Мила јас да сум на твое место би си нашла некој друг, како бе може така да прават, прво другарот па после другиот како сакааш , јас би се тргнала бидејќи многу ми е нелогична ситуацијава
Овој као демек не знае дека ние се свиѓаме, баш ме прашуваше од каде се занеме, ама сепак стравот од претходно владее во мене и нз што да правам. А типов, овој што го свиѓам е многу добар карактерно, мил е ,е сеа сака игрички топло ладно ама сигурно е дека ме свиѓа. Имам и примитено кога ќе види малце го избегнувам, незнам како да се изразам ама ајде да речеме трча по мене, душичка е..,
ако си сигурна дека му се допаѓаш во ред а чекај се допишувате, излегувате па ти некогаш си го избегнувала па тој трчал после тоа по тебе или? инаку во природата на секој човек е да трча по некој кога ќе забележи избегнување..и уште нешто ако си се допаѓате еден на друг зарем не пробувате нешто заедно (мување, врска ) ме заинтересира со работава па се обидувам да сфатам и ако можам да ти помогнам.
Дали помалите машки имаат храброст да му се пуштаат на поголеми женски? Еве на пример јас имам симпатија од 1 година на факултет, а јас сум 3та? Како на пример машките гледат на ова страна? Еве на пример ако женската му се пушта и ако е поголема од него? Баш ме интересира ова
Може бе зашто да не./ Само дај му некој знак дека ти се допаѓа.Ако е итар и го прочита тоа ќе ти се пушти, ако има муда де.
Се гледате неколку пати и уште од одма едноставно ви доаѓа да се изедете, ужасна сексуална привлечност, ама без емоции. Не сме деца што значи за некои работи сме возрасни, ама не сме ни тинејџери да правиме глупости. Не сакам ништо сериозно, ама не сакам ни да испадне too easy... Ме сфаќате? Како да се одигра паметно?
I believe in the power of alcohol. Излезете пак, сами или со друштво, сеедно, напиј се пристојно, ама прај се како да си испила добро. Детска е финтава, ама нема никој да ти води евиденција како си лажела. Забавна лага е „многу сум пијана, не смеам дома вака, ќе ме видат моите“, он ќе предложи да идете кај него, ти ќе речеш да не му сметаш, ама ај само еден саат додека те пушти алкохолот, а следниот ден ги имаш сите опции под изговор на истиот тој алкохол. После можеш да го играш not too easy. Прави се дека било грешка, дека не сакаш ништо, дека ти е криво што си растурила другарство, бла бла бла... до моментот кога ќе решиш дека сакаш пак. Има и други варијанти, ама се варијации. Ако па не сакаш алкохол да игра улога, тогаш немаш опции за лажење, а да имаш опција „ништо сериозно“ и „not too easy“ во иста приказна, не е возможно. Освен нормално, ако не ја закомплицираш, буткаш некој план со месеци, за време кое тој ќе легне друга, ќе изгуби интерес... опции милион.
Јас би додала ... затоа што сте возрасни и двајцата свесни дека хемијата работи да одите на отворен договор дека ќе биде физичка врска без емоции. Само отворен муабет. Ма да јас би ти рекла претпазливо, ако немаш добра контрола на истите (емоциии), секако може да се појават. Take a chance!
Многу ми е тешко. Ја упропастив најголемата љубов на маж ми со најбаналната постапка. Имено чистев и му ја сјебав тастатурата за сите пари несакајќи секако. Нековиот гејмерски скап ПС не го поднесе дезинталот најдобро. Колкави се шансите да се поправи кога ќе се исуши ? Колку ќе чини да му го поправам срцето и тастатурата ? Можно е ? Се работи за тастатура на лап топ. Напомена- само го пребришав. Добредојден е одговор што поскоро.
Де бре за една тастатура толку проблеми? Па и на лап-топ. Ќе треба да се однесе во сервис пошто подобро тие да ја сменат отколку дома. И можеби ќе потрае целосна процедура 2-3 дена до недела и толку.
Немаше големи скандали, возрасни луѓе сме воопшто не се налути, ама знам дека е разочаран. Едноставно некои предмети се од големо значење за некои луѓе. Може е безвеза ама јас би се осетила за никаде ако видам дека некој некако ненамерно ми ги оштетил омилените штикли на пример. За момент се понадевав дека ќе се исуши, и уште поглупаво ќе проработи ама дефинтивно ќе мора да се замени. It is what it is :/
Де де, мене ако некој вака ми вика за тастатура најголема љубов ќе се разведам. Зарем детето и ти сте му најмалку битни од тастатурава? Ќе си купи нова. Тој па и маж, па играл игри. Бог да чува.
Се шалеше , се разбира дека не му е најголема љубов , али му е љубов , како што на жената и е љубов таму чевли чижми чоколади или незнам што така на мажот му е комјутерот ... Еј па како кажа МАЖ бил па уште играл игри ... срамота значи... а што ако е супер човекот све во реален живот зашто да неможе да игра игри на компјутер? Еве јас на пример , кога ќе бидам оженет би играл игри на компјутер и воопшто не мислам дека би било лошо , ако имам баланс во животот зашто да не .... глупости чисти ова ако бил маж срамота било да игра игри .... Тебе да ти истурам сок или нешто на твојата омилена облека или нешто омилено и сигурно немаше да кажеш ок е ...
Па не си ми истурила намерно фала богу. Па и да ми е омилена, ќе го исчистам или пак не мора да го чистам. Материјалните нешта не се вреднуваат толку колку што треба да се вреднува жената и детето дома. А игрите се за деца мали, тој не е мало дете.
Бубаче ај кулирај женска со ваквите ставови тешко дека ќе се снајдеш во машкиот свет. Со Јипман се најдовме на иста бранова должина, впрочем јас со мажите вообичаено е да се најдам затоа што нивната комплексна едноставност знам да ја протолкувам без многу драма и феминизам, Не изреагира никако, иако знам дека му е криво. Само ме гушна и ми забрани да се нервирам и да туфкам околу тоа, рече ќе ја замениме и тоа е тоа. Нешто подоцна дури се шегуваше на сметка на мојата неспретност. Ама разочарувањето му се чита од погледот. Инаку маж ми е зрел и го користи компјутерот за работа, неопходен му е и моментално мојот му е на располагање во секое време, но не е тоа тоа знам јас. И да игра и фудбалче и ред други глупости понекогаш и го сакам заради тоа. Тоа се неговите "машки работи" како што ми е мене лакирањето на пример. Мене ми е криво што го направив тоа. Искрено ми е. Можеби затоа што и јас самата сум таква, лесно се врзувам за предмети кои ми се од емотивно значење. Инаку, замислете се исуши. Уште по некое копче не фукционира соодветно. Рече дека поодмна истурил кафе врз неа па проработела по недела дена. Барав совет кој гест би бил соодветен како утеха во знак на извинување. Добив крива проценка по сценарио на популарни турски серии. Боже, боже...( цитат, од горноспоменатите )
Да, излегуваме, се пишуваме, и имам пробано да го избегнувам и одма почнува да трча по менее па наоѓа као некои изговори колку само да ми пише или нз шо.. 1 за малку ќе се смувавме ама од пуст страв се тргнав и до тогаш ништо се нема случено и тогаш почна да е малку поладен, и почна и со други, ама пак продолжува да ми пишува да ме вика за излегување и такви работи, ми кажа вечерта и дека ме свиѓа јас незанев шо да одговорам ќутев а и другарка ми, ми рече тој сега се мува со др и поладен е бидејќи мисли дека не го свиѓам... А очигледно е дека го свиѓам ама нз.. И во главава си иам некоја глупа теорија дека тој се мува со друга и на моменти е ладен бидејќи се плаши дан го повредам, дека ми кажа дека го повредила некоја и од тогаш ништо сериозно немал со никоја а преку другари негови дознав дека озб му е страв јас дан го повредам, ама од друга страна со моето досегашно "искуство" со машки сите ми се погодија дебили (се извинивам за речников...), страв ми е дан ме отсвиѓал, дан ја засвиѓал или дан ја свиѓа повеќе оваа што се муваат, и јас дан сум повредена не тој...
@GossupGirlxoxo Мислам дека си ја пропуштила шансата, и не сте се смувале тогаш. Од, инат или да те направи љубоморна, ќе трча по други, и ќе се мува со други. Се може да се деси, дали он ќе ја свиѓа повеќе таа што се мува или она него. Или па си прави со женските иди ми, дојди ми
Aма уште се интересира за мене... Што да правам сега нз, а баш сакав кога ќе излеземе ако не проба тој јас да го направам чекорот да се смуваме ама од кога дознав дека со друга се мува се налутив и не постапив така...