Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Совети од МАШКА страна за сите девојки

Дискусија во 'Сингл' започната од TheBunny, 17 септември 2010.

  1. BoneMachine

    BoneMachine Популарен член

    Се зачлени на:
    6 декември 2014
    Пораки:
    862
    Допаѓања:
    3.382
    Сега да ти дадам совет од машка страна, жени не се мешајте насекаде. Се шалам :)

    Идеи за одмазда можеш да добиеш од филмот "Hard Candy" (http://www.imdb.com/title/tt0424136/?ref_=nv_sr_1), иако не ти советувам да тргнеш по тој пат :)
    Од друга страна доколку сакаш да го посрамотиш, прати му ја песнава за роденден.
    Те молам обрни посебно внимание на текстот на песнава. (еве ти линк http://www.azlyrics.com/lyrics/bloodhoundgang/nohardfeelings.html)


    Со среќа :)
    Верувај ми дека ќе биде уништен од битот на песнава, полека слушајќи го текстот ќе се постамоти до тој степен што ќе му поцрвенат ушите. :)
     
    На HoneyBun му/ѝ се допаѓа ова.
  2. omg92

    omg92 Популарен член

    Се зачлени на:
    22 март 2014
    Пораки:
    325
    Допаѓања:
    584
    Пол:
    Машки
    Има бре, нека го кастрира прво, после не да го обесе туку да го стави на клада и живо да гори копилето. И да, к*рот во уста. Да види тој што е срам.
     
  3. offtopic15

    offtopic15 Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 април 2012
    Пораки:
    69
    Допаѓања:
    102
    Мојот проблем се базира на разговор со едено дете на фб .. и така тој ми пиша и ме знаел пошто нашиве се имале и така ми правеше муабет и од време навреме некој комплимент и јас као ок нормално и потоа поцна после 10(буквално) дена да ми врака као демек имал испит бла бла и јас као добро и од когаа му звршија испитите само еднаш така што ми попиша две-три минути и еве го повторно со деновви го нема .Поентата ми е што мене дечково ми е крајно симпатичен ,и кога пишуваме тие два пати веднаш идеа темите беше некако како подмачкано и секогаш дава некој комплимент и пишува дека ке пишуваме пак а го нема... па според вас машките што мислите дека тоа би требало да зничи ,дали можам да се надевам на нешто
     
  4. Bokchee

    Bokchee Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 октомври 2013
    Пораки:
    658
    Допаѓања:
    810
    Пол:
    Машки
    Пиши му де прва, што се губиш бе, те снемува, да не фати женска па ме батали мене. Па да видиш тогаш дали нема да ти пишува :)
     
    На SparkyAngel му/ѝ се допаѓа ова.
  5. offtopic15

    offtopic15 Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 април 2012
    Пораки:
    69
    Допаѓања:
    102
    абре се му пишувам последниве два пати прва и се ке го пршувам нешто а тој по една реченица :D
     
  6. viki-dete

    viki-dete Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 јули 2013
    Пораки:
    686
    Допаѓања:
    765
    Пол:
    Женски
    Ме интересира дали би имале врска со девојка, која е официјално со вас, а на страна си има друг (оженет) и тоа трае со години (околу 6), вие знаете, цел град знае, вториот лично ви има кажано и вие пак продолжувате со неа?
     
  7. BoneMachine

    BoneMachine Популарен член

    Се зачлени на:
    6 декември 2014
    Пораки:
    862
    Допаѓања:
    3.382
    Не.
    Сигурно нешто не е во ред со него. Да остане во таква врска и покрај тоа што сите му се исмеваат, не верувам дека тоа е љубов, најверојатно има ниска самодоверба со тоа и страв од осменост-помислата дека не може да си најде некоја друга.
     
    На SparkyAngel му/ѝ се допаѓа ова.
  8. dakakod

    dakakod Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 ноември 2014
    Пораки:
    14
    Допаѓања:
    7
    Пол:
    Машки
    Златно правило е дека недостижното е предизвик и примамливо. Пробај да изгледаш дека не си лесна мета, напиши му на пример 'доста беа убави зборови од моја страна, до следно пишување со здравје :)' па кога ќе ти пише, не брзај и прави како тој што ти правел погоре као што го опиша, и полека ќе го придобиеш ;). Поздрав
     
  9. Captain-Omni

    Captain-Omni Популарен член

    Се зачлени на:
    2 септември 2013
    Пораки:
    662
    Допаѓања:
    5.231
    Чекај чекај чекај чекај чекај... чееееееееекај. :^) Значи ти имаш дечко, дечко ти знае, како и цел град дека ти се рендаш со некој оженет, очигледно и жена му на тој знае и доаѓаш тука да ни го кажеш сето ова додека јас ја нагласувам мојата моногамна повеќегодишна врска и пропагирам моногамија? :o На иста планета ли живееме јас и ти?

    Добро, да ја тргнам на страна мојата фасцинација од твојот расказ, може се работи за некоја друга девојка или другар твој, можеби не си ти девојката од раскажаното, сеедно...
    Иако сликата изгледа едноставна, не е.

    Девојката очигледно нема гајле да си го живее животот како ѝ е мерак и тоа нема да го пипаме. Ама дечкото... е тоа е комплицирано. Сите мажи знаат дека најлошо е кога ќе се заљубиш во „курва“, во девојка која има секс со сите и на сите страни, а тој веќе развил чувства за неа и не може да си помогне. Сигурно и ова е таква ситуација, ако тој знае дека тааима секс паралелно со друг, а сепак одлучува да се гледа со неа и да биде во „врска“, тогаш сигурно ја сака толку многу што прифаќа болката да ја трпи секој ден, да го трпи понижувањето, да се трпи себеси и знаењето дека не е способен да излезе од тој вртлог... само за да биде со неа барем неколку минути дневно.

    Во ваква ситуација, на дечкото му треба добар другар, брат, сестра, родител, некој кој ќе биде цврсто покрај него и како наркоман што се лечи, ќе го одвикнува. Ќе му забрани да ѝ се приближи и со време ќе мора да се одвикне од неа, зашто таа ќе му го уништи животот. Надежта стои во неговата глава, но дури и таа да го остави женетиот, срамот ќе остане, а таа 99,5% ќе почне да се гледа со некој трет по некое време. Значи типот мора да избега од таму, мора да ја остави, физички и ментално.
     
    На Hipica, marama, omg92 и 4 други им се допаѓа ова.
  10. viki-dete

    viki-dete Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 јули 2013
    Пораки:
    686
    Допаѓања:
    765
    Пол:
    Женски
    Не се работи за мене, туку за личност која ја познавам и на која ни самата не можам да се начудам. Јас никогаш не би била во ваква ситуација, бидејќи не тежнеам кон неверста и вакви гревови, за тоа се имам изјаснето во соодветните теми. Имено тоа е долга приказна, но еве кратки црти, тие одат долго време, значи некаде околу 10 години, не е мување, туку врска сериозна за која сите знаат. Таа се муваше и тогаш со оженетиот кое тоа време беше ерген но со сериозна врска, имено тој оженетиот и беше и прв (во меѓу време женска му остана бремена и тој се ожени), но нивното гледање не престана. Секако дека и жена му знае, цел град, па дури и родителите на дечко и. Не ја сакаат, но сите нивни обиди за растурање на врската беа неуспешни, па сега и прават лице. Дечко и мисли дека ако ја истепа и е решен проблемот, но таа продолжува и така си тераат. Тој и плаќа одмори, имено каде и да се отишле таа никогаш нема потрошено денар. Оваа паралелна врска трае многу години, речиси исто како и "нормалната". Сега се сведува и прашањето дали курва е само девојка која сменила многу партнери или и ваква како во посочениот пример (девојката не е имала мн партнери)?Прашање за друга тема! Затоа пишав овде, да видам дали има и некој друг кој би можел да го издржи сево ова?
     
  11. Bokchee

    Bokchee Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 октомври 2013
    Пораки:
    658
    Допаѓања:
    810
    Пол:
    Машки
    What did i just read? WTF
     
    На Hipica, SparkyAngel и Captain-Omni им се допаѓа ова.
  12. Captain-Omni

    Captain-Omni Популарен член

    Се зачлени на:
    2 септември 2013
    Пораки:
    662
    Допаѓања:
    5.231
    Прво, мала е веројатноста дека ако има таков дух, да сменила само два партнери и ако тебе ти тврди дека се само тие двајца, јас одговорно тврдам дека најмалце уште двајца не ти пријавила. Второ, секако дека може да се смести во категоријата „курва“ зашто курва не е девојка која сменила многу партнери, напротив, курва е онаа која сменила партнери на курвински начин, подло и злобно, девојка која манипулира користејќи го своето тело и сексот, курва е девојка која повредува други мажи само зашто ѝ се може, курва е онаа која го користи сексот за да добие некаков профит, значи негативните карактеристики низ призмата на сексот, ако може така да се изразам. 8-|

    Ова дефинитивно не е нормална ситуација, ова е ситуација за супер сценарио за добар трилер филм. Има многу секс, интриги, насилство, неверства... ама покрај сето тоа, сигурно не е љубовна приказна. :!:
     
    На Hipica, marama, SparkyAngel и 5 други им се допаѓа ова.
  13. BoneMachine

    BoneMachine Популарен член

    Се зачлени на:
    6 декември 2014
    Пораки:
    862
    Допаѓања:
    3.382
    Некој треба да направи сценaрио за прикзнава, можам да ја замислам како турска серија наречена "Жена, Нежена" :D
     
  14. zhu

    zhu Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 ноември 2014
    Пораки:
    77
    Допаѓања:
    104
    Пол:
    Женски
    Очајно ми треба еден совет.
    Можеби звучам глупо, но никогаш, ниту едно машко не ми се пушта, ниту пак сум слушнала дека ме свиѓа. Навистина не знам што да правам и на моменти се чуствувам многу одвратно. А знам дека не е до физичкиот изглед, постојано женските ми зборат како сум многу згодна, убава, исто и сите роднини и познаници, меѓутоа никогаш ниту едно машко не се изјаснило на тој начин. Сите мои другарки и познанички си фатија дечко или се смуваа деновиве, само јас отстрана ги гледав, ги трезнев и ги тешев. Постојано слушам како некој ги свиѓал, како заедно ќе искочеле, не знам што... Еве конкретно, свиѓав еден од моето школо и кога му кажале за мене занемел, па морав да ги натерам да му кажат дека е заебанција. Поминаа неколку недели оттогаш, но јас сеуште го свиѓам и покрај тоа што (најверојатно) со тоа што ќутел значи дека сум добила корпа. Не знам што да правам повеќе. Дефинитвно не сум лесна женска, но не се однесувам и како некоја недостапна.
     
  15. BoneMachine

    BoneMachine Популарен член

    Се зачлени на:
    6 декември 2014
    Пораки:
    862
    Допаѓања:
    3.382
    Ако си згодна и убава, можеби тој се исплашил од тоа :)
    Но шега на страна не знам колку години имаш, но како што имам приметено доста девојки ги фаќа таква криза(обично околу периодот средно школо), тоа не значи дека нешто е драстично погрешно со тебе. Можеби на машките им изгледаш ладна и недостапна па се плашат да ти пријдат. Можеби чувствуваш анксизност кога си излезена со повеќе луѓе и едноставно не се покажуваш како отворена девојка. Мислам дека кога ќе излезеш пробај да се чувствуваш поопуштено, пробај добро да се намееш кога некој ќе каже нешто смешно, обиди се за да разговараш со тие околу тебе. Исто така ако ти се допадне некој, а се наоѓате во клуб дебро е воспоставиш контакт со очи на тој начин можеш да го охрабриш да ти пријде.
     
    На SparkyAngel, Miss.M5 и zhu им се допаѓа ова.
  16. Bokchee

    Bokchee Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 октомври 2013
    Пораки:
    658
    Допаѓања:
    810
    Пол:
    Машки
    Може впечатокот што го оставаш на машките, се дека си дигната, недостижна, уфилмана и ред такви работи. Дали пробуваш да направиш eye contact со машко кое ти се допаѓа, кога си излезена или некаде?
    Незнам колку год имаш, но мислам дека си средно. Таму сигурно има некое машко на кое му се допаѓаш. но не прави ништо од страв дека ќе го откачиш
     
    На Miss.M5 му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Marossa

    Marossa Популарен член

    Се зачлени на:
    8 септември 2012
    Пораки:
    2.398
    Допаѓања:
    6.870
    Пол:
    Женски
    @zhu И јас кога бев средно имав таков период,демек никој не ме забележува и нешто слично.
    Не мисли така,сигурна сум дека еден куп сакаат да ти пријдат,ама се плашат од корпа,ниска е самодовербата тој период и кај машките.
    АКо има некој што го свиѓаш,пријди му,покани го на кафе и муабет,немој со другарки и посредници,оти така многу ми е глупаво,ќе испадне рекла-кажала,расипан телефон и дечкото ќе добие погрешен впечаток.
    Ако те одбие јасно и гласно,никому ништо.Има и други,никој не е незаменлив :D
     
    На Daleron и BoneMachine им се допаѓа ова.
  18. omg92

    omg92 Популарен член

    Се зачлени на:
    22 март 2014
    Пораки:
    325
    Допаѓања:
    584
    Пол:
    Машки
    Koга некој ти се допаѓа пријди му ти. Машките се плашат од корпа, добивале многу во животот и не е убаво :D Па и ако девојката е убава, жива сила неможе да ги натера да ти пријдат. Пробај се ти, нешто ми вели дека нема да те изеде никој ;)
     
    На SparkyAngel му/ѝ се допаѓа ова.
  19. JustFun

    JustFun Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 септември 2014
    Пораки:
    1.027
    Допаѓања:
    2.774
    Вака, чисто ме интересира одговор на моево прашање.

    Расчистив со бившиот. Не сакам да имам ништо со него, го избришав од секаде. Му објаснив како стоат работите.
    Мегувреме дечково од време на време знае да ми го посети профилот и да ми лајкува слики што страшно ме нервира. Ако го блокнам од едно место ќе става од друго и се така. Јас на тоа не реагирав, не го барав после сите негови објави на фб. Денес исто така ми стави лајк и по тоа јас повторно не реагирав и почна да става песни као демек дека имал друга. Дали е ова некој начин на провокација да реагирам и пишам или има нешто друго. Мислам, готово е што се однесува до мене. Ама ова?
     
  20. omg92

    omg92 Популарен член

    Се зачлени на:
    22 март 2014
    Пораки:
    325
    Допаѓања:
    584
    Пол:
    Машки
    Да. Ако е готово од твоја страна остави го тој што сака нека прави понатаму
     
    На SwanMay, Miss.M5 и JustFun им се допаѓа ова.