Молам за машко размислување за ситуацијава. Пред 2-3 месеци се запознав со еден дечко и некое време пишувавме на fb, излезе дека ја работиме истата работа, па му дадов некои совети во врска со работата и ме покани да излеземе демек да ми се заблагодари. Додека се договоаравме за средбата сфатив дека не ме вика само за да ми се заблагодари туку дека има некои симпатии спрема мене и цело време викаше дека едвај чека да се видиме. Се договоривме, излеговме, дечкото супер, фин, културен, ни оди муабетот, јас пресреќна што конечно запознав таков дечко. После првата средба, договоривме втора и тогаш се смувавме. Е сега тоа беше пред 3 -4 дена, него од тогаш го снема, рече дека убаво си поминал и дека пак ќе се видиме, ама го нема никаде. Прашањето ми е, дали е можно за толку кратко време да изгуби интерес, кога цело време викаше како не сме се запознале порано, како му е интересно со мене, како едвај чека да се видиме ....или можеби не сака да брза или можеби нешто друго е во прашање.Благодарам многу
Еве место маживе јас ќе ти кажам нешто. Или се исплашил или пак не добил таков впечаток каков што очекувал за тебе. Остави, може ќе те побара откако ќе си ја собере храброста негде успат. Ако пак имаш интерес голем за него, не е лошо по некое време да го побараш ти, чисто да го прашаш како е, како му оди работата итн. Знаеш сега веќе жените се по активни во се.' Мажите повеќе чекаат.
Испуштив да кажам дека му пишав следниот ден, така општо, како е што прави, почнавме нешто муабет, па рече дека има нешто работа, ќе го продолжиме муабетот кога ќе се видиме....не знам дали тоа 'ќе се видиме' го кажа за да ме откачи или навистина го мислеше ....
Сакам да поставам едно прашање...Се ок на почеток , ми пишуваат машки не дека не и како прв впечаток баш супер ќе ни тргне и муабетот и се .. ќе излезам со некој од нив , супер разговор но после некое време сама се оддалечувам и губам интерес стварно не знам кој е проблемот ... како некој страв да се заљубам стварно не знам како да објаснам ама едноставно колку и да ми е убаво на крај се оддачечувам од секого..Па кажете некој совет како да постапувам.
Не искачај со секој што ќе те повика. Може си билдаш некој комплекси што и не си свесна. Збори со некој повеќе време преку фб или незнам каде, Направи да те посака и да трча по тебе. Можеш на пример да се слушаш со него преку тел или преку скајп, види што човек е. Па излези, ако ти е интересен преку фб, ќе ти стане поинтересен и во живо. Ако така си заминуваш од секој, тешко тебе, ќе ставиш лош впечаток за машките. Мала е МК, еден ќе рече, види ја оваа со мене искочи пред една недела, до сега искочи со 100. итн итн
Не мора да значи дека ова што ќе го напишам е вистината, но, вреди да се размисли. Имало неколку ситуации, односно девојки во минатото со кои ми се случило токму ова што тебе ти се случува. После првиот бакнеж не сакав веќе да имам ништо со нив. Мојата причина беше лошиот прв бакнеж. И ние, како и девојките, многу судиме за партнерот по првиот бакнеж, единствената разлика меѓу половите е што ние мажите знаеме да преминеме преку тој детал ако има шанси за секс. Но, впечатокот за личноста останува. Вообичаено самите ние не забележуваме кога имаме лош здив, а кој може да се случи од различни причини. Исто така, лош стил на бакнување кој те остава збунет. Најлоши се оние кои се убедени дека се одлични бакнувачи, а всушност смислуваш изговор како да ѝ ја спуштиш главата надолу или ако тоа не е опција, како да избегаш од местото без да ја навредиш. Секако, ова не мора да значи дека е токму она кое е проблемот кај тебе Бубачке, но ако има некоја шанса за такво нешто, обиди се да му објасниш дека следниот пат ќе биде подобро.
Значи 98% од машките го прават истото затоа кога ќе отидеш на средба потребно е да не очекуваш ништо. Машките обично пак ако запознаат подобро некоја интересна и нормална девојка тие се плашат да се врзат се плашат да почнат нешто сериозно и ги снемува, нормално се преорјентираат кон пишување по останатите девојки од фб и ќе ги реметат и нив додека не излезат и со нив и не го нарават истото. Ич да не ти е гајле тебе, ако сака да те види и да биде пак со тебе почекај една недела, ако ич не те побара не се замарај веќе со тој и секако не е лошо и ваквото искуство за да си знаеш во иднина како треба. На сите им се има случено со некој да поминат прекрасна вечер да излезат да се зезаат да изгледаат како најзаљубени и утрето нормално го снемува. Е најмногу ме нервира кога после ќе се појават таквите после две три недели и ќе се однесуваат како цело време да се тука како ич да ги снемало, е тогаш нормално си го добиваат заслуженото, Гитла!!! Еднаш по долго молење излегов со еден тип и тоа не сакав за жива глава едвај ме натераа другарките ајде ајде, и ај викам да не бидам за никаде. Излеговме и ок ништо посебно не се случи отепавме два три часа се зезавме ова она и после тоа го нема една недела ниту да пише ни ништо а предходно ме отепуваше со пораки. И после една недела ете го, Здраво ај кога ќе те видам, мора поубаво малку минатитот пат така беше набрзина ова она, и јас му викам Кој пат, кога тоа??? па минатата недела, ааа му викам сум заборавила тоа одамна беше од минатата недела до сега мене можеше десет момчиња да ме викнат за искачање и да те заборавам дека постоиш. Фала пријатно ама неможам овие денови да искачам, имам обврски. И така после се отепа од молење ама џабе му беше. Му реков еве од сето ова ќе научиш барем како треба во иднина да правиш со девојките, ако ти се допаѓа некоја не чекај една или две недели оти толку ти е. Жена и кафе никогаш не ги оставај да оладат...
Вози си го филмот ич не се замарај, кога ке дојде тој што ти треба сама ке си осетиш до тогаш уживај си
pogresno me sfati nekoj jas kazav deka so tie nekolku momcinja sto sum bila , od nekoja nepoznata pricina se oddalecuvam a ne deka izleguvam so sekogo..pa taka go baram vistinskiot .. btw ti blagodaram na zborovite
не реков дека излегуваш со секого напротив било каков контакт да имаш со некој и да се одалечиш не е ништо лошо а кога ке дојде тој што вистински ти одговара ти ке си почуствуваш и може и ке излезеш со него да нема заблуди
Дефинитивно едно од најсубјективните мислења што сум ги прочитал на форумов од одамна... Сакав да ги болдирам поспецифичните делови, но сфатив дека ќе треба едноставно цел пост да го болдирам и образложам, нема поента... Затоа, само искрено се надевам дека (ако веќе не си), ќе налеташ на „останатите 2%“ од нас. Одам сега, да не ми олади кафето.
ок и да беше за мене може јас погрешно се изразив па ти погрешно ме свати, нема врска се разбравме на крајот како што треба
Некогаш само треба да олабавите со мислите и да оставите работите да си течат. Ако некој не ве побара некое време, не значи дека заборавил на вас. Само значи дека има живот настрана од вас што не треба да го запостави во никој случај