Совети од МАШКА страна за сите девојки

Дискусија во 'Сингл' започната од TheBunny, 17 септември 2010.

  1. Bender Rodriguez

    Bender Rodriguez The lovable rascal

    Се зачлени на:
    27 јуни 2015
    Пораки:
    2.623
    Допаѓања:
    32.784
    Пол:
    Машки
    Нешто у неговата глава му кажало дека баш тогаш е правиот моменАт за да тргне у акција.
     
    На icona.pop му/ѝ се допаѓа ова.
  2. offtopic15

    offtopic15 Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 април 2012
    Пораки:
    69
    Допаѓања:
    102
    Ми треба совет, значи пред еден викен бевме со другарка во друг град на журка, и таму јас имам една другарка и таа беше со друштво и едно време ми кажа дека другар и ме свига и јас океј и вика сакал да ти се пушти за пола саат -_- и дали сум била заинтересирена и викам убав ми е ама незз ,пошто излегов од долга врска не многу одамна и океј и на крај се поздравив со сите јас ,следнот ден пак отидовме и другарката ми вика чим ти е убав као зошто да не пробаш и јас си вика па стварно шо ке ја тупам и одиме таму и другрками збореше со едно дете ,другарката од страна таму со другарките а јас стоев до него ко дрос 15 минути и не ми правеше муабет и другарките се подбуцнаа оти нема ништо и му рече нешто као прј и муабет и типот само на здравје ми викаше бла блаа а другарка ми од страна ми кажа дека втората вечер испанал пошто му кажала дека ке доам.И после тоа го снема и се врати по 15 минути и отиде од кај странта на другарите и јас викам не ме рецка па гајле ми е и почнав да си играм со другарките и на кај моравме да си одиме и манв рака за чао и овој као се напнал оти ме неме и побарал фб и одма ме аддна, и ми пишал уште пред да го пифатам дека сум отишла и така правевме муабет и ми рече дека имал роднини од мојот град и јас нешто спомнав нели као не е ништо интересно ама има во скоро време журка можат да дојдат и ми пиша дека ако дојдел тој може по интересно ке ми било и јас да не излезе дека не сакам ни дека едвај чекам ми пишав се е можно ,незнам не велам не .. и типот ми мавна сеен , а другарка ми од страна ми вели смотан е бла бла хахах а мене ми стои тип што е баш фрае и има ептен убави црти ,само незнам што му е реакциава дали стварно сака нешто па не знаел што да врати или само се зеза со мене ?
     
  3. GirlLove

    GirlLove Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 јануари 2010
    Пораки:
    6.467
    Допаѓања:
    16.948
    I have a question :
    Дали вие машките сакате поскромни женски, сеа не од оние ептен затупени... Мислам на нормално, средено ама секси облекување, убаво однесување, со помалку слики на ФБ или со слика-две. Колку ви се важни социјалните мрежи? Дали повеќе ве привлекуваат оние гласните женски, со 1001 разголена слика, со премалку облека на себе и премногу шминка?
    Можеби е малку глупаво но, ме интересира вашето мислење.
    Поздрав. :)
     
    На Херкул му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Скопјетесакам

    Скопјетесакам Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 јуни 2015
    Пораки:
    794
    Допаѓања:
    9.191
    Да сакаме по скромни женски,средени секеси облечени :) ,нормално однесување,не многу секси и разголени слики на фб,нека има слики ама не претерано и нападно да се палат сељачана.Важни се затоа што можат да расипат многу работи и да направат доста проблеми ако не се пази на нив што и како се прави.Мене искрено не ме привлекуваат ама баш ич такви,чим таа такви слики ставила на фб очајна.Што помалце шминка повеќе она природното на себе да го покаже.
     
    На FoodLover, Kukla994, honey.11 и 4 други им се допаѓа ова.
  5. MysteryMan23

    MysteryMan23 Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јануари 2015
    Пораки:
    106
    Допаѓања:
    222
    Пол:
    Машки
    секојпат поскромните се у прв план :)
     
    На FoodLover, honey.11 и GirlLove им се допаѓа ова.
  6. Bokchee

    Bokchee Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 октомври 2013
    Пораки:
    658
    Допаѓања:
    810
    Пол:
    Машки
    Таквите женски ни се баш секси, и секогаш идеме по нив,
    а тие глансите женски ни е само да ги онадиме, пошто така се покажуваат.
     
    На Kukla994 му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Prijatelot

    Prijatelot Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 февруари 2015
    Пораки:
    2.321
    Допаѓања:
    2.780
    Пол:
    Машки
    Сакам скромни женски баш како што даде опис.
    Социјалната мрежа ми е сосема небитна - подобро да нема фб девојка ми.
    Тие atention whores-ot не ги сакам ич зашто превише кучиња има околу нив,
    а овие као кралици се понашаат со 1001 разголена слика , ништо интересно и креативно.
    Одлично ти е прашањето! ;)
     
    На FoodLover му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Peco

    Peco Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јануари 2015
    Пораки:
    5.629
    Допаѓања:
    178.050
    Пол:
    Машки
    Поскромни, пристојно облечени, со помалку шминка.
     
  9. Херкул

    Херкул Популарен член

    Се зачлени на:
    18 август 2015
    Пораки:
    336
    Допаѓања:
    1.296
    Пол:
    Машки
    Обично машките ако ги прашаш ќе ти кажат дека скромните девојки повеќе ги сакаат, а кога ќе ги видиш во машко друштво ќе чуеш нешто од типот: ауфф брат види ја оваа каква слика ставила, леле порно глумица не и е рамна, уфф шо би и правел... и сл. И после идат дома и дркаат на нив.
    Ретки се тие што знаат да се контролираат и со разумска одлука да им направат unfollow на фејсбук на тие стриптиз моделите. Ретки се, ама ги има. Ќе ги познаеш по тоа што кога ќе помине некоја стегната или разголена женска, тие не се вртат да ја зјапаат.
     
    На Nane2356, Nausicaa, Jordanovska-K и 9 други им се допаѓа ова.
  10. Joi

    Joi Популарен член

    Се зачлени на:
    6 август 2014
    Пораки:
    606
    Допаѓања:
    1.996
    Нaј искрен oдгoвoр :clap::D
     
  11. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    27.165
    Допаѓања:
    177.114
    Пол:
    Женски
    Дали машката упорност има граници?:?:
     
  12. Херкул

    Херкул Популарен член

    Се зачлени на:
    18 август 2015
    Пораки:
    336
    Допаѓања:
    1.296
    Пол:
    Машки
    Многу машки ја имаат чуено онаа поговорката „Не ебат најубавите, туку најупорните“ и затоа се поупорни и поупорни и ако не ги исечеш јасно и гласно, нема да престанат :D
     
    На buba4e89 му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Bender Rodriguez

    Bender Rodriguez The lovable rascal

    Се зачлени на:
    27 јуни 2015
    Пораки:
    2.623
    Допаѓања:
    32.784
    Пол:
    Машки
    Не можам и не сакам да одговарам во име на сите машки на светов, воглавно бидејќи не сите машки се исти, па нормално е и да се очекуваат различни критериуми за тоа какви девојки сакаат.

    Во секој случај, да не сакаа машките женски кои се облекуваат провокативно (и промискуитетно) и кои ставаат разголени слики на фејсбук, таквите женски немаше ни да постојат. А ги има, во огромен број, со по 1000 френдови. Што значи, да не замижуваме пред реалноста, ваквите девојки имаат огромна машка „публика“ на социјалните мрежи, од што може да се заклучи (сакале ние као мажи да го призаеме тоа или не) дека повеќето машки сакаат баш вакви девојки.

    Е сега, што се однесува до мене лично (ако ти значи мислење од едно конкретно машко) - прво, социјалните мрежи за мене не играат апсолутно никаква улога, ниту пак треба да играат улога во врска помеѓу двајца луѓе.

    Што се однесува до девојките кои ставаат разголени слики од себе - дефинитивно тоа го прават за да собираат лајкови и за да си ја „јачаат“ самодовербата. Штознам, според мене, ако за твојата самодоверба е пресуден лајк од некој фејсбук „пријател“ кој никогаш не си го ни запознала у живо (а повеќе од веројатно е дека е напален манијак), тогаш со тебе како личност и човечко суштество нешто побајаги не е во ред. Девојки на кои им е потребно одобрување, охрабрување и поддршка од непознати луѓе мене дефинитивно не ми се привлечни. А освен тоа, ставањето такви слики ми е скроз невкусно и плитко.

    Да сумирам - луѓето кои посветуваат преголемо внимание и премногу време на социјалните мрежи ми се скроз несфатливи. А оние девојки кои „бркаат“ лајкови и коментари од типот „top siiiii, kis4ee“ со ставање на 1001 разголена слика (на секоја со газот натртен у друга насока) у најмала рака ги сметам за плитки, површни, несигурни во себе, неинтелигентни (барем по малце), а и нарцисоидни. Ништо од ова не е комплимент или позитивна карактерна особина, па слободно можат да кажам дека не само што не ме привлекуваат, туку и ги заобиколувам од што подалеку можам.

    Толку од мене за ова прашање.

    Секако дека машката упорност има граници, она што нема граници е машката глупост. :)

    Е сега, многу машки „потковани“ со народни мудрости како онаа што ја кажа @Херкул - „Не јебу лепи, него упорни“, а и онаа - „Кога женско ќе каже не, тоа значи можеби“ тераат со упорноста до крајни граници, мислејќи дека има надеж за нив. Ама не се секирај, и тоа има свој крај.

    Ако дечково е многу упорен со тебе, тоа може да значи две работи - или од твоето однесување заклучил дека сеуште има надеж за него, па се труди, или па, многу му се свиѓаш, па не сака лесно да се откаже од тебе. Ако се работи за второво, можда треба да размислиш да му дадеш шанса. Не за друго, ти кажувам затоа што и ја сум се нашол у ситуација кога сум морал да бидам „упорен.“ Ама па, у мојов случај, се исплатело.

    Поздрав!
     
    На Nausicaa, Mishela, vendiii и 4 други им се допаѓа ова.
  14. Priroden

    Priroden Популарен член

    Се зачлени на:
    9 август 2015
    Пораки:
    801
    Допаѓања:
    2.963
    Пол:
    Машки
    Aбе готово превез на очи ставаме :D
    Пред некоја недела бев излеезен на кафе со една и наеднаш поминува една женска ај викам да не бидам идиот и непристоен да се свртам. Ги слушам штиклите и ја гледам у очи оваа т.е се правам дека ја слушам што ми зборува. И наеднаш ми вика нема ли да се свртиш види ја каква е :D :D :D
    Те слушам тебе и викам. Абе свртии се види ја каква е трипати ми рече. Ми стана непријатно што не се свртив хахахххаха

    Па имаше некоја денс група во кафичот и се погоди со грб да сум свртен. Леле која глетка ја испушташ ми вика, дојди седни до мене заедно ќе ги глеаме :D

    Муабетот ми е тоа си е природно и нормално, сум погледнал големо чудо, па не и свирнав бог да чува.

    А до девојчето, нема никаква врска што постира на фб се додека тоа не е ептен разголување. Има пред кој да се разголува она, не мора цел фб да и ja види тангата што се вика.
     
    На fallenangel, GirlLove и joy1 им се допаѓа ова.
  15. Ruza.Ruzica

    Ruza.Ruzica Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 јануари 2011
    Пораки:
    199
    Допаѓања:
    24
    Би сакала да го слушнам вашето мислење... :)
    Вака се запознав со еден дечко мислам тој ми пиша и излегувавме после некое време се смувавме и многу се зближивме оти тој е таков мислам симнува ѕвезди и тоа... мене ми беше убаво со него и одмори поминаа и ние сеуште се гледавме арно ама после неговиот одмор почнавме поретко да се гледаме.Сеуште се слушавме и се тоа али некако поразличен беше...И вечерта пред неговиот роденден му вртев да го чујам а он уствари да си бил излезен со друга јас дознав и му кажав и он почна да се брани демек не сме биле у врска ауу а мене баш криво ми падна не иде сеа и со мене и со триста други да се влече...и сеуште ми се свиѓа али незнам шо да праам не дека типката му значи бивша му е си ја матка ама од тогаш не сме пишувале... :/ сеа дали јас да му пишам или да чекам тој ? или пак да се тргнам од него?
     
  16. Igrata

    Igrata Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 септември 2013
    Пораки:
    207
    Допаѓања:
    308
    Пол:
    Машки
    Повеќето се збунети(!?), секое машко сака да има некоја поватрена цура, некоја со глас, што и е сеедно што ќе мислат другите. Да биде предизвик, да знаеш дека може да се справи со животот и без тебе, ама сепак те одбрала бидејки и значиш.

    Скромност потекнува од страв и тоа е тоа.

    Пази и глас и стил на типката, почнува од 50-та секунда :o



    Сеедно е што прашуваш, ваљда пак би пробала во секој случај со него, така да ти препорачувам да го побараш што поскоро за да завршиш со ситуацијава, во иднина и евентуално за 5+ години ќе станеш позрела.

    Пробај откако ќе го ќариш и ако осетиш дека трча по тебе (биди по-дотерана), следен пат кога ќе те бара ти мувај се со друг. Ќе ти биде многу по ќеиф ;)
     
  17. Херкул

    Херкул Популарен член

    Се зачлени на:
    18 август 2015
    Пораки:
    336
    Допаѓања:
    1.296
    Пол:
    Машки
    Да погодам, овој си го запознала на фејбук, налетал на некоја твоја слика што била Public, ти пратил френд риквест, си го аднала, ти се пуштал, му се сакало у периодот, сте се смувале и сл.. е сеа бившата се појавила со која он имал нешто повеќе и посериозно и нормално дека ќе те игнорира и ќе се трга од тебе. Ако она го батали, он пак ќе дојде да си лечи комплекси кај тебе.
    Битно е да разбереш дека не е до тебе што он се понаша вака, туку до него е. Грешката твоја можеби е што си дозволила со недоволно запознаел тип да се муваш. Разбирам ја и страсти и хормони, али мора малку трпение и самоконтрола ако не сакаш и во иднина вака да се зезнеш. Ако сакаш сериозна врска, треба да запознаеш некој саглам дечко и откако добро ќе го запознаеш (за што треба време, пошо на почетокот сите носат маски), дури тогаш да одиш на врска.
     
    На joy1 и marija305 им се допаѓа ова.
  18. GirlLove

    GirlLove Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 јануари 2010
    Пораки:
    6.467
    Допаѓања:
    16.948
    Скромоста произлегува од страв?! Хаха не би рекла. Имаш побркано поими.
     
    На Koalica му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Igrata

    Igrata Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 септември 2013
    Пораки:
    207
    Допаѓања:
    308
    Пол:
    Машки
    Не не не не не ја сваќаш поентата.

    Човек мора прво да си го следи срцето, да се изгори за да свати што сака и да созрее. Не е стварта да ја избегава ситуацијата. На крај ќе верзе некоја наивна будала и ќе го скине од варање бидејки нема да се познава самата себеси.

    Треба повеќе пати да искочи со него и да си ја проба среќата.

    Експонирање е ставање себеси во ранлива позиција. Жените со 1000 слики или било што друго, решиле многу други проблеми за да дојдат до таа точка во животот. Немање страв од родители, надминивуање на критики од тие околу нив, контакт со 100ици машки и сваќање како да го одберат тоа што им треба.

    На крај се сведува дека секој треба да биде тоа што осеќа дека треба да биде.

     
    На kjukli му/ѝ се допаѓа ова.
  20. s.des

    s.des Нов член

    Се зачлени на:
    24 август 2015
    Пораки:
    3
    Допаѓања:
    0
    Пол:
    Женски
    Здраво нова сум на форумот и ве молам за совет
    Вака: Со дечкоми т.е. сега бивши одевме 5 месеци тој отиде во друга држава на работа 3 месеци, но од кога отиде се промени, ми се јавуваше кога имаше време се ми кажуваше што правеле како било, последната недела тој почна ептен ладно да се однесува не се слушавме само си пишувавме како тоа, немало добра конекција незнам што и добро викам ајде можеби ќе се поправи, помина една недела така а ме прашува секогаш што правам, како ми поминал денот, како сум, и ми пишува извини вака јас уште кога дојдов тука почнав да се осеќам збунето, незнам што сакам, подобро е да не контактираме.. јас останав занемена кога прочитав знаев дека нешто не е во ред, но немислев дека е до толку, му пишав како тоа така наеднаш, вика незнам можеби далечината, ако е далечината јас уште толку го засакав од кога отиде секогаш ми е во мислите секогаш се прашувам што прави како е, а тој отиде и толку, му викам дали постои друга тој ми вика ако имаше ќе ти кажев.. вика несакам да те лажам да не губиме време ни ти ни јас, почни си нов живот, кога ми го кажа тоа мислам ме распарчи, толку бевме заедно кога беше овде после предавања, на кафе, на излегување,ми кажа дека ме сака дека кога бил со мене му било убаво, времето бргу му минувало и така му викам на тоа кога ми кажа почни си нов живот..размисли ли за се па вака ми пишуваш и тој ми вели да.. викам во ред надев се дека кога ќе си дојдеш барем едно здраво ќе кажеш, а тој ми вика секако нема да те одминам....и така веќе една недела ништо не ми пишува на фб слики што сме заедно сеуште стојат и кај мене и кај него, коментари... најтешкото е кога го гледам уклучен а не пишува, сеуште неможам да поверувам дека веќе не сме заедно... ве молам кажете некој совет да ми олесни на душава.. дали ќе се покае вака што ми направи???