Со дечково се зaпознав за нова година и двајцата бевме малку поднапијани и се смувавме. Сепак многу ми се допадна и се договоривме да излезиме заедно втората вечер, но јас не можев да одам и изгубивме контакт. Потоа пак го видов летово и ме адна на фејсбук, ми пишеше за викендот да се видиме и прифатив. Се смувавме уште два пати оттогаш и сега јас навистина не сум по тие работи, не сакам мувања ми помина таа фаза сакам нешто посериозно. Не му спомнав ништо за тоа, се беше во ред, тој и онака е малку срамежлив а исто и јас само некако ми се чини дека ме одбегава. Вчера го видов и само едно здраво иако беше блиску, нишto друго не ми рече. Сега не знам што да правам, дали да го барам јас, што да му речам стварно не знам зошто навистина ми се допаѓа и сакам да пробам нешто.....
Незнам бе деца зашто за вакви чуденки барате помош од машка страна...абре душо,чекај треча среча за да се видите ама и двајцата да бидете малку појше паднапиени па белким ке се смувате-умувате па и да лудувате а чим сакаш да пробаш нешто, па пробувај одма,што чекаш,ке се обајати...хахахахаххааааааа
Booo pa ako toj ti pisal prv znaci toj go skrsil mrazot sto filozofiras sto se slucva otposlem neznam
леле бе девојче, колку ги комплицирате и плеткате работиве...искрено, не знам што подразбираш точно под "смувавме" , ама три пати сте се смувале и пак се срамите да си прозборите... стисни му два-три лајка на Фб...ќе видиш дали ќе има реакција
Остајте го тоа фб кот настрана малку,незнам зошто сите прво пробват таму,јас тврдам дека нема подобар флерт од тој во живо да се видиш со некој,абе ја нема таја хемија на социјалните мрежи која треба да се случи со поглед првенствено,штета што сите сега цврсто се држат само за тој фб кот
Викни го да излезете, да се видите. Кога ќе се сретнете, види како ќе се одвиваат работите. Ако повторно фатите да се мувате, тогаш во некој погоден момент од вечерта прашај си го отворено на што сте. Ако не му е до врска - да си знаеш, да си бркаш други работи (да не речам, дечковци). Освен, ако не решиш да бидеш стрплива и да почекаш да се премисли, а во меѓувреме да се продолжи со тоа мување. И освен ако не се исплаши од твоето прашање (што е исто така доста веројатно, ама некако не постои правилен начин за овие работи), па да го снема од твојот живот. Во било кој од случаите - ќе знаеш барем на што си и што да очекуваш и правиш. Не сум машко, ама се надевам дека ти помогнав. П.С: И намалете малце со тоа фејсбуците. Ве пореметија начисто.
Не те разбрав можда најубаво - ама ако он ти пишал прв, ти можеш само втора да бидеш во пишувањево. А и не сфаќам - треба да ти пише два пати, па тогаш да го удостоиш со одговор?
Ајде едно машко би замолила да ми одговори. Пред да ја почнеме врскава, дечко ми имаше девојка која беа заедно околу три години, а колку време поминало откако раскинале не знам, мислам дека не повеќе од 6 месеци. И откако ние почнавме врска, на почетокот постојано ми ја спомнуваше бившата, а кога ќе ја сретневме ми нагласуваше дека таа девојка што поминала десно до мене му е бивша. Јас сметав дека уште нема расчистено со неа (таа му раскинала нему), дали сум во право? Кога му кажав дека така размислувам, тој негираше. Сега тоа го надминавме, но баш ме интересира машко мислење за таа ситуација. И сега ја спомнува одвреме навреме, но ретко, и кога ќе ја спомне, кога ќе рече бившата, тој збор го кажува некако со поинаков тон, потивко, како да му е незгодно што го кажува за да не се налутам. Што ќе да е оваа работа?
Работата е дека дечко ти уште ја преболува бившата и ако биле во врска 3 години, ќе му требаат 1.5 години за да целосно ја преболи, така што биди трпелива со него и помагај му полесно да ја преболи на пр. ако ја видиш со некој друг спомни му го тоа на дечко ти но внимавај да не направиш контра ефект па дечко ти да збесне како никогаш досега е тоа ќе ти е дефинитивен знак дека уште ја сака и чувствува нешто према неа. Нема формула како ова го пресметав, но би рекол 50% од времето поминато во врската е доволно за да ја преболи. Тоа што ја спомнува бившата (не мора да ја вика по име) е доказ дека уште мисли на неа, дека уште тлее одреден гнев и резигнација во него тоа што раскинале. Времето лечи се па така и во овој случај. Не е сеедно и има разлика дали тој или таа нему му раскинала. Гласам дека таа нему му раскинала и му го скршила срцето на милијарда парчиња и еве парче по парче си го собира срцето и ти дава љубов на тебе. Пробај да дознаеш кој на кого раскинал и уште поважно која била причината... доколку можеш се разбира. Многу е без врска некој да влезе во врска ако не е спремен и на товар носи спомени или емоции од претходната врска. Ако тоа е случајот со дечко ти... барај чаре што побрзо да расчисти со минатото, а да продолжи да ужива во иднината со тебе.
Таа нему му раскинала, ми кажа тој самиот, причина било што во последно време станала незадоволна од врската, најверојатно и дошло преку глава од некои нешта. А мислам и дека го имала изневерено пред тоа, барем тој такво нешто ми спомна. Тоа не е случај со него, бидејќи тој настојуваше за оваа врска, се познававме само два месеци а тој викаше дека никогаш претходно толку не се поврзал со некој како со мене, дури ми кажа дека многу му е мило што раскинале со бившата и што ме сретнал мене. А кога ја почнавме врскава и кога видов дека тој постојано неа ја спомнува, не по име, туку едноставно - бившата, си реков ова не е нормално, сигурно нема расчистено со неа и кога му кажав тој се налути и ми рече дека сигурно немало да почне нешто со мене ако не расчистил со неа. Ми сметаше тоа што кога е со мене ја спомнува неа, некако глупо е, иако разбирам дека три години се долг период и дека е сосема нормално сеуште да ја преболува и да му значи нешто. Тој упорно тоа го негираше, најверојатно за да не се налутам. Тогаш ја спомнуваше секој ден, сега еве после 6 месеци ја спомнува сеуште, но многу ретко. Сепак ја спомнува Знам јас дека мене ме сака и ќе ја преболи потполно, но дека за тоа треба време.
Не би рекол дека мора да значи дека сеуште не ја преболил. И „преболи“ и „заборави“ не е исто. Можно е да ја преболил, во смисла дека веќе нема чувства кон неа, но нормално е дека не ја заборавил (што не треба ни да го очекуваш). Кога ќе бидеш долго време со некој (како дечко ти со бившата), а особено ако поминувале доста време заедно, нормално е во дадена ситуација да си помислиш „Е сега, таа ќе направеше/кажеше/помислеше тоа-и-тоа“. Едноставно, неизбежно е, барем во периодот непосредно по разделбата со таа личност. А ако дечко ти тоа го правел на глас, наместо во себе, не е чудно што си забележала и што ти засметало. И самата викаш дека сега многу ретко го прави тоа, па можеби е и затоа што веќе подолго време не се заедно, па му поминува таа навика, а веројатно и тоа што ти си му го кажала влијаело. Не би се сложил дека за да преболиш некоја личност треба да помине којзнае колку време, тоа зависи од многу субјективни фактори - од причината поради која се разделиле, како и од карактерот на самата личност, меѓу другото. Но, во секој случај, мислам дека пред да се преболи претходната врска, не треба да се влегува во нова сериозна врска. Пред се, не е фер во однос на личноста со која ја започнуваш таа нова врска. Ако сеуште не ја преболил, ти не си должна да му „помагаш“ и „асистираш“ во преболувањето. Напротив, мое мислење е - подалеку од такви личности кои немаат расчистено со самите себе и сопственото минато. Поздрав!
А зарем ти уште се мислиш дали да му пишеш или не? За да не мисли за лесна? Аман девојки, што ви е, пиши му и доста се мислиш, ако ти се допаѓа, тргни во акција не чекај се на машко да направи прв чекор, само затоа што е машко и мора да го направи. Или ќе си седиш со скрстени раце, ако некоја ти го земе
Ми треба еден совет од машките членови на форумот. Се допишував долго време со едно момче од Србија. Многу се зближивме и ми стана многу добар пријател. Тој е од Крагујевац но студира во Белград. Сега бев на гости кај роднини во Белград на неколку дена. Иако тој беше зафатен со спремање на испити за да фати услов тој за мене специјално одвои ден и дојде во Белград за да се видиме. Ми кажа дека приоритетот му бил да се види со мене а не испитите. Проблемот е што баш тој ден јас се спремав да си одам за Македонија и имавме време да испиеме само едно кафе два саати муабет, а тој дури од Крагуевац дојде за да помине со мене 2 сати само.. Тоа ми беше многу глупо. Морав да се вратам имав проблеми со стомакот а и стрина ми се разболе исто. Братучед ми ме убедуваше да не излегувам ако ми е лошо ама јас сепак отидов на кафе ( и братучед ми беше со мене) зошто навистина би било глупо да не излезев. Сега кога се вратив во Мк сеуште немам пишувано со него ни тој мене ми пиша.. а глупо ми е да му пишам се чувствувам виновна зошто не останав повеќе време со него. Денес се вратив и цел ден не ми пиша ни дали сум стигнала. Да не е лут? Се мислам да му ја земам адресата и да му пратам некој подарок во знак на благодарност. Би било ферски. Незнам дали тоа да го сторам дали да му пишам сега што мислите вие?
Ne znam mozda e lut a mozi i nema vreme za dopisuvajne? Ako mu go pratis podarokot veruvam ke najdi ponatamu poveke vreme za tebe