Ми треба совет. Ме интересира машките што би кажале за ова. И девојки може да пишат, секако. Одев со еден дечко пред неколку години, на далечина бевме. И како што може да претпоставите, врската стана чудна, скајпови, бакрачи... иако си се сакавме. И јас одлучив да ја прекинам. Тој тогаш кога му кажав, преку скајп, се согласи со мене дека веќе не оди поради далечината, дека не е тоа тоа. После 2-3 месеци тој ми пиша да пробаме повторно, а јас иако сакав, знаев дека ништо не е променето и му реков подобро да не. Од тогаш до сега има поминато неколку години, јас имав друга врска во меѓувреме, а и тој, но не од оние врски да знаевме дека тоа е тоа. Неговата нова врска беше пак на далечина и кога прекинаа ми рече „јас веќе врска на далечина ама никогаш!“. Инаку секојдневно се слушаме, зборуваме за се и сешто, од најобични работи до женски што му се свиѓаат и мене дечковци што ми се свиѓаат. И двајцата сме слободни околу година дена отприлика. Во последно време кога ми пишува на вибер и сл. пред да ми каже чао ми испраќа бацки. Ништо чудно да се пријателски, не се залетувам. Ама настрана од сето тоа јас чувствувам во себе толкава потреба да му кажам дека го сакам, неможам да ви опишам. Не онакво „те сакам“ ко демек ај да сме заедно пак, ова-она, туку онакво најчисто најголемо „те сакам“ зошто испадна човек до крај и не си замина од мојот живот и тука си за мене и тука сум за тебе... Дали да му кажам? Дали да му објаснам зошто му го кажувам ако го кажам? Или да си ќутам?
Абе фловерке, спиеш ти некад? Искрено, врска на далечина не е за секој, ни па треба воопшто да постои. како "врска", Си одбрала лош момент да му кажеш те сакам. Он кога решил веќе не со далечни врски, ти одлучуваш даму кажеш те сакам. Мислам може он ќе го сфати, како заебанција, а може и сериозно и пак да се навлече во жива кал каде што нема излез, освен да потоне. Најубаво не му кажувај, чувај го ако некад се решите да се видете во живо, подобро ќе биде така.
Сметај дека кажувањето на тие две зборчиња ќе ве одведат на едно друго ниво кое порано или подоцна неминовно ќе се случи, така што одбери дали сакаш сега или покасно. „Те сакам“ во твојата ситуација ќе ги подгрее неговите желби и потреби кои несомнено ги има. Ќе посака нешто повеќе и ако му дадеш нешто повеќе, ќе почнете повторно некаква врска, ако го одбиеш, ќе помисли дека си играш со него и ќе се налути, зашто покрај те сакам како човек, ќе ја осети искрата на те сакам секако и ќе му направиш хаос во глава. Ако толку години активно пишувате и се согласувате и ви е убаво, тоа мора да доживее климакс, по што ќе почне врската (не само љубовна) да оди надолу, па кога тогаш да ги заладите односите или секако, да стапите во брак, па деца, па фамилии, па врагови...
Може некој да ме просветли и да ми објасни зашто дечко ми треба да го молам да иде да се види со другарите и да им се јави? Се немаат скарано нешто, не сум му забранила јас, ни па сум побарала нешто такво од него, на памет не ми паднало. Постојано сака да е само со мене, почнува малце да ми е напорно. Не ми прави проблеми за мои искачања со мои луѓе. Или јас не го разбирам машкото пријателство? Ама па имам најбоље другарче, 7години се дружиме, па и он кога беше во врска, не си ги запоставуваше другарите, ни мене. Мојов со грешка да не е? Ви благодарам! edit: 2ипол год сме заедно, возраст 24год
@Bokchee и @Captain-Omni, ви држи вода муабетов. И јас што се вика "му отспав" на прашањево и си велам подобро да причекам, да го преќутам чувствово и да се видиме ко што планираме. Па тогаш и очи ќе му видам и реакции и однесување... П.С. Спијам, работам трета смена
Од мое искуство можам да ти набројам неколку причини. Прво, многу му е убаво со тебе и некако доволно му е само твоето друштво, така што не му се ни излегува. Очигледно некои од машките минуваат и низ таков период во врската, кога му е скапоцен секој миг со тебе, па дури и малку му доаѓа времето што го поминувате заедно и не сака да те „дели“ со друштво, не сака други, доволна си му ти (а е доволно фин да не ти прави проблем за твоите другари). Втора причина, другарите негови не знам дали имаат девојки, ама може имаат и други друштва, па со нив поинтензивно се дружат. Трето, го фатила некоја мрза или е многу уморен (ако работи, или поинтензивно учи или нешто слично), па не му се искача веќе толку. Четврто - обратно од претходното, другарите му се позафатени, па не се дружат толку. Петто, фатил да игра некоја игра на компјутер, па поинтересно му е така, отколку да излегува со другарите. Кој да ги знае, демек жените биле многу комплицирани, ама и маживе не заостануваат нешто многу. Ама дека е обратен - сигурно не е. Се надевам дека ти помогнав, или барем дека те насочив.
popolnuva dupka u samodoverba test: ako te snema na nekoe vreme (moze da bide saat ili den zavisno od kolku e needy) ke stane ljubomoren i moze da ti se naluti ako zavrsi vrskata ke mu bide epski teshko i pak ke se vrati na staroto nivo na samodoverba ili toa ili ona shto Lady Phoenix go kaza... "nepostoi dlaboka realnost se e percepcija" - Robert Anton Wilson
леле прво во темана женски совети за машки сум го пратила мислењето и се чудам Eдна анкета ако можи. Дали ви се допаѓа задникот на џеј ло? кај женските мислењето е поделено, некој викаат дебел и бил, некој викаат таман ко шо треба да биди, ем испапчен ем стегнат. Ме интересира кај машките како е мислењето.
Nisto posebno ne i e gazot, kakvi zadnici postojat... Inaku za godinite si se drzi super e ama zadnikot konkretno nisto posebno.. Jas sum zensko no mislam deka e prasanje na vkus koj kako ne razmisluva sekoj isto.
накратко.. има еден тип од факултет,све убаво муабетот ни оди, по цели вечери муабети за се и свашта, заедно искачаме и све тоа добро, и сеа давајте совет, последен пат коа зборевме рече дека он се поставува првин другарски па после што биде, маката ми е што више не е другарски ова, се меркаме,без врска доаѓа со мене сегде, и на најдосадното место дојде, ама ништо, дава знак и ко да чека ја прва да почнам, ко да не е сигурен..ко мали деца сме,многу се нервирам дај кажете ваше мислење, што да се праи...
Вообичаено јас сум за женско да направи прв чекор.Во твојов случај,мислам дека е подобро да почекаш.Запознај го поубаво,дружете се и мислам дека ако стварно те свиѓа,ќе ти пријде он и тоа баш кога нема да очекуваш. Тој со тоа што ти рекол дека прво се поставува другарски можеби сакал да ти даде знак,ама сепак мора и да размислиш,можеби на секоја „другарка“ така и вика. Почекај уште малку,види како ќе тера ситуацијата.
Знаци, погледни го во усните и тоа малку подолго од 1 секунда, ако не успее облизни си ги усните, ако и тоа не успее треба да почнеш нежно да го помилуваш или гушниш или речи му дека сакаш да го гушниш, дај му некој ненападен комплимент уз гушкањето, само немој прва да се подадеш да го бакнеш, бидејќи може да ја тргне главата и да изгубиш самодоверба на големо. Ако овие работи не ти успеат, крајниот дел е да му кажеш на некој негов другар дека ти се свиѓа и може ќе му текне. Понекогаш, машките сме такви знаци тешко забележуваме.
Само што дознав дека машкото што се гледам ми е сват. Т. Е. Мојот втор братучед него му е прв. Дали би требало воопшто да се гледаме?
Луѓенца случкава е стара можеби два месеци и уште имам нејаснотии што ми ,,лебдат'' во главава и морам да си прашам- некако ми пречат во размислување и расудување- гужва е во мозоков Чувствувам дека постов ќе биде долг- однапред се извинувам им се заблагодарувам на оние што ќе одвојат време да го прочитаат. Вака: Официјално се запознавме на забава кај заеднички пријател. Инаку се ,,видовме'' пред една година, повторно на роденденската забава кај заедничкиов пријател. Тогашната мисла за него ми беше дека е дете и дека ,,уште мириса на млеко'' . Ама на годинешната забава- влегувам и така убаво ми дојде на душичкава- се чудам како е можно волку да се променил . Како и да е, ништо не покажав - си пиев винце- си уживав... Уште си уживам и само се вртам да и` спомнам нешто на другаркава што седи до мене, кога го гледам тој се ,,купосал'' , мене. Почна со глупава финта, (во основа ме познавал од некаде, ама не од ланскиот роденден [конкретно го интересираше каде излегувам] и дека е само пријателски расположен) , ама после се` подобро и подобро се снаоѓаше- затоа ни тргна муабетот. Се` убаво до ова: ,, Ја гледаш онаа?'' ,,Да'' ,, Е многу е искусна '' Баш непријатно ми дојде, го гледам и му се чудам. Сакав да му кажам дека би сакала да му ја видам реакцијата ако некој му каже дека и сестра му е искусна ( далеку од тоа дека ја познавам сестра му, ама како девојка ме навреди со коментарот ). Сеедно, дечково со двоумење си ја прошири темата: ,, Ама тебе ти кажувам дека не те сметам за таква. Дека е искусна знаеш ли што си мисли за мене? '' ,, Не'' ,, Леле види го колку време му треба за да ја смува'' И јас нормално, си го искористив неговото пријателско расположение : ,,Цела среќа што не ми се пушташ '' И добро, после следеше муабет демек добро ти се пуштам. Моментот е што некаде после ова сфатив дека ми е доста интересен, освен што ми е симпатичен и дека ми годи неговата близина, а ретко го помислувам ова за припадниците на посилниот пол . ( Да се разбереме - на ден имам минимум двајца симпатични ). После почнав да бидам безобразна со него... Ќе ме прашате ,,зошто''? - Ни самата не знам- најверојатно се исплашив од непознатото ( за прв пат му пронаоѓав реална смисла на ,,првиот бакнеж'' ). Сега си одам накај дома и размислувам шчо напрајв? Мене некој да ми го правеше она што јас му го правев, не би сакала да го видам. Многу се разочарав од себе:сочувствувам , не сакам никого да навредам и не сум ни најмалку безобразна, затоа се чудев како успеав за кратко време да го навредам толку. Јас будалатаа Сакав да се исправам- го додадов на фб и му се извинив. Ми го прифати извинувањето и нормално си муабетевме првиот пат, а наредниот нешто пушти рогови. Муабетот му беше: читај меѓу редови -ти враќам! Е значи се` се`, ама вакво детско однесување не толерирам! После фино и учтиво го откачив така да не може да ми пише цел живот. Значи да кажеше дека е навреден и дека не може да го прифати извинувањето- повеќе ќе го ценев- а не тука детска градинка ќе си играме! Замислете сега ова: Во цело Скопје, од толку народ, од толку места- во скоро 4-ри сабајле налетувам баш на него. Толку многу сум се окезила и одеднаш мозочна шлаканица: ФЉАС!!! Будала една, нели ти текнува што му напиша? А да, се сетив и ми потонаа сите бродови. Што да правам сега? Делми ми беше убаво што го видов -се решив - ќе одам да го поздравам! Таман да тргнам типов си ја покри фацата! Сакам да прашам: Зошто ли го покри лицето? Ставете се во негови чизми и кажете дали би изреагирале како него ве молам. На крајот на краиштата, тој немаше потреба да се крие нели? Ете напишав. Долг излезе постов поприлично.
1. nikogas ne pocnuvame da razmisluvame, ednostavno se naogjame vo poseriozna vrska 2. toj sto gi menuva sekoja vtora vecer tesko deka nekogas ke se smeni ( sekoja cest na isklucocite )
Следен пат, ставај помалце смајлови,се изгубив во текстов. Благо речено, непријатно му е од тебе,и затоа така реагирал. или па, човекот, незнае како да се постави кон тебе, со оглед на тоа. што и да сте збореле, ми делува ко да му срам од тебе и непријатно
Ме интересира мислење од момците овде,што мислите за тоа девојката да направи прв чекор за комуникација?како ги сваќате тие ситуаци?не дека има лошо во тоа,ама никогаш не сум прашала некое машко што мисли за тоа... На пример некој ти се допаѓа многу,е сега не си имала шанса да се запознајш и не си во близок круг на пријатели да се запознајте,останва фб кот а јас искрено против сум такво некое запознавање незнам зошто,прво сакам лично некој да запознам па ако се прошири комуникацијата да комуницираме и понатаму на социјални мрежи итн.ама секогаш не се такви работите,ете ти се допаѓа некој сакаш да му дајш до знење ама незнајш како ќе го свати тоа,мн.АМА има.Со мн.пријателки имам праено муабет на оваја тема некој не се замарат воопшто ако му се допаѓа некој се борат за него со сите сретства немам ништо против тоа, некој не се ни осмелват први да направат чекор,јас секогаш неутрална сум во врска со ова па ајде момците нека кажат мислење мн.ме интересира...Каков впечаток му остава девојка доколку прва му пријде или права направи некаков чекор на комуникација...