Совети од МАШКА страна за сите девојки

Дискусија во 'Сингл' започната од TheBunny, 17 септември 2010.

  1. Lost_L

    Lost_L Активен член

    Се зачлени на:
    19 април 2015
    Пораки:
    16
    Допаѓања:
    12
    Пол:
    Женски
    Зошто да биде едноставно кога може да е комплицирано, нели? :) Не е проблем во превземање иницијатива, ама тука следат други прашања и навираат нови мисли, што од женски што од машки аспект. Не може да почека он да ја побара па она го бара, еве ја одма сериозно си ги сфати работите, сака работите да ги преземе у свои раце итн. Мислам дека што и да направиме ние, пак тешко нас со мажите :)) а причината за тоа е што многу ретко некој денес да сака обврски, а мажите се плашат од врски и обврски, затоа боље на почеток испари си, отколку после да му ја мислиш, со што не даваат реална шанса да покажеш што нуди твојата личност и карактер. Можеби моите очекувања се големи од луѓето, и очекувам да постапат како што би постапила јас, и еве гледам оти живеам во голема заблуда :))
     
    На Name, anakonda88, Kukla994 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  2. Igrata

    Igrata Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 септември 2013
    Пораки:
    207
    Допаѓања:
    308
    Пол:
    Машки
    Да те допоправам, и машките и женските се плашат од обврски, затоа ќе приметиш во многу теми по некоја типка што ќе пише нешто во стил "аааха имам другар со бенефиции и приметив вака ми е многу поубаво отколку врска".

    На пример, ако ти во некоја врска така си се изгорела со тип што нејкел нешто озбилно, пробај следен пат обратно. Биди со некого и води го односот кон немање врска и озбилност, и типот ќе биде тој што пати. Резултатите се изнендувачки. Некој стално го јаде
     
    На Згодната, Name, Petar80 и 3 други им се допаѓа ова.
  3. Captain-Omni

    Captain-Omni Популарен член

    Се зачлени на:
    2 септември 2013
    Пораки:
    662
    Допаѓања:
    5.231
    @Lost_L бидејќи сакаш искреност, еве јас искрено да ти кажам нешто... јас да сум бил на место на дечкото, дефинитивно ќе сум бил искрен и ќе сум те откачел по брза постапка, зашто по пишувањето се познава дека си егоцентрична и самобендисана девојка, а такви ама ич не сакам. Можеби и тој бил доволно џентлмен за во лице да не ти каже „девојче, ај прибери се малку“, а ти тоа го гледаш како немање муда. Можеби имал муда и тоа доволно муда за да остане и да биде фин со тебе до крајот на вечерта.

    Исто така, можеби дечкото по сите тие „искри“ и хемија, очекувал дека нешто ќе се случи, а ти индиректно или директно си го одбила. Можеби, од некоја трета страна глеано, кога те испраќал почувствувал дека имаш ужасен здив, дека мирисаш на пот, можеби си му рекла ќе ти се јавам во стреда или ме стегаат пантоломиве.

    Сакм да кажам, погледни во себе и побарај ја грешката, не во него.
     
    На RecklessGirl, SexiLy, Petar80 и 4 други им се допаѓа ова.
  4. Lost_L

    Lost_L Активен член

    Се зачлени на:
    19 април 2015
    Пораки:
    16
    Допаѓања:
    12
    Пол:
    Женски
    Пред сѐ, како културна девојка ќе ти се заблагодарам на искреноста и ценам што одвои дел од твоето време за да ми одговориш на прашањето. И многу ме интересира, во кој дел од тоа што досега го напишав покажав дека сум егоцентрична и самобендисана девојка? Не ја знаеш позадината на мојата животна приказна, и немаш право да судиш за мојот карактер врз основа на еден пишан пост, но, сепак секој си има свое мислење и јас го почитувам тоа. Во ниеден случај не се однесував непристојно или како што не доликува на една девојка, затоа и го поставив прашањето, од која причина го прават тоа мажите? Можеби да мирисав на пот или да му реков Ке ти се јавам во сТреда, а да му понудев нешто повеќе од: мило ми беше што се запознавме, ќе се слушнеме, ќе имав втор состанок :) Како и да е, не сакам да се замерувам, само ете те замолувам да ми кажеш во кој дел од постовите покажав дека сум девојка каква што ти нејќеш :) да имам предвид како да постапувам во иднина.
     
    На Luna91 му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Lost_L

    Lost_L Активен член

    Се зачлени на:
    19 април 2015
    Пораки:
    16
    Допаѓања:
    12
    Пол:
    Женски
    Ти благодарам. Проблемот е што многу им верувам на луѓето, емпатична сум и очекувам дека онака како би постапила јас исто би направиле и они, ама ете... од грешките се учи. :)
     
  6. Igrata

    Igrata Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 септември 2013
    Пораки:
    207
    Допаѓања:
    308
    Пол:
    Машки
    Знам, и јас сум таков, понекогаш премногу очекуваме и остануваме повредени кога тие очекувања не ни се исполнуваат.

    И за крај, не мислам дека си егоцентрична или самобендисана, баш мислам дека си девојка што бара нешто повеќе и поконкретно во живото, не се мењавај и евентуално ќе најдеш некој што ќе го цени тоа
     
    На RecklessGirl, Згодната, anakonda88 и 2 други им се допаѓа ова.
  7. Lost_L

    Lost_L Активен член

    Се зачлени на:
    19 април 2015
    Пораки:
    16
    Допаѓања:
    12
    Пол:
    Женски
    Се согласувам и фала ти уште еднаш. Искрено се надевам секој ќе го најде она што го бара :)
     
    На Igrata му/ѝ се допаѓа ова.
  8. CharmedGirl

    CharmedGirl Популарен член

    Се зачлени на:
    6 мај 2011
    Пораки:
    1.420
    Допаѓања:
    1.662
    Пол:
    Женски
    Јас нема да ти го анализирам карактерот и особините што ги имаш, зашто стварно не знам да донесам заклучоци за некого само според неколку коментари на темава. Ама тоа што сакам да ти го кажам е дека не ти требаат такви луѓе (машките членови веројатно ќе ме осудат за ова мислење). Ако некој има доволно храброст да ти даде толку комплименти како што кажуваш (без разлика дали се искрени или не, треба храброст за тоа), тогаш би требало да е способен да ти се јави. Денес ни е многу полесно да комуницираме со некого, од аспект на тоа што дури и не мора да се јавиме, туку може се да се одвива преку смс или чет. Значи, дури и ако немал доволно муда за повик, можел на друг начин да те исконтактира, ако сакал. На никого не му треба некој што не знае што сака, или што знае точно што сака, ама не сака отворено да каже што е тоа. И ова важи и за девојките. Ако не објасните што сакате од некого, типот треба да ви чита мисли? Епа не сме сите баба Ванѓа за жал (или за среќа) па да знаеме што ќе се случи следно. Советот ми е да не се замараш со тоа што било кога сте излегле и за тоа што би можело да се случи ако излезете пак. Остави ја ситуацијава и излези си со некој друг.
     
    На Lost_L му/ѝ се допаѓа ова.
  9. sungod

    sungod Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 декември 2013
    Пораки:
    46
    Допаѓања:
    40
    Конкретно за ваква ситуација, односно за раскинување поради непромисленост од двете страни, чекорот на девојката би го сметал за зрел и храбар. Тоа е моето мислење и мислам дека толку "едноставно" би можел секој да ти каже од причина што многу фактори влијаат, каква ви била врската, дали поранешниот дечко има(л) тенденции да злоупотреби ситуации на слабост, како сте завршиле и слично...Јас би те охрабрила да го контактираш и да си ја пробаш "среќата". Среќно :)
     
    На Lady Phoenix му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Lost_L

    Lost_L Активен член

    Се зачлени на:
    19 април 2015
    Пораки:
    16
    Допаѓања:
    12
    Пол:
    Женски
    Поубаво не знам дали можев и сама да си одговорам. Фала ти многу, потполно се согласувам и подготвена сум да го применам советот :) ама знаеш некогаш самите не сакаме да си признаеме па бараме поддршка или совет од некој друг колку да се освестиме за ситуацијата во која се наоѓаме за да може да продолжиме напред :)
     
    На CharmedGirl му/ѝ се допаѓа ова.
  11. fallenangel

    fallenangel Популарен член

    Се зачлени на:
    23 јуни 2010
    Пораки:
    2.150
    Допаѓања:
    16.150
    Удираш со глава во ѕид, упорно и упорно трчаш по нешто што ниту вредело, ниту ќе вреди затоа што факт е дека дечкото само сака да те легне и ништо повеќе од тоа. Доцна си сфатила дека дечкото вредел и сега ти е тешко што си пропуштила добра прилика. Си пишала што барам по овој, од него девојко веруј ми не бараш ништо туку од себе си бараш сатисфакција дека ти си јака п...а која ќе може да ќари тип кој е во врска/брак сеедно, па дури и бивш на твојата најдобра дургарка со која бил во врска три години. Советот ти е едноставен од сите додворувачи кои кажуваш дека ги имаш одбери некој поасален, некој што мислиш ќе ти одговара и излези со него може ќе започнеш нормална врска па нема да имаш потреба од излети со зафатени типови .

    @@Lost_L подобро еден пропаднат состанок отколку врска. Сте биле на кафе и толку ништо не се случило иако ти се очекувала многу повеќе од него па може тој тоа го забележал и се исплашил како и секое машко кога ќе види дека некој пребрзо се затрескал во него и има големи очекувања уште на прв состанок. Може бил само уште еден типичен лажго кој дели комплименти само колку да те легне или во краен случај е тип кој има многу риби во неговото море па сака да си ужива со сите нив а не да се врзува за една девојка.
     
    На Lost_L му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Lost_L

    Lost_L Активен член

    Се зачлени на:
    19 април 2015
    Пораки:
    16
    Допаѓања:
    12
    Пол:
    Женски
    @@Lost_L подобро еден пропаднат состанок отколку врска. Сте биле на кафе и толку ништо не се случило иако ти се очекувала многу повеќе од него па може тој тоа го забележал и се исплашил како и секое машко кога ќе види дека некој пребрзо се затрескал во него и има големи очекувања уште на прв состанок. Може бил само уште еден типичен лажго кој дели комплименти само колку да те легне или во краен случај е тип кој има многу риби во неговото море па сака да си ужива со сите нив а не да се врзува за една девојка.[/QUOTE]

    Благодарам, како и да е, не вреди повеќе да се троши ни време ни зборови, останувам со искуство плус и продолжувам напред :)
     
  13. Lost_L

    Lost_L Активен член

    Се зачлени на:
    19 април 2015
    Пораки:
    16
    Допаѓања:
    12
    Пол:
    Женски
    Ете ја оставив ситуацијата каква што е, и погодете што? Ми пиша и сеа сум со уште повеќе прашалници???? Не му вратив ништо, а и баш не знам како правилно да постапам, а нејќам да звучам очајно или ко да му придавам многу значење.
     
  14. Bender Rodriguez

    Bender Rodriguez The lovable rascal

    Се зачлени на:
    27 јуни 2015
    Пораки:
    2.623
    Допаѓања:
    32.782
    Пол:
    Машки
    Се надевам не чекаше мислење или одобрување од нас овде за да му вратиш. :D

    Ова за болдираново - не знам до кога ќе се играат овие машко-женски игри (очигледно засекогаш), кои барем мене ми се многу незрели и тотален turn-off. Аман веќе (ова не се однесува само на тебе :)) од вакви муабети - сеа ќе чекам 3 дена да и се јавам, да не мисли дека ми се допаднала многу, па сеа она ќе чека 5 дена, да не искочи очајна, нели нормално... (facepalm)

    Иначе, чим више не апдејтуваш вака редовно, кажи дали се видовте и како поминал вториов „дејт“. :D

    Поздрав!
     
    На Lost_L му/ѝ се допаѓа ова.
  15. julie77

    julie77 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2010
    Пораки:
    5.566
    Допаѓања:
    20.074
    Тоа е, жени. Секогаш избрзуваме со наши претпоставки или заклучоци. А на мажите само им треба храброст за да продолжат со труд. И да, убаво кажа погоре членот, до кога со тие топло - ладни игри?!
    Биди мудра, реагирај коректно, пиши му. Договорете втор состанок, ризикувај. Егото нека не ви биде секогаш TURN ON.
    И со среќа, ќе покаже времето што ќе се случи со вас двајца. Биди упорна, може ќе испадне најубаво. :)
     
    На Lost_L и Bender Rodriguez им се допаѓа ова.
  16. Lost_L

    Lost_L Активен член

    Се зачлени на:
    19 април 2015
    Пораки:
    16
    Допаѓања:
    12
    Пол:
    Женски
    Хахаха, му вратив :) течеше муабетот ко ништо да не било, не оти бидна досеа :)) Искрено и мене не знам како да опишам ама премногу ми пречат тие игри, не знаеш на што си, ама кога едната страна игра, мораш да ги прифатиш правилата на играта :) Ќе видиме како ќе биде, ќе ве информирам и фала ви на советите и трпението :)
     
    На Bender Rodriguez му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Lost_L

    Lost_L Активен член

    Се зачлени на:
    19 април 2015
    Пораки:
    16
    Допаѓања:
    12
    Пол:
    Женски
    Пишав и јас погоре дека не ги сакам тие игри, ама ајде, да видиме до кога ќе биде така :) Фала ти и тебе за трпението и убавите совети, се надевам ќе биде добро :)
     
    На Lady Phoenix и Petar80 им се допаѓа ова.
  18. GirlLove

    GirlLove Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 јануари 2010
    Пораки:
    6.315
    Допаѓања:
    16.655
    Мислење за типови шо постираат вакви глупости?
    FB_IMG_1438109613176.jpg
    За мене - занесени селјаци
     
    На anakonda88 му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Marick14

    Marick14 Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 март 2013
    Пораки:
    3.679
    Допаѓања:
    2.933
    Јас искрено како машко ќе ти кажам што мислам отворено. Јас таа девојка ја гледам како спонзоруша или к....
    На прв состанок не се прави тоа, колку и да е заљубена. Но таа изгледа не е. Видела типот има кеш и одма знае машките што сакаат.
     
  20. Marick14

    Marick14 Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 март 2013
    Пораки:
    3.679
    Допаѓања:
    2.933
    Ова е ептен апла сељак од Кадрифаково или сличните села или па е ептен љубоморен. Трета опција нема.
     
    На GirlLove му/ѝ се допаѓа ова.