Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Совети од МАШКА страна за сите девојки

Дискусија во 'Сингл' започната од TheBunny, 17 септември 2010.

  1. Mistery

    Mistery Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 декември 2010
    Пораки:
    767
    Допаѓања:
    1.626
    Според мене се е ок...Нема зошто да бидеш изнервирана или налутена итн. ТИ си имаш отидено со другарките, исто така и он неможе да ги остави другарите. Сосем оправдана ситуација....А за другото што не сте се слушнале - кај пишува дека мора он прв да ти се јави или да ти пише? Па земи пиши една порака, верувај ќе му се допадне ;)
     
  2. vendiii

    vendiii Популарен член

    Се зачлени на:
    13 февруари 2011
    Пораки:
    1.368
    Допаѓања:
    2.465
    Совет ? ! :|

    Епа вака во врска сме некои 8 месеци тој беше тој што се трудеше целооо време да се фатиме да се видиме ..... Сеуште е така тој многу повеќе вложува НО .... Малку беше љубоморен сакаше да знае кај сум со кого сум излезена да се гледаме да се слушаме повеќе итн..... Пред некое време почнаа и ситни караници околу тоа јас нејќев да функционирам така ама како така одеше еее сега... Од неодамна наеднаш од ведро небо ми вика ќе биде се ти како што сакаш јас ќе се прилагодам на се .... што ми е ептен чудно :^) како така наеднаш ваква промена кога најмногу се каравме поради ова не попушташе сега наеднаш ? ! Можно ли е да му е сеедно ? Иако не го чуствувам далечен сеуште ама ова ме збуни тотално што би требало ова да значи ? :?: :|
     
  3. sweetgirl92

    sweetgirl92 Популарен член

    Се зачлени на:
    26 јули 2010
    Пораки:
    459
    Допаѓања:
    1.896
    Ми треба совет :/ неколку месеци се мував со дечко помал од мене 2 год. Свесна сум како може да се понаша дечко на таа возраст но стварно збунета сум целосно и незнам што веќе да мислам.... На почеток се понашаше како да е ептен затрескан во мене а јасс бев тааа која е ладна и после неколку средби му кажав дека сакам да престане тоа... но по некој месец се сретнав со дечково беше пијан признавам но почна да ме моли и да плаче како мн ме сака и сакал повторно да сме заедно прифатив. Но повторно јас не го сватив сериозно и излегов со друг а он дозна за тоа. Кога дозна беше лут но лутината му траеше една недела а после тоа повторно бевме заедно... Но што се случи тогаш, се случи тоа да се затрескам во него а он да се смени целосно се понаша спрема мене како спрема некоја слободно можам да кажам како спрема некоја дроља.. А бидејќи знам дека бев виновна и го повредив се потрудив да му покажам дека почна многу да ми значи.. Сеа пред неколку дена разговаравме и ми кажа дека несакал со мене ништо сериозно само едноставно да ужива ии потоа дека не сака ништо повеќе со мене да си останиме другари... Сега на едно друго девојче на фб му пишива дека ја сака... A jас до денес упорно пробував да му докажам дека го сакам се чуствувам ужасно... Се прашувам има ли воопшто надеж за нас ? :(
     
  4. Magnolija

    Magnolija Популарен член

    Се зачлени на:
    1 декември 2009
    Пораки:
    1.674
    Допаѓања:
    7.652
    Постои едно момче. Отворено му ставив до знаење дека ми се допаѓа и постојано го освојувам. Тој не е од овој град, па сега за сега комуницираме само преку фб. Мизерно, ама тоа е. Четири години е постар од мене и не знам колку ме сфаќа озбилно, ама во ретките моменти кога се отвара ми става до знаење дека ми се допаѓа. Не сакам да имам ништо сериозно со него, се е само флерт, а пошо јас обожавам да освојувам... Па така ги замолувам мажите да навалат со креативни идеи и трикчиња како да го освојам.Дали треба да глумам ладно некое време или...?
     
  5. Yipman2

    Yipman2 Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 октомври 2010
    Пораки:
    4.029
    Допаѓања:
    25.021
    Не дека имам многу искуство ама ете мистерс гледам одмара малце да го олабавите :lol:


    -Ова може да значи 2 работи (според мене)
    или он тебе ти згрешил нешто многу па сега се кае и неможе да ти се љути за било што (незнам што ви се караниците)

    или пак може решил дека те сака премногу да дозволи ситници да ја уништуваат убавината на вашата 9 месечна врска




    - Можеби помислил дека више не ти е гајле за него па решил да не се замара

    или пак сака да те направи љубоморна па да види до каде ке идеш

    сеа мој совет е да се потрудиш да го добијеш и да му покажеш дека си погрешила , дека го свигаш
    ама до тој степен да не се понижиш себе си
    - ако веке не те ферма онда :x


    Незнам за другите ама не е баш прифатено да му даваш на знаење на некој го сакаш го свигаш и после сеедно (или ладно-топло како ли се вика тоа незнам)

    мој совет вака машки совет да преземеш нешто повеке (ако го свигаш стварно, ако е само флертови и игри онда пишете си на фб :lol: ) па да видиш како он ке реагира , можеби и он сака само игри и ништо повеке али ако е сериозен човек а тие најчесто (НАЈЧЕСТО) сакаат сериозни врски нема тука ладно топло или итн
     
  6. decko

    decko Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 јуни 2010
    Пораки:
    183
    Допаѓања:
    60
    Можно е да глуми лудило.
    Виде сега дека ти се допаѓа, па си ја крева цената, се прај фраер.
    И не му докажувај, КАЖИ МУ дека ти значи. Седни го, и вака и вака, објасни му. :)

    Најверојатно си мислела дека ти става до знаење дека МУ СЕ ДОПАЃАШ. :)
    Ако е така, тогаш ти биди си така провокативна, ама не до толку за да изгледа нападно, па и очајно. Со вкус. Ме разбираш, нели? ;)

    Е сега, шо би можела да направиш. Ко шо велиш, преку ФБ комуницирате. То не ти остава многу простор. Можеби некоја песна, со која ќе му дадеш до знаење шо сакаш ти, за шо си заинтересирана. :)
     
  7. seksi

    seksi Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 декември 2009
    Пораки:
    377
    Допаѓања:
    113
    Не знам дали ќе опишам доволно јасно, но ќе се обидам.
    Ме интересира колку машките ставаат на кантар. Знам дека анализираат во некоја мера, некои помалку некои повеќе. Но ме интересира, колку им значи ако девојката знае да сака, ама они немале среќа да бидат со неа, а ја свиѓале, одамна, долго време... без разлика на тоа дали девојката била во врска или не...

    Што им пречи, обично, што мерат на кантар... на пример, ставате на кантар, дали ќе е врска на далечина, или не... другоо... не ми текнува... Колку им значи искреноста во карактер... И дали навистина се плашат од атрактивни, сигурни, паметни, природни, дружељубиви девојки...

    Малку измешав, ама се надевам машките ќе ме сватат :)
     
  8. Sephora

    Sephora Популарен член

    Се зачлени на:
    5 декември 2010
    Пораки:
    2.690
    Допаѓања:
    4.481
    Јас имам прашање кое е така малку ненормално. Ако некој што ме познава мене или дечко ми ме чита ќе пукнам од срам. :worried:hock: :worried:hock:
    Вака, јас имам перверзен мозок и тоа многу. Секако тој го употребувам на шала. Ама па и не сум јас крива Ми вика надарен е на татко му (...за музика зборуваше). И ај што да помислам. -.-
    ...нема везе, да си се докажам. Секогаш имам некое коментарче и си се веќе замислувам дали да заќутам, да не мисли манијак сум или лесна па зае*ав работа. Он апсолутно никогаш не кажал такво нешто, се нешто накај романтики ми тера, бакнување, гушкање. Сега звучам како оние што им се смееме, имав секс со барбика, бремена ли сум? Ама стварно луѓе, може машко да нема таков мозок? ...или да помисли нешто баеги лошо за мене?
    Ох колку глупаво се осеќам.
     
  9. Nightwalker

    Nightwalker Популарен член

    Се зачлени на:
    4 февруари 2011
    Пораки:
    1.124
    Допаѓања:
    4.447
    Пол:
    Машки
    Moже да нема таков мозок, секако. :)
    И не може да помисли нешто баги лошо, само затоа што си перверзна. Од кај знаеш, можеби баш зашто тој не е доволно „надарен“ за такви мисли и имагинации, му годи што ти си одговорната за нив во вашата врска. :)
     
  10. decko

    decko Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 јуни 2010
    Пораки:
    183
    Допаѓања:
    60
    Можи, како не можи. Не се сите машки перверзњаци :D

    Обично на машките не им сметаат такви „перверзни“ мозоци, затоа мислам дека нема ни да ти речи нешто за тоа. :)
     
    На seksi му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Mistery

    Mistery Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 декември 2010
    Пораки:
    767
    Допаѓања:
    1.626
    1). Кога машко е љубоморно - значи му значиш......а ова може и да е дека ќе се прилагоди зашто не сака да те изгуби.... ;)
     
    На vendiii му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Mistery

    Mistery Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 декември 2010
    Пораки:
    767
    Допаѓања:
    1.626
    Дечково се има стварно грижено за тебе - тоа е ФАКТ !!!!! Ти го имаш повредено, на еден начин изневерено, па дури дечково заплакал за тебе....Е штом тома се случило - веќе му дошло преку глава и се буди она чувство на одбивност....Верувам дека на еден начин сакал само да ти врати...Сама си крива, не дека не си.....Јас би ти препорачал најдобро за тебе да си продолжиш со животот...Си ја напраила грешката, нема ваќе назад, тоа е.....Живот иде даље....
     
  13. Mistery

    Mistery Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 декември 2010
    Пораки:
    767
    Допаѓања:
    1.626

    дали се плашат од сигурни, паметни атрактивни? - Тие што НЕ СЕ СИГУРНИ СЕ ПЛАШАТ....Оние што се самоуверени, не се плашат....Толку е едноставно....А за тоа кој колку анализира, искрено се зависи од карактерот и од индивидуалецот...Ако ти изгенерализирам, ќе те излажам....Искреноста значи, не дека не значи....Смислата за хумор исто така значи, многу повеќе од што мислиш....Кај мене лично голема улога игра способноста на дебатирање....Кај некој може не, затоа ти реков кај секој е индивидуално....Како и да е, на сита им се вклучуваат сијаличките за атрактивност кога е во прашање атрактивна девојка, која што има смисла за хумор, а истовремено е и доста паметна со добри морални и етички вредности....
     
  14. Mistery

    Mistery Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 декември 2010
    Пораки:
    767
    Допаѓања:
    1.626
    Искрено, ама најискрено ако не може да се носи со тоа, и ако НА ТЕБЕ ТИ СМЕТА што не ти ја прифаќа играта - МЕНИ ГО !!!!!!! Може некој ќе ме осуди за ваков совет, ама кога и да е, ќе почне да ти смета тоа!!!! Ако нешто не ти е по ќеф, дали порано или покасно ќе почне да те иритира, тоа е факт...Ако мислиш дека можеш да го смениш или да се навикнеш на неговиот карактер, терај так ;)
     
  15. happygirl

    happygirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 јули 2010
    Пораки:
    4.451
    Допаѓања:
    22.934
    Пол:
    Женски
    Пишав и во љубовни проблеми и совети, ама ајде и од машка страна некој совет.
    Раскинавме со дечко ми. И тоа заради проблемите што ги имам јас дома. Во последно време дома ми е катастрофа, не се поднесува ситуацијата заради финансиските проблеми што ги имаме и од ден на ден е се полошо. Најчесто излегувам од дома, преспивам кај дечко ми, бидејќи тој е под стан во градот каде што студираме, правам се само да не ги гледам моите родители како се караат, а не наоѓаат решение. Тоа трае веќе подолг период. И ете, денес дечко ми ми кажа дека премногу влијаат моите проблеми на мене и моето расположение а со тоа и на нашата врска. Му реков ако мисли дека не може повеќе вака, тогаш да прекинеме да не се замара тој веќе со мене и моите проблеми. И се сложи. Така одеднаш, без ништо да ми реше. И претходно сме доаѓале до тој муабет, но на крајот секогаш заклучувавме дека нашата љубов е поважна од се и дека има надеж да се средат работите. Овојпат не беше така. Само ме испрати до автобуска, си кажавме чао и толку-готово. Порано кога ми било вака за ниакде дома и ми било ептен тешко, никогаш не ме оставал, секогаш ме тешеше и ми влеваше надеж. Заради енго издржував се од дома. Сега не знам што да правам. Дали прва да му пристапам и да разговараме? Дали да оставам на времето? Можеби стварно не може повеќе вака. Не сакам да му вршам притисок за да се смириме. Ама не сакам ниту пауза од неколку дена, нема да издржам да не знам што ќе се случи понатаму со нас. Иако сега е крај. Што ме советувате?
    п.с. Знам дека ме сака, исто и јас него. Значи не е проблемот во нас двајцата, туку трет фактор е во прашање.
     
  16. Sephora

    Sephora Популарен член

    Се зачлени на:
    5 декември 2010
    Пораки:
    2.690
    Допаѓања:
    4.481
    Јас имам 16 години, и мене сексот факт е дека не ми е важен. :D Пред некој ден нешто ме праша што сметам дека е маана кај него и му велам една единствена е тоа што не размислуваш перверзно и се изнасмеав. Е и он ми се изнасмеа мене фино лепо. :D Потоа онака на несврзан муабет ми рече машко сум, размислувам за такви работи повеќе од што можеш да замислиш, но тие едноставно не ти ги кажувам. Романтичар е, иако мислев дека сум и јас покрај него гледам дека немам р од романтичар, и е многу строго против потценување на женските. Паметам ми имаше кажано тогаш не верувал дека женските уши сакале да слушнат нешто за таквите фантазии, демек мислел ние тоа го сметаме за навреда.
     
  17. seksi

    seksi Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 декември 2009
    Пораки:
    377
    Допаѓања:
    113
    А што е морално и етичко, во кои граници? :) :) :)
     
  18. Mistery

    Mistery Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 декември 2010
    Пораки:
    767
    Допаѓања:
    1.626
    Етички и морално во граници на изневерување, лажење, и такви ствари.....Нормално е да излезе дискусија која што би барала некогаш морални одговори, па тука сега веќе е и прашање на карактер итн..али во главно - првото ;)
     
  19. decko

    decko Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 јуни 2010
    Пораки:
    183
    Допаѓања:
    60
    Воспитана, пред се, фина, културна, да не е растури-куќа... :)
     
  20. seksi

    seksi Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 декември 2009
    Пораки:
    377
    Допаѓања:
    113
    Аха, благодарам :) :* :*