Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Совети од МАШКА страна за сите девојки

Дискусија во 'Сингл' започната од TheBunny, 17 септември 2010.

  1. Mistery

    Mistery Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 декември 2010
    Пораки:
    767
    Допаѓања:
    1.626
    Па со 17 очекуваш да размислува на последици? :?: Па и не баш....Јас да размислував сега како кога размислував на 17 кој знае кај ќе ми беше крајот... :D А дечкото, па и 2 месеци не му се доволен период да премине преку врската.....на некој начин ти си му била "rebound", од врската....Колку и да звучи неубавo, во ситуацијава така испаѓа....А тој се вратил на таа зашто уште чувствува нешто кон неа....Да имал дечково свое јас, да имал самодоверба малце повеќе и да се цени самиот себе и неговите квалитети, он и да сакал да и се врати, ќе размисли дека цурава си ја прокоцкала шансата и дека на него не му треба НЕМОРАЛНА личност до него, зашто он може подобро.... ;)
     
  2. decko

    decko Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 јуни 2010
    Пораки:
    183
    Допаѓања:
    60
    Да, држи тоа што го кажа Мистери.
    На женските сепак им е полесно, пошто имаат еден тон другарки, со кои секој втор ден прават такви муабети, ќе чапне некоја за рака, ќе и се истуши, и готово.
    А машките пријателства не се толку, да речам длабоки.
    Затоа машкото си бери, си бери, си бери.

    Ти кажвам од лично искуство. Мене ми се чини дека таа многу полесно се справува со нашата разделба, пошто гледам дека излегува, се забавува, а јас, како шо рече Мистери, седам дома и дремам ко мисир :D
     
  3. easyyyyy

    easyyyyy Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 јануари 2011
    Пораки:
    320
    Допаѓања:
    175
    па дечко кога знаеш дека со седење дома не се добива ништо,шо чекаш уште?? :D
    викај ги другарите и излези надвор...можеби баш денес ке ја пронајдиш твојата сродна душа,која ке направи да ја заборавиш болката која ти ја создале :)
    не седи само со вкрстени раце и да очекуваш...болката сама по себе нема да си оди...ке избледнее само доколку ти побрзо си пронајдиш нова жртва ;) доколку седиш дома,нема ништо да постигниш,само ке изгубиш :)
     
  4. decko

    decko Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 јуни 2010
    Пораки:
    183
    Допаѓања:
    60
    Не сум “емотивно спремен“ :D

    Мајтап на страна, дури не се видиме лице в лице, нема да можам да продолжам понатаму.
    Јас се враќам дома дури за Велигден, пошто сум на студии во странство. Дотогаш, ќе си дремам и ќе си учам :)
     
  5. easyyyyy

    easyyyyy Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 јануари 2011
    Пораки:
    320
    Допаѓања:
    175
    леле јас да сум на твое место ич не ја рецкам :D ...колку шо прочитав таа ти раскинала...
    не вреди да се замараш за некоја која толку лесно те преболува...сепак лесно е да се кажи,тешко е да се направи :lol:
    сега не ја знам целата ситуација,ама ако ти треба совет пиши во лична порака :)
     
  6. Yipman2

    Yipman2 Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 октомври 2010
    Пораки:
    4.029
    Допаѓања:
    25.021

    Леле кога ке ми текне , од ова се умира кога ке дојдеш у контакт со девојка а не си спремен

    леле страв е ова те свакам тотално
    пу пу пу да куцнам у дрво најдобро да поминеш :tmi:
     
  7. decko

    decko Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 јуни 2010
    Пораки:
    183
    Допаѓања:
    60
    Како мајтап беше мислено, не скокај одма :)
     
  8. Yipman2

    Yipman2 Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 октомври 2010
    Пораки:
    4.029
    Допаѓања:
    25.021

    - Абе озбилно ти зборам не те зае*авам
    тешки се овие работи знам
     
  9. roberta-rubi

    roberta-rubi Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 септември 2010
    Пораки:
    141
    Допаѓања:
    64
    Епа ај конечно и јас да се вклучам на темава,и да побарам совети од машка страна(можи и женски,ми требаат совети)...
    ова и не е некој проблем само ми треба некој совет од поискусните,односно,(да живее фантазијата и лудоста во годините :lol: )ми треба некој план 8) пред некој ден другарка ми била да купува со братучед и(кој е помал)некоја кошула за него свечена во машки бутик,и во бутиков продава едно машко кое и е симпатично и сака да се запознае АЛИ КАКО?појма немаме како се вика и ништо не знаеме за него :worried: па некој совет како да и помогнам како добра другарка би сакала да и помогнам барем да се запознае.
    Па нека проработи фантазијата за запознавање,некој начин некој да ми кажи т.е. да ми пиши :)
    или ваше искуство како би ви пријдела некоја девојка или слично нешто како мислите дека е најдобро да се пристапи или да се поставите на страната од машково како би било најдобро ...
    Мислам дека ме разбирате,однапред благодарам.
     
  10. Mistery

    Mistery Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 декември 2010
    Пораки:
    767
    Допаѓања:
    1.626
    ЕЕЕЕ лесна работа :) .....Едноставно ќе отидете со другарка ти и ќе гледате машки кошули....Ќе го викнете на пример "Извини дечко"...ќе дојде он и ќе му речеш - извини вака како се викаш? и нормално он ќе ти каже.....за аргумент да речеме дека се вика Дарко.... и ќе си почнеш....Ок Дарко види вака сега...Ни треба твојата специјалност тука....Купуваме за роденден на другар и знаеме дека обожава кошули.....Која би ја препорачал? .....(он ќе си каже негово мислење)...И тука користиш можност за да го заебаваш за тоа каков вкус има, нешто у смисла - Лелееее бе Даре дај не зезај, ништо не те бива.....Од кај ја ископа оваа кошулава....Знаеш што, кога ќе носиш нешто вакво викни ме со тебе да слушам коментари :D итн итн итн

    ЌЕ си ја измислиш приказната или нешто....важно лесна работа е ова ;) - коментарот од видот - ни треба твоето професионално мислење - без промашај функционира ;)
     
  11. roberta-rubi

    roberta-rubi Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 септември 2010
    Пораки:
    141
    Допаѓања:
    64
    ммм ми се допадна :) добар план,баш би сакала да пробаме али ке размислам ;) па ке пишам шо бидна(само да не ја утниме).
    Благодариме.
     
    На firequeenn му/ѝ се допаѓа ова.
  12. lovely-pretty-girl

    lovely-pretty-girl Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 август 2010
    Пораки:
    98
    Допаѓања:
    6
    МАШКИ давајте совет ! значи вака.. ми се допаѓа еден дечко, кој прв почна да ми се смешка едно два викенда по ред... потоа јас му ставив like на facebook и сега дечкото некако си ги „крена“ акциите и не превзема ништо .. Може ли да ми дадете совет како да му се приближам, да му го обрнам вниманието, да му презборам нешто но сето тоа да биде онака као случајно за да и тој почне да се замара со мене. ]:)
     
  13. Nightwalker

    Nightwalker Популарен член

    Се зачлени на:
    4 февруари 2011
    Пораки:
    1.124
    Допаѓања:
    4.447
    Пол:
    Машки
    За почеток, тргни го лајкот. :rofl:

    Но шала на страна, кога веќе си „почнала“ преку ФБ, и продолжи преку ФБ де. :)
    Пиши му, најобичен муабет, „Хеј, како си?“ или нешто во тој стил, значи сосема секојдневни разговори, и гледај колку тој ќе учествува во нив, како и дали ќе враќа...
    А и секако, не мора да значи дека тој си дигнал акции, може тоа да е само „плод“ на твојата имагинација, зашто можеби потајно очекуваш постепено да напреднувате во комуникацијата, но тапкате во место. :)
     
  14. lovely-pretty-girl

    lovely-pretty-girl Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 август 2010
    Пораки:
    98
    Допаѓања:
    6

    па искрено имам лошо искуство со „ почнување“ преку фб баш би сакала да ми кажете како тоа случајно зближување да го отстварам во живо.. :) :)
     
  15. Nightwalker

    Nightwalker Популарен член

    Се зачлени на:
    4 февруари 2011
    Пораки:
    1.124
    Допаѓања:
    4.447
    Пол:
    Машки
    Па ако убаво разбрав, 2 викенда излегувате на исто место. Направи го тоа и трет викенд, оди во кафичот кајшто е и тој, и на пример начекај момент кога ќе оди до сепаре да нарачува пијачка, и баш тој момент оди и ти да си нарачаш. Застани до него, кажи си што сакаш (по можност наслушни што ќе нарача тој и нарачај го истото), и чекај на него, постои солидна можност преку тие пијачки да падне и првата тема за разговор. А откако мразот се крши, се’ е полесно. ;) Во спротивно, ако пак не почне разговор, ќе знаеш дека е нешто до него, зашто верувај, вака ти сигурно ќе бидеш забележана. :)
     
  16. lovely-pretty-girl

    lovely-pretty-girl Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 август 2010
    Пораки:
    98
    Допаѓања:
    6
    Фала на советот, пробувам наредниот викенд... ќе видеме што ќе испадне ;)
     
  17. firequeenn

    firequeenn Популарен член

    Се зачлени на:
    15 декември 2010
    Пораки:
    2.248
    Допаѓања:
    6.730
    имам еден така да го речам проблем .. одам што одам со дечково еве веќе 2 месеци на 11ти , нејсе.
    Не е долго знам ама излегов од една врска која траеше 3 години и ме исцрпи психички . Со новиот дечко е се супер , сеуште не сум сигурна дека го сакам и несакам да брзам тука , тој е предобар со мене и има разбирање за се. Моите постапки мислам дека не се за фалење нема да навлегувам тука :$ еднаш се случи да го изневерам ама немав никакви шуства кон тоа машко , да бидам подетална истата вечер го запознав на Paul van Dyk :lol: и се деси .. Нема да дознае ако јас не му кажам бидејќи машково не е од мојот град а и никој не не виде . Не чуствувам грижа на совест оти сето со машково беше без чуства, онака.Јас сакав после таа долга врска да пробувам нови работи , да го живеам животот .
    Како да дознаам дали навистина го сакам новиот дечко ? :?:
     
  18. Eleni4

    Eleni4 Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 јануари 2011
    Пораки:
    10
    Допаѓања:
    0
    Прашање:
    Како да го протумачам неговото однесување??? Пред 2 викенди цел викенд имавме моменти и излеговме... Лајт средби, држење за рака, испраќање до дома... Комуникација наредниот период слушање, смс... стандард некој. Овој викенд не излегов кај што знаев дека ќе биде, а и порано си отидов дома и не се видовме(од оправдани причини), а ме имаше вечерта барано (односно во утринските часови). Наредниот ден се видовме на излегување, ми кажа кај ќе продолжува за да се најдеме (излегуваме на исти места), се најдовме, ама не беше баш расположен, си напраивме муабет што како и веќе дојде време да се движам накај дома, ми предложи да останам, но другарките сите заминуваа, па и јас со нив, а и тој со другарите. Ми се извина, ама морал да ги испоштова дргуарите, па ми пиша дека сакал, ама да го разберам?!?! Денеска еве го нема??? А ме запознава со другарите....?!?!?
    (ова е типот за кој последно прашував-стр.70 и добив совет да го поканам онака спонтано на кафе, ама искрено немав многу време и ништо од тоа).
    Не знам што да мислам и како да се поставам?????
     
  19. Nightwalker

    Nightwalker Популарен член

    Се зачлени на:
    4 февруари 2011
    Пораки:
    1.124
    Допаѓања:
    4.447
    Пол:
    Машки
    Искрено, мислам дека со самиот опис и објаснување во прашањево си даваш и самата одговор. ;)
    Толку можам јас да ти речам, зашто нема ни потреба што да се додаде, самата си праша, и сумира се’, oдносно дали и колку тоа го сакаш новиот дечко, или само го сфаќаш како прва „етапа“ после долгата и исцрпувачка врска. :)
     
    На firequeenn му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Mistery

    Mistery Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 декември 2010
    Пораки:
    767
    Допаѓања:
    1.626
    Нема да навлегувам во моралот тука, туку ќе ти одговорам на прањашето....Има разлика од да сакаш некој и да САКАШ !!! Разликата е во тоа што првото, е всушност така речено почетничка заблуда или почетнички "crush", додека второто е она вистинско сакање...Кај тебе најверојатно кога си се фатила со него си мислела дека чувствуваш нешто повеќе од колку сега така? Тоа е така затоа што на почеток се е интересно, ново, возбудливо итн итн итн. Со текот на времето работите се повторуваат и настанува една монотонија, но истовремето и го запознаваш карактерот на дечкото. Тука веќе настапува она вистинското сакање...Зашто верувај дека физичката привлечност е само мал дел од тоа да сакаш некоја личност. За да откриеш дали го сакаш дечково, постави си ги следниве прашања...Како се чувствуваш кога си со него? Каков му е карактерот? Дали КАРАКТЕРНО ти ги исполнува твоите критериуми? - Овој критериум е важен, зашто физичката привлечност нема да оди уште долго, туку после ќе се сведува на тоа да ТИ ТРЕБА на еден начин он до тебе зашто се чувствуваш безбедно, зашто имаш некој кој што те разбира, некој кој што ќе ти даде совет, некој кој што ќе те ислуша, некој со кој што ти градиш иднина, НЕКОЈ КОЈ ШТО КАРАКТЕР ГО ПОСЕДУВА ТИ ФАЛИ КОГА НЕ Е ДО ТЕБЕ!!!!!!! Кога ќе си одговориш на овие прашања, ќе сватиш дали го сакаш....А според мене 2 месеци се малце да запознаеш личност добро и сеуште мислам дека те држи онаа физичка привлечност, но веќе е почнала на еден начин да избледува, па сега се чувствуваш конфузно и збунето....

    Значи праша како да се поставиш? Постави се на начин на кој што ќе ја гледаш личноста карактерно ;)
     
    На firequeenn му/ѝ се допаѓа ова.