Фала за искреноста пред се,во никој случај не сакам да ги разделам,само малку еве да кажам бев пријатно изненадена што и после толку време (околу 6 месеци се во врска)тој сеуште чувствува нешто за мене
Сеκој со своето ... Јас не би саκала неκоја да има било κаκви односи со дечκо ми, а κамо ли јас да бидам ,,the other girl''. Не деκа советот беше за мене-чисто си давам мислење.
Го поставив прашањево и на друга тема ама сега сакам да слушнам машко мислење, имам дечко одевме 11 месеци раскинавме(поради смрт на негов родител) и сега повторно сме заедно скоро еден месец.. Се смирив со него од толку многу што го сакам ама сега стварно не знам како да постапам. Секој ден е со другарите излезен мене воопшто не ме ни бара и јас се побунив нормално што е работата да дознаам тој од тоа направи голема караница и почна да ме напаѓа мене како сум можела така да му викам јас тој постојано зафатен бил... Денеска требаше да излеземе заедно тој ми се јави и ми рече дека имал некоја работа а сега е излезен повторно со другарите.. Не знам што да правам ве молам за некој совет ...
Искрено да ти кажам, прави како што ти прави и он, излези си со другарките и онака откажи му пред искачање, ако ти мрчи, кажи му ова што ни го кажа нас, и дека ти смета итн итн
Се однесува како да немам јас чувства па удрии... проблемот е што тој воопшто не ме вика да излеземе другарите на прво место му се...
Епа играј на негова карта, т.е биди малце поостра, па што биде биде, Ако е со тебе, другарите ќе му викаат зошто не иде со нив,. може да му се скараат, па да биде без нив, ако вие се скарате ќе биде сам. Следен пат, или утре идете заедно некаде денски, и зборете,сериозно ако сфати ок ако не пак ок, или ќе терате, или нека си иде со другарките.
Прашање е дали воопшто ќе ме викне тој мене да излезам денеска договорени бевме тој ми откажа за да оди со нив.. за утре не се ни сомневам цел ден заедно се ја штом му спомнам се нафрла мислиш којзнае што сум му рекла... Да чекам сам да се јави и да пише? Зошто јас сто пати му имам речено и секогаш ме одбива испаѓа како јас да сум патетична будала што претерува за да излеземе, да видиме сам кога ќе ме викне....
Така прави бидејќи знае дека го чекаш. Знае дека има некој што се би направил за него. Може да те добие во секое време.. Едноставно те има и сигурен е дека нема да те изгуби. Некое време не го барај, а и ако те бара не му кревај веднаш, остави нека ѕвони неколку пати. Излегувај со другарките, шетај.. Нека види дека не се врти твојот свет околу него.. Биди ладна со него, и веднаш ќе го привлечеш, и ќе стане позаинтересиран за тебе и ќе те бара и ќе прави се за да те освои повторно..
Епа прави како он што ти прави, прави се ладна и не го барај а па уште помалце не му пишувај прва. Договарај се со другарки да искочите, и едноставно наприви си како да немаш дечко. Пошто типов, ако му затребаш ќе ти дојде, ако не, нз што да ти кажам др. Збори со него, тоа ќе ти последен обид да си ја спасиш врската.
Zboruvav vcera Sam mi pisha I rece da ne sum mu vrshela pritosok sam ke me baral za izleguvanje... Se izvinivam nemam makedonska podrska na tel..
Имав помалку слична ситуација на твојата и јас правев како што правеше и тој ако не сака да се видеме и јас не настојував , беше премногу време со другарите и мене не ми посветуваше внимание што и до ден денес не е нешто многу сменето постојано е со нив , ти препорачувам почни да го игнорираш малце , во живо кога си излезена со другарките или со било кој друг освен со него однесувај се пријателски со него само едно здраво и готово или ако гледаш дека нема никакво настојување од негова страна за да ти се јави почни и скроз да го игнорираш , ако му значиш ќе почни да ти се јавува и пишува сам . позз
Ми се свиѓа еден дечко,постар од мене 1 година,но малку е повлечен,си муабетиме,но повеќе кога сме сами..Многу ужасно ми се свиѓа Незнам што да правам..Како да му пристапам..? И што ако ме одбие? ДИЛЕМА
И мене ми се свиѓа еден, веќе неколку недели. И вчера пак излегував со него и неговите другари. Само ме гледа а ништо не ми збори, не знам не го сфаќам. Не можам да разберам дали се кае што се смувавме, дали му се допаѓам.. Само седи и ќути, се насмевнува и гледа во мене.. Како да го сфатам тоа?
Ми се свиѓа најдобриот другарррррр, шо се знае за мене и ја за него..... Пред 1 месец си дојде од странство, таму се пресели со неговите засекогаш, а доага у лето(не секое).Излегуваме барем 3-4 пати во неделата сами на кафе, у кино, на водно. Значи си пишуваме цело време пораки како да сме дечко и девојка а ништо немаме направено, ни блиц бакнеж ништо ништо. И пред некоја вечер ми пиша дека му се свиѓам ама дека ке се збореле у живо глупо било преку смс, и не сме збореле, он не отворил тема а мене ми е глупо. Зашо не проба да ме баци??? Не е дека нема кога и каде или дека немало ситуации. Многу сум збунета...