ти замолчуваш пред неговите грешки и можеби оти премногу му простуваш па затоа те одбрал тебе ти да бидеш таа што ќе биде дома а тој посекако може да си прави излети и да фура со друга. Можеби е материјална корист во прашање или ти си му најсигурна дека што и да се случи нема да го напуштиш затоа што го сакаш и слепо му веруваш.
Ти замолчуваш пред неговите грешки и можеби оти премногу му простуваш па затоа те одбрал тебе ти да бидеш таа што ќе биде дома а тој посекако може да си прави излети и да фура со друга. Можеби е материјална корист во прашање или ти си му најсигурна дека што и да се случи нема да го напуштиш затоа што го сакаш и слепо му веруваш.