Совети од МАШКА страна за сите девојки

Дискусија во 'Сингл' започната од TheBunny, 17 септември 2010.

  1. Херкул

    Херкул Популарен член

    Се зачлени на:
    18 август 2015
    Пораки:
    336
    Допаѓања:
    1.296
    Пол:
    Машки
    @s.des , колку години имаш? Дали ова ти е прво раскинување?
    Ја лично мислам дека типот не вреди за да се бориш да го придобиваш назад, затоа што дури и да го придобиеш, утре пак кога ќе треба да иде некаде, истото ќе се случи. Очигледно е дека не гледа на љубовта како посветеност и одлука, туку ја гледа како чувство, емоција.. кои се разбира се менливи.
    Не верувам толку брзо да фатил некоја девојка таму кај што отишол. Но замисли ако некоја друга се појавела, тука или таму сеедно? Ако типот се води само по чувства и по страсти, пак ќе те зезне, а ќе ја зезне и неа.
    Има една поговорка вака иде: Далечината и го прави на љубовта она што ветерот и го прави на искрата. Ако е силна, ќе ја разгори; ако е слаба, ќе ја угасне.
    Нормално е во моментов да ти е тешко и да мислиш дека тој е единствениот кого можеш да го сакаш и леле шо ќе праам сеа без него.. верувај сите поминале низ ова и со време ќе ти помине и еден ден ќе се смееш како си можела да си кубеш коси и да рониш солзи по него. Особено ќе се смееш кога ќе запознаеш некој саглам дечко што ќе те усреќи и нема да си замине од твојот живот, туку ќе те врзе со прстен :)
    И покрај форумов, гледај да си најдеш некоја другарка во живо на која ќе можеш да и се отвориш за ова.
    Поздрав и што и да ти треба, ние сме тука! :)
     
  2. s.des

    s.des Нов член

    Се зачлени на:
    24 август 2015
    Пораки:
    3
    Допаѓања:
    0
    Пол:
    Женски
    @Херкул Имам 20 години и не ми е прво раскинување, ми падна тешко бидејќи бевме приврзани додека беше овде, стварно незнам како може наеднаш да се промени.
     
  3. Marossa

    Marossa Популарен член

    Се зачлени на:
    8 септември 2012
    Пораки:
    2.398
    Допаѓања:
    6.869
    Пол:
    Женски
    Читајќи онака,ептен ми упадна реченицата и морам да искоментирам,без разлика што темава не е за тоа.
    Навистина не знам од каде си го добил тој впечаток,ама мислам дека си малце грешка :D

    Оние што се експонираат го прават тоа бидејќи миничот и деколтето им дава самодоверба која потоа се поткрепува со 2000 пријатели и дупло повеќе лајкови.Тоа се најчесто луѓе на кои една од побитните цели во животот им е да мислат што ќе облечат за искачање,колку машки ќе заведат,колку комплименти ќе добијат и да бидат во центар на вниманието.Не мора да значи дека се некои растурени девојки,туку едноставно така сметаат дека најлесно ќе стигнат до тоа што го посакуваат.
    Не сакам да генерализирам,ама јас така ги гледам работите.

    Башка,скромноста не потекнува од страв,туку од срам.Еве мене ми е срам да облечам нешто толку провокативно што ќе покажува и што треба и што не треба.И тоа најпрво ми е срам од самата себеси,пошто нели велат,како се гледаш себеси,така ќе те гледаат и другите.Едноставно не се чувствуваш комотно и опуштено кога не можеш да мрднеш без да се проверуваш дали се гледа дел од долната облека.
    А за да бидеме секси,тоа е толку лесно,што нема потреба од голотии.Една насмевка,пријатно нашминкани,со еден поглед секое машко ќе се заледи.
    А мажи што сакаат цице и газе да ѕирка,такви не ми ни требаат во животот,а искрено немам ни задржано во своја близина.
    Не за џабе е речено „Убавината е во очите на надбљудувачот“...
     
    На omg92, Bender Rodriguez, Херкул и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  4. Bokchee

    Bokchee Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 октомври 2013
    Пораки:
    658
    Допаѓања:
    810
    Пол:
    Машки
    Типот си го живее животот, Сте иделе 5 месеци, и не се нешто којзнае што, може толку си му знаечала, Некој што ќе си отиде од МКД во друга држава,комплетно се променуа, Така фунцкионираат таму работите, Сака да шета, да зпаознава нови луѓе, да ужива. И за него може не вреди да дреме пред нет и да збори со тебе.

    Искрено.... не сте иделе долго, знам има некој што се врзуваат за месеци многу, од некој што иде со години.
    Бркај си друга риба, :D
     
    На kjukli и Kukla994 им се допаѓа ова.
  5. ananas158

    ananas158 Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2014
    Пораки:
    137
    Допаѓања:
    63
    Пол:
    Женски
    не дозволувај некој да си игра со твоите чувства и пред се со твоето достоинство и надеж...биди посамостојна и имај подобар живот, секој ден живи го како да е твој последен а тоа кога тогаш ќе дојде до негови уши и ќе зажали ако малку размислува :) а и можеби најдобро е некој да си замине од нашиот живот одколку формално да престојува и да зафаќа туѓо место во него!
     
    На s.des му/ѝ се допаѓа ова.
  6. ananas158

    ananas158 Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2014
    Пораки:
    137
    Допаѓања:
    63
    Пол:
    Женски
    Сега јас со моите маки...бев на свадба пред 2 недели така кај близок роднина и имасе еден маж (да го наречам така) постар од мене околу 10 години. Дојдовме до случаен контакт на едно здраво и почна да ме глеа чоеков..доста симпатичен. Остана на разменување погледи работава не му текнување да напрај чекор и ајде јас демек ќе играм до него едно оро,се тргна од орото веднаш..Се покајав за одлуката како куче :@ го гледам после спроти мене игра со една женска али заприметив дека кога ќе дојдеше ситуација да играме еден спроти друг он се развеселува а ако недојдевме до контакт игра релаксирано. Заприметив дека флертува ама недава некој појасен знак дека му се допаѓам. Се распрашав за него и дознав дека е во брак и дека дури ќеркичка си имал..Неможев да поверувам:( се срааамам ненормално за претходните постапки и моето флертување. Заврши церемонијата и не се видов со него до пред некој ден, случајно се сретнавме на друга свадба и ме гледа цело време очигледно е..каде и да мрднев он пратеше дури неугодно почнав да се чуствувам(иначе сопругата му беше присутна цело време) . Си одам јас за дома со моиве, пеш, он зад мене. Е сега кажете дали на овој му се допаѓам или што е работава?
     
    На Херкул му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Jenniffer

    Jenniffer Популарен член

    Се зачлени на:
    27 март 2013
    Пораки:
    2.375
    Допаѓања:
    7.418
    Пол:
    Женски
    Зошто машко одеднаш би престанало да ве поздравува на улица? А претходно сте имале нешто, плус сте се дружеле повеќе време...
    :wasntme:
    Зарем една мала кавга е причината за машко да престане и да те поздравува на улица?

    Хаха, ама глупаво прашање имам. :rofl:(facepalm)
     
  8. Херкул

    Херкул Популарен член

    Се зачлени на:
    18 август 2015
    Пораки:
    336
    Допаѓања:
    1.296
    Пол:
    Машки
    Му се допаѓаш да. Сигурно вечерта мастурбурал фантазирајќи на тебе. Задоволна? :D
     
    На Koalica, anakonda88, joy1 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  9. Daydream

    Daydream Популарен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2013
    Пораки:
    1.682
    Допаѓања:
    6.472
    Пол:
    Женски
    И после јас кога зборам дека девојкиве свесно и намерно се плеткаат со зафатени и свесно и намерно влегуваат во триаголник, луѓево будала ме прават дека не сум знаела јас што било тоа љубов, можело на секој да се случи, да не сум зборела така зашто не сум знаела што носи животот. Не, не може на секој да се случи. Може да се случи само на девојки без карактер, без грам интелигенција и без самопочит.
     
    На Mishela, kjukli, joy1 и 3 други им се допаѓа ова.
  10. fallenangel

    fallenangel Популарен член

    Се зачлени на:
    23 јуни 2010
    Пораки:
    2.150
    Допаѓања:
    16.150
    Девојче тргни се од него додека не си се вплеткала во нешто што сигурно ќе те повреди и воопшто да не ти биде грижа дали тој те свиѓа и да е така само ќе гледа да те искористи т.е легне да си го потхрани егото и самодовербата и накрај те фрли пошто сигурно нема да си расипе брак .
     
  11. NightBreaker

    NightBreaker Активен член

    Се зачлени на:
    8 август 2015
    Пораки:
    135
    Допаѓања:
    398
    Пол:
    Машки
    Некои девојки едноставно се занесуваат по некој кој знаат никогаш нема да биде нивен или речиси невозможно е да бидат заедно без да се кријат. Можеби тоа ги пали претпоставувам. Дефинитивно @ananas158 е една од нив, извини ако грешам. :) Според твојот пост да дефинитивно му се допаѓаш на тој човек и сосема извесно е дека сака да легне со тебе, но не верувам дека сака нешто повеќе бидејќи е женет.
    Те подржувам @Daydream во здраворазумското размислување. Некои девојки треба да сфатат дека тие што се женети секогаш на прво место ќе им биде жената пошто со неа делат дом, кревет, љубов, секс, а уште ако имаат дечиња... тешко дека би ја оставиле жената тек така заради некоја друга. Би биле со друга но чисто заради страст и секс, не заради љубов. Само будала ќе се разведе за некој минлив љубовен занес по друга секси типка. :)
     
    На kjukli, eloves, Daydream и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  12. Priroden

    Priroden Популарен член

    Се зачлени на:
    9 август 2015
    Пораки:
    800
    Допаѓања:
    2.960
    Пол:
    Машки
    Ако си глумела лудило нешто, истото го прави и он.
    Ако е паметен ќе знае кога да го прекине тоа игнорирање и ќе те фати. Ако сака да си докажува нешто сам себе и да тера инат, ќе ти стане одбивен.

    Ова онака лаички, за повеќе да ти кажам треба повеќе да споделиш :D
     
    На Jenniffer му/ѝ се допаѓа ова.
  13. eloves

    eloves Популарен член

    Се зачлени на:
    6 февруари 2013
    Пораки:
    2.669
    Допаѓања:
    7.606
    Пол:
    Женски
    И да му се допаѓаш и да не му се допаѓаш, што подалеку од него додека е време.
    Самото тоа што го напиша сето ова овде мене ме асоцира на тоа дека и ти го мислиш, ти се допаѓа или пак потајно сонуваш за нешто повеќе со него, се извинувам многу ако грешам.
    Сеедно, ги оправдувам и тие погоре што построго ти се обратија. Со здрава нога во трн не се влегува, од ситуацијава ако се впуштиш во нешто можеш само ти повредена да излезеш и ништо друго, па сега ти види.
     
    Последна измена: 27 август 2015
    На joy1 и NightBreaker им се допаѓа ова.
  14. ananas158

    ananas158 Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2014
    Пораки:
    137
    Допаѓања:
    63
    Пол:
    Женски
    Туку ај да не должам за секој посебно...зборојве значет за сите: ВО ПРАВО СТЕ (кој повеќе кој помалце тука сте)! Само пуста радозналост ме натера да ве прашам...никад не би се впуштила во таква глупост бидејќи си имам доволна количина на самопочит и љубов кон себе(можда звучам себично но така е). Како што реков само сакав да се уверам за вистинската слика на ситуацијата , мислев дека јас си измислувам сама, и НЕ , не фантазирам за него, бидеќи алоо немој Боже да се растурам нечиј брак (морници ме поминуваа најсериозно од самава помисла). Фала ви за искреностааа дечики:)(y) be rough and honest always.
     
    Последна измена: 27 август 2015
  15. ananas158

    ananas158 Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2014
    Пораки:
    137
    Допаѓања:
    63
    Пол:
    Женски
    Како што напоменаа погоре , можда ти си престанала со поздравување па сега он возвраќа да видиш ти како е, а можеби е и преосетлив па една мала кавга што ја нарекуваш му влијае на момчето.
     
  16. NightBreaker

    NightBreaker Активен член

    Се зачлени на:
    8 август 2015
    Пораки:
    135
    Допаѓања:
    398
    Пол:
    Машки
    @ananas158 eте така биди си добро девојче и немој да не секираш. :) Копнеј по други, ама нека бидат слободни... или барем во врска ако сакаш предизвик. :lol: Никако женети момци, само ќе бидеш искористен и фрлен предмет на крај.
     
  17. Kukla994

    Kukla994 Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 ноември 2014
    Пораки:
    4.682
    Допаѓања:
    46.946
    А бе машки ај да вас питам нешто и ја ...
    Зш се нервирате ако ве прашаме два три пати нешто за истата работа а со едно прашање незнајте да одговорите како шо треба,а????:^)|(
     
    На joy1 му/ѝ се допаѓа ова.
  18. NightBreaker

    NightBreaker Активен член

    Се зачлени на:
    8 август 2015
    Пораки:
    135
    Допаѓања:
    398
    Пол:
    Машки
    Нејасно ти е прашањето. :D

    Сакаш да кажеш 2-3 пати прашуваш и ниеднаш не добиваш одговор од кој си задоволна? :^) Епа не знам едноставно такви сме... не сакаме луда женска глава да не замара за истата работа по 2-3 пати. :lol: На добро поставено прашање јас би одговорил и завршена работа идеме даље. Ваљда индивидуално зависи ова.
     
  19. Kukla994

    Kukla994 Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 ноември 2014
    Пораки:
    4.682
    Допаѓања:
    46.946
    Па со едно прашање не се изјаснувате а ако прашаме пак важни се прајте демек испрашуваме :envy:
     
  20. NightBreaker

    NightBreaker Активен член

    Се зачлени на:
    8 август 2015
    Пораки:
    135
    Допаѓања:
    398
    Пол:
    Машки
    Немој да бидеш шмизласта кукла со вакви реакции. :lol: :*

    Кажи ако нешто конкретно те мачи, вака генерализираш многу. Ако некој сака да избегне одговор на прашање нормално дека ќе се прави важен и нема да сака да одговори. Ако ти како цура премногу ме испрашуваш со цел да ме контролираш исто би се правел важен и ќе одговарам ноншалантно. :D Се е до пристапот.