Немој таква генерализација тешка да припишуваш на цел машки род, како ти така и @Скопјетесакам со последниот пост. Твојот бивши дечко сигурно има причина зошто го прави тоа. Ако сум бил јас, најверојатно не сум те приметил на улица кога сум те разминал, може и тој е таков замајан. А можеби и има причина зошто намерно би те избегнувал. Ако ти си го откачила, си му го скршила срцето и сега е лут и повреден и не сака да комуницира, што сосема го оправдувам. Ако тој те откачил тебе, можеби не сака да те повредува дополнително. Или можеби новата девојка не му дава да комуницира со тебе. Опции има безброј и не се врзани со полот, туку со индивидуалната личност.
У школо ме гледа цело време и цело време ме закачува,ме зеза пр.ако ме види како правам муабет на телефонот со дечкото ли правиш муабет ... И не ме вика на име туку на еден негов прекар(само тој ме вика така и тој го измисли).Али кога ме виде низ град или у диско не ме ни поздравува само се гледаме така двајцата...Проблемот е дека ме збунува мн... а мене стварно ми се допага па ако може некој да му даде негова гледна точка...
Сакам да те прашам нешто и тебе, а и сите девојки што имаат сличен проблем како тебе - А зошто чекате дечкото прв да ви пријде, прв да ви пружи рака, прв да ви пушти муабет? Ќе се фатам сеа за ситуацијата што ја објаснуваш на искачања низ град. Па јас да сум на твое место, ако видам дека ме гледа цела вечер, ќе му пријдам и ќе прашам зошто не се поздравува, на шала секако. И тука ќе почнеш стандард муабет- како си, како ти е на журка.. И ќе тргне убав разговор. Ослободете се од тоа да ги гледате мажите како да се паднати од друга планета. Замислете дека пред вас стои другарка или познаничка и понашајте се опуштено, како што би се понашале со било кој друг.
Пишувате со еден дечко речиси месец се договарате да излезете и ништо не бидува....1 викенд типот бил ,,зафатен,, следниот викенд јас бев болна, а последните две недели врнеше дожд, а секако прв состанок нема шанси у кафич... И зошто сака да излеземе само кога сме викенд, ме интересира, дали за првпат подобро е викенд или било кој ден?
Зошто да нема анса првиот состанок да е во кафич? И секако ека за прв состанок, не треба да менува ништо дали е викенд или не....
Затоа што живеам во многу мал град, и нормално е првиот пат на некое потајно место. Ете и јас не сфаќам зошто да не се видиме обичен ден, зошто да се чека викендот, да имавме испаднато неколку пати и да се гледавме викенд јасно ќе ми беше се, ама сега навистина не го сфаќам. Понекогаш си мислам дека е малце срамежлив па може ради тоа, ама не знам. Знам само едно ако овој викенд не излеземе, дали да се откажам или јас да му пишам, иначе секогаш тој прв ми пишува.
Почнувате со тајни места и после зошто он вака така ме третира. Излези јавно да те види човек,не се битни другите, битни сте вие.
И заборавив уште нешто тој работи две смени, и нз кога-како е распореден, мислите дека е можно ради работата, а јас излегувам само викенди до покасно. Како на прв состанок на јавно место, кога во мојов град има само 2 кафичи, и не сакам да ме видаат сите.. тие што се од помали градови, ќе ме разберат.
Погледнете го видеово и ич не му се сеќирајте што се сингл.. https://www.facebook.com/deejay.dexterous/videos/1051446144889022/
Искрено, маживе кај нас, се тешки "смотанковци" кога треба да превземат нешто у свои раце...фактот што им треба цела вечност да направат прв чекор, да ти пријдат, викнат на кафе, итн итн...е страшен. Толку се туфкаат, стравуваат, уобразуваат...ко мислиш да треба да го освојат Монт Еверест, а не девојката што им се допаѓа. Многу девојки, еве конкретно мои другарки, а и блиски, па и јас во тој кош , сме со исти ај да ги наречам "маки". Фини, позитивни, амбициозни, паметни, згодни...девојки, но без мажи.едноставно не знам што да кажам. Не знам дали е тоа до македонскиот тип на маж...или нешто друго? Мојата ПРЕПОРАКА до сите сингл девојки е не очајувате, што е ваше ќе се дојде, уживајте во годините, во времето кое го имате на располагање, не се оптеретувајте со тоа што сеуште ТОЈ НЕКОЈ не се појавил. Фокусијте се на себе, вложувајте во себе. Јас се држам до едно златно правило ПОДОБРО САМА, од колку со БИЛО КОЈ погрешен....така да уживајте во статусот "single", и во тоа има голема убавина... колку само од тие "busy" би дале само ден да се на наше место ))
Дали е глупаво да излезам со тројца машки? Јас му држам часови по англиски па ај му реков ќе правиме кафе (двајца имаат по 20 а другиот 29)...девојчето што идеше откажа и сега останавме четворицата. Ај ќе кажам... Сакам подобро да го запознаам оној повозрасниот плус и кај мене му остана тетратката ( му кажав дека му ја вратија додека тој беше надвор од МК, а сега е вратен) му кажав дека ќе прајме кафе од англиски, рече ќе дојде. Ама ете девојчето откажа и не ми е пријатно да одам..
А што не си го викниш само големиот? Речи му се смена планот ако сакаш ние двајца да излезиме. На крај краева ќе сетат варницу измеџу вама па белким ќе им текне да си заминат самите.Освен ако не се толкави бездушници