Ако е сингл он и нема друга женска, а она го бара постојано зошто би одбивал? Има жени постари шо сакаат помлади дечки, другар ти ќе се фали наоколу и тоа е. Ова у ситуација ако е сингл, ако не е, несфатливо ми е мене.
другарми е мн убав дечко , мн девојки го сакаат да не речам умираат по него , значи преубав е , што му стана јас не знам , што ми е најчудно он не сака да чуе за друга , а може да ја има која ја сака , он мн ја слуша неа и сега си се дружи со нејзиниот син , дури мене ми рече планирам да ја запросам , сите се против оваа врска а тој не му е галје ... несватливо несватливо ....
не знам зошто несериозно го свакате овој проблем ви кажувам дека за скоро ке ја запроси вие велите дека ке му помине ...
pa nekoj nacin da mu gi otvorime ocite , toj mi e drugar od detstvo ne sakam da si go unisti zivotot ..
Значи она има 33-34... освен тоа што она има дете, разликата во години и не е така страшна.... Плус ако е ситуирана, може да се одржува во добра форма па така разликата во години и да не е приметна
Многу добро знаеш дека не е се во убавината, а да е само до парите не верувам, но како и да е секако му годи тоа што е ситуирана. Тоа што го имаат таа и тој е само помеѓу нив двајца и никој од страна нема да може да разбере. Мене лично најмногу ме води помислата дека тој е со неа ради тоа што е поискусна.
аман бе таа е жена разведена со дете ,тој дечко што ги вртел најаките девојки сега со оваа од љубов демек , мене не ми е нормално ова , единствен чар на другар мии е тоа што нема да се троши за памперси , не е до убавината , не е до искуството ... за мене ова не е нормално и се чудам како лесно го прифаќате ова
Кога си заљубен од еднаш се ти станува нормално и лесно. Ти освен да го одалечиш од себе ако го напињаш ништо нема да направиш. А зошто ти смета нивната врска?
Еее извини другар ама глупа шала беше ова со памперсите. Башка, знаеш ли дека сексот е многу јака движечка сила?
затоа што неговите родители се уништени , и ми кукаат , и другар ми е , и ги прашав на машкиве што мисллат али изгледа е нормално брак со разведена жена , постара , и со 13 годишен син , изгледа ние сме старомодни што сме против оваа врска заедно со неговите родители :-[
Е добро де, тој пак може да си има свое дете ако сака, ако за тоа се плашат неговите. Или ако била разведена жената после нема право на живот и да има друг маж. Не е толку многу постара од него. Да речеше 15 години ај може ќе се замислиш малку, ама 7 не е ништо страшно. Стварно не знам што толку лошо гледате, он може ја сака и убаво му е со неа, па ете решил дека сака да се земат.
Абе ајде, што има да му се мешате на човекот во животот?! Сака постари, добива постари. Сака ситуирани, добива ситуирани.. Негов живот, негови правила, кои сме ние да му се мешаме?! Па дури и брат да ти е, не смееш да се мешаш. Имала дете.. Па што? Дете е тоа, не е рак.. На некои тоа не им смета, на некои им е голем проблем.. Се додека не му смета и убаво им е, нека си го живее животот. Ако ја запроси, нека му е со среќа.. Ако не му чини ќе биде и тој во категоријата разведен.. Денес барем тоа не е чудо, а и ако се разведеш не ти завршува животот.. Патем, не сум машко за да коментирам во темава, ама вакви муабети ме вадат од такт.. Мешање во туѓ живот, па ајде бе, во 18-ти век ли живееме..
многу либерални членови во форумов , се прашувам дали сте и во приватниот живот вакви Не сакам да дискриминирам никого не пак другар ми од дество , само ми е несватливо јак дечко да заглави со таквс , има ли некој на форумов што е оженет со постара , разведена со дете ?(за машки прашувам)) да ја тестираме дилемава дали е практикувана или само онака од ракав се зборува
Ако на тебе не ти е убава жената не значи дека и на него не му е. Јас имам еден роднина има постара жена, не е толку убава ама еве сега си имаат детенце, среќен си е човекот, иако сите позади грб зборат за неа - стара била, ваква така. Мене па ми е криво што така се збори, дури и малце жал ми е, глупаво е кога некој не е прифатен заради некоја таква причина. Најлошо од се кај оваа на твојот другар е што е љубоморна и што не му дозволувала да се слуша со никој, мислам дека со него треба да збориш највеќе за тоа, што мисли понатаму, со никој да не се дружи, сам ли да остане и сл. Спојлер Без навреда, ама да не ти се допаѓа тебе он малку?