Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Совети од МАШКА страна за сите девојки

Дискусија во 'Сингл' започната од TheBunny, 17 септември 2010.

  1. easyyyyy

    easyyyyy Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 јануари 2011
    Пораки:
    320
    Допаѓања:
    175
    TinaM25

    јас колку шо сфатив вториот не ти се ни допага,не знам зошто би била со него :D
    а за другиот пробај некако на друг начин да му се приближиш и да дознајш дали сака нешто со тебе :)
    доколку мислиш дека можиш да се вовлечиш во неговото друштво,секако дека е тоа плус за тебе...
    и прај шо ке прајш,само никако да му дадеш дознаење дека премногу ти се бендисува :D ;) тоа сигурно го знаеш... :)

    п.с. машки активирајте се,гледате ние женските пУни со проблеми сме :D

    edit:
    Mimi123

    те сфакам потполно и затоа реков дека не ја оправдувам љубомората....
    но :!: муабетот ми беше дека ти си ја префрлаш целата вина на себе ( а често се случува да префрлиме вина на себе,кога некој друг ни го наметнува тоа) :)
    јас не велам дека е убаво да се има љубомора во врската...само доколку тој навистина те сака мислам дека ке те разбере дека нешто ти смета т.е. тоа дека не ти го дава пасвордот од фб и ке проба да го реши сето тоа на било кој начин,освен неговиот-раскинувањето....
    а тоа шо реков дека сакаш да го промениш,го мислев во поинаква смисла...на пр ти очекуваш да се подобри вашата врска,нешто да се смени...ама кога ке подразмислиш малку подлабоко не можи ништо да се смени бидејки вие си сте такви какви шо сте биле и на почетокот на врската...т.е. неговиот карактер и твојот, и вашите размислувања ве довеле во оваа ситуација...
    така да,ако сакаш да се смени ситуацијата/да се подобри врската,тогаш мора да се смени некоја особина (шо не мора да значи дека е твоја)
    ти кажав зошто мислам дека е крив тој :)
    а за љубомората твоја секако дека треба да се потрудиш да ја намалиш,ама и тој не треба да пали жарче во огнот :)
     
  2. TinaM25

    TinaM25 Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 декември 2009
    Пораки:
    230
    Допаѓања:
    41
    Пол:
    Женски
    Проблеми секогаш има :lol:
    А за вториот, не ми се допаѓа, иако е многу интересна особа, секогаш насмеан и сакам да ми биде пријател. Инаку во мојот случај е интересно што секогаш кога ќе започнам врска со некој што и не ми се свиѓа толку, одиме долго, по неколку години дури. А кога некој ми се свиѓа, никако да започнам нешто. Проклетство некое изгледа. :?:
     
  3. decko

    decko Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 јуни 2010
    Пораки:
    183
    Допаѓања:
    60
    Кога некој зјапа во тебе, it's pretty obvious, ако ме прашаш мене. :)

    И на тој вториот му се допаѓаш, инаку немало да те викни да излезете.
    Ако се тие двајца другари, не вервам дека те тестираат, ко шо рече некоја форумџика погоре. Сигурно тој што ти се пушта не знае дека му се допаѓаш на другиот. Да знае, нема да го прави тоа. It's the guy code :D

    Мој совет, оди со тој што тебе ти се допаѓа. Нема дилема дека и ти нему му се допаѓаш. :)
     
  4. Mimi123

    Mimi123 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 јули 2010
    Пораки:
    1.015
    Допаѓања:
    1.186
    Во право си многу за тоа :) затоа оставам сега на времето па како ќе биде нека биде а сега одам во провод да се излуфтирам малку од мислите мои измешани :D :*
     
  5. TinaM25

    TinaM25 Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 декември 2009
    Пораки:
    230
    Допаѓања:
    41
    Пол:
    Женски
    decko, ни јас не мислам дека се работи за некој тест, затоа што сепак се повозрасни, да речам позрели. Инаку фала на охрабрувањето, вечерва пак ќе се мотам околу него, па доколку повторно забележам зјапање од негова страна, ќе започнам муабет (конечно, долго време ми се допаѓа). Се надевам дека се ќе излезе како што треба. Поздрав. :)
     
    На decko му/ѝ се допаѓа ова.
  6. srcekrsacka

    srcekrsacka Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    2.952
    Допаѓања:
    1.752
    епа вака:
    на конверзација почнавме спонтано да комуницираме со едно типче(кога незнаев како да се изразам на Англиски, ми помагаше, дури и цдиња ми даде за учење на Шпанскиот јазик-онака основни работи)
    комуникација оди, инаку е Девица во хороскоп, и му пратив покана на ф.б. за пријател не ми одговори, а пред недела дена нешто зборувавме за ф.б. и ми рече"додади ме за пријател, ке те прифатам" изгледа дека добро ги владее кулинарските вештини-има постиранослики од негови јадења јас не пишувам коментари, ниту тој ми пишува мене, само онака сме пријатели на ф.б(и нормално во живо комуникација) кога ке се видиме

    приметив дека откако јас и он сме пријатели на ф.б. кога ке се видиме во живо, ми пружа рака, а претходно беше само со збор-не свакам што значи тоа
    па што сака писателот да ми каже пропуштам нешто -благодарам однапред
     
  7. easyyyyy

    easyyyyy Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 јануари 2011
    Пораки:
    320
    Допаѓања:
    175
    епа со тоа не сака ништо посебно да ти каже :D
    лугето обично мислат дека ако те имаат на фб пријател и во живо сте пријатели :lol:
    тоа е само доказ дека сака да те запознае подобро ,е сега на каков начин не знам..можеби е само пријателски :)
    иначе како тоа сте пријатели на фб,а не те прифатил? :geek:
     
  8. srcekrsacka

    srcekrsacka Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    2.952
    Допаѓања:
    1.752
    прво јас му понудив пријателство(со друго име не ме прифати)
    а кога разговаравме за ф.б. ми рече да го додадам и ке ме прифати, секако дека ме прифати(со мое име и презиме) ако не би ме прифатил, како би биле пријатели?

    ме интересираше ракувањето(новововедено) затоа и сакав некој мачки член од форимов да ми објасни што би значело тоа, т.е. што се обидува преку тоа да ми каже(оти и тоа е дел од боди ленгвиџ)многу поважно од вербалната комуникација
     
  9. kristii

    kristii Популарен член

    Се зачлени на:
    10 април 2010
    Пораки:
    1.650
    Допаѓања:
    1.707
    Зошто вие машките сте толку тврдоглави??Зошто секогаш морат да бидите во право???Зошто од секоја кавга сакате вие да испадните жртвата?????
     
    На Mimi123 и martincencee им се допаѓа ова.
  10. Hipica

    Hipica Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 декември 2009
    Пораки:
    14.369
    Допаѓања:
    14.821
    ^ Не можеш така да генерализираш. Има и девојки што го прават истово.
     
  11. cherry91

    cherry91 Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 март 2011
    Пораки:
    92
    Допаѓања:
    33
    Се мислев долго дали воопшто да прашам или воопшто и да не размислувам ама неможам ме измачува мислата. Се започна вака..
    Имав 17ипол години неискусна и верував во љубовта, ми летна паметот се заљубив едно момче што беше постаро од мене 3 год, тргнавме и бевме една недела во врска ми покажуваше дека "ме сака" успеа да ме прелаже ми го зема највредното.. невиноста :( и сама незнам како. Тогаш ми беше убаво и мислев дека не погрешив но се излажав.Луѓе сме и грешиме. По два дена ми се јави и ми рече дека не може веќе да се гледаме со причина дека сум предобра и не ме заслужува бла бла, ми се сруши светот. Таа грешка ќе ме боли цел живот. Плачев со недели ке ми пукнеше душата од мака собрав храброст и кажав само на мајка ми за среќа ме подража и ми помогна да преболам колку толку, не кажав на ниедна другарка држев во себе а умирав од мака. Знаеа само дека раскинав "онака ". Помина некое време а од тогаш од оној ни трага ни глас и не сакав ни да знам нешто за него, си фатив нов дечко и сега сум со него скоро 3 год. убаво ми е ме чува ме сака го прифати она од што најмногу се плашев.
    Времето минуваше и сега после толку време оној се враќа ме боцка на fb ме бара за пријател не го прифакам ко капак на се се здружил со братот на мојата најдобра другарка, среќа и него ретко го гледам зошто се во странство а доаагаат на 2 месеци а оној сеуште го немам видено и не сакам да го видам зошто незнам како ке реагирам. Братот на другарка ми и почна да ми префрла некои муабети демак имал другар ко за мене зашто знае дека сме биле во врска верувам и се надевам ништо повеќе инаку би пукнала од срам. после 3 год. на другарка ми и ја раскажав целата приказна морав да споделам со некој за да ми излезе маката.
    Кажете ми сега вие пријатели што тој бара сега ?
     
  12. yawn

    yawn Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 јуни 2010
    Пораки:
    697
    Допаѓања:
    700
    Се наоѓам во слична ситуација.Фактот тука е дека тој сака да те користи кога ќе му текне и знае дека имаш чувства за него,па мисли дека може да манипулира како сака со тебе.Не дозволувај да ти ја земе и таа гордост што ти ја даде времето кое беше без него,затоа што пак ќе плачеш.Стисни заби и кажи си :Беше што беше и помина,јас сум навистина предобра за тебе!!
     
  13. L-a-d-y-Bug

    L-a-d-y-Bug Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 март 2011
    Пораки:
    125
    Допаѓања:
    59
    Би сакала да ми кажат машките членови на форумот зошто машките откога ќе раскинат со девојката сакаат да останат пријатели и да одржуваат контакт. Дали тоа е затоа што се надеваат дека може да се смират со девојката? Со бившиот дечко раскинавме пред неколку месеци, но останавме пријатели, се слушаме скоро секој ден, тој во меѓувреме имаше една кратка врска, но во тој период се слушавме и се видовме неколку пати. Не ми е јасно неговото однесување, па би сакала да ми кажете што мислите за таквото однесување.
     
  14. cherry91

    cherry91 Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 март 2011
    Пораки:
    92
    Допаѓања:
    33


    ги стискам ама нешто ме копка ме мачи и душата ме боли, се надевам ме разбираш зошто велиш дека си во сл. ситуација, ме интересира зошто сега се распрашува за мене и сега ме бара, а тогаш кога ми требаше највеќе ме напушти
     
  15. cherry91

    cherry91 Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 март 2011
    Пораки:
    92
    Допаѓања:
    33
    и заборавив да кажам yawn не чувствувам ништо колку многу го сакав тогаш денес толко многу го мразам.
     
  16. yawn

    yawn Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 јуни 2010
    Пораки:
    697
    Допаѓања:
    700
    Знам јас те сфаќам потполно.Машкиот род е тешко да го разбере човек,но ете бидејќи имам такво искуство ти кажувам дека од таквите не треба да бараш ништо за возврат.И мене таков ми ја зеде невиноста,си кажа отворено дека не сака врска,епа ебате фала чао и пријатно.Во овој случај мора да се однесуваш како маж и да не дозволиш старите чувства да те надвладеат.Ако го мразиш како што кажуваш ќе ти биде лесно. ;)
     
  17. lokumce

    lokumce Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2010
    Пораки:
    74
    Допаѓања:
    18
    Ке може ли некој да ми каже можам да купам дрес од милан...сакам да го израдувам мојов за годишнина... :) Ми препека за тој Милан :D
     
  18. Sephora

    Sephora Популарен член

    Се зачлени на:
    5 декември 2010
    Пораки:
    2.690
    Допаѓања:
    4.481
    Локумче вакви работи одат во темата Сакам да прашам, а не тука.
    Кај Железничка, во зградите до Скопјанка, до кафичот Mania има продавница со дресови.
     
  19. lokumce

    lokumce Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2010
    Пораки:
    74
    Допаѓања:
    18
    Пишав тука зашто е совети од машка страна а јас немам врска со фрудбал... и плус предходно мн девојки имаат поставено слични прашања како моето на оваа тема...Како и да е фала
     
  20. easyyyyy

    easyyyyy Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 јануари 2011
    Пораки:
    320
    Допаѓања:
    175
    немој ни да си помислила да бидиш пак со него :!: иако велиш дека го мразиш,јас сепак да те предупредам :D ...те искористил и сега изгледа пак сака да го постигни тоа...да ти расипи врска која си ја градела 3 години...во никој случај немој да помислиш дека нема намера пак да ти наштети...
    откачи го на најдобар можен начин,погази му ја гордоста ;)

    и како најважно почитувај се себе си ! :)
     
    На cherry91 му/ѝ се допаѓа ова.