Ех бев таква не гледав финансиски се омажив од љубов. За некој што мислев дека има карактер и душа. И на крај тој поштено ме заеба. После 5 години брак ми покажа дека не е таков каков што сум мислела. Но ок си имам прекрасна ќерка за која вреди да живеам. И како што вели еден текст... НЕ СЕ ОТКАЖАВ ОД МАЈЧИНСТВОТО И ЉУБОВТА АМА СЕ ОТКАЖУВАМ ОД БРАК.
Девојкиве што ме разбраа, ме разбраа супер. Многу убаво нагласив на почеток на постот дека не се согласувам со тоа некој да ми ги плаќа работите, без разлика дали се потреба или луксуз. Само мислам дека партнерот треба да може (за себе) да си ги дозволи работите што и јас можам, во интерес на заедничките активности. Не заради тоа кој што ќе каже, ама заради мир и хармонија во врската.
@Marick14 бунда од 500 евра не можат, да бидеме реални. Седење во канцеларија цел месец за една бунда? А каде се чевлите? Наместо тоа, ќе трепка, ќе се лигави и ќе покаже што најдобро знае да прави- мора да признаеме дека им оди од рака. Сериозно? Ова е твое мислење? Имав поинаков впечаток за тебе. Како што си напишал, се чини дека спонзорушиве не им оставаат простор на обичните девојки, ни да излезат во чаршија, а камо ли дечко да си фатат. Нејсе, ти ако ги познаваш спонзорушите, значи нема да ги гледаш нив, ами некоја девојка по твоја мерка.
Јас веќе немора да бркам девојка, а Нејсе нека ги гледа кои сака. Тие што бараат бунда од 500 евра се друга категорија. И да, скоро и да неможат да си фатат дечко како што треба добрите девојки. На ФБ, у диско, по кафичи и кај све не се бутаат. И ќе ја облече бундата од баба и кога била мала, ќе опне танга врз танга и личност на вечерта е. И другава категорија се жали неможам дечко да си фатам.
Љубовта како социјална догма ја измислија марксистите во почетокот на минатиот век за да можат и сиромашните понекогаш да ебат без пари, лол)
Здраво, не сум од скопје но наскоро ке дојдам за да се видам со еден дечко со кој скоро се запознав. Тој е видно заинтересиран за мене.Иако имам живеено таму, не ми текнува интересно место за прв состанок. па би сакала интересен предлог било да е кафик, ресторан или сл. сакам нешто шик и уникатно. Ги ценам вашите идеи и однапред ви благодарам.
Па во тој случај не се криви спонзорушите, туку мажите. Кај им се очите? М? И седи раат, се спонзори гледам околу мене Да расчистиме, лоши и добри девојки нема. Секоја од нас е добра и лоша - на свој начин И за секое грнче си има капаче како што рекоа, башка кој што си бара тоа ќе си најде. Има бе мажи што сакаат девојка, која освен што ќе биде убава, нема ништо друго да треба да прави во животот. Има мажи што сакаат да се “шлепаат“ на грб на девојката. Секој може да си најде нешто за себе, никој никому не може да му украде партнер, последен пат кога јас бев сингл, маживе не се продаваа па да се тепаме меѓу себе која ќе се доџапа до “најдоброто парче“. Вистинскиот господин Греј беше пооргинален. Разочаруваш.
@Marick14 иста категорија се, во прашање се нијанси. Види, секоја роба си има свој купец. Не можеш да се жалиш дека нема роба, а тебе уствари ти е прескапа понудената. Мажите се виновни што ги бираат спонзорушите, па овие добрите не можат да дојдат до израз покрај оние првите. Спонзорушите излегоа како најомразен тип на жени. А ни криви, ни должни. П.С. Кој носи два пара танга?
ќе ми простите ќе се вмешам, малку не може еден да биде виновен ... прво спозор треба да има роба за да ја купи зш е полесно, плати шетање, облека и тн. и без никаков емотивен влог си ги задоволува потребите, и двете страни задоволни, се до следната жртва. Тешко на оние кои бараат нешто повеќе од тоа. Тоа што пара не може да плати најтешко се наоѓа. Љубовта е најскапа оди плати ја ако можеш и секој ја чува за нешто што вреди и што ја заслужува. Јас искрено баш и не ги разбирам како сето тоа им е доволно ама тоа е.
@Marick14 јас два пара гаќи носам, за друга потреба, која воопшто не е секси. Небитно, они си знаат. Мажите се виновни што не можат да останат имуни на женското "фрцкање". Спонзорушите со сила не прават ништо, само провоцираат, а дали мажите ќе го игнорираат тоа или ќе ја прифатат таа игра, зависи од нив.
Паметен дечко само ќе ја види и нема да и се доближе. А богат дечко и без памет, кој сака да си се фали со убава женска што се облекува провокативно и бара спонзори, ќе и се пушта и ќе се прави фраер у маало. Не сме сите машки такви. Еве јас за мене си кажувам, ќе помине некоја во фустанче или хулахопки и ќе ја погледнам, ама јас на пример немам ќејф да и се пуштам, да ја почастам, да ја возам со кола таква женска. А за гледање сите ќе погледнат во таква женска. Јас на пример можам да трошам пари по женски (да седнам во кафич да ја почастам кафе, цедевита, несквик), ама по такви спонзоруши не. Боље да ги фрлам парите во Вардар отколку на неа.
Луѓе, што напраивте од темава - од совети од машка страна се претвори у спонзори и спонзоруши. Да немаше спонзори, ќе немаше ни спонзоруши. И обратно. Тоа е тоа. Секој нека си наоѓа партнер по какви критериуми сака. Никој не ве тера да се фатите со спонзоруша или па, да си најдете спонзор.