Во рок од месец и пол ме запознава со неговите дома, јавно излегуваме, се дружиме со заеднички пријатели, ми се отвора за работи кои јас не би ги кажала на човек што го знам еден месец и океј.... нормално се зближуваме, врска нормална и се добро... АМА почнува да се менва пријателот мој со понашањето свое и почнуваме да не се гледаме како предходно, во ред си реков и онака малце и мене ми треба простор да се свестам за се, а секако и за него простор....ама до пред некој ден кога на телефон се слушаме и ми вели: Секако! Зошто да не и го честитам (на бившата) па јас и пред една недела сум поканет на роденден ....и замислете вечерта беше кај неа дома и јас му велам а зошто ме лажеше дека немаш контакти со неа ? И добивам одговор: Па јас со сите се слушам и гледам кога имам слободно време. СЕРИОЗНО? Многу детски постапки а не е баш мал во годините ... од тогаш му спуштив и не се побаравме еве неколку дена веќе
Па без разлика дали на некој му се свиѓа или не, многу луѓе имаат контакти со бившите, немора да значи ништо. Ти треба да знаеш дали да му веруваш или не, на твое место не би верувал слепо на некој што го знам само месец и пол, а викаш дека веќе те излажал дека нема контакт со бившата.
Ептен антиромантичен тип на девојка сум,и врска си немам што да му купам на дечко ми за еден месец врска... Предлози?
Мене не ми е проблем да контактира чисто другарски, тука не се работи за такво контактирање туку спротивно на тоа другарски.... така да очигледно си ја сака сеуште бившата а јас си трошам време...
за година врска океј ми е да му купиш нешто ама за еден месец врска мислам дека немаш потреба од поклони секако доколку не сте се договориле да си поклоните нешто... инаку ете можиш нешто скромно и слатко.
Ако е гејмер купи му, знаеш...гејмерски работи Џојстик, Игра некоја (скапи се скроз), слушалки... И по овој пример следи си.. каков е тој, таков поклон. Јас на почеток купувам клишеа (парфеми ова она) за кога ќе дојде "кризен" период да се потрудам повеќе околу поклон и да си речи леле убо ептен и пак нема кавги некое време
Јас како антиромантичен тип би ти рекла едно поводниче да му купиш да трчка по тебе. Зависи со колкав буџет располагаш, ама јас мислам за 1 месец врска ќе пројдете со едно милка чоколадо големо.Ќе му речеш повели заблажи се иако не е послатко од мене
Абе Ази, не мора ништо романтично ако не си таков тип. Парфеми, ружи, свеќи, мечиња конкретно мене не би ме израдувале и ми се веќе клише. Ако сака благи работи, можеш една Милка да му земеш, ама и не е работата во материјални работи, битен е гестот он и на крембанана може да се израдува. Ако има омилен бенд, можеш цд да му земеш, ама ултимејт предлог е тој ден/таа вечер да бидете авантуристи и со слободен дух.. да одите на ваше заедничко омилено место, да се качите на кров на зграда, на Водно, па и дома нека е, земете си нешто за каснување и пиење, расположете се, прајте си дип филозофски муабети, смејте се.. Ако има по некое чувство за искажување, искажете си го до крајот на вечерта. Абе нешто својствено за вас. Нека не биде тоа одбележување на нешто конкретно, само некоја поспешл вечер, на понеобично место за излегување.
Јас ете никогаш не сум можела да разликувам пријателски флерт и оној другиот. Се нервирам бидејќи никогаш не знам на што сум и само со прашалници си останувам во главата.. И мажи дали флертувате со сите или само со оние кои ви се допаѓаат ?
Нема пријателски флерт. Или е флерт или не е . Јас, кога зборам со другарка, зборам како што зборат нејзините другарки, пријателски муабет. Ако некоја ми се свиѓа, флертувам како што се флертува. незнам каков е тоа пријателски флерт, ама очигледно на некој другар му се свиѓаш
Па не е и баш ситуацијава да ти биде сеедно. Јас сметам дека ако си бивша и има комуникација со тебе или никогаш не те сакал или сеуште те сака. Дури и ако едниот зборува негативно за бившите, јасно е дека не се надминати туку се сеуште свежи во сеќавањето. Јас не комуницирам со бивши од причина што чим сум расчистила со некого нема што да комуницирам. Така да потполно во право си за таква реакција. Па тие двајца вчера биле љубовници? За што би комуницирале они и би иделе на заеднички родендени и слично. Иначе уште една работа да ти објаснам, ние девојките мислиме леле ме однесе дома па ме запозна со неговите, па искачаме со заеднички друштва и летаме во облаци. А вистината е сосема друга. Тој е едноставно така со сите, не си ти нешто посебна па он сега ај оваа е посебна да ја носам дома. Ти си како секоја друга девојка, и он сите до крај ке го носи зошто така е навикнат. И јас сум имала таква врска и си правев филмови во главата а уствари на него му било само убаво со мене и толку. Така да немој неговите постапки да ги земеш здраво за готово и да си помислиш дека он којзнае колку е заинтересиран за тебе, Да беше, знаејќи дека идењето или комуницирањето со бившата ќе те повреди (што и него би го повредило во обратна ситуација) немаше ни да го направи тоа.. Или ќе си тераш со него бидејќи ти е убаво во негово друштво ама ќе си знаеш на што стоиш или ќе разговараш работите ќе ги дефинираш од почеток па ако сака добро ако не ариведерчи со среќа
Ми треба совет ! Пред некое време се запознав со еден 30 годишен. Излеговме 3 пати до сега, знам дека е премалку ,ама имам некое чудно чувство кое ми вели дека му се допагам повеке физички отколку карактерно. Уште првиот ден ми рече дека јас ке сум била негова женска,и дека ни јас ни тој нема да најди подобар/подобра. Во мегувреме освен то шо се гледаме во живо ,нема никаква трага ни глас со пораки или повици од него. Претежно кога запознавам некој имам чувство дека не му сум интересна ,некако сум помирна личност.И веројатноста дека и за него важи та е голема.Тој е некако покомуникативен од мене и се плашам дека во тој аспект не сум доволно добра за него. И самото то шо не ми пиши и не ми се јавува некако го потврдва сето то.Заради то имам некој страв во себе кој ми вели дека нема уште долго да сака да се гледаме ,и дека по некое време ке ми реци дека не го интересирам. Потребно ми е машко мисленје ,да знам дали е нормално то да не е пренападен или е само показател дека не е доволно заинтересиран. Размислувам дали да му речам да не се гледаме појке...
Да не е женет човеков испита?????????? Верувај си на интуицијата мене никогаш ме нема излажано. Малку ми е чудно без повици без пораки, а се гледате од време на време. Нека одговорат и машките ама мене не ми е нормално неговото однесување. Што му значи тоа дека не можете да најдете подабар/а, а никаде го нема да се јави.
Не,žенет не е сигурно. Инаčе претходно сум имала слуčај кога деčкото се јавува секој ден ,исто така и се гледавме,и на крај испадна дека не бил за врска.. Зато не знам дали е то показател на незаинтересираност или не мора да знаčи...
Не сме во врска се уšте .Моžеби во то е разликата ... Kako i da e Се čувствувам некако разоčарано ,проблемот сигурно е во мене.
@newme Зошто се обвинуваш самата себе. За што? Треба да го силуваш, да му зврцкаш нон стоп. Не ми е јасно што треба да направиш? Не сме сите исти отворени дружељубиви и самата велиш дека тој е поотворен тип. Мислам дека имаш доволно години за да можеш да процениш дали те гледа само како сексуален објект или како нешто повеќе. Мила моја тој ако има голем интерес ќе те бара, ќе ти се јавува, тук там по некое пораче, море нозе ќе искрши за да се видите, а не вака на игнор те става.Не се обвинувај дека ти грешиш, па што сака нека биде. Не дозволувај да ја наведнеш главата. Само гордо и напред.
Ај вака, ако сакаш да го добиеш, или да се заинтересира повеќе/ Мораш малце да бидеш ладна. Веруј ова секад пали дали машко кон женско или обратно. Ако сакаш па, мораш да му дадеш до знаење дека сакаш да те бара или да ти пише порака. Биди директна и кажи му. Он очекува ти да трчаш по него, и се прави стрина перса.