Значи ти го свиѓаш, тој те свиѓа и двајцата немате муда да направите нешто. Не си ја замарај главата многу - ако сакаш нешто со него, го наоѓаш насамо и му почнуваш муабет. Ќе го прашаш што било тоа демек што ти рекол дека те свиѓа. Оди онака на заебанција, не премногу сериозно... И онака, опушти се. Ко што викаат америте: one thing led to another. Епа пушти да течат работите: ако сакаш да го залапаш залапај го, ако сакаш да го фатиш за рака, фати го, ако сакаш да му седнеш в скут, you get the idea...
Намигни му, насмеј му се, види како ќе реагира. Ако треба нека ве запознае заеднички пријател/ка па види што ќе биде муабетот. Па види дали ќе те адне на фб тогаш.
Не се замарај со тоа. Можда му се свиѓаш, можда не му се свиѓаш... не вреди ни да разглабаш. Ако сака нешто сите авении му се отворени, може да ти пишува на фб, може и да те најде на кафе ете со заедничките пријатели... Дечкото сега за сега си ги држи сите опции отворени, не изразил желба за ништо повеќе од другарство, па така и ти исто треба да тераш. Ако има други што те свиѓаат или ги свиѓаш терај, бркај си работа.
Дали треба вашата женска да се вклопува во вашето друштво на другари , другарки? Колку ви е тоа важно?
Ти благодарам на одговорот, но да појаснам да кажеме не сум се слушнала со таа личност некој период и го побара па не ми крева, па пробам уште еднаш тоа е замарање? Додуша ако не сакате да ве бара некоја личност зошто едноставно не го изразите тоа?
Некој период не е замарање, секој ден по 10 пати е. Случајот кој го опиша, ако е така како што викаш не е замарање ама па ако не ти крева тогаш и не го барај. Тоа ти си го знаеш најдобро, знаеш што се случило за да дојди до кај што дошло и не можам да ти кажам ништо. Зошто не го изразиме тоа? Тоа не се кажува, како би изгледало некој на неговата девојка да и каже не ме замарај на секој 1 саат? Којзнае што ќе си помисли и од ништо нешто ќе направи. За да и го кажеш ова на девојка со која си во врска треба да имаш суицидни тенденции. Тоа треба на самата нејзе да и текни. Мислам стварно не е нормално секој ден по 10 пати да се слушаш со некој/а...
Машки едно прашање вака ме интересира ваше мислење..Можно ли е машко да сака некоја стварно а да му шараат очите..Имам братучед во врска 5 год. си ја сака женската,кога се скараат е како потиштен,арно ама има на пр период кога ќе се закачи со некоја и тоа претежно ороспија што нема ни у од убавина а женската лепотица и кога ќе го прашам зошто вака правиш следи јас нејзе си ја сакам стварно ама кога ке лудуваме ско не сегс,кога ќе се оженам ли?..ебате начинот на сакање ,а сум го чула ова од многу машки..
Многу "феминки" ми одговорија и ми дадоа совети, но сакам и од машки аспект. Многу се сакавме. Му раскинав дека не бев сигурна во моите чувства, со страв да не го повредам. Поминаа многу години оттогаш. Сеуште го сакам. Изгубивме секакви контакти. Тој секој ден си излегува, си фаќа девојки. Јас веќе не постојам во неговиот живот. Но, стави статус на датумот кога се фативме следната година нешто поврзано со датумот, значи се уште ја памти датата. Што да правам понатаму, дали има надеж?
\ Искрено, зошто мора да се ѕвони по неколку пати на ден или во рок од еден саат? Ако не ти крева некој, значи е или зафатен, или едноставно не сака да ти крене, од тука појасно немаш. Зошто мора некој да се изнајснува? Едноставно нема да ти крене и тоа е тоа, соочи се. Зарем е забрането да шараш со очите ако имаш некоја? Роб да не си, ако си во врска? Тоа ако он си се закачува на ороспии, негов проблем, или си сака, или му е фетиш Изгледа ќе има надеж, едноставно, да му пишеш или му се јавиш. Ако не ти крене, или па не сака да збори со тебе, тоа е тоа. Ако имаш дечко, треба муабет да правиш за се, а не колку да имаш дечко и тоа е тоа. Си требала да седнеш и да збориш, како пар, а не како непознати. Сега, седи си сама
Уште само ова ке ти го кажам,побарај го и види на што си,вака џабе што и да ти кажуваме кога немаш пробано да го побараш.Додека тоа не се случи ништо неможеме да ти помогнеме,освен да ти кажеме барај го.
Не по мене ако ти звони некој 12/13 пати во текот на денот и те праша дали и во ВЦ си бил (како пример). Но и 2/3 пати може да биде напнување ако во тие 2/3 пати те тормози по пола сат за глупости
Тоа зависи од друштвото, ако тие имаат многу поразлични ставови и размислувања од твоите тогаш малку ќе ти е потешко да се вклопиш. Лично мене не ми е толку битно како ќе биде прифатена во друштвото, нормално од толку луѓе можеби нема да им се допадне на сите, но побитно ми е тоа да се вклопува со моите најблиски другари/ки, да може да си биде најопуштена кога сме заедно со нив (шали, муабети итн.) едноставно да влезе во нашиот свет. Сигурно ако има добар карактер, е дружељубива и ''open minded'' брзо би се вклопила дури и ако не мора да се согласува со нивните размуслувања и ставови, секогаш е добредојен некого кој знае да цени туѓо мислење и да си го каже своето без притоа да навреди некој.
Ако зборуваме само за гледање, ништо понатаму, да мозжно е. Машките се визуелни суштества, гледаат наоколу и се тоа. Тоа не значи дека тие што ги гледаат им остануваат во мислите подолго од 10 секунди. Најчесто и не се сеќаваат што виделе и како. Не обрнувајте многу внимание на тоа. Кој што ти вика не гледа по други женски или е педер или лажи. Мислам сите гледаат по други, женските гледаат во убави машки, машките во убави задници. Круг бе... Со најблиските, да. Зошто? Кога ќе излезам би сакал сите да се опуштени и да може да се направи било каков муабет, а не да се плаши некој да не навреди некого. Не дека е пресудно за нешто ова ама за важно, важно е.
Дап добро познат проблем. Многумина знам што гледаат на работите така. Во исто време сакаат да искористат што е можно повеќе од младоста и животот (да клецнат што е можно повеќе женски), а од друга страна сакаат и љубов и верност и женска им да е чиста и невина и да биде добра домаќинка утре.... Луѓето сакаат и јаре и паре. Човечка работа, не барај логика. Ако само се загледува, не се секирај, природен нагон е, не се може против тоа. Ама ако нешто прави/брка... тогаш...
Сакам да прашам затоа што мислат момците кога девојките го прават првиот чекор за помирување со партнерот иако биле раскарани поради непромисленост на двајцата? Дали ќе го сметаат тоа за слабост на девојката па ќе ја искористат ситуацијата или еднаш кога е ставен крај иако двете страни допринеле затоа е крај засекогаш?
не мора да значи дека во секој случај машкото се плаши да го направи првиот чекор се зависи каква особа е, и во каква ситуација се наоѓа тогаш