Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Совети од МАШКА страна за сите девојки

Дискусија во 'Сингл' започната од TheBunny, 17 септември 2010.

  1. Mistery

    Mistery Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 декември 2010
    Пораки:
    767
    Допаѓања:
    1.626

    хмммм хепи.....незнам што да ти кажам....можно е тука секое сценарио искрено...Може стварно му има дојдено преку глава на дечкото, веќе се изморил од целата драма и сака нешто по смирено, несака толкава тензија.....Јас би ти препорачал да оставиш некој ден 3-4 дена да се смират страстите и види дали ќе те побара или не...Ако не те побара, повеќе ќе сум убеден дека само си барал изговор да раскинете а ти си му дала перфектен повод, па така биди среќна, зашто од друга страна ситуацијата би можела да е многу по катастрофална со тоа што ќе те лаже цело време а у ствари нема да го е гајле....Како и да е, дај му 3-4 дена и после види дали ќе те побара, или воопшто дали ќе те праша како се работите.....ако те побара он прв, без разлика каков изговор и да е, може и да има шанса.... ;)
     
    На zhap4e и happygirl им се допаѓа ова.
  2. HoneyBun

    HoneyBun Популарен член

    Се зачлени на:
    22 јули 2010
    Пораки:
    503
    Допаѓања:
    973
    Пол:
    Женски
    Момци како да му докажам на едно момче дека навистина ми значи и дека го сакам. :doh: Како вие машките знаете дека девојката ве сака :?: Сакам да му покажам,но се плашам дека после тој ќе си го подигне носот до небо и ќе се однесува ладно... :wasntme:
     
  3. easyyyyy

    easyyyyy Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 јануари 2011
    Пораки:
    320
    Допаѓања:
    175
    па не знам колку е паметно да му го докажуваш тоа на машко,доколку тој не ти докажува тебе такво нешто...голема е можноста да си го дигне носот до небо..како шо кажа и саамата :D
    не мораш да му докжуваш дека го сакаш(кога не сте ништо,а сигурно не сте),само докажи му дека си заинтересирана за него :) доволно е тоа за тој да го направи следниот чекор,доколку е заинтересиран ;)
     
    На HoneyBun му/ѝ се допаѓа ова.
  4. decko

    decko Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 јуни 2010
    Пораки:
    183
    Допаѓања:
    60
    Само дај му некаков знак дека ти се допаѓа.
    Ако те сфати кон што целиш, ќе си дојди тој кај тебе, не се секирај :)
     
    На HoneyBun му/ѝ се допаѓа ова.
  5. traktorska.guma

    traktorska.guma Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 април 2011
    Пораки:
    4
    Допаѓања:
    0
    онака "разлистував" низ форумот, па ме заинтересира оваа тема... видов дека зајко е "главен" па сакав да го прашам зошто се машките толку големи кукавици?(чест на исклучоците :D:D)
     
  6. maska

    maska Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 април 2011
    Пораки:
    5
    Допаѓања:
    0
    Јас сакам да ве прашам за совет.....вчера кога бев излезена во диско цело време се погледнувавме со едно момче кое од неодамна ми се свиѓа и си имавме пишувано на фб и имаме разменето бројче....вечерта ми се јави во 3 сакал да ме види меѓутоа јас го одбив бидејќи беше мн касно......сега незнам што да правам дали да чекам тој да ми се јави или да му се јавам јас ?.......ми треба ваше мислење
     
  7. KalaV

    KalaV Популарен член

    Се зачлени на:
    10 октомври 2010
    Пораки:
    600
    Допаѓања:
    301
    Не сум машко , ама сепак ке ти дадам совет.
    Јас сум кукавица невидена и баш заради тоа што секогаш се тргам на страна и од срам чекам само на него , го изгубив.
    Што те побарал и сакал да те види значи е заинтересиран.
    Не си можела-си го одбила, сега ти си на ред.
    Нема зошто да не го побараш, пиши му пораче да излезете на кафе или на прошетка. :)
    Среќно , па ќе кажеш што биднало ;)
     
  8. zhap4e

    zhap4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 март 2011
    Пораки:
    7.113
    Допаѓања:
    107.126
    Пол:
    Женски
    Јас би почекала во врска со него и тоа многу би почекала и многу би била претпазлива. Доколку, навистина сакал да те види и мисли на тебе, имал цел ден пред него да ти се јави. Јавувањето толку доцна, не ми кажува многу убави работи за него искрено, од мое лично, искуство на мои другарки и тн. Но, во крајна сметка, тоа си е твоја лична работа. Јас, само ти велам понекогаш подобро спречи, отколку лечи. Во три саат, имај го тоа на ум. Цел ден можело да се јави, друг ден.... не многу сериозно, всушност воопшто.
     
  9. easyyyyy

    easyyyyy Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 јануари 2011
    Пораки:
    320
    Допаѓања:
    175
    искрено и мене не ми кажува баш убави работи за него,тоа што во 3 сатот ноке те викнал да излезите :) т.е. можам да заклучам дека е несериозна личност,која не сака ништо повеке од мување
    иако сепак не можи да го осудуваме само поради тоа и не значи дека е точен мојот заклучок...значи ти најдобро си знаеш каков е
    конкретно на прашањето..можиш да почекаш некое време да ти пиши или да ти се јавии ,па ако нема никаков сигнал пиши му...само со тоа што не ти пишал ке видиш и колку е всушност заинтересиран за тебе... ;) оти машко ако е заинтересирано за тебе,ама она стварно заинтересиран , ке најди начин и соодветно време за да излезите(исклучоци се срамежливите ) :D
    сега нормално,не да те моли...ама ке се потруди малку повеке, а не со едно јавување :)
     
  10. yawn

    yawn Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 јуни 2010
    Пораки:
    697
    Допаѓања:
    700
    Aј и јас да си прашам нешто :$ .Што мисли едно момчe за девојка со која само се гледал (значи не биле во врска) и и ја "собрал" невиноста ? Во мојот случај конкретно,ние повремено се дружевме :lol: ,за последниот пат тој да го стори тоа без моја желба (или ајде де можда сакав малку :$ ) .Не продолживме ,јас си отидов. Оттогаш го избегнувам,свашта му изнакажав и му дадов remove од фб.Пак ме додаде и упорен е.. Тој е таков од oние Womanizer,и неможе да поднесе некоја девојка да го одбие или да го игнорира. Што мислиш дали затоа пак упорно ме бара или има можда некои чувства за мене? :^)
     
  11. Nightwalker

    Nightwalker Популарен член

    Се зачлени на:
    4 февруари 2011
    Пораки:
    1.124
    Допаѓања:
    4.447
    Пол:
    Машки
    Искрено, за womanizer-ите нема ништо послатко и поубаво од тоа да дојдат до целта (која најчесто е секс) без воопшто да се во врска со девојката. И потоа истото сценарио наново, и наново... Е сега, доколку овој дечко е таков, тогаш неговата упорност би ја окарактеризирал како обид повторно да си го прави меракот, зашто очигледно првиот пат ништо не го спречило во тоа.
    Е сега, сево ова важи доколку е женкар, како што кажа и ти... Во спротивно, може па и да се случило некое „чудо“, односно по сексот да сфатил дека си му мила, дека сака нешто со тебе, дека не те гледа само како уште една цртичка во „црниот тефтер“ :lol: , па да е спремен и да го издржи твоето моментално однесување само за пак некако да допре до тебе... Но искрено, НАЈискрено, повеќе би рачунал на првата можност. И би ти препорачал да се држиш на дистанца, како што веќе и самата си почнала. Значи му ја даде невиноста, свесна си дека е женкар, дека не трпи одбивања... Што уште треба САМАТА да знаеш за да решиш да го пречкрташ од твојот живот? Сите карти ти се отворени,
    но секако дека на крајот одлуката е твоја.:)
     
    На faye му/ѝ се допаѓа ова.
  12. yawn

    yawn Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 јуни 2010
    Пораки:
    697
    Допаѓања:
    700
    Не верувам во чуда NightWalker :D .Фала ти за мудростите :)
    Само заборавив да ти споменам ..Ми има кажано дека треба да покажувам поголем интерес и да не се оставам така како играчка да ме имаат.И тоа тотално ме збуни..Значи сега јас го игнорирам иако веќе ме имаше (играм баш како него) а тој ми прави вакви збрки :D
     
    На faye му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Mimi123

    Mimi123 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 јули 2010
    Пораки:
    1.015
    Допаѓања:
    1.186
    Вака значи незнам од каде да почнам..
    Имав врска долга 2.5 год но врска која истовремено беше со разделби и смирувања и сега повторно дојде крај по трет пат каде што јас се обвинувам бидејќи последното време се однесував многу љубоморно заради Фб а немаше поголема причина за тоа и бев многу нападна. Секогаш мислев дека нешто крие од мене но упорно ме убедуваше дека такво нешто не постои дека ме сака и такви ствари. Меѓутоа разделбите од претходно си го направија своето односно недоволно доверба со тоа што немавме ни односи зошто сакав да бидам со него кога ќе бидам потполно сигурна без трошка каење и тој тоа го знаеше. Крајот се случи неочекувано неможев да си поверувам дека е крај само заради таа причина. Го убедував дека ќе се смени дека се ќе биде подобро но не сакаше, сакал да биде малку слободен без обврски да му се јави на некој и такви работи. Знам дека ме сака многу и јас него но едноставно викам дека не се пронајдовме во вистинско време..Ме советуваа дека ако ме сака ќе ми се врати ако не можеби има подобар но го сакам него :(
    Сакам само да прашам дали да му пишам јас по некое време откако ќе се издува или да оставам на времето и и на него ако ме сака ќе се врати што било случај и во претходните разделби.
    Прво се разделивме заради недоразбирања по еден месец ме молеше се смиривме, Вториот пат се случи истото и се смиривме по 6 месеци пак по негова иницијатива и овој пат ете заради која причина и затоа повторно незнам дали да му пишам јас зошто знам дека сум виновна или па да почекам да видам дали тој ќе ми јави ????
    плсс и неед хелп
     
  14. easyyyyy

    easyyyyy Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 јануари 2011
    Пораки:
    320
    Допаѓања:
    175
    искрено мое мислење е дека колку и да се смирувате, повторно ке се карате за вакви работи :)
    банални или не,нешто предизвикува за ти да немаш доверба во него...
    можеби тоа е знак дека не си го пронашла вистинскиот ;)
    не велам дека постои совршена врска,но тука станува збор за немање доверба
    како и да е мислам дека се' се решава со разговор...и кaкo шо кaжa ваша заедничка одлука беше да се разделите...
    не сфакам зошто би го прекршувала својот збор(немаш никаква причина ,освен тоа дека го сакаш :) )
    јас би ја прекинала оваа врска уште одамна,затоа шо клуч на една врска за да успее е довербата...
    тоа е моето мислење...сега останува на тебе дA си одлучиш :) :*
     
    На Mimi123 му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Mimi123

    Mimi123 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 јули 2010
    Пораки:
    1.015
    Допаѓања:
    1.186
    Беше само негова одлука да се стави крај јас секогаш се борев за врската и верував дека ќе биде подобро и подобро ако сакаме ќе успееме меѓутоа тој секогаш ставал крај и после повторно тој молел затоа се двоумам дали сега јас да бидам таа што ќе превземе иницијатива да се смириме зошто верувам дека ќе успее ако се смени начинот на кој одевме но несакам да молам мислам дека сум напорна и дека уште повеќе го отргнувам од мене :worried:
    А кавгите секако произлегуваат од двајца но повеќе од мене само заради тие глупости што секогаш му викав за фб поминува многу време на него што прави толку дека сакам пасворд да ми кажи и никогаш не ми го кажа и заради тоа помислував дека има нешто секогаш барав да ми докажува дека ме сака и имаше премногу притисок од мене и нервози а во глобала ако го немаше сето тоа мислам дека беше се во ред
     
  16. srcekrsacka

    srcekrsacka Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    2.952
    Допаѓања:
    1.752
    да ви опишам што се случува па вие од мачка страна да ми кажете што се случува :D

    епа вака:
    на конверзација почнавме спонтано да комуницираме со едно типче(кога незнаев како да се изразам на Англиски, ми помагаше, дури и цдиња ми даде за учење на Шпанскиот јазик-онака основни работи)
    комуникација оди, инаку е Девица во хороскоп, и му пратив покана на ф.б. за пријател не ми одговори, а пред недела дена нешто зборувавме за ф.б. и ми рече"додади ме за пријател, ке те прифатам" изгледа дека добро ги владее кулинарските вештини-има постиранослики од негови јадења јас не пишувам коментари, ниту тој ми пишува мене, само онака сме пријатели на ф.б(и нормално во живо комуникација) кога ке се видиме :)

    приметив дека откако јас и он сме пријатели на ф.б. кога ке се видиме во живо, ми пружа рака, а претходно беше само со збор-не свакам што значи тоа :?:
    па што сака писателот да ми каже пропуштам нешто :?: -благодарам однапред
     
  17. easyyyyy

    easyyyyy Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 јануари 2011
    Пораки:
    320
    Допаѓања:
    175
    тој е таков каков шо е,колку и да сакаш да го промениш нема да успееш без тој тоа да го сака :) лугето се менуваат само доколку самите се цврсто решени да променат некоја своја особина(макар шо и ретко е да најдиш луге со цврст карактер)
    а колку шо гледам него му одговара вака...карање,мирење :?: можеби сето тоа за него е забавно...
    знај дека после секое карање има шанси да те врати и си раскинува кога сака и си се смирва кога сака ;) то ти е целата финта на муабетот....едноставно манипулира со тебе
    не знам оти ти толку многу се трудиш да опстани врската кога него не му е воопшто гајле :)
    т.е. секако дека знам :D ...заљубена си во него и од толку емоции не можиш да увидиш дека правиш голема грешка... :)
    љубомората не ја оправдувам во преголеми дози,ама и мене би ме изиритирало доколку не сака да ми го направи кефот :) и секако,поради тоа би ми бил сумлив за некои работи ...така да,јас сепак мислам дека до него е проблемот...
     
  18. TinaM25

    TinaM25 Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 декември 2009
    Пораки:
    230
    Допаѓања:
    41
    Пол:
    Женски
    Имам еден проблем, што веќе неколку недели ме мачи. Има еден тип што многу ми се допаѓа (постар од мене), се поврзано со него ме фасцинира и воодушевува. Неколку пати мои другарки го фатиле како зјапа во мене. Проблемот е што има еден друг тип од неговата околина што постојано ме кани на кафе, односно ми се пушта отворено. Секој совет би ми бил добредојден, затоа што веќе ми се смачи да го одбивам вториов тип, но од друга страна пак, незнам дали воопшто имам шанси со првиот. Можеби е смешна ситуацијава но јас стварно незнам што да правам. Дали да пробам со вториот па што биде нека биде? Или да се вовлечам некако во друштвото на тој што стварно ми се свиѓа, па да видам дали имам некакви шанси? Не ми се верува дека и покрај толку години, сеуште ме мачат вакви работи и неможам да размислувам рационално. :^) :tmi:
     
  19. Mimi123

    Mimi123 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 јули 2010
    Пораки:
    1.015
    Допаѓања:
    1.186
    Не сакам да го променам него туку јас самата себеси да си ја контролирам љубомората да не беше таа немаше да дојде до крајот нормално и мене некој така да ми прави секако дека ќе ме напни сакав тоа да му го покажам дека можам да се сменам но вика дека е веќе касно...имаш право кога велиш дека можеби правам грешка што сакам да бидам пак со него и јас сама си помислувам дека ме чуствува како резерва но не сум до тие граници дојдена :) сакам само да опстои врската а сигурна сум дека би опстоила кога би ги немало тие работи секако ќе се потрудам да ги нема но сепак времето ќе покаже што е најдобро :) фала за советот
     
  20. yawn

    yawn Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 јуни 2010
    Пораки:
    697
    Допаѓања:
    700
    Мислам дека со овој вториов може да е и нешто наместено за да те проверат (ако се блиски со твојата симпатија).Ако навистина ти се допаѓа првиот дечко тогаш нема да имаш дилеми.Но ако не знаеш што сакаш можеш да останеш без ништо на крај.Затоа мој совет е на овој вториов да му дадеш дознаење дека друг тип ти се допаѓа.Позз