Далечината си го прави своето, Ако не си спремен да одржаваш ќе пукне, затоа, најдобро да си бараш жртва од твој град. Најубаво кажи му што те мачи, биди ладна, и не му се јавувај, Постои опција преку скајп да зборите, еден микрофон ќе ви заврши работа.
Само 2 месеци не сме заедно. Студираме во ист град. И претходното лето бевме вака но подобра комуникација имавме.
Здраво, ми треба совет. Се гледам со едно дете веќе година и некој месец. Меѓутоа не се гледавме интензивно и беше со пауза подолго време. Но еве последните две недели се видовме два пати, а и излеговме заедно на кафе. Пред некој ден кога ми пиша му спомнав сза кафе и дденес тој ме побара. Проблемот е што кога сме заедно тој ми вика дека многу ме свиѓал, а вака кога пиеме кафе си надоврзуваме теми за да има муабет, но никако не збориме за нас... На одење дома ме баци во образ за чао и толку... Малку е срамежлив, ама не знам како да го читам неговото однесување и како да се однесувам јас за да се опушти и да го зближам односот? Генерација сме и се знаеме многу одамна. благодарам
Пробај да направиш како што ти кажав. Може се лади со тоа што не се гледате често. Или па незнам, врска на далечина може за него станува напорно. Самиот збор срамежлив ти кажува дека може некако ми е срам да отвори тема да зборите за вас, Почни прва, па види како ќе биде.
@tockaAa. , @exoticgirl , @fallenangel Не ме сфаќате или не објаснив доволно. 1. Не си правам филмови, тој отворено ми зборува дека имал чувства за мене. 2. Јас ги познавам и него и девојка му. Нивните проблеми во врската постојат, дел од нив се од деловен карактер и знаев за нив уште пред да започне ова со мене. 3. Јас веќе сум повлечена настрана. Hа крај памет не ми е да се влечам со зафатен. Откако стана емотивно раздразлив, се тргнав и се однесувам ладно, не му давам никаков повод да продолжува. Одредени периоди како овој кога не ме гледа често, му се случува да ми пишува пораки и да ме бара по телефон. Тие повици ги избегнувам. Средбата со него и со девојката се случи минатата недела и неговото однесување дента ме стави во мисла дали јас сум премногу пасивна и на тој начин го кочам да прекине со неа. Мојата дилема е дали следниот пат кога ќе се јави или ќе проба нешто, директно да му кажам да расчисти тоа што треба да расчисти, оти можно е да пробува да ми се прави паметен како што кажа Бокче, или да нема храброст да прекине тригодишна врска. Јас не сакам да правам никаков чекор ако тоа му се врти во главата. Затоа идејата ми беше да прочитам МАШКА перспектива, да ми се разбистри малку како може тој да размислува.
Тој ако сака да прекине ќе прекине.Со тој став дека си пасивна па затоа го кочиш,ти несвесно одобруваш тој да седи на две столици.Значи шом си ти пасивна ќе си кроти тој,ама па ако му покажеш интерес ќе преќине,машала господинот не сака да си остане со празни раце.Не размислувај вака,се потценуваш,ако тој е загреан за тебе ќе се труди,а не ќе го мислам јас дали од пасивноста моја несака да преќине..пфф
Абе каков машки одговор какви бакрачи очекуваш!?? Размислува каква си во кревет и дали ке бидеш подобра од таа што ја има во моментот или тебе да те проба па да одбере.....свашта...
kebapce poveke na skara nikad ne skodelo kolku da moze da se bocne troa povecko samo so ponekad ni kebapceto ne e dobro ako nemas na kogo da kazes deka si go bocnal
Прави си како мислиш дека е паметно ако мислиш дека си многу пасивна пробај биди активна и следен пат речи му раскини со девојка ти па тогаш може да излезам со тебе ( па ќе знаеш дали дечкото сака само секс или нешто повеќе). Нема што да изгубиш се обложувам или ќе те прелажи со нешто ќе те одвлечка некаде по темници или во друг град и така ќе се впуштиш во магичен триаголник а излезот од него ќе те чини многу време и нервози освен ако не си губел време со оваа што бил во врска, па бил со неа ради реда и да искочи ѓубре па да ја шутне
ми треба ваше мислење на нештово ,од ваша перспектива .. со едно дете пишувавме од ноември значи си пишевме ретко да речам ама си дававме знаци и едно време се споминаше кафе ама ништо не бидна и веке долго време чекав и се измашив и му пишав да одиме на кафе прво ми прати seen и онака се помирив ама после 3-4 дена ми пиша како да ке одиме од кога ке се вратам на одмор ама повеке сум за гледање филм и јас пишав важи само и еве вратен е веке 5 дена и го нема ваше мислење дали сака да се прави недостижен или сакал од околу да ме откачи тогаш
Заеби ја виртуелната чет љубов, мора да се видите во живо за да фунционирате. Направи муабет од овој тип со типот и ќе видиш што како понатака.
па што го знам валда кај него ,19... во живо кога ќе се видиме тој трча да се поздравува и бла бла а покана никаде , спомува до кафина до теретани ама се индирекно и на крај јас прашав рече да ама сега го нема чудно ми е бидејќи на мојата понуда одговори со конта понуда
Изгледа сака да те легне, чим те вика кај него. МОже не е сам или па незнам, вајда чека погодно време да те покани
Морав.... Едно време работев СК и колегата ми,ми велеше дека ќе излеземе заедно. Јас со другарките тој со другарите, ќе се дружиме. И што се случи? Бидејќи си заминував во родниот ми град, тој тогаш баш најдуваше да ми вели:Ќе излеземе вечер? Кога си одиш? А, знаеше кога си одам. Уште на 2 пати значи на сред недела се случуваше да ми сврти муабет од типот :вечер ќе учам. (на магистерски беше), имам за работа и сл. Јас сфатив што е работата и ладнокрвно гледав на тоа, а исто така му дадов до знаење дека знам дека ме одбива. Пред да си одам од работа кога веќе и СК го напуштив ме гушна сосема пријателски и ми рече кога ќе идеш навака обавезно да ѕвонеш. По неколку месеци, пак одам Ск, бидејќи се однесуваше така идиотски со мене, не му ни кажав дека сум тука. Со другарките се чекираме и наредниот ден ми пишива на фб : -Па, не кажуваш дека си тука Ј:Да, тука сум. Дојдов -До кога си? На викенд само? -Да -Јас денеска не можам дома за работа, утре кога бегаш Јаа толку чекав хахах: Нема проблем и така имам испланирано за вечерва (а немав!) сеуште немам план за бегање -Ок. Ќе се чуеме утре И така остана, не ме побара, па ни јас него. Шо филм го тепа?
Штознам ,не верувам бидејки нашите се поврзани многу во поглед на работа и таква работа нема да му е во прилог .. нез
Машки кажете сега која е тактиката која треба да ја одиграме на почетокот на една врска,што треба да направи девојката за машкото на еден начин да се заљуби во неа и да знае дека не може да прави што сака..
Куп жени од инает зборуваат. Ете го, и раскина на девојка му. Не требаше многу, истиот ден кога му реков. Сега на мене останува одлуката, само јас не сум сигурна дали да започнувам нешто со човек кој долго не излегуваше од нефункционална врска, можеби се плаши да биде сингл. Вие приберете се. Не ве прашав како да се пазам од него, знам да се пазам подобро одошто вие знаете. Ја откривте Америка со тоа сака да те легне. Нормално дека сака да ме легне, свашта. Не сакав да му покажувам дека сум заинтересирана за него и чекав тој самиот да се ослободи од неа, затоа не сакав да му велам. Сакав овде машко да ми каже дали на негово место би прекинал долга врска без да биде на сигурно. Сега јасно е? Фала на издвоеното време, повеќе не ми треба никаков одговор.