Мислам дека му е срам да ја покаже својата нежна страна пред другарите. Што е малце проблем за тебе. Многу машки се такви, глумат фраери во социјални кругови а уствари не би згазнале мравка. Како и да е, мислам дека му е битно другите да го гледаат како авторитет или како човек што знае што прави. Тоа е негов проблем што си мота такви филмови во глава, но ти се фати меѓу оган. Барем јас не знам машко што не сака да и го раскаже денот на женска му.
@GirlLove јас не гледам причина да бидеш изреволтирана. Поаѓам од себе, па кога не сум сама, разговорите на телефон ги сведувам на минимално време на правење муабет, а тоа се два- три реда муабет, колку да се разбереме со соговорникот. За гугукање со љубениот, подоцна има време. Доколку ти го бомбардираш со прашања, очекувано е да го смени гласот. Едно е што вие сте на почетокот на потенцијална врска, но, подпрашањата од тип: каде си, со кого, до кога, што ќе правиш подоцна итн, избегнувај ги, од причина што е непријатно во друштво, без разлика дали збори со тебе, мајка му или некој трет, да дава отчет. Како дополнување, особено е непристојно, додека седи со другарите, тебе да ти објаснува како му поминал денот. Ти би сакала да седиш со другарка, а таа на дечко и да му расправа што правела дента? Која би била причината да вие две/ три седите на кафе, доколку таа прави муабет на телефон? Но, од друга страна, доколку типот без никаква причина, во рок од 30 секунди се однесува како што претходно напиша ти, тогаш јас воопшто не би му правела муабет.
Вака да се разбереме, значи јас зборувам за неговиот однос и интонација кога зборува со мене пред други. А не барам од него да ми го раскажува денот пред другите. Барем може да рече со пофин глас, ќе се слушнеме покасно. Фала на советот, во секој случај
@GirlLove нема на што. Ако типот е значително груб додека разменувате неколку збора набрзина, тогаш повторно нагласи му дека ти пречи. На крајот на краиштата, зошто некој си фраер (пред другарите) да биде арогантен со тебе по телефон? Знаеш на што мислам, нели?
Јас више незнам што да правам , се гледам со еден дечко стварно долго време , некогаш и со прекини ама пак сме во контакт , е сега одоколу ми кажа дека не сака да се врска , а јас пак во него најдов се што сакам од еден човек , во се ми одговара . Не сме деца возрасни сме и двајцата , и цело време ми мења расположение , сигурно си има нешто што го мачи , ама некогаш е толку ладен што дури и ме повредува . Јас знам колку сум заљубена во него , и знам дека со тој човек сакам да поминам голем дел од мојот живот , ама изгледа он не мисли така не сака врска ... Чаре ?
Сигурно нешто го мачи, не може тек така да се променува наеднаш. Дали имаш разговарано со него за проблемите? Ако имаш што ти има кажано? Можеш да му дадеш подршка и да му кажеш дека си овде за него. Сигурна сум дека тој ќе го цени тоа. И ти предлагам да ги ставиш картите на маса.Да му кажеш што чувствуваш, дека сакаш да бидеш со него или ќе се тргнеш и ќе му дадеш време да сфати што сака. Друг излез не гледам.
Он знае дека на мене се може да ми каже , ама таков тип си е што се сам си решава , не сакал никого да го замара ... Ние воопшто не ми зборевме за врска , од еден муабет отиде на друг и сам си кажа дека не сака , а верувам дека не е ќорав и до сега многу убаво има увидено дека осеќам нешто за него . Време имаше на претек што се вика , ова ми иде ко муабетот сака да се е** нејќе да му влезе ... Сакам кажам незнам речам ... Незнам што понатаму , како да правам , да се борам , да се откажам ...
Што би советувала друга личност доколку го има истиот проблем? А ти што сакаш да направиш? Што ти е полесно? да се бореш или да се откажеш?
Во моментов некако се осекам уморна од надевање и од молење и посакување дека ќе ми понуди врска , од друга страна па нешто толку време не ми дава да се откажам , па ни сега некако не сакам да се откажам ... А сакам ако ништо друго да го имам ете тој некој статус и таа слобода за да се јавиш , довериш , едноставно да знаеш дека имаш некој близок да те гушне и да се стопиш , и во тој момент целиот свет да се собере против тебе , во неговата прегратка заштитена си како да те чува кралска армија ... Незнам како да се понашам понатаму ... ?
I know that feel. Јас би ти предложила да се дистанцираш од него барем на краток период под тоа не мислам да не се замараш да не го бараш а у клише совети туку гледај како ќе се одвиваат работите. Ако те праша која е причината тогаш отвори ги уште еднаш картите на маса и кажи му како се чувствуваш. Ако е доволно паметен ќе ја сфати грешката. Јас така би постапила. Почекај , види што ке ти кажат останатите на проблемов. Јас не знам што им е на мажите искрено? Некоја им нуди искрена љубов и подршка и разбирање а тиее или бегаат или не сакаат врска или не знам што за да кога не им е под ќеиф измислуваат илајдници причини во кои ние жените сме виновни.
И јас бев во слична ситуација пред скоро време. Ми се свиѓаше една женска подолго време, бевме супер со муабет и решив да и кажам. Ми кажа дека "нема хемија" спрема мене. It sucked. Али тоа е што е. Барем играв со отворени карти и не жалам сега што не сме ни другари више. Едноставно, решив да продолжам и да ја остаам да прави што сака. Не дека чуствата туку така си одат. Сеуште се надевам, али тоа е лажна надеж. Мислам дека и за тебе е така. If there is a will there is a way. Ако женската стварно сака да биде во врска со мене, ќе најде начин. Исто и за твојот тип. Неможеш некој насила да го натераш во врска, колку и да мислиш дека сте "совршени" заедно. Ниту со рационализација да му/и објасниш зашто ти мислиш дека е така. Секој си има своја перспектива и свој избор. Да беа исти перспективите, ќе имаше врска и љубов. Можеш само да понудиш и да се надеваш дека ќе прифати.
I agree до крај , нашево не трае ден два , има над година како се гледаме и тоа е да не речам како врска , само што не висиме на телефон , и не се глеаме нон стоп , сме имале многу моменти , кога ми е најубаво и најлошо на него му се доверувам , ми дава совети , поддршка ... ама ете незнам од кои причини не сака врска , еднашка ми вика ако прекинеме јас и ти , ти сама ли ќе седиш ? не иде така и сл ... не сакам со друг , не зошто јас си мислам дека сме совршени , и околу нас луѓето гледаат колку си одговараме ... I feel like he's the one ...
Нормално е да му се мења гласот а он тоа да не го перцепира свесно. Најдете си НЗС! Значи вака.. не може машкото да праи муабет со тебе 15 минути додека виси со другарите. Едноставно најреален муабет би било да ти каже дека е со другари и дека не може да збори со тебе во моментот, ќе се чуете покасно. Кажи му го ова баш вака и ќе видиш исход.
Женските ќе ти кажат многу НЕ , пред секое ДА! Но тоа не значи дека треба да се откажеш. Во моментот кога ти кажала дека нема хемија ,она тебе те гледала како пријател или како неинтересен лик. Ти сега можеш да направиш преокрет во играта со тоа што би си ја сменил личноста. Не се надевај на нејзе, си и скурчил и сега сигурно се плеска со некој што има многу помалку чуства и морал од тебе. - така иде тоа секогаш. Зборам исклучиво од искуство. Играј малку игра , прочитај нешто околу социјална динамика. Обрати ми се во ПП ако ти треба совет. Поздрав!
Грешно сфатив тогаш. Мислев дека нема ништо меѓу вас. Можеби врската ја гледа како обврска и затоа неќе.
Незнам зошто се плаши , јас нема сигурно да станам љубоморно чудовиште што нема да му дава да мрдне ... може само уште поубаво да му биде
Можно. Иако напраивме фин и културен муабет за што како е, со сите карти на маса. За сигурно дека се плеска со друг незнам, не ме интересира. Исто не верувам дека сум и скурчил, али и дека не ја интересирам.
Па како сакаш да си му интересна кога си го одјебувала цело време? Зашто се правиш пи3ка ? Биди малку фер и коректна. Отвори ги картите на маса, кажи му го тоа што го мислиш. Можеби постојат сеуште шанси да имате нешто. На машките не им е потребно многу внимание, потребно им е малку внимание за да ја дознаат суштината, потоа и двајцата ќе уживате во благодетите на животот. Се што треба е малку искреност, намалено его и позитивна енергија.
Секој од своја страна си ги гледа работите. Пробај да направиш муабет со него на таа тема. Нека ти каже што како и зашто мисли така. Ти можеш да го убедуваш до утре, али он си има свој филм. Така да пробај да го сватиш неговиот филм, па тогаш да видиш од што стварно бега.