Совети од МАШКА страна за сите девојки

Дискусија во 'Сингл' започната од TheBunny, 17 септември 2010.

  1. fallenangel

    fallenangel Популарен член

    Се зачлени на:
    23 јуни 2010
    Пораки:
    2.150
    Допаѓања:
    16.150
    Ананас158 ти си направила доволно и најдобро повеќе ништо не прави нема ти него да го ќариш нека се потруди тој тебе да те улови, затоа што ќе му ги кренеш акциите па повеќе ќе забега. Факт е дека си игра топло-ладно, можеби не е заинтересиран за ништо озбилно па само си флертува. Во однос на тоа дека нема девојка, не искача со друштво и сл. нема никакво значење за вас може си врти повеќе девојки и убаво му е така, не сака да се врзе и толку .
     
    На Igrata му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Bokchee

    Bokchee Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 октомври 2013
    Пораки:
    658
    Допаѓања:
    810
    Пол:
    Машки
    Не трчај по селебрити :D Фати си некое нормално момче :P
     
    На realGirl, Arthur, fallenangel и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  3. Igrata

    Igrata Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 септември 2013
    Пораки:
    207
    Допаѓања:
    308
    Пол:
    Машки
    Така е стално кога жена бара таков тип, со повеќе избор и изобилие на животни можности. Врвот на сладоледот. Тајниот мед во шпајзот. Босанскиот геврек со кременадли. Што би рекол Бокче Celebrity. Се надевам ќе има среќа и еден ден ќе успее, ќе видиме.
     
    На Captain-Omni и Bokchee им се допаѓа ова.
  4. Anon

    Anon Популарен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2011
    Пораки:
    830
    Допаѓања:
    1.791
    Пол:
    Машки
    Батали го тогаш. Чим не реагира... најди си некој што ќе те свиѓа и ќе има доволно муда да те брка.
     
    На Hipica и fallenangel им се допаѓа ова.
  5. ananas158

    ananas158 Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2014
    Пораки:
    137
    Допаѓања:
    63
    Пол:
    Женски
    фала ви на искреноста, и да во право сте не се трча по автобус за Скопје а сакате да отпатувате во Берлин :D
     
  6. Petar80

    Petar80 Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 јуни 2015
    Пораки:
    1.579
    Допаѓања:
    45.083
    Пол:
    Машки
    Зашто машките обожаваа девојки и жени во хеланки
     
  7. Name

    Name Популарен член

    Се зачлени на:
    5 јуни 2010
    Пораки:
    1.433
    Допаѓања:
    881
    Пол:
    Женски
    Се согласувам. Се гледав порано со еден таков неколку месеци, (фаца, селебрити, како год да ги викате,а не знаев дека е таков иначе) видов дека му е за лабаво работава и го откачив. Не дека јас сакам сериозна врска ама треба работите да се движат во нормален правец. А преубав, висок, со доста јака работа и претпоставувам и плата. А сега последниве години се 'издигнал' да речам, а порано знам бил никој и ништо. И сега ќе се занесува. Епа јас не сум ништо помалце од него од ова што го набројав така да нека си го гера своето и нека си прави што си сака. А јас да се трескам по него и да го 'ловам' не доаѓа во обзир. Али да, така е со ваквите типови.
    Не е прашање знам, само ми дојде да се надоврзам на муабетов :D :)
     
    На Igrata и Petar80 им се допаѓа ова.
  8. tockaAa.

    tockaAa. Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 јули 2015
    Пораки:
    195
    Допаѓања:
    256
    Пол:
    Женски
    ова е одвратно
    хеланките се носат за вежбање или низ дома пошто се удобни а вака како оваа па и напикани (facepalm)
    а и нема убаво тело
    катастрофа
     
  9. Petar80

    Petar80 Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 јуни 2015
    Пораки:
    1.579
    Допаѓања:
    45.083
    Пол:
    Машки
    Е сега вака така дека ја гледаш со женски очи хаха се шалам да невкусно изгледа ама плакнурија за нас машкиве.
    Девојчето да си се пофали на истакнати усни
     
  10. Igrata

    Igrata Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 септември 2013
    Пораки:
    207
    Допаѓања:
    308
    Пол:
    Машки
    Тоа не се усни тоа е големиот кањон, раздвојот на црвеното море на дедо ное
     
    На tockaAa., Hipica, MysteryMan23 и 2 други им се допаѓа ова.
  11. Petar80

    Petar80 Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 јуни 2015
    Пораки:
    1.579
    Допаѓања:
    45.083
    Пол:
    Машки
  12. XstrongerX

    XstrongerX Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јули 2010
    Пораки:
    1.714
    Допаѓања:
    5.092
    Пол:
    Женски
    ^
    Шо е со чоеков, рандом мислења неповрзани со темава, онака скроз лабаво ?


    Имам колега на работа, во одлични односи сме. Ем колегијално, ем на пријателска база. Ама е малку чуден на пати, човек да не знае што да помисли. Денес, стигнав на работа. Мој пријател и исто колега се врати после подолг одмор и си се гушнавме де ко секогаш. Ме гушна и овој другиов ама некако, не знам, сочно ме бакна во врат и зеде длабок здив. Ко да ме намириса квалитетно. Така некако. Непријатно ми дојде. Последно низ деновиве го задржува погледот. Ме гледа директно и онака баш го задржува погледот, а јас после некој момент не знам како да изреагирам на тие погледи проследени со молк го тргам погледот и будалесто зјапам во штодаевоблизина од непријатност.

    Има нешто или јас деновиве ја грешам шминката од сабајле па човеков не може да се нагледа ? Има нешто со тој потегот со вратот и све тоа или вистина имам добар летен парфем ?
    Женет е и има ќеркичка и нема промискуитетна природа, го следи репутација за добар домаќин и исклучително верен сопруг. Ми игра топло ладно на мајтапите последно.
     
    На tessie и Madam-A им се допаѓа ова.
  13. Igrata

    Igrata Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 септември 2013
    Пораки:
    207
    Допаѓања:
    308
    Пол:
    Машки
    Си го тера филмот :D

    Се случува, кога машко оди накај втората половина од 30тите, да се запраша дали правилно постапил во животот.

    Дали е со правата? Дали требаше да носи кратка или долга брада? Дали девојка му навистина му раскина дека и здосадило, или можеби сите тие ноќи кога легнувала порано не ги поминувала сама? Зошто келнерот стално му става на него повеќе шлаг во кафето отколку на партнерката? Како знаеш дека на сервис кога даваш 2.200 за уље стварно ти го мењаат, или само ти претураат друго старо уље од друга кола?

    Твојот втор параграф вели едно, но заклучукот вика друго. Размислуваш дали ти игра топло ладно. Те интересира дали те свиѓа. Те интересира дали те свиѓа бидејки ти го свиѓаш. Пробај си ја среќата.
     
    Последна измена: 6 јули 2015
    На XstrongerX му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Bokchee

    Bokchee Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 октомври 2013
    Пораки:
    658
    Допаѓања:
    810
    Пол:
    Машки
    Кажи му да си седи мадро, и нека ја мириса жена му дома. Ептен добра репутација има, што те зее цело време како да не видел женско. Изгледа му се сака секс со тебе :D
     
    На tessie, Igrata, Petar80 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  15. i...ja

    i...ja Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 јули 2012
    Пораки:
    320
    Допаѓања:
    181
    Не мислев дека ќе ми затреба машко мислење. Ќе прашам овде затоа што е поинтимно и не би сакала да им се отворам на мои другари. Има девојка, околу 3 години. Стажирам повремено таму каде што работи, многу добро се согласуваме, има хемија. Потенцирам дека се беше сведено на пријателски, колегијален однос и не сум дозволила таа линија да се премине. Во последно време се обидува да се зближи со мене. Врската не им е како што треба уште пред јас "да се појавам", знам дека требало да се верат и од свршувачката не бидна ништо. Ова не ми го кажа тој, туку знам од претходно. Во последно време почна да претерува, секогаш кога ќе ме види се однесува чудно, дури и во присуство на девојка му, се оддалечува од неа, како да сака да ми даде до знаење дека не му значи. Таа тоа го забележува, ме чуди како го толерира. Јас се држам понастрана од него, ако сака нешто, прво нека раскине, после нека дојде да разговараме.
    Има уште нешто. Јас понекогаш знам да делувам како ладна и дистанцирана личност, не си ги покажувам чувствата лесно и можеби тоа му влева несигурност.
    Прашањето ми е, дали од машка страна ви делува како некој кој е на чекор од раскинување? Дали вреди јас поотворено да му го кажам ова што го напишав овде, раскини, потоа ќе се обидеме, или мислите дека не е до мене, ако тој не покажал смелост, џабе мојот труд? Досега воопшто не ми оставил впечаток на слабак кој се повлекува, човечки и деловно, но чудното однесување во таа негова врска ме тера да се запрашам.
     
  16. Bokchee

    Bokchee Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 октомври 2013
    Пораки:
    658
    Допаѓања:
    810
    Пол:
    Машки
    Јас мислам, искрено, повлечи се, не си сигурна каква им е нивната врска. Може тоа го прави само за да ја направи неговата женска љубоморна, во стил, можам да ја имам секоја женска кога и да посакам. Може сака некое внимание што не го добива од неа, па те нашол тебе, и така ти се упикува. Или едноставно сака да седи на две столчиња. Може така, се збори за неговата врска, а може уште повеќе се сакаат, па свршувачката им е одложена. А може и сака да те легне.

    Крај краева,кажи му да не те умара додека има девојка.
     
  17. tockaAa.

    tockaAa. Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 јули 2015
    Пораки:
    195
    Допаѓања:
    256
    Пол:
    Женски
    и јас мислам дека ова не е во ред, штом има тој девојка веќе 3 години нема да ја остави и да фрли се во вода. можеби му недостасувал флертот па затоа ги прави тие чекори можеби не е ни тоа туку се е во твојата глава ако ти се допаѓа
    во случајов можеш само ти повредена да излезеш затоа повлечи се посовреме
     
    На Petar80 и exoticgirl им се допаѓа ова.
  18. exoticgirl

    exoticgirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јули 2014
    Пораки:
    215
    Допаѓања:
    268
    Пол:
    Женски
    Ако незнаеш некој детали лично од него не верувај на рекле казале,од кај знаеш ти каква е нивната врска?Со нив си да знаеш како се понашаат.Не..Мислам дека сето тоа е плод на твојата имагинација,сигурно си развила некој симпатии,па првенствено тоа го кажуваш за да ти олесни.И немој никако ти да разгоруваш,да му кажеш раскини па да се обидеме,немојте бе 3 години се во прашање.Почекај ако не им е како што треба ќе пукне кога тогаш,не мора ти да се спушташ на тоа ниво самата да му кажуваш.А нему или му е монотоно во врската па сака малце флерт,или стварно не им е како што треба.Ама ваљда тоа првото ќе да е,инаку до сега би раскинале.
     
    На fallenangel, Hipica и Petar80 им се допаѓа ова.
  19. fallenangel

    fallenangel Популарен член

    Се зачлени на:
    23 јуни 2010
    Пораки:
    2.150
    Допаѓања:
    16.150
    Подобро навреме тргни се настрана не е убаво да расипуваш врска или Боже мој поради тебе да дојде до раскин на веридба. Можеби само е љубезен, дружељубив или ти би сакала да бидеш во врска со него па си умислуваш нешто што нема, а можеби си му атрактивна или краток занес, ќе се излади со тебе некоја вечер и потоа пак ќе и се врати на девојката и на крај ќе бидеш повредена и по мене ќе ти биде глупо да се појавиш таму каде што идеш да стажираш од колеги и сл, на крај краева почни уште од сега барај си друго место за стажирање додека не си се впуштила во некаков опасен триаголник па да си ја чукаш главата.
     
    На Petar80 му/ѝ се допаѓа ова.
  20. m.i.s

    m.i.s Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 јуни 2011
    Пораки:
    175
    Допаѓања:
    319
    Здраво! Имам едно прашање посебно до машката страна. Дечкото со кој сум година ипол периодов како да се лади од мене, а од различни градови сме па не можам да си ја доловам точната негова состојба. Се е океј со муабетите меѓу нас, но јас сум таа што прва пишува, прва се јавува(тој моментално не може да врти) итн. Откако го забележав тоа, уште поубаво се однесувам со него мислејќи дека со арно ќе направам и работите така да кренат. Но никаква реакција нема, само се чуствувам полошо. Дали треба да оладам и јас? Како да си го вратам мирот? Да напоменам дека му реков ама во стил како па ти мене ме одбегнуваш, и ко на смешка заврши таа тема. Благодарам :)