за вкус не зборувам тоа си е негов вкус какви девојки му се допаѓаат , прашањето ми беше дали има некој на форумов што е оженет со постара ,РАЗВЕДЕНА , СО ДЕТЕ ? не ми беше прашањето дали е нормално брак со постара , еве на пр јас сакам помлади машки од 2-3год , но не би се решила за брак со разведен со дете , тоа ми беше муабетот , инаку лесно е да се зборува ако му е убаво оставетего , доколку е нормално дај нека каже некој ДА јас сум оженет со разведена со дете и живеам среќно ! и ке му симнам капа п.с. за погоре коментарот за дека сме 21 век , што подразбираш под тоа 21 век сме ??
Не знам што очекуваш Анаконда, да пишеш тука некој проблем и сите да те тапшаат по рамо дека си во право?! Сите си кажуваме свое мислење и да , јас сум либерална до тој степен.. Се што пишав и го мислам.. И не, НЕ е тешко да го оставиш сам да си го направи својот избор. Не знам што има лошо во својот живот да си поставиш свои правила и да играш по нив?! Мене ми е многу чудно што си против тоа да биде со некоја што е разведена со дете.. Затоа што го потенцираш тоа РАЗВЕДЕНА со дете, баш ме интересира каква реакција ќе имаа сите ако не беше воопшто мажена а имаше дете... Значи тука проблемот е детето, а не фактот дека е разведена! Проблем е, ама за тебе и неколку души од вашата околина. Очигледно за него не е.. И на разведените не им пишува на чело дека се разведени, можел слободно да ви каже дека има дете а никогаш не била во брак.. Тогаш поинаку може ќе ја прифатевте..
Ја читам темава и неможам да се изначудам значи не сфаќам што толку трагично го сфаќате животот со разведен/а со дете? Па како тие да немаат право на живот. Мислам дека ти не сакаш да му помогнеш на детево, туку ти го сакаш него и као наводно "ми е жал за него", бараш совет мислејќи дека никој нема да те прочита тука која ти е намерата. Ти ако си му права другарка нема да бараш помош тука, туку ќе бидеш среќна со неговиот избор. Да, неговиот избор затоа што тоа е негов живот. Колку сте ми нејасни, како да сакала таа да биде разведена, како да сакала да биде сама со дете и како да сакала сама да нема почит од тој што се развела. Како само не сфаќаш дека не се врти светот само околу ние слободните, дека и тие разведените имаат право на живот. ТОЈ сам одлучил да го гледа тоа, зошто да лупа глава од ѕид? Зашто сакаш да му наметнеш твои ставови и мислења, зашто мислиш дека си во право. Па која си ти да донесуваш одлуки за него? Демек ќе го спасиш си предвидела иднина со него, да не гледаш на гравчиња случајно. Каков прост народ сме значи...менталитет за никаде.
не реков дека сакам да ми тапкате по рамо дека сум во право , јас сум посовремена дури од тебе , прашањето е дали има машко на форумов што е оженет со таква жена , или ајде пак бидејки овде е женски форум ајде нека каже ако има разведена со дете и омажена за ерген и дека е среќна ? Работата е што оваа работа ми е несватлива и во моја близина не сум видела вакво нешто , вакви личности од ваква работа знам за Деми Мур и Ештон Качер , други не познавам , и не знам како функционираат , мене како другарка ме боли фактот што ја слуша неа да не контактира со нас другарки бидејки била љубоморна и да не го бараме за на кафе , јас не му имам ништо коментирано околу неа бидејки не сакам да си "расипам' муабет со него , а сите на околу зборуваат во негативна смисла , јас имам мн другарки што се разведени и тоа колку мене , млади , згодни , и постојано им велам да си ја бараат својата сродна душа и си ги сакам како сестри , но ова ми е несватливо , еве ти како современа личност , што живееш во 21век колку луѓе познаваш што влегле во таков брак ?
^Ештон Качер и Деми Мур никого не слушаа си оформија живот. И за нив збореа разни работи. Ама ти во некој филм си влезена.
Па толку ви се капацитетите на тебе и на тие околу тебе што вака се чудите за една секојдневна ситуација. И што ти е толку битно тебе дали има или нема на форумов некој во истата ситуација? Секоја врска си е индивидуална. Секоја врска за себе. Ако некој имал лошо искуство, не значи дека и другар ти ќе има лошо искуство. Како жената да е проститутка па чудење, припаѓување во несвест, загрижени за него, животот ќе си го уништел. Не си го уништува животот не се секирајте, можете мирно да спиете навечер. А неа целосно ја разбирам. И јас нема да сакам дечко ми да контактира со другари и другарки кои ме оговараат мене кај стигнат, не ме сакаат, гледаат да ми ја растурат среќата и не ме почитуваат. А за тебе може и она го видела тоа што тука се гледа. Или си лудо вљубена во другар ти или си па толку ограничена и мизерна па се занимаваш со вакви пензионерски муабети. Не е толку лошо што сме малограѓанска земја, лошо е што и млади, образовани луѓе продолжуваат со тоа, па многу тешко ќе ни оди искоренувањето на една ваква навика.
Твојот ископлексиран речник е мизерија , темава е за машки да одговараат , не знам што те зболе толку или си била во ваква ситуација или познаваш некој со ваква ситуација сеедно , мешате баби и жаби , како што кажав ме интересираше мислењето на машкиот пол на форумов , а не од вас , ниту ве прозивав ниту ве прашав , 100 пати напишав мако мислење дека сакам да слушнам , и вие современите одма почнавте да кокодате , ако ми беше потребно ваше мислење ке ви пишев лична порака , не ми е потребно ваше мислење и не ме цитирајте
Па ти си таа која си негативна, ти си таа што бараш совет... јас баш сакам да се натегам со вакви ко тебе. Ама да не премина во кавга, сите ти рекоа дека немаш право да се мешаш и машко и женско, што сакаш повеќе? Ти кога ќе имаш дете подруго ќе размислуваш. Не дај боже да бидеш разведена млада, па да бидеш оставената ти...ама со ваков памет со пикање нос во туѓи животи тешко дека некој ќе те земе. Јас би рекла секој со својата среќа, како му е судбина. Ама би ти рекла, да излезеш од филмот во кој живееш. Неговите не ти рекле ништо, гарант, туку тебе ти се допаѓа уште кога рече "тој е прекрасен, совршен". Јас сум многу либерална и во живо, се ќе ти кажам и во фацка. Многу сум реална, ама за вакви како тебе реалноста ми е ден губење. И припази малку на речникот тука има правила, ако не си знаела. Нема да се спуштам на твое ниво. Толку.
@anakonda88 бараш машко да прокоментира, на женски форум си пишала, е како? Кажи си дека типот ти е во најмала рака платонска љубов и дека не можеш да поднесеш тоа што типката си го чува само за нејзе. Од каде знаеш дека она му забранила? Не е исклучена опцијата и тој самиот да се тргнал на страна, ако го бомбардирате со муабетите дека она не е за него. Ај да го вара, да си игра мајтап со него, да е болна, па би разбрала што сакате да се разелат. Ама детето не е болест. Можеби ќе имаат исполнет брак, можеби нема да траат долго, шансите се 50 -50. Не си земајте за право да судите, ни ти како другарка, ни неговите родители. Тој самиот си знае што е најдобро за него и што го исполнува.
Одговорот на твоето прашање е: Секоја животна приказна на секој индивидуален човек е РАЗЛИЧНА. За некого се одвива мед и млеко, некои наидуваат на проблеми. Неможеш ти да генерализираш и споредуваш врската на твојот другар, со врската на Петко и Петранка. Секој си знај за себе и за својата врска. Ако толку ти смета што девојката така направила, побарај ја да излезите на кафе сите заедно и да разговарате очи во очи. Ама најверојатно таа чувствува дека не ја сакате и дека сте против нивната врска, исто како што тој му е сеедно за вас другарките пошто верувам на глава сте му се качиле. Тој да сакаше, ќе се избореше т.е. ќе и кажеше да не претерува во тој поглед и дека ќе си е се како досега. Ако тој избрал таков чекор и таа него го исполнува, тука ти нема што да се мешаш а и неможеш затоа што си исклучена од негов живот на некој начин. Остави го другар ти да си го живее животот, не е мал. Се гледа дека имаш премногу време што не го искористуваш паметно. Има милиони примери каде што разведени жени стапуваат во брак со ергени, ни први ни последни нема да се. Целата ситуација е што ти всушност не ни знаеш зошто се разведила, можеби бившиот бил коцкар, алкохоличар... Се е можно, не треба да се суди, кулирај.
Ох мила, од каде знаеш дека си посовремена од мене? Ако се водиме од твоиве размислувања, би рекла дека си далеку наназад во времето, некаде 19-20 век.. Тогаш немало современи девојки како денес Ако само ги земеме во предвид фактиве што ги болдирав, можеме да заклучиме дека ти си себично суштество, посесивна и несигурна во себе.. И сега те прави среќна што сум те опишала вака? Сигурно не, затоа што не те знам. Исто како што ти не ме знаеш мене, а доволно си паметна да кажеш дека си посовремена... А како би била посовремена кога обично секојдневие, како разведена жена со дете и млад дечко живеат среќно и весело, ти е мисловен поим?! Далеку си од современа... Зошто себична? - Затоа што те боли фактот што ја слуша неа.. тој очигледно планира иднина со неа а некои личности со тек на време стануваат вишок во секое секојдневие.. Можеби ги протолкувал симптомите дечково и не сака да е во твоја близина за да не си ја расипе врската со неговата.. Зошто несигурна? - Затоа што не сакаш да си расипеш муабет со него.. Мислиш дека ќе си расипеш муабет? Ако ти е вистински пријател, ќе ти даде можност да си го кажеш мислењето, а подоцна ако не се согласува со тебе. ќе ти каже.. И ако сте навистина пријатели нема да му смета тоа што си искрена.. Е затоа си несигурна.. Еве јас како современа личност, познавам барем 4-5 двојки,некои со постар маж а две со постара жена.. И со деца.. И што? Рогови да не имаат? Убаво си живеат, сложно, си имаат и свои деца и деца од првите бракови. Кажи ми сега ти мене нешто... ЗОШТО МИСЛИШ ДЕКА ТАА НЕ Е ЗА НЕГО? Еве го потенцирам прашањето и сакам одговор, а сигурно и останатите што искоментираа тука го сакаат истото... И немој со тој заостанат аргумент - разведена е и со дете, затоа не е за него..
Или на девојчево и се допаѓа нејзиниот другар или е љубоморна на среќата на разведената жена бидејќи таа нема никого до себе. Да и е другар како што вели таа, ќе биде среќна што тој е среќен ама бидејќи нејзе и се допага гледа на секој начин да добие совет и тапшање по рамо како е таа во право и подршка да ги раздели. Ама бидејќи овде не наиде на подршка почна да напаѓа се околу себе, типична женска нервоза. Што и да направи девојкава ако другар и е решен да вклучи брак со жената нема да и успее..Треба да се случи чудо и тоа вистинско чудо. На крајот на краиштата јас мислам дека другар ти ја сака женава од други причини а не само за тоа што е добро ситуирана. Може видел нешто во неа што го привлекува, може му се допага да биде во друштво со неа или некои останати причини кои се плус. Не треба да се гледа веднаш на таа причина како имала пари па што знам. И детето не е проблем, ако ја сака нејзе, ќе го прифати и него. Толку е едноставно, само кој да размисли.
Дали ова е уште една невина тролашка шега или како ? Мислам очигледно е дека исчитав цели 2-3 страници наназад со многу нормални луѓенца кои се обидуваат да ја "опаметат" анаконда. Ама зошто ? Мене искрено ова ми е тешко кукумјавчење, девојчево во 10 мислења си пиша дека бара совет од машко, како и впрочем гласи темава. И мене исто ми делува на заљубеност, нема друго. Предрасуди, јесте можно е. Женава треба да е горда сама на себе затоа што го има другар ти покрај себе што ја сака. Штом толку и е посветен и го сака син и, да навистина е среќна. И јас би играла така. Туку мене не интересира, @anakonda88 дечково каков е по карактер, имал ли до сега сериозни врски, дали е вработен и какво образование има ?
А ти случајно можеби да не го сакаш другар ти? Не е мал другар ти. Нека прави што сака со животот, а вие другарите оставете го некое време и не му се мешајте... п.с. Очигледно тој со неа е за парите, пошто викаш не е толку убава, плус постара, плус со дете....затоа почекајте нека спечали некој денар и ќе ви се врати..
Кога го прочитав "проблемот" на @anakonda88 си реков нема да пишам. Избегнувам да одговарам и да давам мислење за ситуации во кои не сум била и се далеку од мене со оглед на тоа што имам 19 години. Но читајќи ги одговорите и постовите на анаконда не можев да се воздржам. Исто како и на сите други ми изгледа како да не сакаш да ти биде другар туку нешто повеќе. Ако ти е вистински другар ти ќе знаеш дека на него му е убаво и среќен е со неа, нели штом решил и да ја запроси. А ти како негова другарка ќе бидеш покрај него и ќе го подржуваш. Доволно е возрасен за да може да размисли и да одлучи САМ. Не му пречи што е постара, разведена и има дете, што е толку несфатливо? Мене несфатливо ми е тоа што ти и сите околу него му се мешаат во животот каи демек да го опаметат, да не погреши. Дај оставете го дечкото. На крај краева ако погреши тој ќе ги трпи последиците. Со тоа што му се мешате во животот нема да постигнете ништо освен да го одалечите од вас. @JollyGirl зарем за љубовта најбитна е убавината? Можеби не е толку убава но тоа не е пресудно за да се заљубиш во некого. А кога ќе се залубиш не е битно дали некој е постар со дете или со 5 деца. Не мора да значи дека е за парите.