Abe nekoja mozi da e losa i toa da nema vrska so ljubov i vrski. Mozi da e pocituvac na Hitler nekoja i to e dovolno da bidi losa, a da ne e ku*va, kucka, macka. Pobarav mislenje za to sto pobarav. Ako ima nekoj nesto novo da napisi, dobro, vaka da ne odime vo drugi pravci.
Доволно долго се воздржував да не го поставам прашањево но кога се мора се мора Има еден момак што подолго време ми се допаѓа, сигурно и јас му се допаѓам бидејки убаво се понаша со мене, дури и ме покани еднаш да излеземе но јас од свои причини неможев тој ден. Патем, пријатно му е во моја близина но јас секогаш на крај излегувам глупава бидејќи не му обрнувам многу внимание а сепак умирам за да го имам неговото (некој би ме разбрал се надевам ако малку се вдлабочи) но понекогаш чувствувам дека не сум му повеќе интересна едноставно кога е со мене е во ред но одеднаш може нешто да му го привлече вниманието и да заблее како да не сум тука. Што да се прави?
Неможеш да очекуваш некој 24/7 да биде преокупиран со тебе. Тоа се вика посесивност. Такви луѓе ќе те пикнат во кафез и ќе го наречат "сериозна врска" Според тоа што го напиша, си се праела на тошо со него. Како очекуваш ондак он да не го прави истото спрема тебе? Машките може се прости за субтилни работи, али се флексибилни. Прави како што ти прават. Ако некоја не те ферма, си бараш друга. Следен пат кога би била со него, не се праи на тошо или дека твоето внимание вреди злато и види до кој степен и он ќе покаже заинтересираност. У главно интересот лесно се добива и лесно се губи. Тргни од таму па види до каде ќе стигнеш.
хаха има еден израз за ова. Сака да се е*е ама нејке да и влезе Ке треба да си го промениш понашањето кога си со него и после лесно е се.
Ајде еден машки совет.Се запознавме пред 6-7 месеци јас глумев недостижна и плус бев со друг тоа време,а он ме свиѓаше многу ми звонеше цело време,искачаше на исто место кај што бев јас,се распрашуваше за мене јас му кажав дека ќе бидеме другари бев тука за него он беше разговаравме му помагав ми помагаше се додека не сфатив колку многу ми се свиѓа,тогаш он запозна една друга и во иста вечер сакаше да се смува со неа и мене ама ја му кажав дека не сум слободна а и не го видов дека се смувал со неа моја другарка ги видела нема врска после бевме искочени и он дојде со неа мене ми пукна филмот и му кажав најискрено у фаца ми се свиѓаш нејќам да те гледам со нејзе и он ми вика незнам што да ти кажам и си ја удираше главата у зид јас си отидов и истаа вечер напраи проблеми се степа и ме виде како плачам и си отиде.Од тогаш немаме зборено се додека во јануари случајно не се видовме не зборевме оддалеку се гледавме цела вечер ме следеше низ кафичот се додека не ми пукна филммот бидејчи немоѓев да го гледам и излегов од таму.Сега на сите другарки што ќе види дека сум се чекнала со нив им лајкнува слики и такви ствари.Стварно незнам шо мисли?Како машко мислење шо би ми кажале.Може сум најглупа ама касно сфатив некој работи,а можев да бидам среќна за тие 6-7 месеци со никој не ми успеало бидејќи го сакам него..
Погрешно време,погрешно место. А тоа вие жените што глумите недостижност ради тоа и накрај сами останувате. А у случајов еден ден може и ке бидете заедно, ама ако и понатаму глумиш недостижност се е џабе.
Што губиш ако го викнеш на кафе и муабет? Само недостижноста и гордоста ги губиш, две работи што и онака не ти помагаат да си најдеш партнер. Сваќам, недостижност и гордост жените ги користат како одбранбен механизам против машки со кои неќат да бидат или како форма на манипулација. Си имаат корист. Али во овој момент, ништо не добиваш со тоа што се правиш на тошо и си ја лупаш главата од ѕид за што може или можело да биде. Јави се, прати порака, пробај да договориш кафе. Ако за ништо друго, да си расчистиш и ти и он. Може се совпаѓате може не, но нема никогаш да дознаеш додека не пробаш. Подобро е и за тебе и за него да знаеш дека ќе бидне или не. Ти дава слобода за понатаму. Моментално само се мачиш. На крајот на денот, секогаш можеш лесно да заспиеш знаејќи дека си пробала, а тоа е тоа што луѓето се плашат да го направат. Дури и да испиеш корпа, ќе се изнаплачеш, ќе се изнавикаш и толку. Од тој момент ти си опуштена кон понатаму, иако не биднала работата. Сепак, ти си знаеш најдобро.
едно прашање имам ... имам дечко одиме скоро 2 години ама до сега ема искажано љубомораа ништо не ми збранва буквално целосна слобода имам од негова страна ... и неколку пати имаме праено муабет за то како можи да не е љубоморен тој ми вели дека верва во мене нема потреба .. многу пати му имам кажано и дека со машки сум, дека ми се пушта некој и слични некој раб само за да го напрам љубоморен ама не искажваа ... а јас сум љубоморна ... е сега прашањето ми е дали сеедно му е или таков тип е ми верва па зато не искажва ???
@Taa2506 а ти што мислиш? ти верва или ти верува? задоволна си од него, мислиш ли дека приметува дека си задоволна?
Чудни суштества сте вие женските. Ако е љубоморен, зошто е љубоморен, ако не е, зошто не бил... Одлучете се што сакате... Се некои филмови ви се вртат во тие главите и кога треба и кога не треба.. Не мора да значи ништо тоа што не се замара, можеби е само таков и ти верува целосно, тоа и не е толку лоша работа ако самата не си ја направиш таква. Не да те обвинувам директно ама олабави се малку и уживај во слободата што ја имаш. Некои го бараат тоа што го имаш ти. И ти најдобро си го знаеш твојот дечко, каков е, што го нервира, што не го нервира. 2 години се доволно време да го запознаеш некој и да знаеш каков карактер има
Јас сум жена ама ќе ти кажам, може да ти верува а може и баш му е гајле за тебе. Секој е индивидуа за себе, нема генерализација. Јас сум во брак доста и досега не сум била љубоморна, мм никогаш не ми дал повод за такво нешто. Претходно бев во врска во која бев многу љубоморна зашто никогаш не бев сигурна во него. Затоа и брзо заврши. Јас љубомората ја сфаќам како еден вид несигурност или во партнерот или во своите постапки, па тоа доведува до несигурност и во партнерот. Љубовта нема врска со љубомората, ако не си сигурна дали постои љубов запрашај се зошто сте во врска 2 год.
Хаха жениве у последниве неколку години незнам што им е....влезени се у некој нивни филм и тешко дека ке излезат у скоро.
ај тоа, а другите прашања? тие се побитни за дискусија.... патем @anel убаво ти објасни, баш не се сложувам со „гајле му е за тебе„ можеби е тоа а можеби и ти верува. патем ја на една моја бифша не и бранев ништо и и имав кажано, ако ти се прави нешто надвор прави али после со кои очи ќе ме погледнеш?!? како мирно ќе спиеш во нашето! љубовно гнезо? .... и така натака.
Постои нешто што се вика карактер а сите ние сме различни карактери. Како што има машки кои се претерано љубоморни за секоја ситница, така има и машки кои воошто не се. Или пак дечкото премногу ти верува, но првата опција ми е некако повеќе можна. Постои и трета опција а тоа е да не те сака и да не го интересира за тебе. ни тогаш што би барал 2 години со тебе?!? Јас ќе ти дадам еден краток совет а тоа е да не се ниту обидуваш да го направиш љубоморен оти може и врската да си ја уништиш. Никогаш незнаеш што и од кого да очекуваш.
Мене ми личи дека сакаш да биде љубоморен - барем така знаеш дека му е страв да те изгуби. Те сваќам. Седиш на некаков си статус кво, и сакаш да знаеш 100% дека му е стало т.е дека нема да му биде исто без тебе. Али таа форма на љубов се заснова на контрола. Ако знаеш дека е љубоморен, знаеш што можеш да направиш за да го изнервираш и да го испровоцираш. Тоа ми е чудно, имаш слобода а сакаш контрола. Тоа е како птица која цел живот го поминала во кафез и сега има страв да лета кај сака. Пак, каков и да е кафезот, барем е познато место или комфорт зона. Ако навистина е така, мислам дека си со погрешен дечко. Пак не го знам типот и дали навистина не е љубоморен, али ако сакаш некој што цело време ти покажува колку му е стало т.е "колку му е страв да те изгуби" можеби треба да најдеш некој друг дечко со таков, понестабилен карактер.
Може едно прашање. Навистина ме изиритира машкото со кое се гледам. Кога ќе му се јавам на мобилен а кога е со другари станува погруб во гласот и се менува во однесување, а со мене е поинаков кога ќе зборува. Му го кажав тоа и ми вели дека не е така, а што не е вистина. Дали премногу барам са биде малце понежен и сакам да бидеме искрени помеѓу себе, да ми хо раскаже денот како помонал??дали премн фантазирам?
Па може сака на раат да биде со другарите а не ти да го напињаш без потреба. Ај да е нешто итно, али ако ти стално му вртиш кога е со другарите верувај иритира тоа. Имам така другар што женска му му врти на секој 2 минути и ми иде да ги фрлам у вардар и двајцата.
Не,не. Таман работа насекое. Јас велам ако се погоди да е со нив или некој друг.. Одма менува тон, интонација, погруб станува со мене
па искрено сум задовлно и го гледа тоа .. никогаш не ме понижил,никогаш не се истушил на мене оти тој е изнервиран за некоја работа, ме прашва дали сакам нејкам и тн .. мислам се е океј во останатото и тој е задоволен со мене... имаме праено муабет и ми кажано дека ако му здосади некоја одма му кажува нејкам поќе чао пријатно ... едноставно не се замара многу за рекла казала. јас го знам убо во се што прај се е океј мислам убо ни е ... само сакав да видам шо мислење имате за ова дали е нормално или не фала многу