Добра вечер..би сакала да ми се обрати некое машко во ЛП за мислење и помош,потребно ми е итно,благодарам
ае да елаборираме на тема СТРАВ од стравот се произлезени сите фобии, дополнете натаму у контекс на муабетов... изгледа си има проблеми сам са собом штом на 32 уште чека девојките да ги прават првите чекори, не е ни чудо што е сам... ми иде на ум една другарка шо викаше дека имала застрашувачка ладна фаца па се плашеле да и пријдат
па и ја не приоѓам па никому ништо не е некој совет али тоа е... ако тебе не ти е матор типот си се зезнала гадно со игнорот! пошто тоа е ТОА од што он стравува... или бар ја! така да ти курчи се, а он ќе си рече ете знаев дека ќе се иссељачи и ќе отиде кај следната....
А кому му требаат совети од мажи ?? Па совет генерално сите бараме кога знаеме што треба да правиме, ама за тоа несакаме ни да чуеме, а уште помалку да го примениме !
Убаво би било И ОД МАШКА СТРАНА кога така би се постапувало...времето би било многу поквалитетно потрошено.... но не е така, па затоа феминката се најде збунета и побара совет тука
MHMMMM! Се согласувам. Идеално би било и од двете страни така да се постапува, али се надевам дека ќе се појача колективната свест во иднина.
Ами...што знам, темава е активна од 2010, сигурно на многу души им требале совети од мажи ко што изгледа и сеуште им треба
На жените им треба помош од мажите и на мажите им треба помош од жените. Ништо друго поединечно не се прифаќа
Раскинавме пред 2 години, година ипол го немам видено, после многу мачење,нервоза,солзи некако го надминав периодот кога ми беше претешко.Сеуште го сакам,но тој го направи своето.Многу лаги,варање,на се затворав очи,ама ми пукна филмот.Го немаше долг период да ме бара, но сега пак почна.Има девојка една година се во врска.Ме побара да сме разговарале,реков нема што да разговараме јас имам свој живот а греота е на девојка ти што и правиш.Не знам како дојдовме до муабет, најдобра е рече.Па ако е најдобра што вртиш на твојата бивша?Сакал да разговараме за нас.Ние не постоиме.Не знам што му е филмот.Кога сака си оди,кога сака се враќа.Го сакам повеќе од се.Многу време помина, неможам да ги издржам неговите глупости.Не сум веќе таа што бев.Го слушав за се, се играше како сака.Неможам повеќе.Ми здосади да се мачам и да се нервирам.Не можам да сфатам што сака сега од мене
Eдно кратко прашање: Зошто маж би гледал порно видеа и слики од разголени и провокативни девојки кога веќе живее со својата девојка/вереница/жена... ???
Освежување би било после долго време заедништво, освежување би било еднаш на неколку месеци.. Но после 3 месеци заедничко живеење? Скоро секој ден гледање такви работи... ?? И тоа ли е освежување??
Очигледно огромен баксуз сум што секогаш ми се свиѓаат другари. Се запознавме така што ги смирувавме моја другарка и негов другар многу случајно беше,мене ми се засвиѓа ама не беше ништо посебно,таа вечер он фрли око на моја другарка али она има дечко ака да ништо.Потоа бевме на роденден и они двајца дојдоа и на него му се засвиѓа една друга хаха се смува со неа иначе он има 20 години и после сфати дека му се свиѓа нејзината другарка и тогаш го сфатив каков е цело време ми бараше совети незнам се каеше цела вечер му бев рамо за плачење,и си сфатив дека од типов ништо сериозно неможе да биде дури и смешен ми беше ама ми остана многу мил.После се сретнавме пак и ми кажа дека сум му делувала како многу лоша,дигната незнам што смешкии..Сега се видовме во средата бевме на забава за 1Април а он два дена пред тоа се стаи во врска и он беше таму секако и вика на мои другарки и другар му за мене дека сум била најдобра личност незнам што и цела вечер не се откачи од мене и не ми збореше за ниедна друга,буквалноо не се откачи ми вика ај баци ме во образ сакам да иам кармин од тебе,а претходно другар му и кажал на другарка ми дека му сум се свиѓала,а има девојка.не идат ни една недела али ај и му честитав и ми вика фала не ти кажувам да ти се врати пошо неможе да имаш дечко. Значи или типов се понаша како дете во пубертет што не видело женска или јас сум баксуз што секад такви ми се свиѓаат.
Машките се визуелни суштества, сакаат да гледаат убави жени, разголени, полу-голи, секакви. Не значи тоа ништо. Многу пати се загледуваат и кога сте излезени но ни тоа не значи ништо, ја виделе, по 2 мин ја заборавиле... Природата им е таква
Зошто после две години најубава врска на светот, и внимание од негова страна во рок од 1 месец, сум на емоционален игнор? Можам да поправам нешто или толку добивам од врската? Прва љубов прво се... Немам никаков одговор од негова страна. Излегуваме, се слушаме, се се како порано... Ама вниманието, нежноста... Дали е поминато? Поминва љубовта нели?
иако не сум машко да одговорам .. помирете се со фактот дека врската никогаш нема да биде иста како првите неколку месеци...
Реков две години. Година и нешто. Немаат врска првите месеци. Напротив подоцна беше поинтензивно! Не треба да биде иста врската! Ама треба да има внимание од двете страни. Треба јасно да се искажани чувствата, затоа сме нели во врска оти има некакви чувства.
Дури и, хипотетичка ситација, он да немаше сега девојка, па да пробавте наново и сето тоа, самата рече дека имало мног лаги и варање... Да речеме тој да е ангелче право сменето (што стриктно се сомневам), ти секогаш длабоко во себе ќе се „јадеш“ дека пак нешто те лаже или со некоја друга е... Нема ништо полошо од тоа. Тоа што ти го болдирав е она до што треба да се држиш пред него ако пак те бара. Повторувај му ги тие реченици и биди цврста, не потклекнувај. Си кажа самата, имаш патено до недоглед и крајно време е да продолжиш натаму. Можеш! E такви сме ние машките, подоцна созреваме. Шала настрана, ако има типот некакви намери да е со тебе, на него е преоставено да е малку поконкретен. Моментално ако има девојка е "off limit", но доколку ТОЈ нешто смени во иднина и почне подиректно да флертува и/или да се обидува со тебе, тогаш и самата ќе знаеш што сакаш. Дали љубовта ќе помине или не зависи од партнерите и колку тие ја искажуваат и се трудат околу неа. Не ти ја знам врската со момакот, но можеби правите постојано едни-та-исти работи, па ти делува како да не е како порано, како да спласнала онаа еуфорија? Истовремено, може има нешто од дома што го мачи, некој личен проблем и тој му влијае на општото однесување, меѓу кое и начинот на кој се однесува со тебе - може дечко ти моментално се затворил ради нешто сосема друго. Пробај одоколу со муабети да дознаеш дали е се' во ред кај него, нешто да не се случило... Освен тоа, па и не можеш многу повеќе да направиш.
Па и мене истото ми го кажуваат... Инаку, се видовме синоќа, дојде по мене бла бла. Почна да ми кажува како сакал да ме предупреди дека не бил добар дечко, дека бил лош, како сега не би бил спреман за врска, а ако сме имале секс нему ко демек немало да му биде незгодно кога ќе ме гледал на факс(асистент е на уни кај мене)... Му викам и што сакаш со сево ова да ми кажеш? Вика ништо, да те предупредам. После му раскажав јас за едно искуство каде што бев многу вљубена и после многу страдав, и му реков дека од тогаш сум празна.,, уште не сум сретнала некој што ке ме раздрма малку, емотивно. Така да му реков, не брини... Не очекувам од никој ништо. И продолжувам да не го разбирам.. По мое едно говори а други мисли... Да не му е страв он да се заљуби? Хаха