Еве, ја ќе ви одговорам. За да се заљуби машко во тебе, треба само да бидеш своја, ништо друго - ако му се допаднеш таква, ќе се заљуби, ако не си му по кеиф, ништо од работата. Љубовта ти е таква - не можеш да одбереш во кој ќе се заљубиш. За вториов дел од прашањево - „и да знае дека не може да прави што сака“... Ова е една од најчестите грешки што жените ги прават и главната причина што се после несреќни во животот и љубовта - за жал, колку и да сакаш, нема нешто што можеш да направиш за да смениш некој. Ти веќе го запознаваш како мање-више изградена личност, и ако е научен да прави што сака, џабе ти е целата љубов на светот да му ја дадеш. Он ќе си остане таков. Најдобро ти е на почетокот да му кажеш отворено што очекуваш од него, што ти смета и сл. Ако видиш дека, пак да те цитирам, „прави што сака“, дефинитивно така и ќе остане и понатака. П.С. Никогаш не ја сфатив таа потреба на жените за контролирање на мажите. Работава, „Како да не прави он што сака, него што сакам јас?“. Поздрав.
Биди своја, имај изграден став и карактер За второто, ако мислиш дека можеш нечиј живот да контролираш, не вреувам дека некој ќе те посака. Само може за во кревет. Едноставно со такво размислување, демек, не треба да прави што сака, нема далеку да стигнеш. Што е целта, на некој да му викаш не смееш ова она тоа да правиш? Мораш да биде се по твое?
така е .. ако ти му го контролираш животот никаде нема да стасаш а и понатаму ќе го прави и тој истото ќе ти вика не смееш ова не смееш она.. тоа никаде не води..
Ме интересира дали некој од машките членови и го диктира стилот на облекување на девојката (кратко,долго,деколте,чипка и слично) или барем се обидел? И дали сте љубоморни на другари нејзини?
На паметна девојка нема што кој да и диктира, таа може и да биде завиена со шамија ако сака да направи нешто пак ќе направи, не би рекла дека стилот на облекување е пресуден. Мене љубомората ме асоцира во прв план на недоверба. Ако денес ми наредува за облеката, утре за друштвото што е следно? Вакво нешто јас лично не би толерирала, па секој си знае за себе.
Ќе бидам малку поопширна за да ме разберете подобро. Пред 3 години бев помала и бев во врска со еден тип. Врската траеше кратко, околу 2 недели (немавме односи). Е, јас тогаш воопшто не му обрнував внимание, не го сакав, не го ценев, искачав без да му кажам, и на крај го изневерив, тој дозна за тоа.. но мене не ми беше гајле за тоа. Нашата врска заврши тука. Е, после еден месец слушам тој се мувал со моја "другарка". Потоа слушнав дека се во врска. Врската им траеше цели 3 години, јас не помислував на него, не ме интересираше. Но, одеднаш ми се јави таа желба да бидам со него, се сетив колку беше добар со мене, едноставно колку добра душа имаше, никој не би повредил и никогаш не би изневерил, сите го знаеа тоа, но јас се сетив на тоа покасно. Желбата се повеќе и повеќе ми растеше, не можев да се приберам. Пробав се мував со еден само да не мислам на ОВОЈ, но тоа не смени ништо. Се решив, му напишав порака да се видиме да разговараме. Бев многу упорна му реков само на разговор. И бидна, дојде разговаравме. Му реков дека не знам што ми се случува. Тие имаа сериозна врска. Тој ми рече дека ме разбира и дека сака да ми помогне. Тогаш спонтано го бакнав, бидејќи седеше до мене. И тој не се попречи, траеше 2-3 минути, се тргна и ми рече ова не може вака, што сакаш од мене, што ако се дознае ова (бидејќи тој се познаваше и со нејзините родители). Му реков не знам што ми е. Бевме во кола. Сакаше да ме соблечи, но му ја тргнав раката. Ми рече што е? Реков дека не сакам, дека не е во ред веднаш да имаме секс. Ми рече ајде ќе си одиме. И тоа беше толку. Му пишував пораки после ова, но не ми враќаше. Бев многу упорна , но ништо. Не ме интересираше дали има женска, ни пак која му е женска, ниту дали е женет.. едноставно само сакав да бидам со него. Со таа добра душа, тие убави очи полни со љубов. Ова заврши овде. Помина една година, го подзаборавив. Пред еден месец слушнав дека се верил со женска му. Дека женска му (жена му) е бремена. Сега е во петти месец. Имам 19 години, жена му исто има 19. Млади се. Оваа недела заедно излеваме. Не можам да го гледам. Повторно ми расте таа проклета желба да бидам покрај него. Што ли ми се случува? Не можам да го погледнам. Се мразам себе си. Какво ли суштество сум јас какво?? Како да ја сопрам оваа желба? Сакам да му напишам порака, да се видиме и да му се извинам за се и за последно што биде нека биде. Но, кога ќе помислам сега дома е со жена му. Тој е зафатен, не мисли на мене, а јас овде што правам? Од толку мажи женет ли засакав? Во август канета сум на свдба. Како ли ќе одам? Сум имала доста искуство во животот. Но, што ли е ова? Толку е добар, толку позитивно значи со енергија. Ах... што ми е.... На факултет сум, имам пријатели, удварачи, што ли барам по овој? Ах, женски глуп ум. Свесна сум за ризикот, и за простотијата што постои во мене. Ми се гади од самата себе си, верувам и на вас исто. Но, не можам против себе си. Ве молам дајте ми совет што д правам. Но, немојте само да не искачам каде што тој искча, исто ќе ми е пак ке го мислам.
Оффф девојкоо Добро е што си свесна за ситуацијата, ама зш не му даде бе? ХD Може ке се смиреше ако ти поминеше таа желба..ама може и полошо ке ти беше само на тие моменти ке мислеше после... Знаеш дека се пронајдов во случкава твоја затоа и ти пишам ако можам да ти олеснам некако. И јас исто бев со еден многу ме сакаше а ја на ум ич не го ставав, ни дека гледа друга ни ништо ( а и нормално ке гледа друга коа јас не го рецкав мене кога ме гледаше) Просто сакав само да бидам со покрај него ама одкако ке се разделевме, а додека беше до мене сакав што поскоро да си одам И сега по некое време од како раскинавме (уште имам грижа на совест што му раскинав и покрај тоа што слеп беше од љубов по мене) разбрав се верил и тоа за "другарка" и за скоро се ожени а сега и детенце имаат, многу беше тешко да се прифати ама морав. Така и ти, помири се со тоа дека за вас е касно... Жал ми е, знам како ти е ама нема што друго да правиш исто ијас немав што да направам. Тој период бев запрепастена ама помина... Толку бев за никаде што неможев друг да сакам, глеј глупости, во него не бев вљлубена а толку се уништив. Ако мислиш дека ке издржиш на свадбата оди, ама ако мислиш дека не си спремна и дека ке ти биде лошо после, поарно седиси дома. Но верувај дека се ке помине, ке си најш дечко што ке се заљубиш и него ќе го заборајш, исто како и jас Ајде биди силна @heriena
nema univerzalna formula treba da postoi razbiranje,pocit i hemija megu dvete strani hemijata da preminuva vo fizika ako najdes masko i mu dades fizika bez niso drugo nema da go vrzes (osven ako ne e ocaen) @heriena sve racionalizacii bas me interesira so bi ti rekol psiholog ako mu go iznakazes se ova...mozebi treba da posetis eden
Ми изгледаш дека си многу нестабилна, несозреана и себична личност. Он кога сакал да биде со тебе, ти си била ладна, без чувства, без ништо кон тебе. Зошто мислиш он да ја остави идната жена, за да биде со нестабилна личност како тебе? Мислиш дека си променета, не, бетер си станата. Поради тоа што си нестабилна, колку време ќе сакаш да бидеш со него, 1 ден, пола месец, месец? Колку? Зошто он да си расипува неговиот живот, за да биде со тебе? Што си подобра од неговата жена? Он сватил за што може да те искористи, за секс, ама не го добил. Каков впечаток ќе оставиш кон твоите дома, ако разберат дека си растурила млад пар само да си ги задоволиш твоите потреби и желби? Зошто не се промениш, и доста веќе со тој, Тој веќе е зафатен, си ја пропуштила шансата, и не верувам дека си свесна за последиците и за колкав ризик е.
Ете плус причина зошто се зачленив на форумов ми беше темава, бидејки ми треба ваков вид на мислење.. Вака.. До пред некое време постоеше еден дечко (океј уште постои али не на овој начин) што прво гледање и запознавање ни беше во кафич кај нас во школо причина ептен ''интересна'', другарка го викна да се јави кај моја класна и да ме оправда мене.. океј заврши работа и ден денес сум му благодарна..дечкото незнам као така ептен добро памтење има али моето име и презиме му го кажав само еден пат овој да ти го запамтел и ми пратил понуда на фб .. истиот ден се уклучувам океј глеам дека е тој (мене ми се засвиѓа , се заљубив т.е. ден денес сум по него ) го прифаќам си се '' лајкнувавме'' али не она обично лајкање туку ова ти беше прекуумрено .. и океј дечкото ми пиша прв : Како тој имал чест да има лајкови токму од мене ау бау... малку се пушташе али океј е и после тоаа се глеавме по кафичи ова она праевме муабет до доцните часови али никад на дејт ја и он не сме искочиле сами али си идевме на кафиња ја со другарки он со другари заедно али се глеаше дека имаше нешто шо не го сфаќав ја пошо се заебаваше со мене цело време у муабети мене само ке ме вмешаше ме глеаше онака по 10 саата без престан...али еден ден бевме на кафе ја со уште две другарки и он со уше двајца другари и после кафе отидовме у парк, дечково уште на почетокот понуди мување на мене и на другава другарка у исто време и двете одбивме (глупа сум на некој начин според мене ) ..третава другарка требаше да си иде и отидов ја испратив само шо се вратив ја глеам оваа другава другарка шо и понуди исто праи муабет со негов другар и ми рекоа онака иди малце на друго место да напраиме нешо муабет...отидов океј али на крај да дознаам дека другаркава кажала колку јас го сакам него и дека сум зборела дека сум имала нешто со него.. Овој од тој ден беше друг чоек со мене, ме избриша и од фејсбук..по родендени се пијанчи и ми се дере како тоа ме избришал пошо сум замарала на фб многу (А НЕ ВЕРУВАМ ДЕКА Е ТОА) , ептен малце паѓаме у муабет коа ке се видиме, епа на ова сакам само машки совет или мислење или предлог доколку мислите дека би можело нешто пак да биде од оваа како јас сега да го започнам дали треба муабет нешто да се напраи или..? Извинете за рефератов али морав да се искажам )
@Sasha Fierce, а зошто бе мила сакаш да бидеш со него? Од напишаново реално ти си требала него да го избришеш од фб и да му се дереш по родендени дека е дибек (за последново се зезам). Неговото однесување нема врска со твоето „замарање“ по фб туку сега, одкако си го одбила за мување, повеќе не си му интересна. Батали муабети со него, и во живо и по социјални мрежи, дечкото не го бива. Зошто да се понижуваш да правиш муабет со некој кој во иста вечер ти „понудил мување“ и на тебе и на твоја другарка?
се согасувам со @Nausicaa не вреди очигледна е неговата цел јас да бев на твое место немаше да и правам муабает ни на "другарка ми" @Sasha Fierce поздрав
Па и не ми е нешо као нај нај другарка , од клас онака здраво- здраво ... глупо ми е од друга страна пак да глеа она како и се замарам ја на неа ако некој што ми се свиѓал и понудил мување , да до замарање е уствари и ме болеше ова ептен тие моменти пошо го сакам човекот и се тоа..али тоа е .. живот иде даље
@heriena знаеш што? Човек најдобро разбира што имал откако ќе го изгуби тоа нешто. А ова твоево страшно многу ми личи на опсесија. Не е добро да излегуваш со други машки, за да го заборавиш овој затоа што ќе нема ефект. А и доста себично си постапила. Кога тој те сакал не ти било гајле сега по неколку години којзнае од каква причина си се сетила на него. И покрај тоа што имал женска ти си се смувала со него, мислам дај немаш 15. И не не ти судам, само сакам да ти кажам да размислуваш позрело и да престанеш да си ги гледаш само личните потреби, а притоа да уништуваш нечиј живот. Ако дознала женска му за вашата средба? Или пак ако те искористил само за секс? Незнам каков совет да ти дадам освен да си зацрташ во главата дека тој никогаш нема да биде твој и точка. Млада си и убава девојка ќе имаш и подобри прилики. Освен тоа сте биле кратко со дечкото заедно и нормално секој почеток е добар, но никогаш незнаеш каква би била вашата врска по неколку месеци, може и немаше да ти биде се така идеално. Верувам дека ова со тек на време ќе ти помине, само не прави глупости грешки и непромислени работи. @Sasha Fierce мила не е толку проблемот дечкото, колку што е проблем односот на другарка ти. Јас лично не би толерирала моја другарка да раскажува на други луѓе работи што сум ги споделила со нејзе, тоа со тајни фактички кои треба да останат меѓу нас. Во врска со дечкото следен пат со убаво кажи му дека другарка ти малку ја преувеличила работата и дека такво нешто нема, па тој како сака. Нема потреба од дерење, викање и кревање галама, цивилизирани луѓе сме верувам дека сите може да се разбереме со смирен разговор. И да, размисли дали ти треба таков дечко кој во иста вечер понудил мување на две другарки. Лајковите и пишувањето на фб незначат ништо, намерите му биле јасни.
A be ne tuku ja isprasuvaj tolku. Ednostavno ova e nit te volim nit te drugom dajem. Prasaj patalen Tesko e veruvaaj. Samo treba sama da se snajdit da si sedit mirna kako sto sedev ja I se ke pomine.
За твојов проблем мислам дека подобро ќе биде некоја девојка да ти даде совет, бидејќи овде се работи за внатрешен конфликт во тебе (Кукла доста добро ти одговорила, дури и личен пример ти дала). Ама, чим си пишала во „Совети од МАШКА страна...“, еве ти и мислење од мене. Од една страна, не би рекол дека ова твоево е вистинска љубов, туку како што веќе погоре некој спомна - опсесија. Ти си била премногу мала кога си била со него, а и премногу кратко време, за да можеш врз основа на тоа да судиш. Од друга страна, сега откога веќе не можеш да го имаш, го посакуваш (ама ова ти е различно од љубов). И кога сте биле заедно сте биле многу млади, и сега со 19 сте сеуште млади, не гледам зашто и понатаму осеќаш толкава потреба да бидеш со него. Од друга страна, од твојава приказна можам да заклучам дека и он не е толкаво срценце и добра душичка како што го опишуваш - на првата средба со тебе (додека е во 3-годишна врска), одма пробал да те „опне“ (да ми извиниш на изразот). А зошто? Се сомневам дека е ради тоа што и он тебе потајно те сакал целото ова време. Мислам дека се работи за некои други машки, ниски мотиви и нагони. Дали сакаш ваков човек до тебе? И од кај знаеш дека у првата прилика што ќе му се укаже, нема да ти го направи ова што без размислување ќе и го направел на својата сегашна девојка. Како и да е, било што било, девојка му е веќе трудна, најверојатно ќе се земат - по мене, твојава приказна со него тука треба да заврши. Сеуште си млада, живеј го животот и радувај се што не си на местото на девојка му - трудна на 19 год. и со такво „душиче“ од човек до тебе. Поздрав.