Не прај ништо додека не ти се јави он...ако не се јави, никому ништо....едно игнорирање и завршена работа....ако си почнала да се заљубуваш, ќе ти помине за недела - две и ќе си како нова Во секој случај не превземај прва чекор сега....остај на него
Секако дека нема да превземам ништо. Но ме интересира што е причината поради која вака се однесувате (или однесува идиотов), која е „машката“ позадина на ова. Или пак нема „машка“ позадина туку лигав карактер?
Си мисли дека е фраер, има ваљда уште 1-2 со која си има ваков муабет и тоа е целата теорија ..... барем според мене...Егото и самодовербата му се на високо ниво и тоа се рефлектира на неговото однесување
Фала Ви на совет, ќе се потрудам да направам така инче Trikson не е секс во прашање и да не се секирам дека нема да ме одбие, зашто не ни иницираше такво нешто, онака беше спонтан и баш лајт средби беа, гушкање, држење за рака и по некој бакнеж се надевам ке тргне на арно
пак јас едно прашање до сите машки на форумов: што значи кога тип после неколку излегувања ја допре посилно по задникот девојката со која излегува и како таа треба да реагира? благодарам однапред
Да го зграпчиш уште посилно таа треба да изреагира на следниов начин : "Тоа ли го викаш фаќање за гз? ако фаќаш фати машки....вака се фаќа" - и му покажуваш У сваќи случај, тоа е позитивно за тебе.....си ги истура емоциите дечкото
ајде и јас да поставам неколку прашања да видам мислење од машките... дали доколку имате врска на далечина веќе 5 години не би ја изневериле вашата девојка со која се гледате еднаш на 2 месеци... и дали секогаш кога кажувате те сакам го кажувате тоа искрено од срце......
Ова си е индивидуално. Секој индивидуалец е различен...Особено во она те сакам....Има луѓе кои што додека не го мислат не го кажуваат, но има луѓе за кои што е исто како да кажат здраво...Се зависи од карактерот на личноста....Нешто слично е и со изневерувањето...2 месеци и не се баш многу време за врска на далечина верувај...зашто има парови кои што опстојуваат со гледање на пола година....така да сепак сте се одлучила на таква врска, а и се гледате на секои 2 месеци, мислам дека дечко ти не би те изневерил....сепак заедно сте 5 години...5 години од вашите животи си имате посветено...тоа е за почит....Ако дечково не те сека, не би се одлучил на врска на далечина Сепак ти најдобро си го познаваш каков карактер е дечкото....зашто како што кажав...индивидуално е кај секој
машкии...ме интерессира како размислувате кога некоја девојка(особено ако ја симпатизирате) ве викне да излезете? Дали имате некој предрасуди,кои директно секако дека не би ги кажале заради тоа што ви годи ?И доколку одбиете(а да ви е симпатија),зошто би ја одбиле ?
Би и дал повеќе можност и почит за разлика од некоја друга....сепак она ме викнала, самоуверена е....Нема некои предрасуди, освен тоа дека можам повеќе да бидам сам себе, зашто знам дека она ме викнала....А за одбивање...Па не гледам причина а плус и ми се свиѓа...зашто да одбијам? не сум ненормалнел па да одбијам Зграпчи го денот во овој случај - можноста....Искрено би ми годело да ме викне девојката....
хехе мистери можеби за тебе не претставува проблем бидејки си самоуверен...но има некој кои собираат цела вечност храброст за да те викнат на едно кафе леле како не бев машко,похрабра сум од нив каде-каде....само пуста гордост
Епа ај стави си ја таа гордост на страна и викни го дечкото на кафе.....немора да е формално....едноставно уз муабет ќе му речеш....."кога ќе пиеме кафе бе?" ......иначе јас си ги викам хаха....ако чекам вие да соберете храброст ехеееее
хехе..јас мислам дека ние женските повеке се плашиме од тоа што ке мислите вие машките ако постапиме вака или така ...се плашиме од предрасудите кои се чести ,особено во нашата заостаната држава сепак паметно си постапуваш ти... интересно чоече си... убав,паметен,искрeно не знам што бараш на фемина
тие што се срамат да те викнат повеке ке те почитуваат и грижат, него тие што одма ке ти се пуштаат и ке се прават фраери ова она , ( со некои исклучоци ) тој ако те свига он ке рипа дома ко мало детенце за нова година ,веруј ја дома скршив работи од радост кога симпатијата ми рече да ке искочиме (исти примери и со другари)
Не се плашите само вие. Искрено, јас сум од тие машки со помала самодоверба. Не сум срамежлив, напротив, ама подолго време се убедувам да и пријдам на некоја девојка. Воглавно, заради моето мешенце . Во главата ги анализирам сите можни сценарија Назад на муабетот. Зошто би ја одбил? Сепак, ми се допаѓа. А и тоа што била доволно самоуверена да ме покани на кафе, е голем плус. Кај СИТЕ машки. Мој совет: НАПРЕД сестро
Како машките ја преболуваат врската што траела подолго време, со женска која ептен и значела ? Иако се работи за индивидуална ствар кај секој, колку вашите начини се разликуваат од нашите ? Последната врска ја завршив зашто типот не можеше да си ја преболи бившата со која бил пред тоа 7 месеци (со турбуленции), иако после неа бил со уште 2 дури не почна со мене. Ми тврдеше деka завршиле уште од многу одамна, меѓутоа друга беше реалноста.. океј бевме дури таа не реши да се вмеша и да ги измени работите... На страна од фаличностите на бившиов, дали е навистина точно дека девојките потешко ја поднесуваат разделбата, дека бараат многу повеќе време за да преболат и дека општо - се поемоционални од практичниот резон на машките? (во адолесцентската возраст) Сум видела доста примери како машката страна е онаа која е оштетена, али сепак ме интересира ваше мислење.
Напротив машките многу потешко преболуваат од девојките. Си го приметила и воочила тоа на твоја глава. Причината е тоа што кај девојките, ќе излезете, ќе ви се пушти некој така? Имате поголеми шанси да најдете партнер зашто сепак да бидеме реални машките се тие што се пуштаат. Од друга страна девојките многу по ретко го преземаат првиот чекор, така да тоа и не му дава баш "добра рака карти" на дечкото за да игра така? Он е оставен сам со спомените...Затоа е потешко да преболи машко...Бидејќи кога ќе се реши на чекор да тргне кон нови походи, треба да е емотивно спремен...А ако не е спремен, значи нема да тргне, туку ќе дреме дома како мисир тоа е првиот чекор дека е знак на излегување од кризата....Како и да е овој период кај машките трае подолго за разлика од девојките, иако машките многу повешто го кријат за разлика од вас, заради стереотипите дека треба да е маж итн итн итн... додека вие слободно можете да се исплачете и да ви се олеснат колку толку работите, ние трпиме и собираме и уздишуваме и чекаме да помине време за да се смириме психички и да ги прифатиме работите какви што се...Пред месец дена некаде ги пишав кои се периодите низ кои што поминува личност за време на раскинување, ако не те мрзи прочепкај (не се сеќавам во која тема беше ) edit: Еве го мислењето за кое што зборував razdelbi/tenkata-linija-megu-ljubovta-i-omrazata-t4933/#p346093
Многу зависи од карактерот. Воглавном тие што раскинуваат и машки и женски имаат лош период. Времетраењето зависи од самоувереноста на двајцата. Кај машките некад егото е пречка а некад и нерелното согледување на стварите. Воглавном стравот да не се остане сам или наредниот-ата да е полоша од моменталниот-ата . Во секој случај соочи се со реалносте без разлика дали си направила грешка или не, па ако нишо друго промената е супер освежување. Уживај во сингле статус...хахах
Хммм.. епа баш и контрадикторно ми е. Конкретно со мене, типот сфатил дека таа бившата е епизода шо завршила, имало компликации и време е да тера даље. И како сеа, ‘‘за да тргне во нови походи, треба да е емотивно спремен‘‘, беше со мене, а бившава одма чим и свирна после 2 месеци што бевме заедно, си го врати назад по принципот на ладнокрвна кучка и ‘‘сеа сфатив дека згрешив, дај да расчистиме некои работи‘‘.. Каде е тука таа емотивна стабилност кога се враќа на истите срања ??! Башка што и откако му раскинав, се смири со неа, ваљда со надеж дека сеа се ќе им биде подмачкано, а типката стручно го изигра - го натера да му се вратат бубачките од минатото, за на крај да го извара со нејзиниот бивши. Не можам да укапирам стварно.. Можеби 17 не се многу за да се резонува рационално, меѓутоа мислам дека женските се оние кои почесто подлегнуваат на вакви ствари. Дали е до карактерот или генерално земено прво ви проработува интелигенцијата доле, а потоа разумот во главата?
Прочитав.. Воглавном во право си, само што кај мојов таа првата фаза никако да прогресира Кажав што мислам во коментарот погоре, не можеш да преболиш некој навистина доколку повторно и се враќаш на истата личност па дури и да поминеш низ сите 3 фази што ги имаш напишано во постот за Тенката линија меѓу љубовта и омразата. Можеби и самата спаѓам во таа третата последна фаза и сеуште се замарам за некој што одамна си ги има изберено приоритетите, но сепак имав потреба да укапирам зошто се десија стварите со нас на таков начин.